„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

СДСМ

maricic-2

Писмена реакција на СДСМ на соопштението на ДПМНЕ со навреди за Маричиќ

Писмена реакција на СДСМ на соопштението на ДПМНЕ со навреди за Маричиќ:„Примитивизмот на ДПМНЕ говори за нив и ја покажува нивната нервоза на почеток на кампањатаПримитивизмот на ДПМНЕ е за осуда но тоа говори за нив и нивната режимска матрица. А навредите кон секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и прв вицепремиер само ја покажува само нивната нервоза.Нервозни се затоа што немаат поддршка на митинзите, ниту успеаа да соберат потиси за Силјановска.Затоа што Мицкоски го загуби ТВ дуелот од Ковачевски.Затоа што немаат план за иднината на државата, немаат понуда пред граѓаните и се против Европската унија.Тоа е истата режимска, криминална партија од минатотот и вакви навреди може да очекува секој нивен политички противник.А Маричиќ е синоним за проверопски политичар.Изборот пред граѓаните на овие избори е јасен, надеж со СДСМ и безнадежност со ДПМНЕ“.

Македонија | пред 1 година

sdsm-56

Даштевски од ДИК на партиски документи на ДПМНЕ е потенцијално кривично дело, обвинува СДСМ

„Скандалот со лажните анкети од оперативниот план на ДПМНЕ, со вмешаност на државната телевизија, нејзиниот генерален директор, општините под капата на ДПМНЕ, отвора уште една димензија на злоупотреби“, вели СДСМ и додава:Во документите на ДПМНЕ меѓу задолжените лица за неопределени гласачи, обезбедување избирачки список е наведен претседателот на ДИК Александар Даштевски.Претседател на ДИК, според законските прописи не смее да учествува во партиски активности на која било партија.Соработка при предизборни активности на партија од страна на претседателот на ДИК е неспоива во неговата функција и улогата на државната изборна комисија при спроведување на фер и демократски избори.Ова е потенцијално кривично дело, што се заканува да фрли дамка на почетокот на изборен процес.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Николова: Даштевски од ДИК на партиски документи на ДПМНЕ е потенцијално кривично дело

,,Скандалот со лажните анкети и документите од оперативниот план на ДПМНЕ отвораат уште еден аспект, директно поврзан со изборниот процес.Претседателот на ДИК, Александар Даштевски е наведен како задолжено лице, заедно со други лица, за неопределени гласачи, обезбедување избирачки список.Согласно сите законски прописи, претседател на ДИК не може и не смее да учествува во партиски активности, а никако нема право да се меша во предизборни активности на било која партија.Ова е основано сомневање и за кривично дело.Очекуваме одговори од претседателот на ДИК, Александар Даштевски.”, изјави Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

kovacevski-koalicija-sdsm

СДСМ: Напади на новинари и злоупотреби на медиуми – тоа е вистинското лице на ВМРО ДПМНЕ

,,СДСМ го осудува нападот на новинарската екипа на ТВ 24 кој се случил за време на вчерашниот партиски митинг на ДПМНЕ. Тоа е недозволиво.За жал, нема никаква промена во ДПМНЕ. Нападите на новинарите и злоупотребите на медиумите го покажуваат вистинското лице на Мицкоски и неговата партија.Слободата на говорот за нив е мисловна именка.Напаѓаат и навредуваат новинари, монтираат анкети, јавниот сервис го користат како месен комитет на партијата - однесување препознатливо за мрачните времиња од владеењето на Груевски.Мицкоски секојдневно докажува дека е копија на неговиот ментор од Будимпешта.”, изјавија од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-pratenici-

СДСМ: Слаб митинг и агресивни пораки за прикривање на фактот дека Ковачевски доминираше на ТВ дуелот, а Мицкоски загуби

,,Слабиот митинг покажува дека ДПМНЕ нема поддршка меѓу граѓаните. И тоа се потврди уште кога не успеаа да соберат потписи за Силјановска.Слушнавме агресивни пораки од говорницата и лаги само за да го прикријат фактот дека претседателот Димитар Ковачевски доминираше на ТВ дуелот и дека Мицкоски загуби.Граѓаните не сакаат изолација и враќање назад, туку напредок и членство во ЕУ.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

kovacevski-koalicija-sdsm

СДСМ: Слаб митинг на ДПМНЕ и Силјановска, граѓаните не сакаат изолација туку членство во ЕУ

,,Слаб митинг на ДПМНЕ за Гордана Силјановска, опозициската партија не успеа ниту своите членови да ги собере во поголем број.Слабиот митинг покажува дека граѓаните не сакаат изолација, блокади и враќање назад, туку сакаат членство во ЕУ.Малата посетеност потврди дека Силјановска ја нема поддршката од граѓаните, што беше јасно уште кога ДПМНЕ не успеа да собере доволно валидни потписи за својата кандидатка.Граѓаните знаат дека Силјановска е само продолжена рака на ДПМНЕ, реприза на Ѓорѓе Иванов.На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, на граѓаните не им треба уште една катастрофа како во Скопје.Ниту ДПМНЕ, ниту Силјановска не можат да донесат промени на подобро.Граѓаните не сакаат изолација, туку членство во ЕУ.Затоа, граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_3324

Колева: Мора да има одговорност за скандалот со лажните анкети и системот на злоупотреби на ДПМНЕ

,,Скандалот со лажните анкети покажа дека постои спрега помеѓу ВМРО-ДПМНЕ, државната телевизија и општини под капата на оваа партија.ВМРО-ДПМНЕ ги применува истите форми на делување и злоупотребување на државните ресурси како и пропагнада од најславните денови на Никола Груевски.Тоа значи и еден систем на злоупотреби за кои мора да има одговорност и постапување од надлежните институции.Во документите од оперативен план на ДПМНЕ меѓу задолжените за креирање емисија два пати неделно со анализирање на анкети од ИПИС, со повикување аналитичари, со отворање дувла е наведен и директорот на националниот сервис.Националната телевизија МТВ е платена со пари од граѓаните и не смее да биде дел од партиски агенди и пропагандистички активности.За градоначалниците на ДПМНЕ пак е предивдена „обврска“ кон Владимир Божиновски.Затоа за овој скандал потребно е постапување на сите законски надлежни институции.Почитувани граѓани, ова е уште една потврда дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило.Тоа е истата партија која ја урна слободата, ја зароби државата и која повторно и повторно сака да го прави истото.Затоа продолжувањето по европскиот пат е многу важно за слободата. Не смееме да дозволиме враќање назад.Слободата, а пред се медиумската слобода, е основа за развој и напредок на државата. И токму затоа не смееме да дозволиме да ја изгубиме.На овие избори граѓаните треба да одлучат дали ќе дозволат враќање назад, новите фабрики на лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ да се институционализираат, а пропагандите да го поделат народот и да го држат во страв.Или да направиме нов чекор кон полноправно членство во ЕУ, кон врвна слобода и функционални институции.”, вели Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-141

СДСМ: Мора да има одговорност за скандалот со лажните анкети на МТВ нарачани од штабот ВМРО-ДПМНЕ

,,За скандалот со лажните анкети објавени на Националната телевизија МТВ а нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ мора да има одговорност.Постојан основани сомневања за бројни злоупотреби кои треба да ги истражат надлежни институции.Разтокриена е цела една шема, оперативен план подготвен од Републичкиот изборен штаб на ДПМНЕ, по насока на Извршниот комитет на партијата на седница одржана на 05.12.2023 година.Шема за пласирање лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите, а објавени на МТВ, за пласирање лажни вести, но и други активности.Во подрумите на Белата палата се договарале емисии за анализирање на анкети од ИПИС, се дефинирал составот на гостите на емисијата со 3 опозициски аналитичари дури имало и одговорен за ширење лажни вести преку т.н. „дувла“.За градоначалниците од ДПМНЕ предвидена е „обврска“ кон Владимир Божиновски.Ова е голем скандал кој освен злоупотребите покажува дека лажните анкети се нереални и служат за манипулација на граѓаните, дека во ДПМНЕ се уплашени и уште еднаш потврдува дека нема никаква промена во ДПМНЕ.Пропагандата, злоупотребите на медиумите, ширењето лажни вести и нарачаните лажни анекти, се истите методи на Никола Груевски сега ги спроведува Христијан Мицкоски.”, изјавија од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

kovacevski-

Ковачевски: СДСМ, Коалицијата за европска иднина и претседателот Пендаровски ќе обезбедат европска иднина за Македонија

„На денешнава дебата се виде разликата која се нуди на изборите. Тоа е една јасна визија и план за европска иднина која јас ја застапувам и коалицијата за европска Македонија и претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот „Дуел за Македонија“ на Канал 5 телевизија.Претседателот Ковачевски се осврна и на нејасната визија која на крај ќе заврши со изолација каква што земјата гледаше во текот на една декада во државата предводена од ВМРО – ДПМНЕ.Ковачевски посочи дека патот кон финално членство во ЕУ не е лесен, пат во кој ќе има многу работа, пат кој ќе треба да правиме многу реформи.„Јас лично сум подготвен ден и ноќ да работам и тие реформи да ги направиме, да и овозможиме на нашата држава да стане земја членка на ЕУ, не само заради членство, туку заради повисока економска благосостојба, подобро здравство, подобро образование, подобри услуги за граѓаните подобро владеење на правото и поголема борба против коруцпијата“, рече Ковачевски„Тоа нашите граѓаните го сакаат, го заслужуваат и тоа е она што јас, тоа е она што СДСМ, Коалицијата за европска иднина и претседателот Пендаровски ќе го направиме за нашите граѓани“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот „Дуел за Македонија“ на Канал 5 телевизија.

Македонија | пред 1 година

andrej-petrov

Петров: Неприфатливо е МТВ да биде партиска експозитура на ДПМНЕ

ДПМНЕ лиферуваат лажни анкети, коишто со документи им се пробиени, дека тоа го прават за да го креираат јавното мислење, истакна членот на ИО на СДСМ Андреј Петров, за „Слободен печат“.Петров нагласи дека тоа е таа матрица, која мора да се промени кај ДПМНЕ.МРТ во своето однесување е скандалозна и ако се потврдат наводите треба во моментов да повлече оставка на генералниот директор на МТВ, заради тоа што ставањето на националниот сервис, кој не постои од сега, кој бил еден од столбовите на македонската држава, во скутот на политичка партија е неприфатливо, истакна Петров.Тој потенцираше дека неприфатливо е националниот сервис да стане партиска експозитура и да биде во служба на политичка партија.Тие се плаќаат со пари од македонските даночни обврзници, и луѓето во националниот сервис не смеат да ги злоупотребуваат, водејќи конструирана политика на лажни кампањи, лажни анкети, со која сакаат, не да го оценат јавното мислење, туку да го креираат јавното мислење, бидејќи таа циркузијада, на секои два дена ќе излегуваме со анкета на националниот сервис е бедна, порача членот на ИО на СДСМ Андреј Петров.Во врска со претстојните претседателски избори, Петров истакна дека Пендаровски недвосмислено е на страната на евроатлантските интереси на државата и очекува убедлива победа на Пендаровски во вториот круг, по тесната разлика во првиот круг меѓу Пендаровски и Силјановска.На Македонија и треба претседател кој е чесен, кој ќе ги критикува и своите и кој нема да се кочи, оние од неговите редови кои не се однесуваат достоинствено, кои направиле криминал, кои што се однесуваат на начин кој не е добар и за граѓаните и за државата да ги санкционира и да ги критикува, а Стево Пендаровски е таков човек, порача членот на ИО на СДСМ Андреј Петров, за „Слободен печат“.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ

,,Голем скандал е на повидок. Се потврдува дека лажните анкети објавени на Националната телевизија МТВ се нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ.Станува збор за реализација на цела шема, оперативен план подготвен од Републичкиот изборен штаб на ДПМНЕ на 05.12.2023 година за пласирање на лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите, а објавени на МТВ, но и за други активности како пласирање лажни вести.Документите со потписи потврдуваат дека оперативниот план на ВМРО-ДПМНЕ го содржи она што и реално се случува.Предвидува креирање на емисија два пати неделно со анализирање на анкети од ИПИС на Владимир Божиновски, какви што веќе се емитуваа на МТВ. Дефиниран е и составот на гости во емисијата, да бидат аналитичари и тоа 3 опозициски и 1 од власта.ДПМНЕ има и одговорен и за ширење лажни вести а креираат и лажни вести преку „дувла“ кои ги објавуваат опозициски портали.Ова е голем скандал кој покажува дека лажните анкети се нереални и служат за манипулација на граѓаните а немаат врска со реалноста. Но исто така потврдува дека нема никаква промена во ДПМНЕ.Пропагандата, злоупотребите на медиумите, ширењето лажни вести и нарачаните лажни анекти се истите методи на Никола Груевски сега ги спроведува Христијан Мицкоски.Ништо не се менува во ДПМНЕ. За овој скандал мора да има одговорност.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

kovacevski-koalicija-sdsm

Ковачевски: Нема откажување, Европска Македонија ќе биде реалност

Одиме на победа! Со Стево, со вас и со мене, во 2028 година Македонија ќе ги заврши преговорите со ЕУ и сите вие овде ќе бидете горди што се биле дел од патот на Македонија кон поправедна, побогата, подемократска европска држава, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешната Конвенција на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во Скопје.Ковачевски ги повика граѓаните да излезат на изборите и да го поддржат претседателот Стево и Коалицијата за европска иднина.-Почитувани граѓани од сите делови на Македонија. Вечерва, тука од Скопје, ве повикувам сите да го поддржиме нашиот претседател Стево во првиот круг на 24 април и да покажеме дека Македонија сака лидер кој верува во европските вредности и во прогресивната иднина. А на 8-ми мај да ја прогласиме конечната победа за европска Македонија - победата на Стево Пендаровски, нашиот претседател, и победата на Коалицијата за европска иднина. Единствениот пат кој води од тука е до победа! Одиме на победа! Нема застанување додека не ја направиме Македонија дел од Европа. Нема откажување додека Европа не ја донесеме во Македонија! Нема откажување од иднината, рече Ковачевски.Вечерва со нас се нашите коалициски партнери кои ги споделуваат вредностите за економски напредок, слобода, правда, солидарност и еднаквост, сите тие застануваат и зад кандидатурата на Пендаровски, бидејќи знаат дека го имаме најдобриот кандидат за претседател, посочи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето.

Македонија | пред 1 година

IMG_3292

Петковски: Нови пукања и престрелки, ДПМНЕ ја влошува безбедноста на граѓаните

,,Секогаш кога ДПМНЕ е на чело на МВР се влошува безбедносната состојба во Македонија.Вчерашниот обид за убиство на градоначалник, со пукање, во кое се ранети две лица е последниот случај.Во само два месеци откако ДПМНЕ и Тошковски го водат МВР, се случи свирепо убиство на младо момче, убиства и пресметки на криминални групи, убиство на доктор, опожарени возила во Прилеп.Нема промени во ДПМНЕ.Како и за време на 11 годишното владеење на ДПМНЕ кога цветаше криминалот и корупцијата, кога имаше секојдневни тепачки во градските автобуси и кога МВР беше МВРО ставено во целосна услуга на Белата палата.Оддалечување од европскиот пат ќе значи нова неизвесност и несигурност.А граѓаните не сакаат неизвесност и несигурност, сакаат безбедни улици, сигурност и стабилност.Тоа е можно само со СДСМ и со полноправно членство во ЕУ.Затоа, глас за СДСМ и Коалициајата за европска иднина е глас за сигурност, безбедност и стабилност.”, вели Петар Петковски, потпретседател на СДММ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

СДСМ: Со ДПМНЕ на чело на МВР се влошува безбедносната состојба

,,Секогаш кога ДПМНЕ е на чело на МВР се влошува безбедносната состојба во Македонија.Во само два месеци откако ДПМНЕ и Тошковски го водат МВР, се случи свирепо убиство на младо момче, убиства и пресметки на криминални групи, опожарени возила и вчерашниот обид за убиство на градоначалник, со пукање, во кое се ранети две лица.Налик на 11 годишното владеење на ДПМНЕ кога стравувавме од секојдневни тепачки во градските автобуси, поттикнување на меѓуетничка нетрпеливост и кога МВР беше МВРО ставено во целосна услуга на Белата палата.Граѓаните не сакаат неизвесност и несигурност, сакаат безбедни улици, сигурност и стабилност.ДПМНЕ не се способни да ја гарантираат безбедноста и сигурноста на граѓаните.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

СДСМ: Бесплатен оброк и бесплатна екскурзија за учениците

,,Победничката „Програма за европска иднина“ на СДСМ за претстојните избори предвидува серија мерки за младите, за учениците, за унапредување на ученичкиот стандард.Бесплатен оброк се воведува за учениците во основните и средните училишта, по примерот на студентскиот оброк, кој го користат околу 29.000 студенти.Бесплатен јавен превоз се воведува за сите млади лица од прво одделение до дипломирањето.За подобрување на стандардот на учениците обезбедуваме ваучер „Среќен почеток“ во износ од 6.000 денари за секое прваче и 9.000 денари за секој нов средношколец.Во секоја учебна година сите ученици од сите општини ќе добијат училишен бонус од 3.000 денари за материјали и учебни помагала.Со новата програма се воведуваат и бесплатни едукативни екскурзии и тоа за петтооделенците бесплатна екскурзија за подобро запознавање на Македонија.Бесплатна екскурзија во деветто одделение, „Запознај го регионот“, со посети во сите соседни држави во регионот и градење на добрососедство.За матурантите се воведува бесплатна едукативна екскурзија во европските држави односно „Запознај ја Европската Унија“.Приоритет се сигурни и безбедни училишта и ученици, за што имаме мерки за превенција и санкционирање на врсничкото насилство.Младите се нашата иднина.Младите сакаат да живеат во европска Македонија, со европски стандард, европски вредности и начин на живот, кои ги носи „Програмата за европска иднина“ на СДСМ.”, изјавија од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања