„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

СДСМ

kovacevski-koalicija-sdsm

СДСМ: Глас за ДПМНЕ и Силјановска е глас за враќање назад и оддалечување од ЕУ

,,Гласот за ДПМНЕ и Силјановска на претстојните избори е глас за изолација и оддалечување од ЕУ.Во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата режимска партија со која е можно само враќање назад, во изолација и режим, далеку од ЕУ.Силјановска нема програма, нема понуда, ниту план за иднината. Силјановска е реприза на Ѓорѓе Иванов, партиски послушник, продолжена рака на Белата палата.Таа нема поддршка од граѓаните, што се потврди кога не успеа да собере доволно потписи за поднесување кандидатура за претседател.Граѓаните сакаат напред, сакаат членство во ЕУ, повисок животен стандард, поголеми плати и пензии, сакаат да живеат во европска Македонија.Затоа, на изборите ќе го дадат својот глас за европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

kovacevski-

Ковачевски: Рамазан Бајрам е празник на меѓусебна почит и разбирање, да продолжиме да градиме општество еднакво за сите

Претседтаелот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, упати честиткадо граѓаните од исламска вероисповед по повод големиот верски празник Рамазан Бајрам."На сите припадници на исламската вероисповед во нашата земја, им го честитам големиот празник Рамазан Бајрам.Во овие празнични денови, ви посакувам искрени желби за радост, спокој, благосостојба и духовна сила.Рамазан Бајрам е празник на меѓусебна почит, солидарност и разбирање.Токму врз овие вредности, ние заедно го градиме нашето општество кое е еднакво за сите и токму со оваа наша посебност ја интегрираме државата во големото европско семејство на народи и држави", стои во честитката на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Македонија | пред 1 година

sdsm-141

СДСМ: ДПМНЕ ја остави Универзална да се распаѓа, Скопје е пример за нивните нереализирани ветувања

,,ДПМНЕ ја остави Универзална сала да се распаѓа, иако беше започнат процесот за реконструкција од страна на претходната локална власт на СДСМ.Култниот објект и симбол на Скопје, две години го оставија на забот на времето, да пропаѓа и од внатре и од надвор, па дури и предавањето на реконструкцијата на Универзална сала на Министерството за култура им беше проблем.ДПМНЕ во програмата за локланите им вети на граѓаните реконструкција на Универзална сала, тоа не се случи.Тоа е уште едно неостварено ветување на неспособната локалната власт на ДПМНЕ и нивната градоначалничка во Скопје.Ветуваа модерно Скопје, а испорачаа хаотичен и нечист град, со нефункционални јавни претпријатија, потонати во долгови.Ветуваа бесплатен јавен превоз, па, за прв пат во историјата, ги оставија Скопјани без превоз.Го прекинаа започнатиот проект БРТ за еколошки превоз и ветија нови 250 нови автобуси, кои никаде ги нема, додека овие старите се проретчени и нередовни.Ветуваа мега паркови, а градот е нечист, депонии никнуваат насекаде.Скопје е пример како владее ДПМНЕ, Скопје е пример за нивните нереализирани ветувања.”, изјавија од СДСМ.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

СДСМ: Просечна пензија од 30 илјади денари вети неврохирургот Д-р Филипче во Радовиш

Носителот на листа на кандидати за пратеници од СДСМ и Kоалицијата за европска иднина во Изборна единица 4, д-р Венко Филипче вчера беше во Радовиш каде што оствари средби со пензионери и со лица со дијабетес со коишто разговараше за мерките предвидени во новата „Програма за европска иднина“.На средбата со пензионерите, д-р Филипче потсети на досегашните заложби на Владата предводена од СДСМ за подигнување на стандардот на пензионерите. Тој рече дека и во новата програма ниту пензионерите, ниту останатите социјално ранливи категории не се изоставени и истата предвидува низа мерки за унапредување на квалитетот на животот на пензионерите. Филипче потсети и на мерките кои ги реализирал тој како министер од кои пензионерите имале директен бенефит.„Целосно ги укинавме квотите за лековите на рецепти. Не така одамна беа времињата кога се трчаше од први до петти во месецот за да се земат лековите коишто после тоа се трошеа и немаше веќе лекови на рецепт. Целосно ја укинавме партиципација за пензионерите коишто имаат потпросечен пензија, а сега во новата програма ја укинуваме за буквално сите пациенти. Значи секој кој што оди на доктор од сега па натаму во следниот наш мандат нема да плаќа повеќе партиција од 20%“ - рече Филипче.Рој истакна дека должност на помладите генерации е да се грижат за повозрасните и како министер возрасните секогаш му биле приоритет.„Се грижиме за тие што се грижеа за нас и затоа сакам да ви порачам на сите пензионери овде во Радовиш, но и пошироко, дека гарантираме зголемување на минималната пензија до 20.000 денари и просечна пензија до 30.000 денари, како и усогласување на пензиите секој јануари и јуни“, објасни Филипче.Тој додаде дека покрај зголемувањето на редовните месечни пензионерски примања, пензионерите ќе добијат и дополнителни 6 илјади денари како новогодишен пакет на крајот на секоја година.На средбите со лицата со дијабетес, д-р Филипче информираше за плановите предвидени за оваа важна категорија на пациенти во насока на подигнување на квалитетот на нивниот живот преку подобрување на терапијата што ја добиваат.Филипче потсети дека во времето додека тој беше министер за здравство беа направени клучни промени во таа насока: укинување на паралелниот увоз на инсулин, набавка на три нови типови на инсулин, нов дијагностички центар за дијабетес на Клиниката за ендокринологија.„Ќе продолжам да се залагам терапијата за дијабетичарите да биде навремена и секому достапна, како што беше кога бев министер, тогаш и во најголемата здравствена криза, дијабетичарите не останаа без терапија и без ленти, игли или гликемери. Ќе се залагам за повторно организирање на јавни едукации и трибини во насока на подигнување на свеста за лицата со дијабетес“, рече Филипче.Ваквата непосредна комуникација, со сите граѓани, вклучително и со лицата со дијабетес и со нивните здруженија, ќе ја продолжам и во иднина, рече Филипче, со цел партнерски да креираме решенија што ќе значат подобрување на условите и квалитетот на животот на лицата и децата со дијабетес.

Македонија | пред 1 година

sdsm-pratenici-

СДСМ: Глас за Пендаровски и СДСМ е глас за европска иднина на државата

,,Ова се избори помеѓу надежта со СДСМ и безнадежноста со ДПМНЕ. Избори помеѓу светла иднина и враќање во мрачното минато!Гласот за СДСМ и за Стево Пендаровски е глас за европската иднина на државата, глас за членство во ЕУ, за слобода, демократија, европски животен стандард.Пендаровски е прогресивен политичар. Во досегашниот мандат покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани. Нема скандали, нема афери ниту случаи на било каква злоупотреба на позицијата.Тој ги дели европските вредности на СДСМ и ќе ѝ пружи значителна поддршка на новата влада на патот кон Европската Унија.Граѓаните добро знаат дека со нашиот претседател Пендаровски и со СДСМ нема откажување, нема враќање назад, дека ја имаме најдобрата опција за иднината на државата.Опција кој носи надеж, опција во која граѓаните имаат поголеми плати и пензии, подобар и подостоинствен живот за сите. Опција која сигурно, силно и одлучно гази на патот кон Европската Унија.”, изјавија од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

СДСМ: Глас за ДПМНЕ и Силјановска е глас за изолација и прекинување на патот кон ЕУ

,, Клучното прашање на овие избори е одлуката за европската иднина на државата.Овие денови се потврди, во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата режимска партија со која е можно само враќање назад.Гласот за ДПМНЕ и Силјановска е глас за изолација и прекинување на патот кон ЕУ.Силјановска нема програма, нема понуда, кампањата и ја води Мицкоски, со обвинувања, без план за иднината.Ова е уште една потврда дека Силјановска е реприза на Ѓорѓе Иванов, партиски послушник, продолжена рака на Белата палата.Силјановска нема поддршка од граѓаните, не успеа да собере 10.000 потписи за поднесување кандидатура за претседател.Граѓаните сакаат напред, сакаат членство во ЕУ.Затоа, на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.”, изјавија од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Николова: Со глас за европската коалиција граѓаните ќе спречат враќање на режимот на ДПМНЕ

,,Клучното прашање на овие избори е одлуката за европската иднина на државата.Овие денови се потврди, во ДПМНЕ нема никаква промена. Тоа е истата режимска партија од минатото, со која е можно само враќање назад во изолација.Нервозата во белата палата се манифестира со брутално апсење новинари и обид за замлчување и заплашување, исто како во мрачното време на режимот и ВМРО-МВРО.Пропагандата, злоупотребите на медиумите, пласирање лажни вести и нарачани анкети за манипулирање на граѓаните се добро познатите методи на Никола Груевски, кои сега ги спроведува Христијан Мицкоски.Со ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа.Тоа може да го спречат граѓаните на изборите на 24 април а потоа и на 8 ми мај.Со глас за Коалицијата за европска иднина и Стево Пендаровски граѓаните гласаат за членство во ЕУ, за слобода, демократија и европски животен стандард.”, изјави Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-56

СДСМ: Апсење новинари, лажни анкети, лажни вести, со ДПМНЕ е можно само враќање назад

,,Нема никаква промена во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија од минатото, со која е можно само враќање назад.ДПМНЕ за само два месеци на чело на МВР јасно покажа дека има намера да владее со сила, доколку ја добие власта.ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО, апси новинари во обид за замолчување и заплашување откако беше објавена афера за нарачани анкети и лажни вести.Нервозата во Белата палата на почеток на кампањата се манифестира, не само со примена на сила и обид за замолчување и заплашување новинари, туку и со лажни нарачани анкети и дебати, лажни вести.Пропагандата, злоупотребите на медиумите, пласирање лажни вести и нарачани анкети за манипулирање на граѓаните се добро познатите методи на Никола Груевски, кои сега ги спроведува Христијан Мицкоски.Со ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа.Тоа може да го спречат граѓаните, на изборите, со глас за членство во ЕУ, за слобода и демократија, за Коалицијата за европска иднина и глас за Стево Пендаровски.”, изјавија од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

kovacevski-koalicija-sdsm

СДСМ: Главното прашање на овие избори е европската иднина на државата

,,Главното прашање на овие избори е европската иднина на државата и на граѓаните.Прашањето е кој има визија за иднината, а кој продава магла и само крева раменици?Кој ќе обезбеди напредок кон членството во ЕУ, а кој ќе го закочи тој процес и ќе не врати 10 чекори назад во минатото?СДСМ има волја и знаење, конкретен план како да ја внесе државата во ЕУ до 2030 година.СДСМ ја внесе државата во НАТО, со новата Влада предводена од СДСМ, државата ќе го исполни деценискиот сон за членство во ЕУ.Граѓаните знаат дека со СДСМ нема откажување, нема враќање назад, знаат дека СДСМ е најдобрата опција за иднината на државата.Затоа на изборите ќе го дадат својот глас за СДСМ, за новата проевропска влада и за претседателот Стево Пендаровски.“, изјавија од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

СДСМ: Ново пукање во Чаир, ДПМНЕ е опасност по безбедноста на граѓаните

,, ДПМНЕ е опасност по безбедноста на граѓаните, закана за влошување на безбедносната состојба во државата.Новото пукање во Чаир во кое се ранети две лица е последен во низата инциденти, што се случија за два месеци откако ДПМНЕ е на чело на МВР.Откако ДПМНЕ и Тошковски го водат МВР, се случи и обид за убиство на градоначалник, свирепо убиство на младо момче, убиство на доктор, убиства и пресметки на криминални групи, опожарени возила во Прилеп.Нема никаква промена во ДПМНЕ. Тоа е истата партија како и за време на 11-годишното владеење, кога МВР, беше МВРО, во целосна функција на Белата палата.ДПМНЕ може да ја носи државата само назад, во неизвесност и несигруност.Граѓаните сакаат безбедност, сигурност и стабилност.Тоа е можно само со СДСМ и со полноправно членство во ЕУ.Затоа, глас за СДСМ и европската иднина е глас за сигурност, безбедност и стабилност.”, велат од СДСМ.

Скопје | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Со ДПМНЕ е можно враќање назад во режим и изолација

,,Со ДПМНЕ е можно само враќање назад во режим и изолација.ДПМНЕ за само два месеци на чело на МВР јасно покажа дека има намера со сила да владее, доколку ја добие власта.ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО и брутално го уапси новинарот Фуркан Салиу, во обид за замолчување и заплашување, откако објави афера директно поврзана со ДПМНЕ.Деновиве беше нападната и новинарска екипа на ТВ24 на партиски митинг на ДПМНЕ.Исто како во времето на режимот, ДПМНЕ напаѓаат и навредуваат новинари, монтираат анкети, јавниот сервис го користат како месен комитет на партијата, ја загрозуваат демократија, слободата на говорот.Нападите на новинарите и злоупотребите на медиумите го покажуваат вистинското лице на Мицкоски и неговата партија.ДПМНЕ, нема план, ни понуда за иднината, го блокира европскиот пат на државата.Од друга страна СДСМ има јасна визија и план за европска иднина, план за завршување на преговорите и членство во ЕУ до 2030 година.Граѓаните знаат дека гласот за СДСМ е глас за Европа, глас за слобода и демократија.”, изјавија од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

СДСМ го осудува овој недемократски чин и бара негово ослободување на Фуркан Салиу вели Каевски

„ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО на најбезобразен, брутален начин со апсење на новинарот Фуркан Салиу“, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ и додава:СДСМ го осудува овој недемократски чин и бара негово ослободување веднаш.На сите им е јасно дека ова е обид за замолчување и заплашување, откако новинарот објави афера директно поврзана со ДПМНЕ.На чело на СВР Скопје и ЕБР се новопоставени началници од страна на Тошковски.Значи началниците назначени од Тошковски и ДПМНЕ дале наредба за апсење на новинарот Салиу.Ова е загрозување на слободата, на демократијата, на слободата на говор, загарантирана со Устав.Директен, брутален притисок врз независните новинари, врз оние кои истражуваат и работата за јавниот интерес.За 7 години власт на СДСМ, не само што нема уапсен новинар, не само што претставките против новинари од функционери пред судовите се минато, туку Владата предводена од СДСМ донесе низа и законски решенија со кои се гарантира заштитата на новинарите.ДПМНЕ само за 2 месеци покажа како мисли да ја практикува власта доколку ја добие, со сила.Во демократска држава во април мириса на пролет а со ДПМНЕ на чело на МВР кај нас мириса на режим.Се уште се свежи сеќавањата за апсењето на новинарот Кежаровски.Ова значи дека нема никаква промена во ДПМНЕ. Тоа е истата режимска партија.Уште еднаш, СДСМ бара новинарот веднаш да биде ослободен. Заплашувањето и злоупотребата на МВР и другите институции под капата на ДПМНЕ мора да прекине.Заедно со граѓаните ќе направиме сѐ што е потребно Фуркан да може слободно и безбедно да ја кажува вистината и понатаму а полициската бруталност да биде спречена.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачевски: Просечна плата од 1100 евра и просечна пензија од 500 евра во новиот мандат на СДСМ, нема откажување од попросперитетна иднина

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска се сретна со граѓаните од општина Центар каде имаше прилика да поразговара со нив за многу важни прашања како што се животниот стандард, платите, пензиите, инфлацијата како и за досега сработеното од владите на СДСМ на овие теми, но и плановите за следниот мандат.На средбите со жителите на општина Центар, Ковачевски порача дека е потребно продолжувањето на добрите политики кои ги започна Владата предводена од СДСМ. Токму новата програма на СДСМ содржи комплетни мерки за поддршка за граѓаните преку поголеми плати и пензии, односно минимална плата од 600 евра и просечна плата од 1100 евра, но и минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари. Тоа се правилните насоки и затоа ни треба и продолжувањето на европскиот пат, потенцираше Ковачевски.По средбите со граѓаните претседателот Ковачевски, во изјава за медиумите посочи дека изминативе две години, со оглед на фактот дека тој ја имаше честа и одговорноста да ја предводи Владата во исклучително кризен период, дека тој најдобро знае што е она што граѓаните ги загрижува и што е она што граѓаните ги прави незадоволни, посочувајќи дека тој ја презема одговорноста за подобрување на состојбата и животниот стандард на граѓаните.„Јас бев премиер 2 години и ја преземам целата одговорност за тоа што ги мачи граѓаните. Иако, во текот на изминатите две години и во текот на изминатите седум години, донесовме навистина голем број на антикризни пакети на мерки, најголеми во регионот. Ги зголемивме пензиите за 50%, ги зголемивме просечните плати за 50%. Ја зголемивме неколкуратно минималната плата. Можам да замислам само како ќе им беше на граѓаните доколку во време на ваква криза, во време на војна на континентот, требаше да преживуваат со 8.000 денари плата минимална како што беше во времето на ВМРО – ДПМНЕ до 2016 година“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

ДПМНЕ нема план за иднината, изолирана е во својот став против ЕУ, обвини СДСМ

„Мицкоски и ДПМНЕ немаат план за иднината на државата и досега немаат ниту една порака за граѓаните во кампањата“, обвини СДСМ и додаде:Тоа е јасно како бел ден, особено по телевизискиот дуел во којшто Ковачевски доминираше, но и во јавните настапи.Тие би сакале изборот пред граѓаните да биде за ништо. Затоа фабрикуваат лажни информации, зборуваат за кампањата на СДСМ, испраќаат агресивни и празни пораки.Но ништо за нив и нивната понуда пред граѓаните немаат кажано.Почетокот на кампањата за претседателските избори потврди и дека ДПМНЕ остануваат изолирани во својот став против ЕУ.Дури и политичките партии од албанскиот опозициски блок одлуките за членство во ЕУ ги поставуваат како услов за коалицирање по изборите.Од друга страна СДСМ има јасна визија и план за европска иднина, план за завршување на преговорите и членство во ЕУ со 2030 година.Како и план за реализација на програмата за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, за просечна плата од 1.100 евра, минимална плата од 600 евра, минимална пензија од 20.000 денари, просечна пензија од 30.000, за реформи во правосудството и многу други мерки за граѓаните.Изборот пред граѓаните на овие избори е јасен, надеж со СДСМ и безнадежност со ДПМНЕ, европска интеграција со Ковачевски и Пендаровски или изолација со Мицкоски и Силјановска.

Македонија | пред 1 година

1-1

Мицкоски ја води кампањата на Силјановска, без план за иднината и без понуда пред граѓаните, вели СДСМ

„Мицкоски ја води кампањата на Силјановска и таа е целосно маргинализирана“, вели СДСМ и додава:Зборуваат дека ја ценат како почитувана професорка, а Гордана нема програма, нема понуда пред граѓаните а нема ниту кампања. Мицкоски и ја води кампањата, со обвинувања, без план за иднината и без понуда пред граѓаните.Ова е уште една потврда дека Силјановска е сосема под контрола на ДПМНЕ, реприза на Ѓорѓе Иванов.На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник.На граѓаните не им треба уште една катастрофа како во Скопје.Граѓаните не сакаат изолација, туку членство во ЕУ.Затоа, граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања