Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Мицкоски стана комедијант, задоволен бил дека во првите 100 дена нема афери и скандали

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
mickoski-idadija-1

„Задоволен сум од работата на Владата во изминатите 100 дена без афери и скандали“ ја прогласуваме за досега накомична изјава на премиерот Христијан Мицкоски. Очигледно решил да се мајтапи со граѓаните или мисли дека никој не памти што се случуваше.. Оваа Влада е влада која има продуцирано најмногу скандали за првите 100 дена од било која Влада во историјата, реагира СДСМ на изјавата на премиерот Мицкоски.

„Бидејќи не го држи помнењето еве да го потсетиме само неколку клучни скандали. Скандалот на скопскиот аеродром каде пиштолџијата на неговиот коалициски партнер Гаши се закануваше со пиштол, а Мицкоски се правеше на Тошо. Скандал со организрано пуштање на слобода на Блерим Рамадани од МВР и Наим Рамука, за кој повторно тој ништо не знаеше.

— реклама —

Скандал е Силјановска да оди да се слика без знаме а потоа сите други да бидат криви освен таа и нејзиониот протокол. Скандал е и да се лаже дека се донела нова инвестиција а таа да била целосно на СДСМ па Мицкокси се пофали со неколку такви. Ова не само што е скандал туку потврдува колку Мицкоски е малодушен и не сака да признае ничив успех. Скандал е и да нема пари за повисоки плати за граѓаните, ама да има за бизнис карти од 20.000 кои се криеја од јавноста.

— реклама —

Дали Мицкоски исто не го виде скандалот со неговиот генерален секратр кој случјано на поклон доби 325.000 евра имот, или министерката Божиновска чија фирма должела 1 милион евра на Мепсо?

Дали случајно не знае дека неговиот телхранител кој тепаше полицајци на службена должност не само што е ослободен, туку ќе биде и командант на тигрите? Скандал е да се поставуваат лица со криминално минато на директорски позиции, скандал е да се поставуваат луѓе без лиценци за ревизори, скандал е да се поставуваат три директори во Царина за подобро да се краде на границите. Скандал е и професор по физичко да биде заменик министер во МВР, ама па за Мицкоски тоа е нормално ако може бивш затвореник да биде директор на затвор. И тоа за него не е скандал.

— реклама —

Скандал е да нема одговорност за десетици нерасчистени убиства, скандал е да нема одговорност за 10% изгорена територија на државата, додека тој убедуваше дека ќе се среди се два до три дена.

— реклама —

Скандал до скандал е Владата на Мицкоски, па можеби затоа не може да се сети, бидејќи скандалите за нив се секојдневие. Оваа коминчна интерпретација на Мицкоски повеќе делува несериозно или покажува дека тој не живее во реалноста.

Секако аферите и скандалите нема да исчезнат од вицкастите изјави на Мицкоски“, се додава во реакција на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 41 минута

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања