ВО ЖИВО

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ

Kostadinovska-Stojcevska1

Костадиновска – Стојчевска: Некои кандидати на ВМРО-ДПМНЕ се познати по деструктивна политика

„Од она што можеме да го видиме, од имињата со кои што и самите органи на партијата истапуваат, па ги кажуваат, па се премислуваат, не би искоментирала ништо ново, тоа се лица кои ние ги гледавме порано заплеткани во одредени скандали, лица кои што од изборната единица од која доаѓаат апсолутно со ништо не придонеле да се подобри, да предложат некое законско решение, некоја одредена мерка, туку напротив во последните четири години од она што можеме да го видиме не само од мојата изборна единица Изборна единица 5, туку и сите изборни единици беа конструкции, не доаѓаа на работа во Собрание, не гласаа закони за граѓаните.“- изјави потпретседателката на СДСМ и министерка за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска, во интервјуто за ТВ Слободен печат.Според неа, граѓаните ја препознале деструктивната политика на опозицијата.„Таму нема нов избор, тоа се истите политики на деструкција, само за да се искористат средствата на граѓаните, тоа се истите познати политики. Тоа се истите лица кои за време на ковид кризата требаше да им помогнат на граѓаните а тие одбија да ги гласаат пакетите со економски мерки.“- дополни Костадиновска – Стојчевска.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Николова: Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје

,,Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје.Откако ги изневерија граѓаните на Скопје, со сите нереализирани изборни ветувања ДПМНЕ излезе со нови лажни ветувања.Промовираната Платформа 1198 од минатиот век на ДПМНЕ е токму тоа, нови лажни ветувања.Скопјани, но и граѓаните во над 40 општини ширум државата под капата на ДПМНЕ тоа најдобро го знаат.ДПМНЕ ветуваше бесплатен јавен превоз, 250 еко автобуси, мега паркови, капитални проекти, спортски сали, паркови.Ништо од ветеното не е реализирано.Скопје денеска е запустен град, полн со нечистотија, со хаос во јавниот превоз, со јавни претпријатија во долгови.Нема нови 250 автобуси, нема нови паркови. Граѓаните се иневерени, изборните ветувања неостварени.Се потврди дека ДПМНЕ нема план за иднината и дека оваа партија не може да донесе никаква промена.Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање 10 години назад со ДПМНЕ.", вели Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: ДПМНЕ ги изневери скопјани со лажните ветувања, сега само штанцаат нови

,,ДПМНЕ ги изневери скопјани со лажните ветувања, сега наместо програма, само штанцаат нови, немаат што да им понудат на граѓаните.Скопјани и граѓаните на 40-тина општини под капата на ДПМНЕ се уверија во лажните ветувања и изневерените очекувања од ДПМНЕ.ДПМНЕ ветуваа модерни општини, бесплатен превоз, еко автобуси, капитални проекти, спортски сали, паркови, школи, улици, водоводи, а не реализираа ништо.Го запустија Скопје, создадоа хаос со јавниот превоз, ги турнаа јавните претпријатија во долгови, заборавија на граѓаните, а рацете ги заглавија во медот.Во Скопје го нема ветениот бесплатен јавен превоз, нема нови 250 автобуси, нема нови паркови.Така е и овој пат со новите лажни ветувања.Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата партија која не може да донесе никаква промена.Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање 10 години назад со ДПМНЕ.", велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Костовски: Наместо програма, нови празни ветувања од ДПМНЕ

,,ДПМНЕ наместо програма, на граѓаните им нуди нови празни ветувања.Главниот град Скопје и над 40 општини кои се под капата на ДПМНЕ се најголем пример за сите лажни ветувања на оваа партија.Ветуваа модерни општини, бесплатен превоз, еко автобуси, капитални проекти, спортски сали, паркови, школи, улици, водоводи.Поминаа 2,5 години а ништо од тоа ДПМНЕ не направи. Градоначалниците од ДПМНЕ реализираа 0 проекти.Но затоа создадоа хаос, запуштени, нечисти градови, со јавни претпријатија заглавени во долгови, општини без никаков развој.Така е и овој пат со новите лажни ветувања.ВМРО ДПМНЕ очигледно нема што да им понуди на граѓаните.Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата партија која не може да донесе никаква промена.Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.Изборот на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање 10 години назад со ВМРО ДПМНЕ.” , изјави Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

СДСМ: Просечна пензија од 500 евра!

,,СДСМ има јасен, конкретен и издржан план за европска иднина преточен во новата изборна програма.Повисок животен стандард, европски плати и пензии се еден од клучните столбови на планот за европска иднина на Македонија.Во 2028 година минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари или 500 евра.Дополнително се предвида мерка- новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер во државата.Во изминатите седум години СДСМ покажа и докажа дека ги исполнува ветувањата и дека работи за доброто на сите.Просечната пензија порасна зголемивме за 6.400 денари, а минималната за 50%.Со воспоставената методологија пензиите контнинуирано растат.Со СДСМ пензиите ќе продолжат да растат, за достоинствен живот за пензионерите.” , велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Наместо програма, нови празни ветувања на ДПМНЕ, Скопје е најголем пример

,,ДПМНЕ наместо програма, на граѓаните им нуди нови празни ветувања.Тоа е партијата што едно ветува, а друго прави.Скопје е најголем пример за тоа што се случува кога ДПМНЕ добива власт.Ветуваа модерно Скопје, а создадоа хаотичен, запуштен, нечист град, со јавни претпријатија заглавени во долгови.Ветуваа бесплатен превоз, а го оставија градот без јавен превоз. Ги нема ветените 250 нови автобуси, наместо мега паркови, на сите страни никнуваат депонии.Така ДПМНЕ функционира, едно зборува пред избори, а кога ќе добие власт, заборава на граѓаните и се грижи само за своите интереси." , велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4571

Правдата е спора, но секогаш доаѓа: За претседателот на ОО СДСМ Ѓорче Петров нема место на изборните листи

За сите желби немаше место, а многумина од СДСМ се видоа во пратеничките удобни и добро платени пратенички фотелји.Сепак некои премолчеа, некои информираа по медиумите па демантираа. Некои и завиено го изразија незадоволството.По објавувањето на листите со кандидатите за престојните парламетнари избори, претседателот на ОО СДСМ Ѓорче Петров, очигледно е незадоволен од листата за Изборната единица 2, на која за него немало место.,,Правдата е спора, но на крајот секогаш доаѓа... Ќе ја почекаме”, напиша Јовановски на неговиот Фејсбук профил.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-24-at-12.02.01

Нова програма на СДСМ, имаме План за европска иднина на Македонија, вели Каевски

„СДСМ имаме јасен, конкретен и издржан план за иднината кој е преточен во нашата нова изборна програма“ вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ и додава:Ова се клучните столбови од нашиот план за европска иднина на Македонија:1. ЕВРОПСКИ ПЛАТИ И ЖИВОТЕН СТАНДАРД!Во наредните четири години просечната плата ќе ја зголемиме на рекордни 1.100 евра а минималната плата на 600 евра.2. ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ!Во 2028 година минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари или 500 евра. Дополнително предвидуваме мерка- новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер во државата.3. ПОДДРШКА ЗА МЛАДИТЕ!Новата влада на СДСМ ќе обезбеди по 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години.4. СИЛНА ДОМАШНА ЕКОНОМИЈА!180 милиони евра директна финансиска поддршка на домашните компании за инвестиции во производство. Како поттик на економскиот раст, СДСМ предвидува 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции.5. МОДЕРНА ЕВРОПСКА ИНФРАСТРУКТУРА!Во наредните четири години ќе инвестираме 2,7 милијарди евра во инфраструктурни проекти. Тоа се 194 километри изградени автопатишта до 2028 година и реконструирани 950 километри патишта.6. ЕВРОПСКО ЗЕМЈОДЕЛСТВО!Обезбедуваме уште поголеми субвенции и поддршка за нашите земјоделци од 750 милиони евра!До 2028 година проектираме Северна Македонија повеќе да извезува отколку што увезува храна. Извозот на земјоделски производи ќе биде 1,25 милијарди евра!7. ЕВРОПСКО ОБРАЗОВАНИЕГарантираме безбедност и сигурност за учениците. Еден од проектите е бесплатен топол оброк за учениците во основните и средните училишта. Бесплатен јавен превоз за сите ученици и студенти. Децата се нашата иднина!8. ЧИСТА ЕНЕРГИЈА И ПОЕВТИНА СТРУЈАПредвидуваме зголемување на вкупното домашно производство на енергија за најмалку 70% до 2028 во однос на 2019 година.Енергетска независност и самостојност со која ќе ГИ ЗАДОВОЛУВАМЕ 100% ОД СОПСТВЕНИТЕ ПОТРЕБИ.Проширувањето на домашните енергетски капацитети ќе влијае на намалување на цените на струјата.9. ПОВЕЌЕ ЕУ ФОНДОВИ ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈАСо отворање на поглавјата ќе обезбедиме дополнителни фондови за посилна македонска економија и за повеќе знаења и стручност. Вложуваме повеќе домашни и европски фондови за градење инфраструктура, за реновирања јавни објекти, за Модернизирање на училиштата, за обуки за наставниците и младите. Уште повеќе фондови за обука и пракса за подготовка на младите за добро платени работни места по стандарди на ЕУ.10. ЗАЕДНО ВО ЕВРОПА!Завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и членство до 2030 година. Заедно тоа ќе го направиме.Нема откажување од иднината!

Македонија | пред 1 година

sdsm-zecevic-kovacevski-8

ДПМНЕ нема план за иднината на државата, тие се против ЕУ, вели СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ нема план за иднината на државата, тие се против членство во ЕУ“, велат од СДСМ и додаваат:СДСМ има јасна визија за иднината на државата како европска.ДПМНЕ е против ЕУ, ветува нешто друго но никако да излезе и да каже што е тоа?Која е алтернативна визија за Македонија? Како ќе ја реализираат? Немаат план, затоа и не кажуваат.Тие нема да мрднат ни милиметар кон Европската Унија, и кога нема да има никаков прогрес, не само што нема да си ја признаат грешката, не само што нема да кажат дека лажеле, тие исто како Груевски ќе ги обвинуваат сите други, и ќе ја обвинуваат Европската Унија.Сите ќе им бидат виновни, освен тие самите!ДПМНЕ нема план за Европа, нема план за иднината.

Македонија | пред 1 година

8

Нема промени во ДПМНЕ, фалсификуваа анкети -се обидоа да фалсификуваат и потписи за Силјановска, велат од СДСМ

„Во ДПМНЕ ништо не е променето. И понатаму само шири лаги и невистини. Како што ги фалсификуваа анкетите, така се обидоа да фалсификуваат и потписи за нивната кандидатка. И тоа е истата партија која без срам излезе пред пред граѓаните за да ги лаже дека имале собрано потписи за нивната кандидатка Гордана Силјановска“, велат од СДСМ и додаваат:Од Белата палата наголемо фрчеа пресконференции на кои се кажуваше дека за неколку часа ги собрале потписите, за на крај сами да се фатат во сопствените лаги.ДПМНЕ нема собрани валидни потписи за Силјановска и кандидатурата ја поднесе со 40 тина потписи од пратеници.Како што ги лажираа и фалсификуваа анкетите така се обидоа и да фалсификуваат потписи.Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата партија која не може да донесе никаква промена. Хаосот во Скопје е најголема потврда за тоа.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачевски: Од овде почнува победата, победа на надежта, победа за европска иднина

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на денешниот 28 Конгрес на СДСМ, во своето обраќање им порача на делегатите и присутните дека подебата на СДСМ на претстојнте избори, почнува токму од овој Конгрес.-Од овде почнува победата! Победа на СДСМ на претстојните парламентарни и претседателски избори! Победа на надежта и борбата за подобра, европска иднина. - рече Ковачевски-СДСМ ќе ја добие довербата на граѓаните да ја формира новата проевропска влада на Македонија! Стево Пендаровски ќе биде реизбран за претседател на државата! - рече КовачевскиЗборувајќи за посветеноста на СДСМ на европскиот пат, претседателот Ковачевски рече дека заедно со граѓаните СДСМ ќе го оствари сонот на многу генерации – Македонија рамноправна членка на Европската Унија, слободна просперитетна држава со силна економија, со квалитетно здравство и образование, со независно судство, земја која е пристојно место за живеење за сите.-Ние во СДСМ имаме јасна визија за иднината. Затоа јасно и гласно кажуваме одиме напред кон Европа! Нема откажување од иднината! - посочи претседателот Ковачевски на денешното обраќање на 28 Конгрес на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

1

Вистина или шпекулации, има ли незадоволство од пратеничките листи на СДСМ

Седниците на Извршниот и Централниот идбор на СДСМ на кои се кројат пратеничките листи кои треба да бидат верификувани од делегатите на Конгресот се зад затворени врати, но истекуваат информации, и вистинити и лажни од оние кои не се на добитно место или воопшто ги нема. Во медиумите многу вести но и деманти.Досегашниот истакнат и форсиран пратеник Дарко Каевски, револтиран од својата позиција на предложената листа побарал неговото име да се избрише.Тој е седми во ИЕ 1. Тој пак ги демантира информациите во дел медиуми дека на состанокот на Извршниот одбор, тој и ексминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски демонстративно ја напуштиле седницата.,,Ова не е точно, станува збор за целосна невистина. Наводите во текстот целосно ги демантирам. Ширење невистини нема да помогнат никому. СДСМ е силна и оди на победа на изборите”, напиша на ФБ Каевски.Некои медиуми објавија а потпретседателот на СДСМ и директор на Царина, Стефан Богоев, демантира дека го напуштил состанокот.,,Ова не е точно воопшто!Јас сум бил во СДСМ против режимот на ДПМНЕ кога беше најтешко, тука сум и сега, ќе останам и во иднина!, пишува Богоев во објава на ФБ. Тој воопшто и не се наоѓа на листите.Наводно незадоволен бил и Оливер Спасовски од тоа како лидерот ги ктоел листите.Но Каевски демантираше веста дека и Спасовски ја напуштил седницата. Тој е носител во ИЕ 2.Што точно е вистина ќе се знае на Конгресот.

Македонија | пред 1 година

8

ДПМНЕ фатени во лага, дали ги фалсификуваа потписите за Силјановска?, прашува СДСМ

„Откако не собраа валидни и законски потписи за нивната кандидатка, Гордана Силјановска, прашањето е дали ДПМНЕ ги фалсификуваа потписите за кој наголемо и помпезно се фалеа дека биле во огромен број и собрани за неколку часа?“, вели СДСМ и додава:Како што ДПМНЕ ги лажира анкетите, така се обиде да ги лажира и потписите за Силјановска, ама не успеа.Бидејќи не собраа валидни потписи за својата кандидатка, ДПМНЕ ја поднесе кандидатурата во ДИК со потписи на пратеници, а не со потписи од граѓани.Зад кандидатурата на Стево Пендаровски застанаа 22.449 граѓани, а зад Гордана Силјановска само 40 пратеници од ДПМНЕ.Ниту ДПМНЕ, ниту Силјановска немаат поддршка од граѓаните, а најстрашното од се,е што повторно ги излажаа граѓаните.Во ДПМНЕ ништо не е променето, тоа е истата партија од минатото која функционира со ширење лаги.На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата и партиски послушник, или реприза на Иванов.Затоа, граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Тасевска: Ништо не е сменето во ДПМНЕ, фатени се во нова лага

,,ДПМНЕ се фатени во нова лага, немаат собрани валидни, законски потписи за нивната канадидатка, Гордана Силјановска.Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата партија од минатото која функционира со ширење невистини.ДПМНЕ, помпезно на прес конференции се фалеа дека за неколку часа биле собрани потписи, и тоа повеќе од потребните.Но, се покажа дека не е така. ДПМНЕ, повторно ги излажа граѓаните.Како што ги лажираат анкетите така се обидоа да го лажираат и собирањето потписи.Бидејќи немаат собрано валидни потписи за својата кандидатка, ДПМНЕ ја поднесе кандидатурата во ДИК со потписи на пратеници, а не со потписи од граѓани.Зад кандидатурата на Стево Пендаровски застанаа 22.449 граѓани а зад Гордана Силјановска само 40 пратеници од ДПМНЕ.Силјановска е само продолжена рака на нејзината партија. Ниту ДПМНЕ, ниту Силјановска не можат да донесат промени на подобро.На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, на граѓаните не им треба реприза на Иванов.На граѓаните не им треба уште една катастрофа како во Скопје.Затоа, граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.", вели Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

СДСМ: Глас за Пендаровски и СДСМ е глас за борба за европска иднина

,,СДСМ го има победничкиот кандидат за претседател, СДСМ го има победничкиот тим за новата проевропска Влада.Глас за Стево Пендаровски е глас за борба за сигурна европска иднина, глас за европска Македонија со подобар животен стандард, со повисоки плати и пензии, напредок, стабилност и просперитет, подобра иднина за сите граѓани, од која нема откажување.Граѓаните заслужуваат европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на право, социјалната правда.Граѓаните не сакаат враќање назад и изолација, не се спремни да поддржат антиевропски политичари.На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, на граѓаните не им треба реприза на Иванов.На граѓаните не им треба уште една катастрофа како во Скопје.Затоа, граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.", велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања