Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Сите досега промовирани инвестиции на Владата се на СДСМ, конечно мораше да признае и Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_4082

,,Во текот на изминатите два месеци сведоци сме на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ како го крева патриотскиот занес и без срам се фали со „проекти и инвестиции“ кои Владата на СДСМ ги започна и реализира. Срамно е да се живее од туѓи успеси и со празни зборови да се кријат сопствените неуспеси. Последната инвестиција на германската BMZ е последната од низа инвестции целосно сработени од СДСМ кои Мицкоски се обиде да ги прикаже како свои, па откако јавноста реагираше, тој конечно мораше да признае дека инвестцијата е донесена во времето на СДСМ, а потпишана од тогашниот Вицепремиер Фатмир Битиќи.

— реклама —

Она што СДСМ го остави зад себе, тие сега го користат како параван за да го прикријат својот недостиг од визија, неспособност за водење и неможност да обезбедат каков било вистински напредок. Претходно Мицкоски се пофатли и фрли неколку лопати на проекти исто така целосно реализирани од СДСМ како: инвестицијата на компанијата „EPSOTECH, новата инвестиција на компанијата „Вабтек“, најавената инвестиција на „Алказар енерџи“...

— реклама —
— реклама —

Наместо да работат на нови проекти и вистински промени, тие се занимаваат со рециклирање и лажен ПР со нашиот труд. Јасно е дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема идеи, нема план, нема визија. Ако не можат да создадат нешто свое, барем нека имаат доблест да признаат чиј труд го присвојуваат. Но, нивниот менталитет е таков – без трошка доблест, без трошка одговорност. Секој ден сведочиме на нова прес-конференција, нови пофалби за туѓи успеси, и, за жал, сè помалку работа во интерес на граѓаните.

— реклама —

Владата на ВМРО-ДПМНЕ треба да престане со евтините пропагандни манипулации и да се фокусира на она што е навистина важно – решавање на реалните проблеми на граѓаните. Народот бара решенија, а не празни зборови и украдени заслуги.”, велат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 минута

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања