Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
21082024-Mickoski-1

„100 дена владеење на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е период на изговори, скандали, разочарувања, изневерени ветувања и назадување. Досега немало влада со толку лош почеток на владеењето. Ако денот се познава по утрото, уште полошо ги чека граѓаните и државата со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Ова е најнеспособната власт од независноста на државата до денеска“, велат од СДСМ.

„Власта ги изневери и ги разочара граѓаните, најмногу со тоа што сите нејзини ветувања пред изборите ги замени со изговори зошто не може да ги реализира.

Ветуваа поголеми плати а просечната плата се намали за 1.000 денари, нема покачување ниту на минималната плата, ниту на платите за наставнивите и другите работници.

— реклама —

Ветуваа поголеми пензии за 5.000 денари а не можат да испорачаат ниту половина.

Ветуваа намалување на задолжувањето а го зголемија долгот на граѓаните за над 60%. Им натоварија 500 милиони евра на грбот на граѓаните, сомнители кинески пари, да ги враќаат генерации.

Наместо реални мерки за намалување на цените мачкаат очи загрозувајќи го стандардот на народот.

— реклама —

Скандал до скандал ги одбележаа овие 100 дена на Мицкоски и ДПМНЕ. Речиси и да немаше недела да не се случи некој огромен скандал, од поклонетиот имот на генералниот секретар во Владата вреден 300 илјади евра, сомнежите за корупција, преку долговите од 1 милион евра за кои до денеска се молчи.

Безбедноста на граѓаните е загрозена поради неспособноста на власта на Мицкоски. Се случија 10 убиства и обиди за убиства а расчистено е само едно, пукањата по улиците, палењето автомобили и дивеењето на криминалците стана секојдневие.

— реклама —

Безбедностните структури се подложни на масовна партизација наместо професионализација исто како и останатите институции.

Беше нападнат полицаец на скопскиот аеродром од обезбедувањето на Гаши. На северната граница власта нема контрола, се случија тон скандали со пропуштање на сватовите на Гаши, со казнување на полицајците и самовилие на началниците поставени од ДПМНЕ.

Изгоре 10% од териотијата на земјата, причинета е огромна штета, само поради неспособност на првите луѓе во власта на Мицкоски.

— реклама —

Власта ги прекина преговорите со ЕУ. Одлуката на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да стават буквално крај на преговорите со ЕУ и да ја дотераат земјата во политички ќорсокак е најголемиот успех на оваа Влада во првите 100 дена.

Од земја со јасна перспектива напред, јасен план за развој и раст на секое поле во рамки на ЕУ, Мицкоски реши да ја затвори и изолира уништувајќи ја надежта дека тука ќе се живее подобро.

Со Мицкоски и ДПМНЕ може само да очекуваме уште повеќе иселување, економска стагнација и целосен застој во целокупниот развој на државата“, соопшти СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 25 минути

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања