„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ

sdsm-koalicija

СДСМ: Конфликтите во Владата ја потврдуваат нејзината неспособност

,,Снопче и Мицкоски, заедно со Таравари треба да седнат и да работат нешто за граѓаните а не да се расправаат.Владата функционира само кога треба да се договорат како да ја партизираат државата и делат привилегии, за се друго е целосно нефункционална.Наместо да владеат во интерес на народот, тие го блокираат напредокот, ги одложуваат реформите и создаваат атмосфера на неизвесност и поделеност.Граѓаните очекуваат мерки за справување со скапиот живот, очекуваат повисоки плати, проекти, а тие се расправаат преку медиуми. Ова ја потврдува реално нивната неспособност.Воопшто не е важно дали конфликтот е реален или не, тој на крај резултира со слаба Влада која ги злоупотребува чуствата на граѓаните.Овие конфликти внатре во Владата и постојани јавни препукување не се непознати, тоа го правеа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во цел мандат.Во јавност се караа на маса ги делеа бизнисите. Но ВМРО-ДПМНЕ поинаку и не знае да владее освен да одржува некоја тензија постојана што е огромна штета за граѓаните.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

СДСМ: Нема да се реализираат 100 милиони евра за општините оваа година, уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ

,,Уште едно разочарување и неисполнето ветување од Владата е на прагот. Имено, најавените 100 милиони евра за развој и поддршка на општините, ветени од оваа Влада, повеќе од јасно е дека нема да се реализираат оваа година. Ова е уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ не успева да ги оствари своите ветувања и повторно ја изневерува довербата на граѓаните.Министерот Перински најави дека средствата нема да бидат доделени директно на посебните сметки на општините, како што тоа го правеше СДСМ. Наместо тоа, парите ќе се исплаќаат директно од буџетот до изведувачите, што значи дека оваа година реализацијата на средствата е речиси небвозможна или ќе биде минимална. Ваквиот пристап не само што го забавува процесот, туку и отвора можност за манипулации, централизирајќи ја контролата во рацете на Владата.За разлика од ова, СДСМ реализираше проекти вредни 265 милиони евра во општините на далеку поефективен начин. Средствата беа наменски на сметките на општините, каде што локалните власти имаа директен пристап и можност сами да ги управуваат своите проекти. Ова беше модел кој осигуруваше ефикасна реализација и транспарентност, нешто што е сега оневозможено од страна на ВМРО-ДПМНЕ.Централизацијата на средствата и контролата од страна на Владата е директен удар врз децентрализацијата и автономијата на општините. Ова покажува дека ВМРО-ДПМНЕ не е подготвена да им верува на општините и на локалните власти, што води до стагнација и нереализирани проекти кои се од суштинско значење за граѓаните.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_6780

Tречевска: Цените не се намалени, мерките на владата немаат ефект

Цените на производите по маркетите не се намалени, иако Владата тоа помпезно го најавуваше. На ова реагираа и граѓаните, освен еден вид леб, чија цена е намалена за 1 денар, на останатите производи нема намалување, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, во дебатната емисија „Отворено“ на 24 телевизија.-Наместо намалени цени имаме зголемени цени на храна за 717 денари, и ова е уште една потврда дека мерките на владата на Мицкоски се задоцнети и немаат ефект. Граѓаните не осетија подобрување на животниот стандард и додека во Србија и Црна Гора, се намалија цените на 700 производи, кај нас се намалуваат маржи на едвај 70 производи. Кога СДСМ беше на власт, беа намалени цените на 500 производи, а за подобар животниот стандард на граѓаните, воведовме пакет антикризни мерки. ДПМНЕ освен да манипулира, нема никаква идеја и води погрешна економска политика, од која граѓаните немаат никаква корист, рече Трнчевска.За време на изборите слушавме како ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе ја покачат минималната плата, а денес слушаме изјава на премиерот, кој вели дека платите ќе се покачат, тогаш кога ќе има можност, додде Тренчевска.-Во изминатите години имавме постојан раст на платите, тргнувајќи од минималната плата и просечната плата. Во изминатите години, СДСМ ги покачи, минималната плата од 8.000 на 22.500 денари, а просечната од 20.000 на 41.939 денари. Сега наместо покачување, за еден месец, откако ДПМНЕ е на власт, имаме пад на просечната плата за илјада денари., рече Тренчевска.Таа потенцираше дека власта ги извиси и наставниците и за првпат тие не ја почнаа годината со повисоки плати, а ниту пак ќе добијат покачување, иако им следува согласно колективните договори. За разлика од сега, со СДСМ наставниците секоја нова учебна година ја започнуваа со повисока плата.-Економските политики на ВМРО-ДПМНЕ се погрешни, и не придонесуваат кон подобрување на стандардот на граѓаните, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

СДСМ: Зголемени се цените за храна за 717 денари, мерките на Мицкоски нема да имаат ефект

,,Се зголемуваат трошоците на живот на граѓаните, цените на основните производи продолжуваат да растат.Последните податоци за потрошувачката кошничка покажува ново зголемување во однос на месец август исто како и трошоците за храна и пијалаци кои за еден месец се зголемиле за 717 денари.Ова е уште една потврда дека мерките на владата на Мицкоски се задоцнети и јасен показател дека нема да имаат реален ефект, ниту врз цените ниту врз стандардот на граѓаните.Очигледно Мицкоски чекаше со намалување на цените на производите заради решение во интерес на интерес на трговците, а не во интерес на граѓаните.Владата треба да донесе мерки со кои реално и вистински ќе ги намали цените а не да мачка очи.Со вакви погрешни економски политики на Мицкоски стандардот на граѓаните само ќе опаѓа.”, реагираат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Мицкоски ги остави наставниците без покачени плати, иако им следуваат

,,После изјавата на Христијан Мицкоски јасно е дека власта ги извиси наставниците и оваа година нема да добијат повисоки плати, иако им следуваат согласно колективните договори.Со СДСМ наставниците секоја нова учебна година ја започнуваа со повисока плата. Наставниците и граѓаните знаат дека во изминатите седум години, владата предводена од СДСМ ги зголеми платите во образованието, кумулативно за над 55 отсто. Пари за континуирано зголемување на платите во образованието обезбедувавме и во годините на здравствена, економска и енергетска криза.Платите требаше да продолжат да растат и овој септември да бидат покачени за 12%, но дојде ВМРО-ДПМНЕ и ја прекина низата на растот на плати во образованието.Ова значи целосно фијаско на политиките на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, изневерени наставници и просветни работници.Една од најважните области, образованието, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја запоставија комплетно а наставниците ги понижија.СДСМ бара власта да ја смени оваа погрешна политика и да ги покачи платите на наставниците и просветните работници, тоа е нејзина обврска.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

СДСМ: Додека ние ги поддржувавме граѓаните во време на ковид кризата ДПМНЕ опструираше

,,Владата предводена од СДСМ не само што успешно менаџираше со здравствената криза предизвикана од Ковид – 19 туку успешно се справи и со економските последици кои ги предизвика.СДСМ вистински ги поддржуваше граѓаните и компаниите. На почетокот на Ковид-19 кризата, веднаш одговоривме со директни мерки за поддршка на секое работно место и нарушен бизнис и спасивме над 120.000 работни места.Со неколку пакети и директни мерки ефикасно и успешно реализиравме помош од над 550 милиони евра, директни трансфери кон граѓаните и корпоративниот сектор, а со дополнителните субвенции помошта за целата економија достигна 1,1 милијади евра или 10% од домашниот БДП.Сите сегменти кои беа погодени од кризата беа опфатени.А што правеше ВМРО-ДПМНЕ за време на Ковид кризата?Седеше на страна и опструираше, спроведуваше блокада на помошта за граѓаните и компаниите во македонското Собрание. Ништо друго.Дури не се ни срамат денеска од тоа. Па шест години ВМРО-ДПМНЕ ја блокираше изградба на Клинички центар, а претходно десет години ја лажеа јавноста дека ќе го изградат.Зад таа лага со години сведочеше оградената парцела со лимени тараби.Не поминуваат овие лаги на ВМРО-ДПМНЕ.“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_6762

Петровска: Наместо писма ВМРО-ДПМНЕ да го задолжи Гаши да закаже Комисија за Законот за бранители

,,Изјавите и коментарите на партиите од власта кои ги слушнавме и прочитавме изминативе десетина дена поврзани со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Северна Македонија и членовите на нивните семејства, по скратена постапка се пораз за демократијата, демант на сите изјави на истите тие политичари кои велеа дека сме свесни за значењето на соживотот, меѓуетничките односни, но и најголем доказ дека некои политичари не ја сфатиле суштината на интеграцијата во Европската унија и не ја сфатиле својата улога во нашето општество.Предлог законот има една единствена цел, а тоа е да се допрецизира право кое е веќе утврдено во законите и да се предвидат одредби кои ќе значат правилен и правичен надоместок за жртвите и настанатите последици.Но, наместо дебата, наместо дисусија за подобрување на текстот на законот, изјавите се сведоа под секое ниво и за жал, партиите на власт наместо да покажат државнички капацитет, покажаа незрело однесување и се впуштија во натпревар за тоа кој ќе го има последниот збор или кој ќе излезе со некој досетлив предлог.Почитувани колеги пратеници од власта, овој предлог закон не е шаховска игра, не е ниту провокација, ниту обид за дестабилизација. Овој предлог закон е одговор на барањето за правда и правичност и тоа се мотивите заради кој овој закон е поднесен. И овој закон не се однесува само на припадиниците на безбедносните сили кои учествувале во воениот конфликт во 2001, туку и на оние кои загинале извршувајќи задачи во интерес и заштита на Република Северна Македонија.Ако денес мене како предлагач ме обвинувате за дестабилизација и скриени намери, тогаш значи ли тоа дека и во ноември 2023 година кога ДПМНЕ го поднесе предлог законот правеше провокација? Дали тогаш нивниот предлог беше предизборен маркетинг и злоупотреба на ова прашање за изборни цели? Не сакам да помислам дека ова е така.Затоа што јавноста има право да ја знае вистината, ќе соопштам дека предлог-законот кој тогаш беше поднесен како иницијатива од Достоинство беше подготвен во мојот кабинет како министерка за одбрана во координација со Стојанче Ангелов.Но, заради неговата одлука да направи предизборна коалиција со ДПМНЕ, тој предлог-законот го поднесе како сопствена иницијатива, а не како предлог на Владата. И тој предлог-закон СДСМ го поддржа.Наместо од ДПМНЕ да уценуваат со писма кои постапката ја враќаат чекор назад, нека го задолжат Претседателот на Собранието да го примени Деловникот, исто онака како што тоа го направи за задолжувањето од Унгарија и согласно член 126 став 3 нека ја закаже седницата на комисијата за труд.Во спротивно, изјавите на првиот вицепремиер Меџити дека ставот на владејачката коалиција е дека овој закон нема да се донесе ќе биде потврда дека ДПМНЕ во Собранието се само бројка и немаат капацитет да ги реализираат ветувањата.Колеги од власта, ви изгореа сите лаги и лицемерието и немањето капацитет да обезбедите услови овој закон да биде донесен ви излезе на виделина.”, вели Славјанка Петровска, пратеник на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

СДСМ: Проектот Александропули е доказ за визионерството на Владата на СДСМ

,,На 1 октомври 2024 година ќе биде пуштен во употреба терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Александропули, проект во кој претходната Влада предводена од СДСМ, визионерски учествуваше од самиот почеток.Со овој проект, државата ќе обезбедува 500 милиони кубни метри гас годишно, што ја надминува годишната потрошувачка од 400 милиони кубни метри. Македонија ќе обезбедува повеќе од доволно за да ги задоволи домашните потреби и ќе може да се пласира гас и во соседните земји, како Србија и Косово. Овој проект ќе ѝ обезбеди можност на државата за дополнителни приходи преку извоз на гас во регионот.Покрај ова, оваа енергетска инфраструктура ја зајакнува енергетска независност и придонесува за зголемена енергетска сигурност на нашите граѓани и економија.Покрај обезбедувањето на неруски гас, проектот вклучува и изградба на енергетска централа со капацитет од 800 мегавати, која ќе биде завршена во 2024 година.Кога Владата на СДСМ ја презеде иницијативата за овој проект ВМРО-ДПМНЕ беше против. ВМРО-ДПМНЕ сметаше дека “Најавата на Владата за инвестирање во Грција е штетна од неколку аспекти и тоа: политички, финансиски и економски“.“Намерата и постапките за инвестирање надвор од Македонија во енергетскиот сектор во овој момент, најблаго речено, се знак или за тотално неразбирање на проблематиката и економската состојба на Македонија, или намерно уништување на енергетскиот сектор“ беше ставот на ВМРО-ДПМНЕ.Денеска се покажува дека СДСМ била во право.СДСМ е горда на својата улога во обезбедувањето на енергетската иднина на земјата и на значајниот придонес кој го направи за енергетската безбедност и економскиот развој на Северна Македонија. Ова е уште еден доказ дека нашата партија секогаш работи во интерес на граѓаните и на долгорочната иднина на нашата земја.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

СДСМ: Просечната плата се намалува, потфрлија економските политики на Мицкоски

„Сведочиме на пад на просечната плата за 1.000 денари после години постојано покачување“, велат од СДСМ и додаваат:Намалувањето на просечната е директен одраз на погрешните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и значи удар врз стандардот на граѓаните.Економските политики на Христијан Мицкоски и владата на ВМРО-ДПМНЕ потфрлија.Неприфатливо е која било влада да дозволи пад на платите, особено во време кога семејствата се соочуваат со зголемени трошоци за живот и покачени цени на производите.Падот од 1.000 денари значи помалку средства за основни потреби, намален квалитет на живот и понизок стандард.Во изминатите години, СДСМ континуирано ги зголемуваше платите, дури и во време на кризи, достигнувајќи над 41.000 денари. За споредба, во 2015 година, просечната плата под ДПМНЕ изнесуваше само 20.853 денари.Наместо да поттикнуваат раст и зголемување на платите, ВМРО-ДПМНЕ се враќа на политиките од минатото, каде работниците беа третирани како евтина работна сила.Бараме од владата на Христијан Мицкоски да ја промени оваа погрешна политика и да преземе итно мерки за покачување на платите.

Македонија | пред 1 година

petrovska-krupen

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ требаше да ја признае вината за скандалот со македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ требаше да ја признае вината за скандалот со неистакнување на македонското знаме при постетата на претседателката на држвата на Бугарија, да прифаќа критики кои се од важност за државата и да презема конкретни чекори, порача пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.-Од една средба, која навидум требаше да биде чекор кон приближување се создаде јаз. Дополнително сега ги гледаме изјавите од политичкиот врв со кои уште повеќе го продлабочуваат тој јаз. Несериозно е кога испраќате претседател на државата дури и да нема отворени прашања, да не внимавате на целосниот протокол од почеток до крај, од влегување во границите на таа држава се до заминувањето. Одеднаш ВМРО ДПМНЕ, политичката партија која што 7 години зборуваше и лажеше дека сме ги продавале националните интереси, вели дека СДСМ кревала галама затоа што немало државното знаме. Државното знаме е симбол. Должност на претседателот на државата е да ги штити симболите и интересите на државата. Се додека ВМРО ДПМНЕ ја посочува СДСМ за виновна за се, вклучително и за тоа што им се случува во кабинетите, не може да се каже дека ја научиле лекцијата. За скандалот со знамето и непочитувањето на македонското знаме е виновно ВМРО ДПМНЕ, рече Петровска.Петровска порача дека ВМРО ДПМНЕ треба да се разбуди од сонот дека е се уште опозиција, да прифаќа критики кои се од важност за државата и да презема конкретни чекори, а не за се и сешто да ја обвинува СДСМ.-СДСМ е виновен за знамето што го немало во Софија? Зарем СДСМ е виновен и затоа што Мицкоски отиде неспремен во Брисел? Секако не, потенцираше Петровска.Петровска посочи дека благодарение на Владата на СДСМ, Северна Македонија сега е земја членка на НАТО со започнати преговори со ЕУ.-Тоа што СДСМ 7 години правела во делот на меѓународна политика е јасно. Седум години СДСМ ја враќаше државата на маса со земјите членки и на НАТО и на Европската унија со таа меѓународна политика. Благодарение на меѓународната политика на владите на СДСМ, денеска сме земја членка на НАТО и започнати преговри со ЕУ, за кои патем Владата на ВМРО ДПМНЕ назначи главен преговарач, рече пратеничката Славјанка Петровска.

Македонија | пред 1 година

Press-Bogdanka-Kuzeska-2021-06-02

Кузеска: Потребна е деескалација на односите меѓу Бугарија и Македонија

,,Влошувањето на односите со соседите ја става под знак прашање европската перспектива и оди на директно на штета на националните интереси на нашата држава.Неодамнешниот инцидент за време на посетата на Силјановска во Бугарија е пред се грешка на протоколот на претседателката. Ова незнаење на нашата дипломатија, кое очигледно Бугарија успешно го искористи, не смее да биде понатаму злоупотребувано од Владите во Скопје и Софија за ескалација на односите.Уште поопасно е доколку оваа ескалација на односите се прави тенденциозно за да се намали штетата која предизвика скандалот врз рејтингот на владеачката партија. Ако ова е целта, тогаш тоа е погрешно и ја води земјата кон уште поголеми проблеми.Бугарија исто така мора да сфати дека нејзината политика кон нас е од клучно значење за зачувување на дијалогот и дека пораките со кои се заоструваат односите не се во интерес на ниедна од страните.СДСМ апелира да се задржат конструктивните тонови и соработка. Веруваме дека преку дијалог и одговорна политика терба да се градат и продлабочуваат односите. Многу е лесно нешто да се скрши а далеку потешко да се залепи.Со жалење констатираме дека она што до сега го гледаме во надворешната политика на Владата е само во функција на одалечување на земјата од европскиот пат и враќње назад во време на конфликти. Оваа политика нема да донесе ништо добро. Затоа, повикуваме на разум, одговорност и посветеност кон реформите кои ги започнавме, бидејќи тие се единствениот пат за подобра иднина на нашите граѓани и нашата држава.", вели Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Kuzeska

Дали телохранителнот на Мицкоски, Бисовски е ослободен за да биде унапреден во Командир на тигрите, прашува Кузеска

,,Министерот Тошковски го премолче последниот скандал во МВР и неговата одлуката да го ослободи телохранителот на Мицкоски кој тепаше полицаец. Срамна е вчерашанта реакција на МВР во која се вели дека Бисовски бил ослободен заради тоа што тепаниот полицаец не сакал да тужи. Оваа лага денес ќе ја демантираме со нови информации за тоа која е вистинската причина за ослободување на Бисовски.Бидејќи Тошковски не сакаше да каже СДСМ ќе ги објави информациите кои се доставени до нас од свиркачи. Според овие информации целата операција е политички водена од врвот на МВР и Мицкоски, а крајната цел, е телохранителот на Мицкоски да биде унапреден во Командир на специјалната единица Тигар.Доколку останела дисциплинската постапка и Бисовски бил казнет, тоа немало да биде возможно.Целиот план е ова да се случи во три фази, првата е ослободување на Бисовски од одговорност која веќе е завршена.Втората фаза е негово поставување на позиција самостоен инспектор која е во тек. Денес го прашуваме Тошковски, дали пред неколку дена е распишан оглас за самостоен инспектор токму за Бисовски? Доколку Бисовски биде избран на овој оглас ќе се потврди целата шема која е договорена и се реализира.Следната и последна фаза требало да биде негов избор за Командир на САЕ Тигар. Ова е класичен случај како се ослободува од вина, се заташкува случај за некој да се унапреди по партиска линија.Наместо професионализација, во МВР се случува партизација од најдолен вид.Апелираме дека партаизација на овој начин, со лице кое е виновно за напад на полицајци, кое е телохранител на Мицкоски под чиј диктат се прави целата ооперација, е најбрутална партизација на клучните безбедносни единици во државата.Им порачуваме на Тошковски и Мицкоски итно да се повлечат од оваа идеја и во професионална постапка да изберат професионални и чисти кадри на раководни позиции во МВР. Оваа брутална партизација со тепачи и телохранители е доказ дека ВМРО-МВРО е единствената цел на Мицкоски.Со Тошковски и ДПМНЕ нема правда ниту одговорност а полицијата е сведена на инструмент за политички цели а не во служба на граѓаните.”, вели Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

kuzeska

Кузеска: Нов скандал, Тошковски го ослободил бодигардот на Мицкоски кој тепаше полицаец

,,Денеска објавуваме нов скандал поврзан со работата на министерот Панче Тошковски и МВР.Јавноста уште еднаш ќе се увери дека со Мицкоски и Тошковси нема ниту правда, ниту одговорност за блиските до ВМРО-ДПМНЕ.Се враќа МВРО-ВМРО на голема врата.Обезбедувањето на Христијан Мицкоски, полицаецот Ивица Бисовски, кој тепаше друг полицаец пред кафе барот Мош во Скопје, Тошковски го ослободил од одговорност.Сериозниот инцидент, се случи во февруари 2024 година, а натепан беше полицаец, инспектор во НТШ додека спроведувал акција против дрога.Беше поведена дисциплинска постапка и комисија а лично Тошковски најавуваше и кривични пријави.Се случи спротивно. Тошковски го ослободува Бисовски.Иако Комисијата за дисципинска постапка побарала Бисовски да биде казнет, лично Панче Тошковски го ослободува бодигардот на Мицкоски од одговорност.За блиските луѓе на Мицкоски се е дозволено, дури и да тепаат полицајци.“Одреден припадник на МВР сторил насилство со што ја погазил честа на службите во Министерството, па и честа на Македонија“Вака зборуваше Тошковски на 19 февруари како технички министер, веднаш по инцидентот.Епа министре Тошковски вие денеска не само што го погазивте зборот, ја погазивте честа и угледот на целото МВР, на сите полицајци.Покажавте дека ниту за правдата, ниту за одговорноста, ниту пак за тепаниот полицаец кој изеде ќотек пред кафе барот Мош воопшто не ви е грижа.Го повикуваме Панче Тошковски да излезе пред јавноста и да одговори?Дали оваа срамна одлука е донесена под директен налог на Христијан Мицкоски?Која е вистинската причина за која е ослободен Бисовски?Доколку Тошковски не одговори, СДСМ ќе ги даде одговорите пред јавноста.”, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

СДСМ: Владата нема ниту желба ниту знае како да ги регулира високите цени на производите

,,Последната епизода од сапуницата на Владата наречена „Есенска кошничка“ ни донесе нови изненадувања и потврда дека Владата апсолутно нема ниту концепт, но нема ни желба да ги намали цените на производите кои вртоглаво растат.Намалувањето на маржите само на околу 100 производи не е никакво конкретно решение, ниту ќе има сериозен ефект на намалувањето на цените. После мачкањето очи на граѓаните со намалувањето на цените за фломастерите и моливите откако започна учебната година, ова е нова манипулација без никаков ефект кое има за цел само кратко да го смири гневот на јавноста.СДСМ во време на сите кризи во изминатите години имаше конкретни и ефективни решенија. Цените беа намалувани за преку 500 производи за исхрана, но се држеа под контрола и цените на оснататите производи и на енергенсите. Ова е вистинска грижа и концепт за заштита на стандардот на граѓаните, а не половични решенија кои нема да имаат никаков ефект.Ако Владата не знае, тогаш СДСМ ќе даде конректен предлог закон со кој проверено ќе заштедат сите граѓани и ќе се амортизира ценовниот шок, додека компаниите нема да сносат штети.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Тошковски и МВР конечно признаа вина кај Наим Рамука, мора законски да одговара

,,Тошковски и МВР под притисок на СДСМ конечно признаа вина кај Наим Рамука и го разрешија. Власта не успеа да го спаси, иако се обудуваше да ги заташка бројните скандали и да му обезбеди заштита на Рамука.На границата со Косово се случија серија на скандали за кои СДСМ секојдневно алармираше. По налог на Рамука слободно, без контрола и евиденција се поминуваше, што беше случај и со сватовите на Гаши, но и со бегството на Рамадани.Со разрешувањето МВР и Тошковски уште еднаш ги потврдија сите информации што ги објави СДСМ како апсолутно точни. Иако Мицкоски негираше а Тошковски молчење.Но, разрешувањето на Рамука е само еден чекор, тој мора и законски да одговара. Очекуваме Обвинителството да постапи по овој случај и сите инволвирани во скандалите на северната граница законски да одговараат.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања