„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ

Screenshot-2024-10-01-101046

СДСМ Аеродром: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

„По неколку години Општина Аеродром ја укина програмата за бесплатно пливање за учениците од прво одделение и учениците со попреченост со прво до трето одделение. На последната седница на Советот на Општина Аеродром со одлука беа скратени средствата кои беа наменети за проектот „Учиме да пливаме“. Воведен пред неколку години, овој проект претставуваше едно од малкуте реализирани ветувања на Тимчо Муцунски“, велат од СДСМ Аеродром.„Проектот „Учиме да пливаме“ имаше за цел да им помогне на семејствата со деца во прво одделение и деца со попреченост, преку покривање на трошоците за часови пливање, опрема, превоз и обука од сертифицирани едукатори, да придонесе кон правилниот психо-физички развој на овие деца.Пред само 4 години, кога СДСМ управуваше со локалната самоуправа, Аеродром беше првата општина во државата што го воведе проектот за интегрирано пливање на децата со попреченост од основните училишта. Проектот во тоа време ги опфаќаше учениците од прво до трето одделение.Благодарение на неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и в.д. градоначалникот Дејан Митески, не само што не се реализираат ветените проекти од нивната програма, туку се укинуваат и добри практики од минатото.Јавно го прашуваме в.д. градоначалникот Митески, дали причината за укинувањето на бесплатното пливање е лошата финансиска кондиција на општинскиот буџет?Останаа нереализирани и ветувањата за спортска субвенција за млади во износ од 600 денари и стипендиите за млади таленти во износ од 30.000 денари. Повеќе од очигледно е дека ниту Муцунски, ниту Митески немаат никаков план за иднината на најмладите од општина Аеродром“, соопшти СДСМ Аеродром.

Скопје | пред 1 година

21082024-Mickoski-1

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

„100 дена владеење на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е период на изговори, скандали, разочарувања, изневерени ветувања и назадување. Досега немало влада со толку лош почеток на владеењето. Ако денот се познава по утрото, уште полошо ги чека граѓаните и државата со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Ова е најнеспособната власт од независноста на државата до денеска“, велат од СДСМ.„Власта ги изневери и ги разочара граѓаните, најмногу со тоа што сите нејзини ветувања пред изборите ги замени со изговори зошто не може да ги реализира.Ветуваа поголеми плати а просечната плата се намали за 1.000 денари, нема покачување ниту на минималната плата, ниту на платите за наставнивите и другите работници.Ветуваа поголеми пензии за 5.000 денари а не можат да испорачаат ниту половина.Ветуваа намалување на задолжувањето а го зголемија долгот на граѓаните за над 60%. Им натоварија 500 милиони евра на грбот на граѓаните, сомнители кинески пари, да ги враќаат генерации.Наместо реални мерки за намалување на цените мачкаат очи загрозувајќи го стандардот на народот.Скандал до скандал ги одбележаа овие 100 дена на Мицкоски и ДПМНЕ. Речиси и да немаше недела да не се случи некој огромен скандал, од поклонетиот имот на генералниот секретар во Владата вреден 300 илјади евра, сомнежите за корупција, преку долговите од 1 милион евра за кои до денеска се молчи.Безбедноста на граѓаните е загрозена поради неспособноста на власта на Мицкоски. Се случија 10 убиства и обиди за убиства а расчистено е само едно, пукањата по улиците, палењето автомобили и дивеењето на криминалците стана секојдневие.Безбедностните структури се подложни на масовна партизација наместо професионализација исто како и останатите институции.Беше нападнат полицаец на скопскиот аеродром од обезбедувањето на Гаши. На северната граница власта нема контрола, се случија тон скандали со пропуштање на сватовите на Гаши, со казнување на полицајците и самовилие на началниците поставени од ДПМНЕ.Изгоре 10% од териотијата на земјата, причинета е огромна штета, само поради неспособност на првите луѓе во власта на Мицкоски.Власта ги прекина преговорите со ЕУ. Одлуката на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да стават буквално крај на преговорите со ЕУ и да ја дотераат земјата во политички ќорсокак е најголемиот успех на оваа Влада во првите 100 дена.Од земја со јасна перспектива напред, јасен план за развој и раст на секое поле во рамки на ЕУ, Мицкоски реши да ја затвори и изолира уништувајќи ја надежта дека тука ќе се живее подобро.Со Мицкоски и ДПМНЕ може само да очекуваме уште повеќе иселување, економска стагнација и целосен застој во целокупниот развој на државата“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

ВМРО-ДПМНЕ не знае да чита, велат од СДСМ

,,ВМРО-ДПМНЕ не прави разлика помеѓу навредатa „будала“ и пораката „не ме прави будала“, која значи „затоа што сум доволно паметен да знам дека лажеш“.Се што кажа СДСМ е дека ВМРО-ДПМНЕ треба да престане народот да го прави или да го смета за будала бидејќи граѓаните се доволно паметни и ги препознаваат сите лаги кои ги пласира владејачката партија.Раздвојувањето на Албанија од Македонија е само поради погрешните и штетни политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и како опозиција и како власт.Граѓаните ова многу добро го знаат.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

SPASOVSKI-KRUPEN-1

Спасовски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира со ДУИ наскоро, а тие му вратија: Да не се грижи, ДУИ не им го земаме

ДУИ и помага на ВМРО-ДПМНЕ, ние само ги гледаме потезите кои се влечат во Собранието во овој период и врз основа на тоа што се прави, ние излегуваме со ставовите, вели во интервју за Радио слободна Европа пратеникот на СДСМ и координатор на пратеничка група, Оливер Спасовски. Тој потсети на изјавите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека ДУИ е дефакторизирана и дека е минато во македонската политика.-Вие се сеќавате дека премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по завршување на изборите и формирањето на владата рекоа дека ДУИ е минато во македонската политика. Дека ДУИ е партијата која за ништо не се прашува и не може да одлучува. Дека тоа е партија која е целосно дефакторизиран и никој нема да ја прашува за ништо. Дел од македонските граѓани дадоа поддршка на ВМРО-ДПМНЕ токму поради ваквиот пристап кон ДУИ. А ние во суштина што имаме после изборите? Со формирање на влада, дури и пред да се формира, веднаш имавме прва успешна средба и соработка или преговори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кои се одвиваа во законодавниот дом, а се однесуваа за поддршка на Законот за организација на државната управа. Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е поставена на едни добри односи, рече Спасовски.На ова му вратија од ВМРО-ДПМНЕ, кои му посочија на што треба да обрне внимание.„Да не се грижи Спасовски и СДС, ДУИ не им го земаме, заедно од опозиција ќе гледаат како Македонија оди напред. СДС не знаат веќе што да направат, затоа што рејтингот им се топи како коцка мраз на +40°С. Сега се послаби од што беа на последните избори. Допрва следува ситнење во СДС заради нивните лоши политики изминативе 7 години, и никакво растурање на пердуви нема да им помогне да го спречат тоа. Пасокизацијата во СДС е процес кој тргна и нема назад. Спасовски наместо да се сокрие некаде и да се срами затоа што беше министер во МВР со најголем број на убиства за кои сторителите уште ен се фатени, тој излегува и дава изјави и интервјуа. Дали до толку СДС го потценува народот? И знаат ли дека се повеќе губат со тоа?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

kovacevski-sdsm-spasovski

По дебаклот со раздвојувањето на Албанија и Македонија ВМРО-ДПМНЕ ги прави граѓаните будали, обвини СДСМ

„Раздвојувањето на Албанија од Македонија е само поради погрешните и штетни политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, обвини СДСМ и додава:Албанија напредува кон Европската унија а Македонија останува последна на Балканот само заради неразумното, штетно и недржавничко однесување на ВМРО-ДПМНЕ прво како опозиција а потоа и како власт.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најдиректно одговорни за тоа што веќе немаме европска перпспектива.Сега, после државниот дебакл што и го приредија на земјата, по раздвојувањето на Албанија од Македонија ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги прави граѓаните будали.После сите блокади, после сите опструкции, деструкции, кочења, после сите можни изјави на Мицкоски од типот „не благодарам“ во ЕУ денеска ВМРО-ДПМНЕ го обвинува СДСМ.Мицкоски и неговите соработници ги третираат граѓаните како ништо да не знаат, како да не се свесни за блокадата на европскиот пат што ВМРО-ДПМНЕ ја прави. Но, народот гледа и знае.ВМРО-ДПМНЕ ја закочи европската иднина на Македонија и сега ги прави граѓаните жртви на своите политички игри.СДСМ ги реши отворените спорови, обезбеди членство во НАТО и ја донесе Македонија пред прагот на ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ цело време ги блокираше сите овие процеси попречувајќи ја европската интеграција на земјата.Последниот чекор којшто требаше да се охрабри да го направи ВМРО-ДПМНЕ не е направен само заради одлуките и бизнис интересите на Мицкоски и неговите соработници.Граѓаните ова многу добро го знаат и нема да дозволат никој, а најмалку ВМРО-ДПМНЕ да ги прави будали.

Македонија | пред 1 година

abac07de-e2a2-4914-8bd7-623547817f64

Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија, вели СДСМ

„Со големо чудење и разочараност СДСМ ја прими информацијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој се нуди како посредник во односите меѓу Македонија и Бугарија. Додека тој од Охрид порачува едно, во реалноста прави сосем друго. Унгарскиот амбасадор во ЕУ гласал за раздвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ што е практично може да значи и крај за шансите на државата да продолжи кон унијата“, вели СДСМ и додава:Ако Орбан и Мицкоски се стратешки партнери а пријателството меѓу две земји е вистинско, тогаш требаше да го спречи раздвојувањето и да понуди решение. Унгарија требаше да го искористи својот авторитет како земја претседавач да најде решение наместо во рамки на нивното претседателство да се случи раздвојувањето.Мицкоски освен очигледен интерес околу кредитот од Унгарија и веројатно други бизнис интереси, не успеал од Орбан да обезбеди никаква поддршка за ништо друго во интерес на граѓаните и иднината на државата.

Македонија | пред 1 година

makedonija-evropa-eu-mkd-2

Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ, обвини СДСМ

„Одлуката на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да стават буквално крај на преговорите со ЕУ и да ја дотераат земјата во политички ќорсокак е најголемиот успех на оваа Влада во првите 100 дена“, вели СДСМ и додава:Од земја со јасна перспектива напред, јасен план за развој и раст на секое поле во рамки на ЕУ, Мицкоски реши да ја затвори и изолира уништувајќи ја надежта дека тука ќе се живее подобро.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат право ова го да го прават ниту имаат мандат да ги прекинуваат преговорите. Пострашно од се е што Мицкоски нема план, нема стратегија како оваа држава ќе се развива. Мицкоски ја носи државата во огромен ризик од идни нови блокади, ги билатерализира повторно споровите кои беа решени и намерно ја заглавува Македонија подлабоко во балканската кал.За жал, Албанија наскоро ќе биде запад за нас. Одвојувањето со Албанија исто така носи огромни ризици и непозната и непредвидлива иднина на джравата.Со оваа одлука на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ може само да очекуваме уште повеќе иселување, економска стагнација и целосен застој во целокупниот развој на државата.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

,,Денешната средба меѓу Мицкоски и Орбан не носи ништо ново ниту надежно за македонските граѓани.Оваа посета Мицкоски требаше да ја искористи и јавно да го праша Орбан, зошто амбасадорот на Унгарија, инаку земја претседавач на ЕУ, гласал за одвојување на Македонија и Албанија.Ова требаше да го прашања Мицкоски. Зошто македонските граѓани, во неговото претседавање се доведени во ситуација да бидат последни во редот за приклучување во ЕУ? Ако тоа воопшто некогаш се случи.Мицкоски требаше да го праша Орбан зошто не помогна, како стратешки партнер, во периодот кога договарале кредити од сомнително, кинеско потекло, да се промени преговарачката рамка, како што ветуваше Мицкоски.Мицкоски и Орбан не понудија ништо за граѓаните, освен што одлучија да ги задолжат за нови 500 милиони евра и да ја закопаат европската перспектива на државата.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Одвојувањето на Албанија и прекинот на преговорите со ЕУ е поради Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

,,Тешкиот дипломатски пораз не е вина на некој друг туку на Мицкоски, Митева и сите кои што години наназад го блиираат европскиот пат на државата.Денеска наместо да биде голем ден на славје, на надеж, на нови можности за македонските граѓани, ние зборуваме за дестабилизации, изолации, етнички прашања.За оваа состојба не е виновен никој друг освен ВМРО-ДПМНЕ кои години наназад работат интензивно на попречување на европската интеграција на државата.Почнувајќи од опозиција, преку подгревање на национализмот и лажење на граѓаните, сега и како Влада, директно одлучуваат еднострано да ги прекинат преговорите со ЕУ.Денеска можеше да биде ден кога сите политички партии, сите граѓани, ќе се обединеа околу надежта за подобро утре. Тоа им го одземаа и на граѓаните и на земјата.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се директно одоговорни за тоа што Македонија веќе нема европска перспектива. Немаат ниту план ниту стратегија што понатаму, но имаат план само како да ги задолжуваат граѓаните, да тераат бизнис зделки со своите стратешки партнери и да ја држат земјата во балканската кал.СДСМ преку визионерски и храбри одлуки ги реши сите отворени прашања кои ги имавме, ја внесе Македонија во НАТО и ја донесе пред прагот на ЕУ.Последниот чекор којшто требаше да се охрабри да го направи ВМРО-ДПМНЕ не е направен само заради одлуките и бизнис интересите на Мицкоски и неговите соработници.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

thumbnail_Slika_03

Петровска: ДПМНЕ ја оствари својата цел, ја оддалечи земјата од ЕУ

Власта ја оствари својата цел, а тоа е Северна Македонија да ја оддалечи од ЕУ. Тоа што Албанија ќе ги продолжи преговорите со Европската Унија, а ние остануваме во место, ДПМНЕ и го посакуваше, рече пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, во дебатната емисија „Анализа“, на 24 ТВ.-ДПМНЕ и власта ќе направат се за да се оддалечиме што е можно побрзо од ЕУ, оти тоа им одговара. А, оние нивни констатации дека ни се случуваат неправди, притоа без да понудат план, се само изговори и не доликуваат на изјави на државници и одговорни политичари“, рече Петревска.Под изговор дека ги штитат националните интереси, а за сметка на тоа граѓаните ги залажуваат со навидум евтини кинески кредити, ДПМНЕ нема план за патот кон Европската унија, чии механизми за контрола во државата, не и одговараат на власта, потенцираше Петревска.Во дебатната емисија таа потенцираше дека ДПМНЕ ги излажа граѓаните, особено кога им ветуваше дека ќе репреговара за преговарачката рамка.-На ДПМНЕ му гори, затоа што лагите дека ќе репреговараат подобра преговарачка рамка и дека ќе го вратат името им излегоа на виделина. Немаат план. Кога ја добивме одлуката дека Албанија почнува преговори со ЕУ, за ДПМНЕ, пак сите се виновни, само тие не се. Кога СДСМ ја прифати преговарачката рамка, нам ни беше јасно дека само тоа е патот кон ЕУ и ние храбро донесовме одлука. Сегашната власт, не го оствари она за кое ветуваше дека се залага. Граѓаните сакаат побрза интеграција во ЕУ. Обврска на ДПМНЕ е продолжување на процесот на европска интеграција на држава, рече пратеничката Петровска.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

СДСМ: Цената на лебот се намали за еден денар, целосно неефикасни мерки на Владата

,,Владината мерка за ограничување на маржите на мал дел прехранбени производи не даде никаков резултат, цените не се намалија.Само еден вид на леб е со намалеена за само 1 денар, кај одредени врсти на месо има симболично намалување од само 10 денари по килограм, што е незначително, а млечните производи, млекото, јогуртот и киселото млеко се со исти цени.Дури дел од овие цени на производите кои што сега се намалуваат во изминатите неколку недели веќе биле поскапени така да ништо не почувствуваа граѓаните од најавеното намалување.Задоцнетата реакција на Владата, погрешната мерка и калкуланството со цел да им удоволи на трговците допринесе за тоа денеска граѓаните да немата никаков бенефит.Живеачката од ден на ден им е поскапа, наместо да ги замрзне цените, власта на Мицкоски ги замрзна платите.Овој месец а трошоците за храна и пијалок се поголеми за 717 денари во споредба со минатиот месец а просечната плата бележи пад во просек за 1.000 денари.Со ВМРО-ДПМНЕ стандардот на граѓаните опаѓа а животот на граѓаните станува потежок.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

market

СДСМ: Цената на лебот се намали за еден денар, целосно неефикасни мерки на Владата

„Владината мерка за ограничување на маржите на мал дел прехранбени производи не даде никаков резултат, цените не се намалија“, вели СДСМ и додава:Само еден вид на леб е со намалеена за само 1 денар, кај одредени врсти на месо има симболично намалување од само 10 денари по килограм, што е незначително, а млечните производи, млекото, јогуртот и киселото млеко се со исти цени.Дури дел од овие цени на производите кои што сега се намалуваат во изминатите неколку недели веќе биле поскапени така да ништо не почувствуваа граѓаните од најавеното намалување.Задоцнетата реакција на Владата, погрешната мерка и калкуланството со цел да им удоволи на трговците допринесе за тоа денеска граѓаните да немата никаков бенефит.Живеачката од ден на ден им е поскапа, наместо да ги замрзне цените, власта на Мицкоски ги замрзна платите.Овој месец а трошоците за храна и пијалок се поголеми за 717 денари во споредба со минатиот месец а просечната плата бележи пад во просек за 1.000 денари.Со ВМРО-ДПМНЕ стандардот на граѓаните опаѓа а животот на граѓаните станува потежок.

Македонија | пред 1 година

nikolovski

Николовски: Да не се лажеме, Владата нема цел да ја внесе земјата во ЕУ

,,Владата нема за цел да ја внесе државата во ЕУ, ги влошува односите со соседите и повторно се враќаме назад. Додека нашите соседи напредуваат, ги слушаме послендите информации за Албанија, рече пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски во емисијата „Објектив“ на националната телевизија МТВ.-Додека земјите од регионот одат кон ЕУ, нас никој нема да не чека да си зборуваме за фрустрациите. После НАТО, членството во ЕУ е наша стратешка цел и друга алтернатива немаме. На младите генерации им е преку глава од национализам и политикантство. Тие очекуваат реформи, пристап до отворениот пазар на ЕУ и до фондовите како и брзо остварување на стратешката цел за членство, а со тоа и враќање на довербата во системот и европски квалитет на живот за да останат дома. Пример е секторот земјоделството и храна каде со многу работа остваривме силен напредок, ги спроведовме реформите и сме лидери во искористеноста на европските фондови. За жал, оваа Влада не враќа назад и после успешниот скрининг не прави ништо на овој план додека земјите од регионот одат напред и се одвојуваат од нас, рече Николовски.Клучното ветување во кампањата на ДПМНЕ беше дека ќе ја менуваат преговарачката рамка, ајде сега нека обезбеди промена на преговарачката рамка со одложено дејство на уставните измени, со две раце тоа ќе го поддржиме, нека ги убедат сите земји членки во тоа ние ќе го поздравиме, но знаат дека тоа не е можно, додаде Николовски.-Да не се лажеме, оваа Влада нема цел да ја внесе земјата во ЕУ, рече пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски, во дебатната емисијата „Објектив“, на МТВ кој додаде дека со ДПМНЕ, денес сите сме понижени од само една средба во Софија од влада која нема капацитет да ја однесе земјата во полноправно членство во ЕУ.

Македонија | пред 1 година

IMG_6787

Митрески: СДСМ бара Kомисијата за деловнички прашања да биде свикана за одлуката на Гаши за Законот за бранители

,,Денес како потпретседател на Собранието предложен од најголемата опозициска партија, врз основа на член 62, став 4 од деловникот, преку архивата доставив допис, барање до претседателот на собранието, господинот Африм Гаши, да ја задолжи комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања и да свика седница каде ќе се толкува примената на членот 126 став 3. Бидејќи апсолутно не се согласувам со образложението на претседателот за овој член од деловникот, го доставив наведеното барање.Ако врз основа на истиот член, господинот Африм Гаши, ја свика комисијата за финансирање и буџет, за задолжувањето од Унгарија, што реално, е и негова деловничка обврска, истото може да го направи и со законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили.Пред скоро 10 дена, координаторот на пратеничката група на СДСМ, господинот Оливер Спасовски, поднесе барање до претседателот на Собранието да достави образложение за тоа дали и кога ќе ја свика седницата на комисијата за разгледување на овој закон, по истиот терк како што беше свикана и комисијата за финансирање и буџет.До овој момент, образложение или одговор нема, и најверојатно нема ни да има. Има некакви образложенија пратени до јавноста, кој воопшто немаат смисла, ниту се во согласност со деловникот ниту имаат допир со реалноста. Затоа, ако претседателот на собранието, Африм Гаши е сигурен во неговото образложение, бараме да се свика комисија за деловнички имунитетни и мандатни прашања и таму да ги судриме аргументите.Ова е шанса и на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да докажат дека реално се залагаат за решавање на овој проблем, а нивната заложба, не е само декларативна.”, изјави потпретседателот на Собранието Јован Митрески.

Македонија | пред 1 година

kuzeska

Кузеска: Цените не се намелни, владината мерка нема никаков ефект

,,Владината мерка за ограничување на маржите на мал дел прехранбени производи нема никаков ефект и не се одрази на намалување на цените.На терен, во маркетите и во разговор со граѓаните заклучокот е дека нема намалување на цените на најголем дел од основните производи.Само еден вид на леб на пример е намален за 1 денар. Кај месото има симболично намалување од само 10 денари по килограм, што е незначително, додека млечните производи, млекото, јогуртот и киселото млеко се со исти цени.За дел од овие цени на производите кои што сега се намалуваат во изминатите неколку недели веќе биле поскапени.Закаснетата реакција на Владата и неефикасните мерки немаат никаков реален ефект.Граѓаните со право реагираат дека живеачката станува се поскапа. Тоа го потврдуваат и статистичките податоци.Минималната синдикална кошничка е зголемена на 61.306 денари овој месец а трошоците за храна и пијалок се поголеми за 717 денари во споредба со минатиот месец.Во исто време, просечната плата бележи пад во просек за 1.000 денари. Одлуката на владата на Мицкоски да ги замрзне платите е погрешна.Последиците од ова ги трпат граѓаните на Македонија и значат директен удар на нивниот стандард.Ваквите неуспешни политики на Мицкоски само го зголемуваат товарот врз граѓаните и го отежнуваат нивниот секојдневен живот.Со ВМРО-ДПМНЕ стандардот на граѓаните опаѓа а животот на граѓаните станува потежок.”, вели Кузеска, портпарол на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања