Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Дали Владата ќе се вработи Национален координатор за координирање на координаторите?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

,,Додека министерот за внатрешни работи најавува битка за заштита на државниот буџет од злоупотреби, Владата секој ден со свои одлуки именува некакви национални коордонатори за решавање на различни прашања.

— реклама —

Тоа не е ништо друго освен легализирана кражба на буџетот преку доделување месечна апанажа на неопределен рок во висина од над 100.000 денари на заслужни партиски активисти на ДПМНЕ како што се Влатко Ѓорчев, Затуровска, Павле Трајанов, Ивица Боцевски и други.

Сега за секоја надлежност на Владата имаме по еден министер, заменик министер, државен секретар, советник на премиерот и национален координатор.

— реклама —

Дали Владата планира да именува национален координатор за координација на координаторите?

— реклама —

Со одлуки на Владата на овој начин се празни и ограбува буџетот за задоволување на апетите и плаќање на оние кои партиски му помагале на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека министерката за финансии Кочовска вели дека навечер оди по канцелариите во министерството да гаси светла за да не се троши струја, дава согласност за да се вработуваат партиски кадри.

— реклама —

СДСМ препорачува Кочовска да не се мачи со гасење светла и штедење на кафе во министерството. Доволно е Влатко Ѓорчев да не е вработен на државен трошок кој годишно ја чини државата околу 2 милиони денари. Лицемерието на ДПМНЕ не познава граници.”, велат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 минута

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања