Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

СДСМ: Скандал, Тошковски удри по полицајците на Блаце за да го спаси Рамука

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_4328

,,Денес објавуваме нов скандал поврзан со работењето на Панче Тошковски и МВР. Ова што денес ќе го слушне јавноста, е школски пример за партиско-полициска држава и злоупотреба на функцијата за политичка заштита на партиски назначен началник. Во овој случај, граѓаните ќе чујат како Тошковски врши притисок и казнува невини и чесни луѓе, вработени во МВР.

Откако јавноста разбра за целиот скандал поврзан со сватовите на Гаши и нивното пропуштање низ граница без контрола, денес го обзнануваме пеколот кој им следувал на вработени на границата Блаце. Панче Тошковски и неговиот омилен началник Наим Рамука, сакаат да им се накалеми наводна одговорност на вработените на Блаце за тие двајцата да останат чисти.

— реклама —

Според информациите кои СДСМ ги доби од свиркачи, откако Тошковски не успеа да го скрие скандалот од јавноста и сфати дека мора да се бара одговорност од некого, тој и Наим Рамука дошле до идеа да ги набедат луѓето кои си работеле на смена на границата Блаце. Бидејќи СДСМ ја обзнани целата шема и директната наредба која ја дал Наим Рамука, јасно е дека овие луѓе немаат никаква одговорност.

— реклама —

Според нашите информации, Командирот на граничниот премин Блаце, добил директно барање од Наим Рамука дека треба на шест вработени да им бидат изречени писмени опомени. Со ова, планот бил тие да поминеле без парични казни и да си ја преземеле одговорноста. Рамука го информирал Командирот дека ова мора да се заврши затоа што целата работа наводно била договорена меѓу Изет Меџити и Панче Тошковски, на високо политичко ниво. Вака Тошковски и Рамука сакале да се забошоти целата работа.

— реклама —

Но, Командирот на граничниот премин Блаце, чие име нема да го откриеме, одбил да изрече таква казна сметајќи дека тоа е нечесно кон вработените. Тој јасно кажал дека нема одговорност кај вработените и побарал случајот да го реши Внатрешната контрола на МВР.

Според нашите информации, во моментов случајот е во Внатрешна контрола која мака мачи како да го оправда целиот случај и очигледно се обидуваат да направат манипулација и да обвинат некој друг. Ова е МВР под водство на Тошковски почитувани граѓани. Ова е добро познатото ВМРО-МВРО и методите од времето на Гордана Јанкуловска.

СДСМ бара, итно, јавно и транспрентно да се објават наодите на внатрешна контрола. СДСМ бара итно да се лоцира одговорноста кај оној кој дал командата!

Точно знаеме кој, како и за што треба да одговара и ова веќе го објавивме во јавноста. Доколку Тошковски се обиде било кој вработен во МВР да го искористи како жртвено јагне, остро ќе реагираме.

Понатаму, бараме уште еднаш обивнителството да се изјани по случајот. Зошто ОЈО молчи?

Бараме итно да бидат конечно разрешени Рамука и Тошковски, овие скандали веќе немаат крај.

За крај прашуваме, има ли грам човечност во Тошковски? За одговорност знаеме дека нема. Има ли малку доблест да го разреши Наим Рамука и тој да се повлече наместо да мести невини луѓе да одговараат?

Дали вака ВМРО-ДПМНЕ ја замислува одговорноста за која беседи Мицкоски? Ова ли е таа департизација која треба да се направи од неговата смешна платформа?

Срамно и жално, но пред се опасно е ова што се прави. Ако вака се местат уште сега луѓе да одговараат за да си ги покријат скандалите, тогаш каде ни е крајот.”, велат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryh83e4do6d0vcaie2qdw

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ слави туѓи победи и води лицемерна политика

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-librarypuonom89qceu5AhNovk

Уште 12 дена до рокот за реформите кои Мицкоски нема да ги исполни, велат од СДСМ

Македонија | пред 6 часа

media-libraryb8jf9io36b8qcjLJkpx

Врие бугарски пасоши во Владата на Мицкоски - ново признание на ВМРО-ОКГ, велат од СДСМ

Македонија | пред 8 часа

media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

Филипче на Х: „Промакедонската“ партија на Мицкоски, во која половина имаат бугарски пасоши, не сака да биде македонска

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања