„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ

mickoski-idadija-1

СДСМ: Мицкоски стана комедијант, задоволен бил дека во првите 100 дена нема афери и скандали

„Задоволен сум од работата на Владата во изминатите 100 дена без афери и скандали“ ја прогласуваме за досега накомична изјава на премиерот Христијан Мицкоски. Очигледно решил да се мајтапи со граѓаните или мисли дека никој не памти што се случуваше.. Оваа Влада е влада која има продуцирано најмногу скандали за првите 100 дена од било која Влада во историјата, реагира СДСМ на изјавата на премиерот Мицкоски.„Бидејќи не го држи помнењето еве да го потсетиме само неколку клучни скандали. Скандалот на скопскиот аеродром каде пиштолџијата на неговиот коалициски партнер Гаши се закануваше со пиштол, а Мицкоски се правеше на Тошо. Скандал со организрано пуштање на слобода на Блерим Рамадани од МВР и Наим Рамука, за кој повторно тој ништо не знаеше.Скандал е Силјановска да оди да се слика без знаме а потоа сите други да бидат криви освен таа и нејзиониот протокол. Скандал е и да се лаже дека се донела нова инвестиција а таа да била целосно на СДСМ па Мицкокси се пофали со неколку такви. Ова не само што е скандал туку потврдува колку Мицкоски е малодушен и не сака да признае ничив успех. Скандал е и да нема пари за повисоки плати за граѓаните, ама да има за бизнис карти од 20.000 кои се криеја од јавноста.Дали Мицкоски исто не го виде скандалот со неговиот генерален секратр кој случјано на поклон доби 325.000 евра имот, или министерката Божиновска чија фирма должела 1 милион евра на Мепсо?Дали случајно не знае дека неговиот телхранител кој тепаше полицајци на службена должност не само што е ослободен, туку ќе биде и командант на тигрите? Скандал е да се поставуваат лица со криминално минато на директорски позиции, скандал е да се поставуваат луѓе без лиценци за ревизори, скандал е да се поставуваат три директори во Царина за подобро да се краде на границите. Скандал е и професор по физичко да биде заменик министер во МВР, ама па за Мицкоски тоа е нормално ако може бивш затвореник да биде директор на затвор. И тоа за него не е скандал.Скандал е да нема одговорност за десетици нерасчистени убиства, скандал е да нема одговорност за 10% изгорена територија на државата, додека тој убедуваше дека ќе се среди се два до три дена.Скандал до скандал е Владата на Мицкоски, па можеби затоа не може да се сети, бидејќи скандалите за нив се секојдневие. Оваа коминчна интерпретација на Мицкоски повеќе делува несериозно или покажува дека тој не живее во реалноста.Секако аферите и скандалите нема да исчезнат од вицкастите изјави на Мицкоски“, се додава во реакција на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

zaklina

(Видео) Лазаревска: Прекинат е растот на платите во образованието, се нудат срамни 0,7% усогласување

„По само 100 дена, новата Влада предводена од Христијан Мицкоски и коалицијата покажа дека образованието не им е приоритет. ВМРО ДПМНЕ не само што не ги исполни ветувањата за поголеми плати туку и ги урна и надежите за развој на образованието. Наместо конкретни мерки, сведоци сме на скратување на постојните. Дури ниту Мицкоски во обраќањето по повод 100-те дена не спомена конкретни мерки за развој на образованието. Единствената мерка што ја спомена беше набавката на учебниците, но намерно не кажа дека ресорното министерство започна со набавка и докомплетирање на учебниците уште од почеток на 2024 година, со што се овозможи печатењето на учебниците да се случи уште во мај 2024 година, односно пред конституирање на новата влада“, рече Жаклина Лазаревска.„Ја прекинаа планираната низа на раст на платите и донесоа одлука за дегарадирачко, срамно усогласување од само 0,7%, што е минимални 200-300 денари. Толку ли за ВМРО-ДПМНЕ вредат наставниците?Од овој септември, платите на наставниците требаше да се зголемат за 12%, односно дополнителни 4.300 денари. Ова зголемување беше дел од новиот колективен договор за основно и средно образование. Но, благодарение на неспособноста на министерката Весна Јаневска, наставниците сега губат повеќе од 4.000 денари секој месец.ВМРО ДПМНЕ лаже дека нема пари за повисоки плати, бидејќи средствата беа проектирани во буџетот на Министерството за образование за 2024 година. Но, со ребалансот, ВМРО ДПМНЕ одлучи да ги прераспредели парите за свои приоритети, што резултираше со кратење на средствата за инвестиции во образованието, подобрување на инфраструктурата, програми за децата од социјално ранливите категории.Ова е уште една од низата лаги на ВМРО ДПМНЕ, бидејќи во нивната програма стои раст на плати и подобрување на инфраструктурата. Но, затоа има пари за зголемување на платите на директорите на училиштата за 40-50%. ВМРО-ДПМНЕ ја прекинува спирата на раст на плати во образованието што Владата на СДСМ ја започна и ја спроведуваше со долгорочен план.Така, обезбедивме наставниците во основно образование денеска да имаат плата од 33,646 денари + минат труд за разлика од 2016 та кога имаа 21.100 денари, а во средното образование платите на професорите се 35.200 денари + минат труд за разлика од 2016та кога беше 21.950 денари.Во овие 100 дена, ВМРО ДПМНЕ покажа дека е ненародна власт, која не работи во интерес на квалитетното образование и наставниот кадар.Нема нови мерки за студентите, туку во нивни стил ВМРО излажа дека започнуваат со реновирање на 9-те студентски домови во државата, нешто што беше започнато уште пред две години од Владата на СДСМ.Нашите просветни работници заслужуваат почит и поддршка од секоја влада. Образованието не е само буџетска ставка, туку инвестиција во нашата иднина, и затоа мора да биде приоритет. Како конструктивна опозиција, силно ќе се спротиставиме на политиките на оваа влада, која свесно сака да го маргинализира овој важен сектор“, изјави Жаклина Лазаревска, членка на Комисијата за образование и наука на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-03-122059

(Видео) Трајчулески: За ДПМНЕ партиските интереси се многу поголеми од безбедноста на граѓаните во сообраќајот

Партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ очигледно се многу поголеми од безбедноста на граѓаните во сообраќајот, па место да ја продолжи постапката за носење закон за основање Агенција за безбедност на патиштата, ним поважни им се кадровските промени во составот на советот, рече пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на собраниската седница.- За какви реформи зборува ДПМНЕ, кога законот за изменување и делување на безбедност во сообраќајот на патиштата, кој го предлагаат, има единствена цел-промена на персоналниот состав на советот. Овој начин на кадровски промени стана пракса и мантра на владејачката коалиција. Во образложението на законот е наведено дека една од причините за оваа измена е уредување на бројот на членови на советот како и условите за именување на претседател, без притоа да се наведат соодветно образование или пак, работното искуство од областа на безбедноста во сообраќајот на патиштата, рече Трајчулески.Јасно е дека за власта поважни се политичките калкулации одошто безбедноста на граѓаните во сообраќајот. И со донесувањето на вакви законски решенија, објасни Трајчулески, се прави опасен преседан со големи последици.- Ако зборуваме за безбедноста на сообраќајот на патиштата, зборуваме за човечки животи и тука најмалку тука треба да тераме политика. Она што очекував од новата влада е да ја продолжи постапката на СДСМ, за носење на законот за основање на Агенција за безбедност во сообраќајот на патиштата. Реформски закон кој долго време беше работен во рамките на министерството за транспорт, каде беа вклучени сите релевантни институции и со поддршка на експерти од ЕУ и за кој остана да се завршат финалните усогласувања. Тоа е реформата за која сите треба да се залагаме. А, не главна цел да бидат кадровските промени во составот на советот за безбедност на сообраќајот на патиштата и политичките интереси и калкулации на власта“, рече пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески.

Македонија | пред 1 година

paridenari1

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски – Нема покачување на минималната плата

„Во првите 100 дена од владеењето на Христијан Мицкоски и ДПМНЕ власта покажа тотална негрижа во однос на исполувањето на основните потреби на работниците. И покрај барањето и на работниците и на Синдикатите за приоритетно покачување на минималната плата на 450 евра, Владата не презеде никакви мерки“, велат од СДСМ.„Нема покачување на минималната плата со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Владата на Мицкоски не само што не го исполни своето ветување, туку и продолжува да ја игнорира потребата на работниците.За време на овие 100 дена, не се одржа ниту Социо-економскиот совет. Ова е показател за недостатокот на интерес на актуелната влада за решавање на проблемите на работниците.СДСМ неколкукратно ја зголемуваше минималната плата преку социјален дијалог. Во времето на ДПМНЕ минималната плата беше 9.000 денари а СДСМ ја зголеми на 22.000 денари и оваа година минималната плата требаше да порасне повторно.Денеска гледаме дека Мицкоски и ДПМНЕ ја враќаат политиката на евтина работна сила и понижување на работниците“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

slavjanka-petrovska

Петровска: Освен коруптивен кредит од 500 милиони евра, ДПМНЕ не испорача ништо во првите 100 дена

Во првите 100 дена ВМРО-ДПМНЕ не испорача ништо од она што ветуваше, освен коруптивниот скандал на владата, со задолжувањето од 500 милиони евра, рече пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, на гостувањето во вестите на Алсат телевизија.- И, по 100 дена, од кој не видовме ништо, жално е што повторно се враќаме во времињата кога владееше ДПМНЕ и кога партијата им беше пред и над се, а потоа сè останато. ДПМНЕ и ВЛЕН не ги поврзува државниот туку личниот интерес, рече Петровска.Таа го коментираше и заглавувањето на европскиот пат и рече дека нема да се случи ништо, затоа што власта има други интереси.- Иднината на државата кога ДМНЕ е на влсат е секогаш во втор план. Па власта во Брисел отиде да бара уставни измени со одложено дејство, а оттаму се вратија како попарени без да и кажат на јавноста дека предлогот им е одбиен, односно дека не е тоа опција. Иако ветуваа Преговарачката рамка не може да се промени и тоа е ставот на Европската унија. Се е само замајување на јавноста и давања изговори, рече Петровска.Таа потенцираше дека граѓаните не сакаат да слушаат изговори туку план, особено што пред избори ДПМНЕ велеа дека имаат план како да ги променат за засилено да продолжат на патот кон ЕУ.- За време на изборите тврдеа дека имаат план, за сега кога сте на власт, да дадете онаква дрска и кафеанска изјава, ’Не благодарам за ЕУ‘, па апсолутно никој не им го дал тоа право на ДПМНЕ, објасни Петровска.Оваа власт не покажува никаков капацитет, и не видовме ништо од она што ветуваше. Поверојатно е дека до крајот на годината ќе се случи реконструкција на власта, од каков било потег кој би бил корисен за граѓаните, додаде пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.

Македонија | пред 1 година

pulevski-aerodrom

СДСМ: Општина Аеродром официјално молчи за труењето на учениците во „Ѓорѓија Пулевски“

„И по пет дена од случајот на труењето со храна на учениците во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром остануваат отворени многу прашања од граѓаните. Општина Аеродром официјално молчи. Освен информациите дека е извршена вонредна инспекциска контрола од страна на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје – Скопје, дека се земени брисеви од примероци од храната, површини и персонал, дека се изречени времени мерки од ДЗСИ за затворање на училишната кујна и дека ИЈЗ откри токсини од бактерија во примероците од храна, ниту една дополнителна информација во насока на целосно разоткривање на случајот не е излезена во јавноста“, велат од СДСМ Аеродром.Од таму велат дека родителите на учениците имаат право навремено и детално да бидат информирани за одговорите на следните прашања:- Колку редовно се вршат контроли и кој е задолжен за одржувањето на хигиенските услови во кујните на училиштата на територија на Општина Аеродром?- Какви се хигиенските услови во просториите каде што учениците ја консумираат храната и условите во тоалетите каде што учениците и персоналот одржуваат лична хигиена?- Колку често се вршат контроли на исправноста и квалитетот на храната и каде се произведува храната за учениците? Во какви услови се чува храната пред и по подготвувањето до моментот на послужување на учениците?- Колку често и на кој начин се вршат контроли на процесот на реализирање на јавни набавки и јавни повици за избор на доставувачи на храна во училиштата во Општина Аеродром?- Кој е задолжен за составувањето на дневното мени за храна и дали се консултирани стручни лица при утврдувањето на критериумите за избор на доставувачи на храна и избор на дневно мени прилагодено на возраста на учениците?- Дали е точно дека во недостаток на средства за хигиена, родителите често сами се организираат за прибирање на дополнителни средства за набавка на течен сапун, влажни марамчиња, тоалетна хартија и слично? Потсетуваме дека ВМРО-ДПМНЕ вети дека ќе ги укине овие трошоци за родителите преку набавка на доволни количини на средства за хигиена.- Конечно, колку време е потребно за утврдување на одговорноста за контаминирањето на храната и кои се мерките кои во таа насока ќе бидат преземени од страна на училиштата во Аеродром?„Недозволиво е Општина Аеродром по пет дена официјално да молчи за случајот. Освен одговорот на советничкото прашање на СДСМ кој в.д. градоначалникот Дејан Митески го даде на седница на општинскиот Совет за првичните мерки преземени на денот на откривањето на случајот, ниту една дополнителна информација не е пласирана во јавноста, ниту едно официјално соопштение, прес конференција, објава на интернет страницата на општината и слично.Родителите на учениците имаат право да ги знаат овие детали поврзани со труењето на нивните деца. До кога Општина Аеродром ќе молчи за случајот?“, се додава во соопштението на СДСМ Аеродром.

Скопје | пред 1 година

perinski-otcet-3

СДСМ: Перински се кити со наследени проекти

„100 дена Влада на Мицкоски и ДПМНЕ е период во којшто не беше реализиран ниту еден конкретен проект. Освен враќањето на оградата пред Владата и споменикот на Ќосето, друго нема“, реагира СДСМ на прес-конференцијата на министерот Златко Перински.„Затоа денеска Перински мораше да се кити со тековни и наследени проекти од времето на СДСМ кои се реализираат на годишно ниво. Уште едно разочарување и неисполнето ветување од Владата на Мицкоски се најавените 100 милиони евра за развој и поддршка на општините, кои оваа година нема да се реализираат.Бидејќи парите ќе се исплаќаат директно од буџетот до изведувачите а не преку општините, оваа година реализацијата на средствата е речиси невозможна или ќе биде минимална.За разлика од ова, СДСМ реализираше проекти вредни 265 милиони евра во општините на далеку поефективен начин.Освен неспособноста којашто ја манифестираше во изминатите 100 дена Владата на Мицкоски изврши директен удар и врз децентрализацијата и автономијата на општините“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Jovatat2

(Видео) Тренчевска: 100 дена Влада - Платите се намалуваат, се враќа политиката на евтина работна сила

„Катастрофални се економските политики на новата влада предводена од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. По само 100 дена власт, резултатите се очигледни – пад на просечната плата, нема поголема минималната плата, има раст на цените и целосна деградација на работниците! Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата е намалена за 1.000 денари. Ова е прв пат после седум години постојан раст платите да се намалуваат“, кажа на денешната прес-конференција, Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ.„Овој пад значи помалку пари во џебот на секој граѓанин, помалку можности за пристоен живот, и уште потежок удар врз стандардот.СДСМ се бореше и обезбеди постојано зголемување на платите, дури и за време на најголемата економска и здравствена криза. Во 2015 година, во времето на ВМРО-ДПМНЕ, просечната плата беше 20.853 денари. Во времето на СДСМ, таа достигна над 41.000 денари, што покажува континуирана посветеност кон подобрување на животниот стандард.Но, што гледаме денес? Наместо раст, гледаме пад на платите. Нема покачување ниту на минималната плата која требаше да биде 450 евра.Работниците, кои со години беа заштитени од нашите мерки за покачување на платите, денес се чувствуваат изиграни и разочарани од владата на Мицкоски по само 100 дена.Мерките кои ги предлага владата се задоцнети и неефективни. Замрзнувањето на маржите на само 73 производи не донесе никакво олеснување за граѓаните.Додека цените на основните производи продолжуваат да растат, владата на Мицкоски не успева да преземе конкретни чекори за да ги заштити граѓаните од поскапувањето.Ова не е влада што се грижи за граѓаните. Ова е влада која се обидува да ги замајува со 100 изговори. Работниците кои се надеваа на зголемување на платите се длабоко разочарани. Наместо тоа, политиката на евтина работна сила се враќа.Владата на Мицкоски го враќа времето на сиромаштија и понижување на работниците. СДСМ не може да остане нем сведок на оваа ситуација. Ќе се бориме за вистински економски мерки кои ќе го заштитат секое семејство и ќе го гарантира достоинството на работниците“, изјави Тренчевска.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја призна својата безидејност, добро е што бара решенија од опозицијата

„ВМРО-ДПМНЕ за 100 дена ја призна својата безидејност која ја препознаваат веќе и граѓаните. Хаосот кој што го создадоа откако се на власт на секое поле, падот на платите и економијата, негрижата за високите цени и уништената перспектива се резултат на нивното незнаење и погрешни политики“, велат од СДСМ.„Жалиме што ВМРО-ДПМНЕ наместо да ја признае својата неспособност се обидува да ги убедува граѓаните дека убаво живеат со скапа кампања на билбордите низ земјата.Наместо да ги вложат тие пари во конкретни проекти, тие решаваат да плаќаат скапи кампањи за лажење на граѓаните и покривање на својата неспособност.Но, добро е што конечно тоа го признаа и бараат решенија од СДСМ и опозицијата.СДСМ за разлика од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конструктивна опозиција и ќе предлага решенија за секој проблем па наскоро ќе излезе со пакет решенија за да се поправи хаосот и состојбите кои ВМРО-ДПМНЕ само за три месеци успеа го создадоа.Се надеваме дека ВМРО-ДПМНЕ овој пат ќе биде доследна и ќе прифати конструктивни идеи и предлози и нема уште еднаш да биде се само дневна политичка пропаганда и манипулација по што се познати“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

paridenari1

СДСМ: Неуспешна економска политика на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, просечната плата се намали за илјада денари

„За прв пат по седум години во изминатите 100 дена граѓаните се соочија со непријатна реалност – платите почнаа да паѓаат, просечната плата се намали за цели 1.000 денари. Ова е резултат на неуспешната економска политика на актуелната власт на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.„Власта не го исполни ниту ветувањето за минималната плата со што покажа дека не се грижи за работниците.Наставниците и просветните работници, кои заслужуваат поддршка и признание, добија покачување од само 0,7%, наместо 12% кои требаше да се случат по планот на СДСМ.Ова покажува целосна деградација на работниците и нивното достоинство, што не е само неприфатливо, туку и штетно за целокупното општество.Додека платите паѓаат, стандардот на граѓаните се намалува.Владата на Мицкоски не успеа да обезбеди заштита на граѓаните од високите цени. Мерките се задоцнети и без ефект, а интересот на трговците се чини дека е поважен од интересот на самите граѓани.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не исполнија ништо од големите ветувања. Ова е најнеспособната влада досега“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

LjupcoN1

Николовски за 100 дена Влада: Субвенциите не се исплаќаат, нема гарантирани откупни цени, а министерството има нула денари долгови

Пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски, во вечерашната емисија „Тема на денот“, на телевизија Сител, нагласи дека Владата на ВМРО ДПМНЕ и коалцијата во првите 100 дена не презентираа ниту една нова мерка за развој на земјоделството, нема гарантирани откупни цени и не се исплаќаат редовно субвенциите.„Има една безидејност, нема нови мерки, нема гарантирани откупни цени,има нередовни субвенции т.е субвенциите не се исплаќаат, а тоа не потсетува на едно друго време ккога се правеа партиски списоци и селекција“, рече Николовски.При тоа, Николовски посочи дека кадарот на ВМРО ДПМНЕ во Министерствто за земјоделство,шумасртво и водостопанство, сега има состојба кога има нула денари заостанати долгови и повторно се доцни со исплата на субевнциите, што не беше случај во 2017 година кога на власт дојде СДСМ.„Јас ќе бев среќен да во 2017 година можеше да се затекне ваква состојба како што оставивме ние. Затоа што нула денари е долгот на заостанати обврски од претходни години. Не смее да се манипулира со бројките. Ако во 2017 година исплаќавме субвенции од 2012 и 2013 година, сега во 2024 година тие имаат обврска да ги доисплатат субвенциите коишто се по тековната година односно за 2023 година, затоа што во 2024 година се затвора 2023 година. Иако парите се обезбедени со ребалансот, земјоделците два месеци после ребалансот уште ги чекаат парите“, рече Николовски.На прашањето за зголемените откупни цени на грозјето, Николовски посочи дека растот е резултат на Законот за вино кој беше донесен во времето на Владата на СДСМ.„Тие се резултат на Законот за вино којшто го донесе Владата на СДСМ и за прв пат во Законот е предвидена пресметка на производната цена и дека лозарите ќе добијат 25% зголемена субвенција по тој основ. Но катастрофални се цените за оризот, на пченицата, куртовкста капија. Ако ги видите политиките ќе заебележите дека се продолжуваат нашите политики. Ги критикуваа огласите и повиците за доделување земјоделско земјиште но денес ги склучуваат договорите, ги критикуваа ИПАРД програмите, но денес се фалат со први договори склучени за ИПАРД 3, но без при тоа да погледнат на интернет дека уште во март заедно со делегацијата на ЕУ сме ги склучиле првите договори на ИПАРД 3 како земја којашто е лидер, ја критикуваа мерката за зелена нафта денес, но делат картички“, рече Николовски.При тоа Николовски потенцираше дека ВМРО ДПМНЕ не само што за 100 дена не понуди нови мерки, туку и најавува укинување на дел од мерките што ги донесе СДСМ, а кои се важни за земјоделците„Во 2023 година за прв пат воведовме предвремена аванска исплата на субвенциите којашто е дел од новиот модел кадешто ги поврзавме субвенциите со предадено прозиводство. Од она што го слушам и го знаеме,за 2024 година такви средтсва не се предвидуваат. Ние ги обезбедивме и земјоделците за прв пат на крај на 2023 година добија 30% од субвенциите предвреме, 58.000 земјоделци.Сега се најавува укинување на моделот за авансна исплата, и сметам дека земјоделците треба да знаат дали до крај на годината ќе добијат 30% од субвенциите за 2024 како што тоа го направивме ние во 2023 година“, порача пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски.

Македонија | пред 1 година

vmro_dpmne

„Филипче три месеци не е кадарен да одбере органи во сопствената партија, а не пак да говори за водење на држава“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче три месеци не е кадарен да одбере органи во сопствената партија, а не пак да говори за водење на држава.Ако е од Венко доста е. Неспособноста заврши со нив“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

filipche-pres

Филипче: Мицкоски лажеше за наводниот поткуп, нема ниту истрага, ниту докази

На денешната прес-конференција за 100-те дена од Владата на ВМРО ДПМНЕ и коалцијата, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче посочи дека Мицкоски лажел за наводниот поткуп што му бил понуден нему и на вицепремиерот Николовски.„Денес и јавно го прашувам Мицкоски, што се случи со наводниот поткуп кој му го понудиле нему и на Николоски? Има ли некаква истрага Премиере и во која институција? Ниту има истрага, ниту има докази, ниту ќе има“, нагласи Филипче.На прес-конференцијата, Филипче потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека Македонија повторно ќе биде на граѓаните, но наспроти тоа ВМРО ДПМНЕ ја присвои државата.„Добивме Македонија која е повторно само нивна. Македонија која е партизирана, без одогворност, небезбедна, криминализирана и безсперспективна. Имаме 100 дена изговори наместо решенија, изолација наместо интегрирање и општество во кое доминира неизвесноста. Паралелата меѓу ветувањата и реалноста е сурова. Македонија водена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде се само не горда“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-01-150306

Филипче: Во 100 дена Мицкоски изврши брутална партизација на институциите

„Партиската книшка и лојалноста кон партијата беа предуслов за вработување во изминативе 100 дена од владината Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција, упати силна критика за владеењето на Христијан Мицкоски во првите 100 дена.„Со право некои велат дека ова се најлошите 100 дена на било која Влада. Наспроти ветувањата за мала, професионална државна администрација, добивме Влада со четири нови министерства и можност за стотици нови партиски вработувања. ВМРО-ДПМНЕ измисли нови позиции за добро платени национални координатори и вдомување на партиските кадри. За прв пат се воведоа три нови заменици директори во Царина за да се задоволат партиските апетити на Максим Димитриевски и ВЛЕН“-рече Филипче на денешната прес-конференција.Наместо департизирана, професионална и високо обучена администрација, во изминативе 100 дена добивме брутална партизација на институциите, без критериуми, без стручност, професионалност и соодветно образование.„Ваква брутална партизација на главните органи на државата е најава за само едно, а тоа е огромен криминал преку овие институции! За 100 дена Влада дознавме дека Мерит системот на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ всушност бил систем за партиски заслуги“-истакна Филипче.

Македонија | пред 1 година

filipce

(Видео) Филипче: 100 дена ВМРО-ДПМНЕ – Ниту повисоки плати, ниту заштита на животниот стандард

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека ВМРО ДПМНЕ и коалицијата во првите 100 дена не само што не го исполни ветувањето за раст на платите, туку просечната плата за прв пат после седум години бележи намалување, а не се зголеми ниту минималната плата.„За прв пат по седум години, платите почнаа да паѓаат и просечната плата падна за цели 1000 денари. Нема покачување на минимална плата на 450 евра која денес ќе беше реалност со СДСМ. Наставниците и просветните работници добија покачување од 0,7% наместо 12% кои ги планираше СДСМ. Велат ако и одело добро на економијата тогаш можеби ќе се качеле платите“, рече Филипче, и потенцираше дека ваквите политики на актуелната власт целосно ги деградираат работниците и нивните права, ја враќаат политиката на евтина работна сила.На денешната прес-конференција на која беа анализирани политиките на ВМРДО ДПМНЕ и коалицијата во првите 100 дена од нивното владеење, Филипче потенцираше дека актуелната власт не го заштити ниту животниот стандард на граѓаните, бидејќи со мерките за наводно пониски цени на храната, застана на страната на трговците.„Додека платите паѓаат и стандардот се намалува, Владата не обезбеди ниту заштита на граѓаните од високите цени и алчноста на трговците. Мерките се задоцнети и без ефект. За ВМРО-ДПМНЕ интересот на трговците е поважен од интересот на граѓаните“, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања