„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ

IMG_4328

СДСМ: Скандал, Тошковски удри по полицајците на Блаце за да го спаси Рамука

,,Денес објавуваме нов скандал поврзан со работењето на Панче Тошковски и МВР. Ова што денес ќе го слушне јавноста, е школски пример за партиско-полициска држава и злоупотреба на функцијата за политичка заштита на партиски назначен началник. Во овој случај, граѓаните ќе чујат како Тошковски врши притисок и казнува невини и чесни луѓе, вработени во МВР.Откако јавноста разбра за целиот скандал поврзан со сватовите на Гаши и нивното пропуштање низ граница без контрола, денес го обзнануваме пеколот кој им следувал на вработени на границата Блаце. Панче Тошковски и неговиот омилен началник Наим Рамука, сакаат да им се накалеми наводна одговорност на вработените на Блаце за тие двајцата да останат чисти.Според информациите кои СДСМ ги доби од свиркачи, откако Тошковски не успеа да го скрие скандалот од јавноста и сфати дека мора да се бара одговорност од некого, тој и Наим Рамука дошле до идеа да ги набедат луѓето кои си работеле на смена на границата Блаце. Бидејќи СДСМ ја обзнани целата шема и директната наредба која ја дал Наим Рамука, јасно е дека овие луѓе немаат никаква одговорност.Според нашите информации, Командирот на граничниот премин Блаце, добил директно барање од Наим Рамука дека треба на шест вработени да им бидат изречени писмени опомени. Со ова, планот бил тие да поминеле без парични казни и да си ја преземеле одговорноста. Рамука го информирал Командирот дека ова мора да се заврши затоа што целата работа наводно била договорена меѓу Изет Меџити и Панче Тошковски, на високо политичко ниво. Вака Тошковски и Рамука сакале да се забошоти целата работа.Но, Командирот на граничниот премин Блаце, чие име нема да го откриеме, одбил да изрече таква казна сметајќи дека тоа е нечесно кон вработените. Тој јасно кажал дека нема одговорност кај вработените и побарал случајот да го реши Внатрешната контрола на МВР.Според нашите информации, во моментов случајот е во Внатрешна контрола која мака мачи како да го оправда целиот случај и очигледно се обидуваат да направат манипулација и да обвинат некој друг. Ова е МВР под водство на Тошковски почитувани граѓани. Ова е добро познатото ВМРО-МВРО и методите од времето на Гордана Јанкуловска.СДСМ бара, итно, јавно и транспрентно да се објават наодите на внатрешна контрола. СДСМ бара итно да се лоцира одговорноста кај оној кој дал командата!Точно знаеме кој, како и за што треба да одговара и ова веќе го објавивме во јавноста. Доколку Тошковски се обиде било кој вработен во МВР да го искористи како жртвено јагне, остро ќе реагираме.Понатаму, бараме уште еднаш обивнителството да се изјани по случајот. Зошто ОЈО молчи?Бараме итно да бидат конечно разрешени Рамука и Тошковски, овие скандали веќе немаат крај.За крај прашуваме, има ли грам човечност во Тошковски? За одговорност знаеме дека нема. Има ли малку доблест да го разреши Наим Рамука и тој да се повлече наместо да мести невини луѓе да одговараат?Дали вака ВМРО-ДПМНЕ ја замислува одговорноста за која беседи Мицкоски? Ова ли е таа департизација која треба да се направи од неговата смешна платформа?Срамно и жално, но пред се опасно е ова што се прави. Ако вака се местат уште сега луѓе да одговараат за да си ги покријат скандалите, тогаш каде ни е крајот.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Неисправните ер трактори и полициските хеликоптери се резултат на негрижата на ВМРО-ДПМНЕ

,,Навистина е голема среќа што заврна дожд и што ќе ги изгасне пожарите. Инаку моменталната ситуација е катастрофална.Два од трите ер-трактори не се исправни а во исто време и два полициски хеликоптери кои се опремени за гаснење на пожари се во дефект.СДСМ остро ја осудува оваа катастрофална ситуација која е резултат на негрижата и неспособност на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Повторно ли е СДСМ крив што не ги сервисирале ертракторите и хеликоптерите на време?Ова не е случаен пропуст, туку јасен показател за односот кон кризата со пожарите на ВМРО-ДПМНЕ.Изгореа преку 8% од територијата на државата а ВМРО-ДПМНЕ се фокусира на лаги, манипулации и политикантство наместо сериозно да се бори со кризата и да работи.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: „Не гледај што правам, туку слушај ме што говорам“ - Мицкоски нема капацитет за лидерство

,,Протоколарните пораки за обединување, за жал, немаат никаква врска со реалноста која ни ја сервира ВМРО-ДПМНЕ и политиките кои ги практикува во овие два месеци.Всушност, речиси сите 10 точки од наводната платформа се чиста спротивност на намерите и политиките на партијата на власт. Така што оваа платформа треба да се чита спротивно на тоа што е кажана.Повиците за декриминализација на опозицијата се очаен обид да се покријат сопствените скандали во кои тоне Мицкоски. Освен партиската говорница за сеење лаги и измислени скандали против опозицијата, Мицкоски не успеа да докаже никаква криминализација. Но докажа дека тој ја криминализира, партизира и злоупотребува државата секој ден. Додека Мицкоски вели дека дека морала да се прекине партизацијата во општеството, тој и ВМРО-ДПМНЕ спроведуваат груба партизација на државниот апарат. Се казнуваат и шиканираат сите кои не се подредени зад политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Се омаловажуваат и прераспределуваат вработени, се вработуваат некомпетентни партиски кадри за кои се смее цела држава. Се етикетираат поединци и групи кои различно мислат или бараат нешто што ВМРО-ДПМНЕ не сака да го даде. ВМРО-ДПМНЕ спроведува партизирање на секое општествено ниво, дури за болни теми како што се лични образовни асистенти. Наутро Мицкоски вели дека мора да се стави крај на етничките теми и поларизација, а попладне ВМРО-ДПМНЕ подгрева етнички тензии, креира заговори за дестабилизација, создава слика за меѓуетничка нестабилност.ВМРО-ДПМНЕ, за жал, не знае да опстои како партија ако главната порака не им е токму етничка тема или конфликт. Всушност етничките теми се основната политика на ВМРО-ДПМНЕ и го замолуваме Мицкоски да не ја навредува интелегенцијата на граѓаните.Мицкоски вели дека сакал да воспостави правна држава, но очигледно таа треба да важи за сите други, освен за него и сопартијците. Мицкоски и неговите партнери треба да може грубо да ги кршат законите за кои нема одговорност, но да има правна држава. Да се штитат политички сите кои се од интерес на ВМРО-ДПМНЕ од највисоки до најниски функционери па дури и кога ја загрозуваат безбедноста на државата на границите. Но другите сите да одговараат, ова е идејата на Мицкоски за правна држава.Мицкоски вели дека немало друга алтернатива на ЕУ, додека прави се во спротивна насока од интеграцијата. ВМРО-ДПМНЕ нема никаков интерес да ги продолжи ЕУ преговорите и ова го докажаа за само два месеци. Немаат ниту план, ниту стратегија и единствено што ќе прават е одложување додека можат, префрлање на одговорност кај други и отворање нови конфликти. За жал, со тоа ќе губат само граѓаните.За крај, Мицкоски секако мораше да покаже и конструктивност, па ја повика опозицијата да се приклучи, а не кажа за што. Шупливите пораки со кои сака да глуми конструктивност се веќе прочитани. ВМРО-ДПМНЕ нема ниту план, ниту конкретен предлог за обединување, тоа единствено им е потребно на говорниците. Националното единство му е напишано во секој говор за да го прикрива семето на поделбите и омразата кое го сее.Во демократско општество, партнерствата и стручноста не се градат преку навреди, дискредитации и етикетирања. Кога некој е нападнат со реторика како „коленичење“, „купена диплома“ или „голтар“, тоа ја подрива самата политичка култура во која треба да владеат аргументите, а не личните навреди. Етикетите, како овие, не придонесуваат за развој, туку го разградуваат општеството, создавајќи поделби наместо единство.Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е државничка партија, не е и нема да биде деструктивна опозиција како што беше ВМРО-ДПМНЕ. Ние нема да блокираме мерки и закони во Собранието ако се добри за граѓаните, нема да го блокираме европскиот пат на државата, нема да подгреваме меѓуетнички тензии и поделби. Време е ВМРО-ДПМНЕ да созрее и го прифати овој начин на водење политика, па тогаш ќе имаме можност за национално единство и политички консензус. Но, за тоа е потребно лидерство, одговорност и подготвеност да се стави националниот интерес над партискиот. СДСМ докажа дека тоа може да го направи, но ВМРО-ДПМНЕ тоа допрва треба да го научи. Градење на државно единство за најважните области и клучни прашања е нормално за демократските земји, но тоа е возможно само доколку искрено се пристапува, без било какви калкулации и само ако политичките партии го стават интересот на државата и граѓаните на прво место.Власта мора да даде конкретен пример со дела и да биде подготвена да прифати проширување на областите за разговор. Да разговараме и за утврдување принципи за подобрување на состојбите во здравството, за положбата на работниците, за младите.Национален консензус за главните прашања сметаме дека е потребен. И во минатото СДСМ повеќепати ја повикуваше тогашната опозицијата за најважните прашања да застанеме заедно.СДСМ е и ќе остане силен критичар на власта и силно ќе се спротивставува на погрешните политики. СДСМ останува поддржувач на процесите за европската иднина на земјата, на решенијата за подобар живот на граѓаните, за силна економија, социјална правда, рамноправност, право и правна држава.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

СДСМ: Дали Владата ќе се вработи Национален координатор за координирање на координаторите?

,,Додека министерот за внатрешни работи најавува битка за заштита на државниот буџет од злоупотреби, Владата секој ден со свои одлуки именува некакви национални коордонатори за решавање на различни прашања.Тоа не е ништо друго освен легализирана кражба на буџетот преку доделување месечна апанажа на неопределен рок во висина од над 100.000 денари на заслужни партиски активисти на ДПМНЕ како што се Влатко Ѓорчев, Затуровска, Павле Трајанов, Ивица Боцевски и други.Сега за секоја надлежност на Владата имаме по еден министер, заменик министер, државен секретар, советник на премиерот и национален координатор.Дали Владата планира да именува национален координатор за координација на координаторите?Со одлуки на Владата на овој начин се празни и ограбува буџетот за задоволување на апетите и плаќање на оние кои партиски му помагале на ВМРО-ДПМНЕ.Додека министерката за финансии Кочовска вели дека навечер оди по канцелариите во министерството да гаси светла за да не се троши струја, дава согласност за да се вработуваат партиски кадри.СДСМ препорачува Кочовска да не се мачи со гасење светла и штедење на кафе во министерството. Доволно е Влатко Ѓорчев да не е вработен на државен трошок кој годишно ја чини државата околу 2 милиони денари. Лицемерието на ДПМНЕ не познава граници.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Kuzeska

Кузеска: Баџанакот на Мицкоски има фирма во Бугарија, каде завршуваат парите од семејните шеми?

,,Денеска започнуваме со откривање на шемите на фирмите на најблиското семејство на Мицкоски во Бугарија и Македонија.Денес ќе дознае јавноста, зошто ДПМНЕ и Мицкоски всушност ширеле лаги за претседателот Венко Филипче, тоа било единствено за една цел, за да ги покријат фамилијарните бизниси на Мицкоски во Бугарија и Македонија.Во следните денови јавноста ќе ја дознае вистината за тоа кој од најблиското опкружување на Мицкоски врти милиони и како го поддржува Мицкоски.Одиме со ред.Во Петрич, Бугарија, на улица Антон Попов брј 57 е регистрирана фирмата ДАНО ТРАНС ЕООД, на баџанакот на Мицкоски - Јорданчо Јанев, од Струмица. Јанев кој важи за еден од најблиските соработници на Мицкоски, меѓу другото и фамилијарно поврзан, вртел пари преку оваа фирма. До 3 милиони бугарски лева биле свртени од оваа фирма во Бугарија, во 2018 година односно околу 1,5 милиони евра.Одиме понатаму. Во бизнисот не е само баџанакот на Мицкоски. На оваа иста адреса, на улица Антон Попов брј 57 во Петрич Бугарија, има уште една фирма, Инфинити транспорт група.Раководител и сопственик е Дончо Карастоев, прв братучед на баџанакот на Мицкоски.Го прашуваме денеска Христијан Мицкоски. Има ли фирми со исти или слични имиња и во Македонија? Дали овие фирми и овие лица се финансиери на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ?Колку милиони евра свретеле и каде завршиле дел од тие пари? Дали кај членови на семејството на Мицкоски или и во ВМРО-ДПМНЕ?Доколку Мицкоски не одговори, СДСМ ќе ги објави сите информации за тоа кој навистина врти милиони.”, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

СДСМ: И на Влатко Ѓорчев му измислија функција, нема пари за работниците има само за функционерите на ДПМНЕ

,,И на Влатко Ѓрочев ВМРО-ДПМНЕ го смести во фотелја, му измислија државна функција како национален координатор за демографија, млади и човечки ресурси.За измислената државна функција на Ѓорчев граѓаните ќе плаќааат над 105.000 денари месечно или над 1 милион денари годишно.Додека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема пари за поголема минимална плата, нема пари за наставниците, за работниците, измислуваат функции за сместување на поранешни функционери и членови на ДПМНЕ.Да биде иронијата уште поголема, токму Влатко Ѓорчев, како пратеник во 2020 година беше на чело на собрниската Комисија за труд и социјална политика и ги кочеше законите за зголемување на платите во образованието, законите за зголемување на пензиите, за зголемување на минималната плата.Ѓорчев не ги закажуваше седниците на комисија, ги кочеше дискусиите, ја прекинуваше седницата, бараше „финансиска оправданост“ на потребата за зголемување на платите.А денеска истиот тој Влатко Ѓорчев е награден од Мицкоски и ДПМНЕ со плата којашто е 5 пати поголема од минималната и 3 пати поголема од просечната плата. Ете тоа е ВМРО-ДПМНЕ.На последната владина седница и Лилјана Затуроска е именувана за национален координатор, заедно со Верче Мицевска а претходно Павле Трајанов, Блерант Рамадани, Солза Грчева....Малку им се министри, заменици, директори, раководители, па почнаа да си измислуваат позиции, како што е и предлог Законот за заменик на заменик директор на Царина. Невидено.Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ ветуваа намалување на функционерските места, а сега гледаме дека ги зголемуваат. Се што ветија, излажаа и тотално се однародија.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

СДСМ: Со стари лаги ДПМНЕ сака да го орцни Филипче за да ги покрие бројните скандали на Власта

,,ВМРО-ДПМНЕ нема да може со стари истрошени лаги да ги прикрива катастрофалните политики и скандалите кои секојдневно ја тресат Владата на Мицкоски.Тоа што од белиот дворец ја праќаат Митева да зборува за некоја фирма која никогаш не била активна и нема никакви трансакции, кажува колку е очајна оваа пропаганда на лаги од ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот Венко Филипче има се пријавено во својот анкетен лист и нема што да се крие од јавноста.Наместо ВМРО-ДПМНЕ да сее невистини и да креира приказни со кои очајно се обидува да го оцрни претседателот на СДСМ, Венко Филипче, нека седне и нека работи нешто.Граѓаните многу добро ја препознаваат манипулацијата на ВМРО-ДПМНЕ но и стравот од претседателот Венко Филипче. Веќе е широко распространетото мислењето дека оваа влада на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е најлошата Влада која Македонија ја имала од осамостојувањето.Дополнително, им препорачуваме на Митева и Мицкоски, да замолчат на оваа тема затоа што на крајот наместо да напаѓаат ќе треба да се бранат. Како што љубеше да каже нивниот почесен претседател, вистината е како шило, кога тогаш ќе излезена виделина.За крај, престанете да глумите опозиција, сите ваши фиктивни скандали процесирајте ги во институциите па да видиме што е точно а што не. Фатете се за работа граѓаните веќе ја препознаваат вашата измама.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Кузеска: Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ ја доведоа во прашање работата на Детската Клиника Козле после 40 години

,,Функционирањето на единствениот Оддел за бронхоскопија во државата, кој се наоѓа тука во Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“, е доведено во прашање после 40 години.Само поради непромислените и погубни одлуки на новата директорка, Каролина Симоновска, кадар на ВМРО ДПМНЕ.Врвни специјализирани доктори за бронхоскопија, водејќи се од морална и етичка свест, си дадоа оставки поради одлуката на директорката Симоновска да не дозволи набавка на потребните материјали, апаратчињата „баскет“, во потребниот број.Дополнително, шест члена од новиот тим за бронхоскопија, исто така поднеле барање до директорката Симоновска да бидат изземни од извршување на работата.Апаратчињата „баскет“ се неопходни за извршување на интервенциите за безбедно вадење на залетнат предмет во дишните патишта кај малите деца.Симоновска сакала да го раскине и договорот со анестезиолозите.Директорката Симоновска треба да одговори, дали се точни информациите дека вработените на клиниката трпат мобинг?Дали е тоа е уште една од причините за распад на овој оддел кој работи над 40 години?Во моментов на одделот за бронхоскопија нема ниту тум, ниту материјал, што го става под директен ризик здравјето и животот на децата на кои ќе им е потребна ваква интервенција.Директорке Симоновска, да Ве потсетиме, Вие пред сѐ сте доктор кој положил заклетва, кој се обврзал дека ќе се грижи за здравјето на граѓаните. Во ваши раце е здравјето на нашите најмили.Клиниката „Козле“, не е ниту приватна фирма, ниту партија! Здравјето на децата нема цена и нема партиска припадност !Вашите одлуки се тотално неодговорни и опасни по здравјето на децата и треба да бидат променети!Бараме кадрите на ВМРО-ДПМНЕ веднаш да ја вратат во функција детската клиника Козле и директорката да понесе одговорност.”, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Мачкање очи е намалувањето на цените на училишен прибор, да се намалат цените на храната

,,Владата наместо да ја намали цената на храната, како што тоа го правеше СДСМ и вистински да ги поддржи граѓаните, тие со цел да замачкаат очи кај граѓаните ги намалија цените на гумите и моливите. Освен што мерката е задоцнета, таа не ги решава на ниеден начин проблемите на граѓаните со високите цени за храната и сите основни производи. Сега граѓаните моливи за децата ќе купуваат дома, а храна во соседна Србија или на друго место каде е поветина, затоа што само за еден месец за над 600 денари е поскапена основната потрошувачка кошничка.Граѓаните со право реагираат на оваа манипулација. СДСМ бара итно да се донесат мерки за замрзување на цените на основните производи по примерот на претходната Влада кога на тој начин се штитеше стандардот на граѓаните. Граѓаните паметат дека оваа политика беше остро напаѓана од ВМРО-ДПМНЕ кое велеше дека тоа не било доволно, но сега кога се на власт не прават буквално ништо за да ги намалат цените.ВМРО-ДПМНЕ прво ги замрзна платите, а сега не сака да ги заузда цените кои неконтролирано растат. Оваа состојба е неиздржлива и ќе го уништи стандардот, секое семејство ќе има се помалку и помалку за живеење. Додека од една страна Мицкоски се фали инвестиции на СДСМ од друга страна прави се за да го спушти стандардот и економски заслабне граѓанинот.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4328

Јаневска, дали заради партиски вработувања нема образовни асистенти во училиштата, прашуваат од СДСМ

,,Министерката Весна Јаневска призна дека нема образовни асистенти во училиштата и дека децата со попреченост седат дома, неместо во училиште.Ниту едно дете со попреченост се уште не е на училиште, само затоа што министерката Весна Јаневска не ја заврши постапката за над 800 образовни асистенти.МОН на чело со Јаневска го попречува остварувањето на основното правото на децата-ученици со попречност за задолжително основно образование.Јаневска треба да одговори дали овој проблем е всушност заради партиски вработувања?Дали се правени списоци по Општинските Комитети на ВМРО-ДПМНЕ за кој да се вработи и затоа се касни со целата постапка?Ова е безобразно и целосно спротивно на начелата на Законот за основно образование кој гарантира најдобар интерес и целосен развок на ученикот, еднаквост достапност и инклузивност.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Bogdanka-Kuzeska-pres

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го заштитија Гаши од одговорност

Во одговор на новинарско прашање портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска рече ВМРО-ДПМНЕ заедно со ДУИ и ЗНАМ на вчерашната седница го заштитија Гаши од одговорност за сите скандали.- Се враќа неказнивоста од 2016 година на голема врата, функционерите од власта прават што сакаат без да одговараат. Полна му беше устата на Мицкоски со ветувања дека секој што ќе прекрши правила ќе одговара, тие ветувања паднаа во вода, одговорност нема за никого од власта. После ова гласање ВМРО-ДПМНЕ повеќе немаат образ да прозиваат било кого, рече Кузеска.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Брука, ДПМНЕ ги тужи пожарникарите додека тие го ризикуваат животот во гасење пожари

,,Новиот директор на Клиничка болнца Штип од ВМРО-ДПМНЕ, Владко Захариев удри по пожарникарите.Опомена пред тужба од страна на Клиничката болница во Штип му пристигнала на пожарникар за негово лекување откако за влакно не го изгубил животот во гаснење на пожарите по што морал да се лекува.ДПМНЕ ги казнува пожарникарите додека тие се единствени кои се борат со пожарите и го ризикуваат својот живот. Скандалозен и недозволив е ваков однос и вакво непочитување.И додека им фрчат казни од една страна, од друга страна ДПМНЕ им ги замрзна и платите на пожарникарите.Дури пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието не го прифатија амандманот на СДСМ со ребаланост да им се даде награда на пожарникарите за учеството во гасењето на пожарите.Ниту една награда не сакаат да им дадат на пожарникарите.Така е сега со новата власт на ВМРО-ДПМНЕ, нема пари за пожарникарите, нема пари за наставниците, професорите, нема пари за работниците. Баш им е гајле.Брука.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

СДСМ: Сите досега промовирани инвестиции на Владата се на СДСМ, конечно мораше да признае и Мицкоски

,,Во текот на изминатите два месеци сведоци сме на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ како го крева патриотскиот занес и без срам се фали со „проекти и инвестиции“ кои Владата на СДСМ ги започна и реализира. Срамно е да се живее од туѓи успеси и со празни зборови да се кријат сопствените неуспеси. Последната инвестиција на германската BMZ е последната од низа инвестции целосно сработени од СДСМ кои Мицкоски се обиде да ги прикаже како свои, па откако јавноста реагираше, тој конечно мораше да признае дека инвестцијата е донесена во времето на СДСМ, а потпишана од тогашниот Вицепремиер Фатмир Битиќи.Она што СДСМ го остави зад себе, тие сега го користат како параван за да го прикријат својот недостиг од визија, неспособност за водење и неможност да обезбедат каков било вистински напредок. Претходно Мицкоски се пофатли и фрли неколку лопати на проекти исто така целосно реализирани од СДСМ како: инвестицијата на компанијата „EPSOTECH, новата инвестиција на компанијата „Вабтек“, најавената инвестиција на „Алказар енерџи“...Наместо да работат на нови проекти и вистински промени, тие се занимаваат со рециклирање и лажен ПР со нашиот труд. Јасно е дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема идеи, нема план, нема визија. Ако не можат да создадат нешто свое, барем нека имаат доблест да признаат чиј труд го присвојуваат. Но, нивниот менталитет е таков – без трошка доблест, без трошка одговорност. Секој ден сведочиме на нова прес-конференција, нови пофалби за туѓи успеси, и, за жал, сè помалку работа во интерес на граѓаните.Владата на ВМРО-ДПМНЕ треба да престане со евтините пропагандни манипулации и да се фокусира на она што е навистина важно – решавање на реалните проблеми на граѓаните. Народот бара решенија, а не празни зборови и украдени заслуги.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

СДСМ: Брука, инвестицијата на германската БМЗ е целосно договорена и потпишана од владата на СДСМ

,,Стануваат смешни и очајни обидите на Христијан Мицкоски да се накити со туѓи перја за секоја инвестција која е договрена од СДСМ. Германска компанија, односно инвестиција за производство на литиумски батерии беше договорена уште во септември минатата година од тогашниот вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи.Потпишувањето на овој значаен договор се случи во Франкфурт и претставува резултат на седуммесечен интензивен процес на преговори, започнат и успешно завршен од страна на СДСМ. Можно ли е Мицкоски до толку да нема ниеден проект со кој може да се пофали па мора да краде од СДСМ? Ќе почне ли Мицкоски да работи нешто конечно или само ќе се занимава со манипулација на јавноста?СДСМ истакнува дека ваквите инвестиции се резултат на внимателно планирани и стратешки насочени политики, кои нашата влада ги спроведуваше со цел да привлече технолошки напредни и одржливи компании во земјата.СДСМ ќе продолжи да работи на создавање нови можности за економски раст и подобрување на животниот стандард на сите граѓани, без разлика на обидите на актуелната влада да ги присвои нашите успеси. Македонската јавност заслужува вистински информации и транспарентност, а не манипулации и празни пофалби.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Сиљановска и Тошковски контра премиерот, Мицкоски да им се извини на граѓаните

,,После претседателката Гордана Силјановска и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски рече дека нема загрозување на безбедноста на државата и затоа нема потреба од свикување на Советот за безбедност.Ова значи дека и Силјановска и Тошковски го демантираат премиерот Христијан Мицкоски кој јавно соопшти дека има информации за нарушување на безбедноста и дека се спрема дестабилизација на земјата.Сосема спротивно, според официјалните изјави на претседателката Силјановска и на министерот Тошковски Мицкоски не поседувал информации за нарушување на безбедносната состојба.Очигледно најавите на Мицкоски за некаква дестабилизација биле без основа, односно не се ништо друго освен сценирање, заплашување и манипулација со чувствата на граѓаните.За изнесените лаги Мицкоски треба да излезе и да им се извини на граѓаните!Ова секако не го исклучува од одговорност, за што Обвинителството треба да го повика Мицкоски на сослушување.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања