„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ

sdsm-koalicija

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните 4 години, неспособната власт доцни

,,Владата на Христијан Мицкоски покажа тотална неспособност до тој степен што месец дена по усвојувањето на ребалансот уште не се објавени програмите и не се исплатени субвенциите.Селективните и нередовни субвенции и долгови кон земјоделците се одлика на времето на ДПМНЕ. Тие тоа го паметат. Во 2017 , а не денес, субвенциите за земјоделците се исплаќаа на два дена пред избори и се доцнеше 4, 5 па и 6 години. Пример во 2017, Владата на СДСМ исплаќаше субвенции и огромни долгови за 2012 и 2013 година.Лага е дека ќе се исплаќаат субвенции од претходните 4 години. Денес , со една милијарда од ребалансот нема да се исплаќаат долгови за претходни години туку субвенции по тековни барања од 2023 година.Агенцијата задолжена за исплата јавно нека ги објави и информира за која програма односно година се потрошени парите од овој ребаланс.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-09-15-at-12.24.43

СДСМ: Гордана Сиљановска е недостојна за Претседател

,,По вчерашното интервју на Гордана Силјановска повеќе од јасно е дека таа нема ниту капацитет, ниту достоинство да биде претседателка на дравата. По скандалозната посета на Софија, таа сега информираше дека свесно решила да се слика без знаме за наводно да не направела скандал. Свесно се сликала и свесно ја објавила фотографијата, па според ова таа свесно предизивикала понижување на државата и граѓаните.Силјановска одлучила да ја понижи државата и нејзините граѓаните за таму во моментот да не и биде непријатно. Фактот што нашата делегација според нејзините тврдења отишла целосно неподготвена, без никаква координација со протоколот на Радев и без знаење за тоа што е планирано од протоколарни активности, укажува на целосно отсуство на одговорност и професионализам во нејзиниот тим. Аматерски подготвена посета која однапред била осудена на фијаско.Во услови кога Северна Македонија има исклучително важен период и одлуки кои треба да ги донесе, ваквиот аматеризам во дипломатијата е недозволив. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се директно одговорни за овој срам, заедно и на чело со Тимчи Муцунски кој исто како Силјановска, вчера немаше ниту еден конкретен одговор на ниту едно прашање при неговото гостување. Комплетна неспособност и недостојност за големи меѓународни политики демонстрира тимот на Мицкоски.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Кузеска: Мицкоски ги излажа граѓаните, нема намалување на цените

,,Најавите дека дополнително ќе се одлага носењето некакви мерки за намалување на цените покажува дека владата на Мицкоски нема економски концепт и не се грижи за стандардот на граѓаните.Му е гајле на Мицкоски за граѓаните.Цените на храната растат неконтролирано и владата досега веќе требаше да излезе со мерки за намалување а не да чека. Наместо да ги замрзне цените на производите власта на Мицкоски ги замрзна платите, што е целосно погрешно.Тоа не е случај со Владите од соседството кои на големо спроведуваат акции за намалување на цените а платите продолжија да растат. Во Србија на пример поевтинија над 700 производи.Кај нас Владата на Мицкоски доцни и мачка очи со цени на моливи и фломастери која исто така беше задоцнета мерка. Со вакви погрешни, катастрофални економски политики на Мицкоски стандардот на граѓаните само ќе опаѓа.",вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Кузеска: Мицкоски срамно ги брани виновниците за националното понижување во Бугарија

,,Христијан Мицкоски наместо да го осуди понижувањето на македонската државата среде Бугарија и да побара одговорност за тоа што се дозволи национален срам без македонско знаме, се обиде да ги оправда виновниците, Силјановска и министрите во неговата Влада.Ниту министрите, ниту Силјановска не реагирале за националното понижување во Бугарија заради жал за загинати пилоти, „не сакале да создаваат тензија“ вели Мицкоски.Демек знаеле дека е понижување и бришење под со Македонија ама не сакале да создаваат тензија?Па фотографиите само со бугарски знамиња тогаш зошто самите си ги објавија? Или и сликите ги објавија и се фалеа заради пилотите?Срамно е ова однесување на Мицкоски, го правда скандалот во Бугарија со смешни изјави потценувајќи ја интелигенцијата на граѓаните. Па уште и ги навредува граѓаните. Мицкоски нема образ, па тој ли ќе зборува за свиткана кичма, дозволи Бугарија под да избирше со Македонија и да ни приреди национален срам среде Софија.Дилетантизам и неспособност ете тоа го покажуваат Мицоски и ВМРО-ДПМНЕ.Овој скандал потврдува дека Владата и институците предводени од Мицкоски и Силјановска, немаат никаков капацитет за меѓународна политика уште помалку да обебзедат подобри услови на земјата во меѓународни рамки.ВМРО-ДПМНЕ нема знаење, нема капацитет и нема одговорност да ја води државата на меѓународно ниво и со нив напредок ќе нема на ниту едно поле.", вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

СДСМ: Сиљановска и министрите сами ги објавија сликите со бугарските знамиња

,,После свадба тапани, се реакциите на кабинетот на Силјановска и најавите кои ги слушаме од МНР и Тимчо Муцунски. За понижувањето на државата и големиот срам кој го приредија Силјановска и министрите на Мицкоски во Бугарија се криви самите тие, а сега се обидуваат да ја поправат штетата со што уште повеќе се заплеткуваат во скандалот.Силјановска свесно прифатила, се сликала а потоа и самата објавила средба без ниту едно државно обележје, без македонско знаме. Истото го направиле и министрите во Владата на Мицкоски.Овој скандал ќе поминеше незабележан доколку јавноста бурно не реагираше на него и затоа обидите да се покаже некава сила после овој дипломатски дебакл е само јалов обид да се оправда дилетантизмот и наивноста на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска.Овој скандал потврдува дека Владата и институците предводени од Мицкоски и Силјановска, немаат никаков капацитет за меѓународна политика уште помалку да обебзедат подобри услови на земјата во меѓународни рамки.Зар Силјановска е таа што ќе обезбеди промена на преговарачката рамка или нови услови во однсите со ЕУ?Муцунски ли е тој што треба да се бори за македонските позиции во меѓународни рамки а не успеал една средба во Софија достоинствено да ја организира?ВМРО-ДПМНЕ нема знаење, нема капацитет и нема одговорност да ја води државата на меѓународно ниво и со нив напредок ќе нема на ниту едно поле.", велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

Мицкоски излажа дека парите не се од Кина, меѓународни медиуми го потврдија тоа, вели СДСМ

„Од ден во ден станува се појасно зошто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат во скратена постапка да го донесат овој закон. Вчерашните инфомрации во медиумите од истражувањата на реномирани меѓународни медиуми, потврдуваат дека парите за унгарскиот кредит се всушност кинески. Па го прашуваме Мицкоски, зошто ја лажеше јавноста за ова?“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ и додава:Зошто крие кое е потеклото на парите? Зошто крие дека Унгарија всушност се задолжува по понеповилни услови кај Кина за парите кои нас ни ги дава? Тоа е јасен сигнал дека тука има политички интерес.Покрај ова, законот изобилува со нелогичности, недоречености и многу непознаници. Не се предвидени јасни критериуми и механизми за распределба на позајмените пари, нема јасно утврден систем за контрола на трошењето на парите.Јасно е дека со оваа власт нема ниту правна држава, ниту транспрентност, ниту отченост, ниту отвореност. Се враќа начинот на владеење како пред 2016 година.Очигледно власта сака да ја сокрие корупцијата и политичките интереси кои се основа на овој закон.Без дебата, без информирање на граѓаните, набрзина да го истуркаат скандалозниот и коруптивен Закон договорен во четири очи уште во време кога ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција по скратена постапка.Мицкоски на овој начин си испиша корупција на чело.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Власта го турка коруптивниот Закон за кредит од Унгарија по секоја цена

,,Наместо да се повлече од скратената постапка за носење на коруптивниот Закон за кредит и да отвори јавна расправа, во редовна и транспарентна процедура, власта на Мицкоски го турка по секоја цена.За денеска е закажана седница на Комисијата за финансисрање и буџет од страна на претседателот на Собранието, Африм Гаши.Нема редовна постапка, нема експертска дебата, нема информирање на граѓаните и поминување на сите собраниски филтри. Власта сака набрзина да го истурка скандалозниот и коруптивен Закон договорен во четири очи уште во време кога ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција.Што сака да сокрие власта на Мицкоски за задолжувањето од 500 милиони евра?Корупцијата којашто ја подготвиле и ја договориле, заедо со провизиите и скриените трошоци.Законот изобилува со нелогичности, недоречености и многу непознаници, нема јасни критериуми и механизми за распределба на позајмените пари, нема јасно утврден систем за контрола на трошењето на парите.Мицкоски едно зборува во говорите а друго прави. Со оваа власт нема ниту правна држава, ниту транспрентност, ниту отченост, ниту отвореност. Се враќа начинот на владеење како пред 2016 година.Мицкоски си испиша корупција на чело.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Се потврди дека шест невини полицајци ќе одговараат за да се заштити Наум Рамука

,,МВР ги потврди сите информации кои ги објави СДСМ, јавно, на прес конференција. Се случува класична местенка за да се заштити функционер на власта.Срамно и нечовечно вината за скандалите на границата и пропуштањето на сватовите на Гаши ДПМНЕ и Тошковски им ја калемат на полицајците кои работат на граничниот премин.За шестмина полицајци, МВР предлага постапка за утврдување одговорност. Наместо одговорност да се побара од началникот Рамука, кој ги давал наредбите, се казнуваат невини, чесни луѓе.Ова е брука и срамота.Се покажа дека Мицкоски едно зборува јавно а сосема друго прави. Додека беседи за одговорност се местат невини луѓе а Тошкоски спроведува полициско-партиска заштита за нивниот омилен началник Рамука.Ова е уште една причина Обвинителството да постапи за овој случај. Надлежното обивнителство треба да ја спречи оваа неправда и вистинските виновници да понесат одговорност.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_3514

Спасовски: СДСМ е против Законот за локална самоуправа, власта им одзема право на граѓаните да одлучуваат

СДСМ и коалицијата го искажа својот став за овој Закон за локална самоуправа во македонското Собрание, со гласање против потребата од носење на законот по скратена постапка, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во одговор на новинарско прашање.-Ние сме против носењето на ова законско решение. Сметаме дека на овој начин се нарушуваат демократските принципи на функционирањето и на поделбата на власта во државата. Носењето на вакво законско решение, е спротивно на уставните начела со кои граѓаните ги носат одлуките за локалната власт исто како и за локалната власт. Носење на вакво законско решение, без одлука на граѓаните, ќе може да се врши промена на градоначалници во одредени општини и на тој начин им се одзема правото на граѓаните и се манипулира со волјата на избирачите. Од овој аспект сосема исправно е да кажеме јасно и гласно пред јавноста дека ваков закон нема да добие поддршка од СДСМ и од коалицијата, рече Спасовски.Кога станува збор за избори, последниот збор мора да го имаат граѓаните, додаде Спасовски.-Ќе се соочиме со состојба во којашто веднаш после одржување на локални избори, повторно ќе се создава пракса да може од било која причина на некој од градоначалниците да му престане функцијата и без при тоа да одлучуваат граѓаните, до крајот на мандатот да раководи некој што е одреден за заменик градоначалник, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-25-at-18.24.06

Спасовски: Го осудувам приведувањето за црквата во Галате, институциите преку дијалог да најдат решение

Сметам дека е неоправдано и го осудувам приведувањето на било кој во еден ваков случај и секако дека не треба да се посегнува на таков начин на однесување кога станува збор за верски објекти, институциите треба преку дијалог да најдат соодветно решение, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски денеска.-На Македонија не и се потребни инциденти, особено не во делот на меѓуетничките односи, апсолутно не смееме да се играме со правото на вероисповед. Се што треба да се решава треба да помеѓу институциите на системот, дали е тоа МПЦ, ИВЗ, Католичката црква, локалната власт и централната власт. Преку дијалог мора да се дојде до решение, рече Спасовски.Како и на кој начин се однесува полицијата и што е она што се прави не сакам повеќе да кажам, ќе ги напоменам случувањата на аеродромот во Скопје, на граничниот премин Блаце, она што се случува во Галате и уште низа на други примери во државата. Нема оправдување од типот сегашни или поранешни структури. Не може во македонската полиција да има сегашни или минати структури, таа треба да им служи на граѓаните, додаде Спасовски.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

СДСМ: Нема одговорност, Рамука доби партиско-политичка заштита од Тошковски и Мицкоски

,,Бројни скандали се случија на границата со Косово каде по налог на началникот Наим Рамука слободно, без контрола и без евиденција се поминува, како што беше случај и со сватовите на Гаши.Откако Тошковски не успеа да ги заташка скандалите, наместо да побара одговорност од Рамука којшто ги давал наредбите, целата вина им ја накалемува на полицајците кои работат на граничниот премин, иако немаат никаква одговорност.Со добро познатите методи на ВМРО-МВРО се казнуваат невини и чесни луѓе, кои си ја работат својата работа професионално а се штити вистинскиот одговорен за скандалот. Кога се политичките дилови на коалициските партнери нема одговорност од функционерите.Тошковски и Мицкоски обезбедија партиско-политичка заштита за нивниот омилен началник Рамука. Нема одговорност за фунцкионерите од власта.Вака ли ВМРО-ДПМНЕ ја замислува одговорноста за која беседи Мицкоски?Да се местат луѓе да одговараат иако ништо не згрешиле, само за ДПМНЕ да си ги покрие скандалите?Ова е неправда од надолен вид. Брука и срамота.Обвинителството не смее да молчи, мора да постапи по овој случај, невините да се спасат а да одговараат вистинските виновници.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_5905

Николовски ги демантира наводите и обивнувањата од Трипуновски

Пратеникот и поранашен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, ги демантира наводите на Трипиновски.,,Во нашата држава точно се знае кој каква улога има, вклучително и функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, за која Трипуновски по не знам кој пат покажува дека е недостоен да ја држи. Го упатувам министерот прво да се запознае со постапките и надлежностите на органите во неговиот состав, пред да се расфрла со празни обвинувања кон мене, во обид да направи театар пред јавноста и да ја прикрие безидејноста и неспособноста на владата од која е дел.Ги повикувам надлежните институции да постапат согласно сите искажани точки од денешната прес-конференција. Мојот министерски мандат е познат како еден од најтранспарентните, што се потврдува со фактот дека под моето раководство МЗШВ беше прогласена за најтранспарентна институција и една од институциите со највисок интегритет. Јас како министер ги имам дадено сите потребни задолженија на службите да работат согласно законите.Во МЗШВ има повеќе од 11.000 договори за закуп на земјиште, и никој министер не може да знае што се случува со секој поединечен договор, па затоа постојат организациони единици задолжени за управување со тие договори. Доколку се утврди дека одреден субјект неправилно се стекнал со субвенции ги повикувам институциите да започнат постапка за поврат на исплатените средства и да покренат постапка пред надлежните органи како и доколку МЗШВ има утврдено недоследности во почитување на договорни обврски за земјиште, тоа е основ за раскинување на истите и очекувам завршница во тој правец..Дополнително, очекувам дека во недостатокот на идеи, мерки како и неспособност за реализација на мерките кои ние ги поставивме овие конструкциите и лаги насочени кон мене да продолжат.Граѓаните не сакаат театри и конструкции. Производителите од вас очекуваат достоинствени цени за нивните земјоделски производи а купувачите очекуваат да ги зауздате трговците и цените на прехранбените производи кои ги рушат сите рекорди.”, вели Николовски.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

СДСМ: Административците земаат К-15 заради СДСМ, на Мицоски му стана бренд китењето со туѓи перја

,,На Христијан Мицкоски китењето со туѓи перја му стана единствен бренд, секој ден неговата Влада се фали само со проекти и политики на СДСМ.Вработените во јавната администрација земаат к-15 заради политиките на СДСМ. СДСМ го врати регресот за годишен одмор со новите колективни договори и покажа вистинска грижа за работниците.Тоа што Владата на Мицкоски соопштува дека обезбедила пари е смешно, што и е друго работа? Пари има, во прашање се приоритетите.СДСМ во време на најголемите кризи обезбедуваше средства и за К-15 но и за покачување на платите на работници, нешто што оваа Влада го замрзна и најавува дека нема да ги покачи платите.Тоа е голема разлика.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Кузеска: Балансерот останува на сила, потона уште едно ветување на Мицкоски

,,Министерот за јавна администрација кој доаѓа од партијата ЗНАМ призна дека балансерот останува на сила. Иако пред само две недели сосема друго зборуваше.Со ова принзнание потона уште едно ветување на Христијан Мицкоски.Наместо укинување на балансерот како што ветуваше ДПМНЕ сега имаме надграден и проширен балансер за чија примена ќе биде надлежно Собранието а ќе го раководи ДУИ.За многу кратко време време власта на ДПМНЕ си ги погази сите дадени ветувања пред граѓаните. А ЗНАМ се покажа дека не е никаков фактор во Владата, неми посматрачи и извршители на желбите на Мицкоски.”, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Kuzeska

Кузеска: Бројни советници по кабинети, масовна партизација на грбот на граѓаните и во МВР

,,Додека полицајците на граничниот премин Блаце се казнуваат на плата, додека министерот за внатрешни работи најавува мерки за заштита на државниот буџет од злоупотреби, власта секој ден носи нови одлуки за вдомување партиски кадри на измислени позиции.И во МВР тоа се случува на големо. Министерот Тошковски и заменик министерот Исени наредиле огромна листа на советници, со огромни плати и до 66 илјади денари.Само за овие 23 советници во кабинетот на министерот и на заменикот министер граѓаните на Македонија ќе плаќаат околу 1 милион денари секој месец.На коалициските партнери во власта не им е доволно тоа што имаат министри, заменици министри, државни секретари, директори, сега се измислуваат функции и позиции за вдомување.Од координатори, национални координатори, заменик на заменикот директор еве дојдоа до паралелтни кабинети со бројни советници.Кога се функции и фотели во прашања нема мерка за доста кај ДПМНЕ.Ова е класична партизација со која се ограбува буџетот за задоволување на апетите на партиите на власт.”, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања