„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

СДСМ

Screenshot-2024-04-01-at-11.44.44

(Фото) Му го згрешија презимето на Ковачевски на голем настан за СДСМ, а иднината стана „иди Нина“

Димитар Ковачевски остана без „в“, а иднината доби „и“ на промоцијата на програмата на СДСМ и кандидатите за пратеници од Коалицијата за европска иднина. Печатните грешки ги забележа јавноста, откако СДСМ испрати фотографии за да се испромовира себеси.Презимето на партискиот остана без една буква, додека, единствено точно на видео-бимот беше само името и презимето на Моника Зајкова. Во насловот на програмата иднината стана „идинина“.Ова пак, е причина за потсмевање на социјалните мрежи.Во време на Владата на СДСМ, имаше и неколку протоколарни грешки при пречек на странски делегации. При пречек на словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон, наместо знамето на нејзината земја Словенија беше истакнато знамето на Словачка.Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц беше пречекан со погрешно знаме пред Владата. Наместо знамето на Австрија беше поставено знамето на Летонија.Премиерот Димитар Ковачевски преку својот Фејсбук профил со фотографија го честиташе 5 Ноември – Меѓународен ден на ромскиот јазик, но го згреши знамето! Според неговата фотографија на десно е зелената боја, а на лево е плава додека пак во средината се наоѓа тркало. Имено, на меѓународно знаме на ромскиот народ, усвоено на првиот конгрес на Ромите во 1971 година, горе стои сината боја која го претставува небото, додека доле е зелената боја која ја претставува земјата. Може да се забележи дека на фотографијата единствено исто е средината на знамето каде се наоѓа тркало, односно црвена чакра, која пак ја претставува миграцијата на Ромите.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Филипче: Додека се боревме со три кризи ги решававме и стратешките прашања

Носителот на листата во изборна единица 4 вчера вечер присуствуваше на отворање на нов изборен штаб во Прилеп. Пред неколку стотини присутни во победничка атмосфера, Филипче потсети на работата на Владата и кризите со кои се соочуваше државата изминатите години.„СДСМ имаше тешки седум години владеење во исклучителен кризен период во светот и регионот. Ниедна влада не се борела со три последователни кризи. Се боревме со Ковид, па со економска криза, па на крајот и со енергетската. Згора на се, одлучно се нафативме да ги решаваме клучните стратешки прашања за земјата. Ова не е алиби за дел од грешките кои ги правевме и мора да ги исправиме во иднина, но е сериозна потврда за издржливоста и напорната работа која ја вложивме. Милиони и милиони евра директно ги вративме кај граѓантие по основ на покачени плати, финансиски олеснувања и шест пакети антикризни мерки. Сите политики на СДСМ беа насочени да може полесно заеднички сите да ги пребродиме кризите. И ова не е малку, ниту беше лесно. Заради ова, ние имаме право да побараме поддршка од граѓаните со крената глава“ - истакна Филипче пред прилепчани.Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаква реална промена, тоа се истите луѓе кои порано биле во третиот ешалон во владите на Груевски.„ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаква промена и тоа граѓаните го знаат и го гледаат. Најголем дел од луѓето ќе ви кажат дека не гледаат никаква алтернатива во ВМРО-ДПМНЕ кое ги нуди истите кадри и политики од пред 2017 година. ВМРО ДПМНЕ имаат една единствена цел, како да ги остварат личните и партиски цели. Ним им се само важни политички кариери и владини фотелји, граѓаните ќе ги заборават преку ноќ ако дојдат на власт. Со право многумина велат дека тие биле најдеструктивната опозиција во историјата на македонскиот парламент. Нема што не блокираа за политички поени, од антикризни мерки до финансиска поддршка за граѓаните во време на пандемија.Погледнете го Прилеп и градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, дали се прилепчани задоволни? Секако дека не се, ова е само пример како ќе работи ВМРО-ДПМНЕ на централно ниво доколку дојде на власт“ - рече Филипче.Тој се осврна на програмата која што вчера ја презентираше СДСМ и потсети на бенефитите кои земјоделците а посебно тутунарите ги имаа од владеењето на СДСМ.„Во 2014 година просечната откупна цена на тутунот била 117 денари за килограм, сега имаме за над 200% повисока откупна цена. Бербата на тутунот заврши со историски највисока просечна цена од 365 денари за килограм. Со новата програма предвидуваме субвенција од 6.000 денари по хектар за тутунарите. И затоа имаме право да бараме глас во Прилеп, затоа што зад нас имаме резултати.“ - истакна Филипче.Тој на крајот порача дека само обединет СДСМ може да победи и дека е време сите да ги остават суетите на страна и да застанат зад заедничакта цел - победа на изборите.„Јас верувам дека можеме да направиме резултат кој никој не верува дека ќе го направиме. Но, за тоа прво ни е потребна една работа, еден предуслов, да бидеме обединети. Нашите противници не делат и во медиумите не претставуваат како поделени, тоа е во нивни интерес. Ниеден член на СДСМ, ниеден симпатизер нема корист ако партијата е поделена, од тоа корист имаат само оние кои ни мислат добро. Јас знам дека на крај ќе излеземе обединети и ќе им го покажеме местото“ - заклучи Филипче.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачевски: Направивме многу, но мора уште многу да се сработи

Ние покажавме дека е можно да се има добар резултат, да се работи напорно за подобро утре. Дека е можно да има поголеми плати, пензии, повеќе пари кај граѓаните, дека е можно да има слобода и демократија, да има слобода на говор, дека е можно да живееме во земја која има сигурна, извесна и подобра, европска иднина - рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешната промоција на новата „Програма за европска иднина“ и кандидатите за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.-Не само што е можно да се оствари ветување за просечна плата од 500 евра туку и да се надмине. 650 евра просечна плата е денешната реалност. За само кратки 6 години од 150 евра минимална плата, стигнавме до речиси 370 евра минимална плата. Вложивме 100 милиони евра со кои поддржавме 919 компании. Со оваа поддршка компаниите реализираа 500 милиони евра инвестиции. Со антикризните мерки ја оддржавме ликвидноста на компаниите, ги задржавме работните места, го заштитивме стандардот на граѓаните. Вкупно 2,6 милијарди евра преку антикризните пакети се вратија назад кај граѓаните и стопанството - истакна КовачевскиДенес, Македонија е исто атрактивна дестинација за странски директни инвестиции. Само во 2022 имавме над 750 милиони евра странски директни инвестиции, наспроти нешто над 300 милиони пред 2016та.Од 2017 до 2023 година Македонија има 3 милијарди евра прилив на странски директни инвестиции. И тоа е резултат на успешните економските политики и стабилното деловно опкружување кое го создадовме, но и со одлуките кои ги донесовме. Тоа беа тешки одлуки, но, благодарение на нив, ние денес сме земја членка на НАТО, со отпочати преговори со ЕУ, стабилна, просперитетна и безбедна земја. - рече КовачевскиМожностите за економски развој и за подобар животен стандард ќе се зголемат уште повеќе со членството на Северна Македонија во ЕУ. Затоа е важно да се продолжи европскиот пат, тој нѐ носи до единствениот европски пазар од половина милијарда луѓе со што за нашите компании ќе се отворат огромни можности. Европскиот пат носи и подобар животен стандард за граѓаните, повеќе и подобра работа за компаниите, дополнителни фондови за развој на нашата економија. - истакна КовачевскиНаправивме многу, но знаеме дека има уште многу што да се сработи. Знаеме дека има уште наши сограѓани кои едвај врзуваат крај со крај, кои двојат од своето за да имаат за своите деца. Знаеме дека за нив треба да ги удвоиме напорите и да направиме да е подобро. Нашите граѓани заслужуваат подобро. - рече Ковачевски на денешната промоција на новата „Програма за европска иднина“ и кандидатите за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

Македонија | пред 1 година

sdsm-141

Листата на ДПМНЕ е листа за блокада на европскиот пат на земјата, критикува СДСМ

„Листата на пратеници на ДПМНЕ е листа за блокада на европскиот пат на земјата, за откажување и враќање назад во изолација“, велат од СДСМ и додаваат:Над 80% се истите што го блокираа европскиот пат на земјата, тие што спроведуваа активна блокада на Собранието, се повторно на изборнaта листа на ДПМНЕ.Лупаа и тропаа да го попречат европскиот пат на државата во ЕУВо време на криза ја блокираа помошта за граѓаните и компаниите. Беа против минималната плата и раст на платите.Беа и се уште се против членството на државата во ЕУ.Со истите лица на изборната листа Белата палата потврдува дека со ДПМНЕ е можно само враќање назад.ДПМНЕ потврдио дека не е за промени и дека не може нема никаква промена и не можат да донесат никакви промени на подоброИзборот пред граѓаните на претстојните избори е помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност, враќање 10 години назад во изолација со ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-30-at-10.33.00

(Видео) За спотот на СДСМ: „Кога партија која владеела осум години прави вакви видеа, значи мора да прикрие голем дел од реалноста на граѓаните

Сптот на СДСМ на кои прикажуваат изградба на улици и патишта, беше повод за коментар од професорката Мирјана Најчевска. Според нејзе, ваквата пропаганда е за да се сокрие реалноста во која живеат граѓаните на Македонија.„Кога некоја партија која била на власт 8 години прави вакви пропагандни видеа, значи дека мора да прикрие голем дел од реалноста во која живеат граѓаните.Граѓаните на Македонија треба и можат да имаат добар живот, европски вредности, демократски институции и владеење на правото соодветни на 21 век сега, а не да веруваат во некоја европска иднина“, напиша Најчевска.

Коментари | пред 1 година

Zhaklina-Lazarevska

Лазаревска: СДСМ основа Медицински факултет во Битола

,,Медицинскиот факултет ќе биде во состав на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски" - Битола а ќе ги има отсеците за општа медицина, стоматологија, фармација и Висока медицинска школа.Наставните бази на Факултетот ќе бидат Клиничката болница Битола, Специјалната болница за кардиолошки заболувања „Свети Стефан“ Охрид, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ Охрид , Специјалната болница за нефрологија Струга и болницата со проширена дејност во Прилеп.Обезбедуваме висок степен на образование и обука за студенти кои ке станат идни лекари, со потребни знаења и вештини.Со основањето на Медицинскиот факултет Битола ќе го утврди своето место како регионален образовен центар и ќе даде можност на средношколците од градот и околните населени места, да студираат во своето место.Значително ќе допринесе во создавањето на нов стручен кадар, подобрување на здравствениот систем и одржување на високи стандарди за образованието, етиката и праксата во областа на медицината.Ова ќе влијае на зголемување на квалитетот на здравствени услуги преку обучени и компетентни лекари за подобрување на здравјето на населението.Создаваме здравствен систем што не само што ќе ги обучува следните генерации на лекари туку и активно ќе придонесува кон напредокот и здравјето на општеството.Младите од Југозападниот дел на Македонија го заслужуваат тоа.За иднината на младите многу е важно да продолжи европскиот пат на земјата до полноправно членство во ЕУ.", изјави Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

mickoski-51325123

Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија, вели СДСМ

„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски“, вели СДСМ и додава:За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат.На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Нема промена во ДПМНЕ, над 80% од листите се истите пратеници кои спроведуваа активни блокади

,,Составот на листите за пратеници на ДПМНЕ потврдува дека во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е партија свртена кон минатото.Повеќе од 80% од кандидатите на листите се истите пратеници, кои спроведуваа активни блокади на Собранието, правеа опструкции и кочеа, сé што е во интерес на граѓаните и државата.Тоа се истите лица што во време на криза во Собранието ја блокираа помошта за граѓаните и компаниите, кои два дена на собраниска седница ги преместуваа точките на дневниот ред.Беа и против минималната плата и раст на платите и против членството на државата во НАТО, и против евроинтеграциите, тропаа и вревеа со вувузели додека во парламентот зборуваше Урсула фон дер Лајен.Нивната работа изминатите четири години ја одбележаа одолговлекувања, бесмислени реплики, штанцање илјадници амандмани за блокада на законите, незакажување седници и неставање на дневен ред на клучни закони во парламентарните комисии, предводени од ДПМНЕ.Со истите лица на листите Белата палата потврдува дека се определува за блокада на европскиот пат на државата. Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање 10 години назад со ДПМНЕ.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Битиќи: Со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

„Добросостојбата на граѓаните е императив и тоа сме го докажале тоа, се во нашата програма е околу подобрување на квалитетот на животот на сите граѓаните. Но, одиме и еден чекор понатаму, што ќе се случи една година по нашиот влез во Европската унија“, рече потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во интервју за „Слободен печат“.Зборувајќи за изборната програма на СДСМ, потпретседателот Битиќи посочи дека во програмата е предвидено во 2028 година просечната плата да изнесува 1.100 евра, но која ќе се зголеми за дополнителни 200 евра во првата година од влезот на државата во ЕУ, односно таа ќе изнесува 1.300 евра.„Тоа се истите анализи со кои во 2020 предвидовме дека просечната плата во 2024 ќе биде 34.000 денари. Таа денес е 40.000 денари, иако годината не е сè уште завршена. Затоа велиме дека при самиот влез во ЕУ просечната плата ќе достигне 1.300 евра. Тоа е нешто што секој граѓанин го заслужува да го добие. Разликата меѓу нас и ВМРО ДПМНЕ е што ние ветувањата ги испорачуваме во пракса“, рече потпретседателот потпретсетаделот на партијата, Битиќи.“Тој се осврна и на предизборното ветување на СДСМ за тоа што ќе се случува со минималната плата до 2028 година и по влезот на државата во ЕУ.„Кога зборуваме за платите велиме дека минималната плата во државата веќе во 2028 година ќе биде на ниво од 600 евра, и тоа е нешто кое сметаме дека е квантен скок, кој што ќе донесе навистина праведен и правичен и солидарен начин, на вреднување на трудот во државата. Но, притоа одиме уште еден чекор понатаму и велиме, со влезот во Европската унија, минимална плата ќе биде 800 евра“, рече во интервјуто потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-28-at-13.33.30

Незадоволство нема, коалициите се склучени, со Ангелов имале коректен однос - Ковачевски одговараше за изборите

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, кажа дека нови коалиции со партнери нема да има, а соработки со организации - се склучуваат. Според него, во партијата нема незадоволство, а за заминувањето на Стојанче Ангелов со Достинство од коалицијата - немаше конкретен коментар, освен дека имале коректен однос.„Тој најави дека ќе ја напушти коалицијата, а утрово посочува дека би се вратил во коалицијата. Јас вака му кажав, дека без разлика дали ќе ја напушти или нема да ја напушти – јас нема да предложам негово разрешување. Јас сум имал коректен однос со сите коалициони партнери“, рече Ковачевски.Зборуваше и за информациите поврзани со незадоволствата на лица кои очекувале, а не се на листите за пратеници.„Нема незадоволство во СДСМ, ако ги видите јавните настапи – ќе видите дека работиме за победа на изборите во април или мај“, додаде тој.Пратеничките листи кои се објавени ќе бидат конечни.„Пратеничките листи се креирани и одобрени на конгресот. Ги одобрија и најголемиот број коалициони партнери. Разговараме со уште неколку организации за меморандуми на соработка, а тие се врз основа на вредности – унапредување на економскиот развој, членство во ЕУ, европски вредности“, рече Ковачевски.

Македонија | пред 1 година

talevski-1

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

,,Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша.Она што особено ги загрижува граѓаните на Прилеп, е зачестениот тренд на опожарување на возила. Во последните неколку недели, запалените автомобили станаа прилепско секојдневие. Горат автомобилите на наши сограѓани: бизнисмени, обвинители, адвокати.Дневните билтени на МВР се претворени во регистер на настани од рубриката „црна хроника“, а фактот дека ниту еден од сторителите и нарачателите на овие дела не е откриен, го зголемува чувството на страв и несигурност кај граѓаните.Заради нестручноста на партиските војници на ДПМНЕ инфилтрирани во највисоките раководни структури на МВР, Прилеп стана опасно место за живеење.И покрај тоа што на сите 15 клучни оддели за борба против криминалот техничкиот министер Панче Тошкоски постави свои началници, во изминатите два месеца Министерството за внатрешни работи не испорача никакви резултати.Ветувањата на Тошкоски дека ќе ја интензивира борбата против криминалот, дека криминалните банди ќе станат минато, останаа мртво слово на хартија.Голема лага беше и ветувањето на неговиот партиски шеф Христијан Мицкоски, дека кадрите на ДПМНЕ за две недели ќе ги расчистат сите афери и скандали во државата.За само два месеца, ДПМНЕ не’ потсети на 11-годишното живеење во режим и повторно на дело го врати системот МВРО-ВМРО.Во ДПМНЕ ништо не е сменето. Тоа е истата режимска и антиевропска партија, за која граѓанските права и демократските вредности се мислена именка.Нема промена на подобро со ДПМНЕ, тоа е партија која не може да донесе позитивна промена. Со ДПМНЕ загрозена е безбедноста на граѓаните на Прилеп.Загрозувањето на европскиот пат значи и загрозување на безбедноста на граѓаните, тоа прилепчани добро го знаат." , изјави Миле Талевски, пратеник на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: 3,5 милијарди евра капитални инвестиции

,,СДСМ има јасен план за европска Македонија, прецизна изборна програма со конкретни мерки и проектиЕден од столбовите на програмата е силна домашна економија, економски раст, продолжување на поддршката за компаниите.Како поттик на економскиот раст, СДСМ предвидува 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции.180 милиони евра директна финансиска поддршка на домашните компании за инвестиции во производство.Новата влада на СДСМ обезбедува економски просперитет, силна домашна економија, нови работни места, раст на платите и пензиите.", велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

kovacevski-sdsm-spasovski

Платформата се само нови лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје, вели СДСМ

“Платформата на ДПМНЕ се само нови лажни ветувања, по примерот на Скопје”, вели СДСМ и додава:ДПМНЕ ги изневери граѓаните на Скопје, ништо од ветеното не реализираше, а сега излегува со нови лажни ветувања.Наместо модерен град, Скопје денеска е запустен град, полн со нечистотија, со хаос во јавниот превоз, јавни претпријатија во долгови.Ги нема новите 250 автобуси, нема бесплатен јавен превоз, нема нови паркови.Промовираната Платформа 1198 на ДПМНЕ е токму тоа, нови лажни ветувања.Се потврди дека ДПМНЕ нема план за иднината и дека оваа партија не може да донесе никаква промена.Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање 10 години назад со ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

,,СДСМ има јасен, конкретен и издржан план за иднината преточен во новата изборна програма.Еден од клучните столбови од планот на СДСМ за европска иднина на Македонија е европско образование, ао конкретни мерки и проекти за учениците.СДСМ гарантира безбедност и сигурност за учениците.Еден од проектите е бесплатен топол оброк за учениците во основните и средните училишта.Предвиден е и бесплатен јавен превоз за сите ученици и студенти.Децата се нашата иднина!Младите сакаат да живеат во европска Македонија, со европски стандард, европски вредности и начин на живот.Со СДСМ нема откажување од европскиот пат, нема откажување од иднината.", велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје

,,Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје.Откако ги изневерија граѓаните на Скопје, но и на 40 општини низ државата, ДПМНЕ сега излезе со нови лажни ветувања.Ништо од ветеното во Скопје не е реазлизирано.Ги нема новите 250 автобуси, нема бесплатен јавен превоз, нема нови паркови.Скопје денеска е запустен град, полн со нечистотија, со хаос во јавниот превоз, со јавни претпријатија во долгови.Граѓаните се изневерени, изборните ветувања неостварени.А, промовираната Платформа 1198 од минатиот век на ДПМНЕ е токму тоа, нови лажни ветувања.Се потврди дека ДПМНЕ нема план за иднината и дека оваа партија не може да донесе никаква промена.Со ДПМНЕ е можно само враќање назад, во изолација и безнадежност.", велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања