„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

сдсм

sdsm-45134

СДСМ инсталираше 600 мегавати од обновливи извори, се пофалија оттаму

„Успешните енергетски политики на СДСМ даваат резултати“, велат од СДСМ и додаваат:Во изминатите две години имаме најголемо инвестирање и најмногу обновливи извори на енергија кои што произведуваат електрична енергија.До 2016 година во време на владата на ДПМНЕ имало само 16 мегавати инсталирани обновливи извори на енергија.Само во изминатите две години во мандатот на СДСМ се исталирани 600 мегавати обновливи извори на енергија, кои може да снабдуваат околу 170 илјади домаќинства со струја.Одговорните енергетски политики на СДСМ, спроведувањето на енергетската транзиција доведоа до стабилност на цената на електричната енергија и враќање на евтината дневна тарифа на струјата за граѓаните.СДСМ продолжува со спроведување на енергетската транзиција и инвестиции во енергетиката, за ефикасен и одржлив енергетски сектор.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-22-at-09.22.11

СДСМ е најактивната партија во државата, ја пофали Ковачевски

„СДСМ е најактивната партија во државата и во моментов подготовките се одвиваат од страна на партиските органи и од страна на централниот штаб од сите аспекти на кампањата.“ посочи претседателот на СДСМ, Ковачевски во интервју за МИА.Тој во интервјуто се осврна на досегашните активности кои СДСМ ги имаше на терен изминатиов период, почнувајќи од декември 2022 година кога со кампањата „Силно и одлучно“ со граѓаните на терен се разговараше за она што го презема СДСМ и Владата предводена од СДСМ како економски мерки и за она што се презема во однос на обезбедување на европска иднина на државата преку отпочнување на преговорите со ЕУ.Претседателот Ковачевски говореше и за кампањите и директните средби со граѓаните на кои беа споделени и појаснети конкретно анти-кризните мерки кои Владата, предводена од СДСМ и Ковачевски како тогашен претседател на Владата ги преземаа во текот на најкризните месеци предизвикани од војната во Украина. Воедно ги истакна и дискусиите кои се организираа во соработка со невладиниот сектор и експертската јавност презентирајќи ги резултатите од сработеното во повеќе различни области особено во делот на социјалната правда и економијата, но и подготовките за новата програма за изборите во 2024 година.„Во текот на изминатите месеци, комисиите 18-те комисии на СДСМ беа екипирани со некаде околу 200 експерти, кои не се сите членови на партија но кои делат исти вредности со нас кои што работат на новата изборна програма, за изборите во 2024 година до 2028. Тоа е програма која ќе содржи комплетни мерки како што и содржеше и во 2020 година и програма која што ќе се грижи за економската благосостојба на граѓаните, за унапредување на општествените процеси како и за продолжување и заокружување на процесот на евроинтеграции.’ порача Ковачевски во интервјуто за МИА.

Македонија | пред 1 година

384754807_871472554341482_2138893706618634071_n

ДПМНЕ не може да испорача решение, го заглавува издавањето пасоши, вели СДСМ

„ДПМНЕ не може да испорача решение и со погрешни одлуки и несоодветни чекори го заглавува издавањето пасоши“, велат од СДСМ и додаваат:ДПМНЕ преку министерот во техничката Влада само ги компликува работите со личните документи.Наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши ДПМНЕ преку нивниот технчки министер го укина вадењето пасош без закажување, со што се пролонгира целиот процес со месеци.Иако Владата донесе одлука возачките и сообраќајните дозволи кои треба да се променат да бидат бесплатни, надлежното министерство доцни со реализацијата.Се уште има проблеми и со налепниците за регистарските таблички, МВР не ги доставува редовно и недостасуваат на станиците за технички преглед.ДПМНЕ, од Белиот дворец, со месеци тврдеа дека ќе го решеле проблемот со личните документи.Наместо решение ДПМНЕ, создава дополнителен хаос.

Македонија | пред 1 година

AHMETI-GRUBI-KOVACEVSKI-4

Предупредување: „СДС и ДУИ пред бегање сакаат да наполнат куфери со 9 милијарди денари од тендери во РЕК“

„Власта во заминување на СДС и ДУИ во последен момент преку два тендери од 9 милијарди денари во РЕК Битола, сака да ги наполни куферите и да бега“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Криминалната власт преку инкриминираните функционери сака да потпише годишен договор за набавка на увозен јаглен во вредност од 5 милијарди и 950 милиони денари.Дополнително се турка уште еден договор за ископ во РЕК Битола во висина од 3 милијарди денари, кој се мести за фирма сопственост на конзул на држава по санкции од ЕУ.СДС и ДУИ по ист систем како што испумпаа стотици милиони од РЕК Битола изминативе 6 ипол години сакаат да го доограбат народот.ВМРО-ДПМНЕ апелира до сите функционери во РЕК Битола и ЕСМ да не подлегнуваат на притисоците на врвот на СДС и ДУИ, зошто секое делче од оваа набавка ќе биде истражено веднаш по преземањето на власта и одговорност ќе има.Народот со право вели дека немаме држава, кога власта ја разграбува секоја институција или претпријатие. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.

Македонија | пред 1 година

lozarii

СДСМ се пофали дека обезбедила поголема поддршка за лозарите, поголеми откупни цени и поголем извоз

„СДСМ со голем број на мерки и активности за унапредување на производството на грозје и вино обезбеди поголема поддршка за лозарите, повисоки откупни цени и поголем извоз“, велат од партијата и додаваат:Успешноста на мерките се потврдува со фактот што Македонија стана број еден извозник на вино во регионот и 13-ти извозник на вино во светот.СДСМ за прв пат воведе грантови од 10.000 евра за поддршка за купување на опрема на малите производители на храна но и за малите семејни винарии, како и грантови од 5.000 евра за отворање на мали дестилерии.Како резултат на мерките во моментов има 255 регистрирани винарии за производство на вино што е рекорд во историјата на нашата држава во однос на организарано прозиводство на вино, откуп на грозјето и секако продажба на високо квалитетно вино на дома и во странство.Исполнето е ветувањето за авансна исплата на субвенциите.На крајот на минатата година 30% од основната субвенција е исплатена на производителите на вино, со што тие добија авансни 12.000 денари субвенција.На крајот на 2024 година лозарите ќе добијат повторно авансна исплата.Исполнето е уште едно ветување – оваа година подршката за набавка на зелена нафта се зголемува за 100% и таа ќе изнесува 9.600 денари по хектар лозов насад.Со новиот закон за вино лозарите добиваат гарантирана цена за откуп на грозјето, но и нова посебна програма за финансиска програма за поддршка и развој на лозарството и винарството.СДСМ продолжува со силна поддршка за лозарството и производството на вино, што е една од најзначајните гранки во нашата земја, со стратешка економска важност.

Македонија | пред 1 година

Kuzeska

СДСМ ги продолжува разговорите со Алијанса за Албанците, ќе се формира работна група

Изввршниот одбор на СДСМ на денешната седница разговараше за економските политики на владата, претаседавањето со ОБСЕ, текот на скрининг процесот со ЕУ и можноста за проширување на владиното парламентарно мнозинство, изјави Кузеска на прес-конференцијата по завршувањето на седницата на извршниот одбор на СДСМ.„Окрупнување на владиното мнозинство што значи приклучување на нов политчки субјект Алијанса за Албанците покрај постојните политчки партии.Ковачевски инфомриаше за разговорите со претседателот на Алијанса околу програмскиот дел за можна соработка. Заедничка оценка е дека Алијанса го поддржува концептот за европска Македонија а со тоа идиректно да придонесат кон остварувањето на стратешките национални и државни интереси за спроведување на реформите и сите потребни чекори за членство во ЕУ преку директно учествоИзвршниот одбор едногласно одлучи партијата да ги продолжи разговорите со Алијанса за Албанците врз основа на политички и програмски принципи. За понатамошните разговори, извршниот одбор одреди работна група во која покрај претседателот ќе учествуваат и генералниот секретар Миле Зечевиќ, членот на централниот одбор на СДСМ Љупчо Николовскикако и координаторот на пратеничката група во собранието Јован Митрески.Соработката со Алијанса ќе даде додадена вредност за граѓаните и државата особено во однос на унапредување на владеење на правото и борба против корупцијата, забрзан економски развој, зголемување на ефикасноста во собранието, справување со енергетската и економската криза, унапредување на добрососетските односи. Ова ќе значи зголемување на парламентарното мнозинство, тоа е чекор напред за проширување на сојузот заподдршка на членството во ЕУ“, вели Кузеска.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

За партиски настан заштита - за ученици евакуација: Полицијата преноќи пред салата за СДСМ да не се плаши од дојави за бомби

Партиската трибина на СДСМ поважна од учениците, училиштата, институциите, трговските, хотелите. Ваков впечаток ќе се добие ако се земе во предвид дека 24 часовно се обезбедува салата „Борис Трајковски“, каде треба да се одржи партискиот настан. Полицијата се одлучила на ваков чекор бидејќи вчера имаше дојава за бомба, но не се одлучи да постапува исто вака во ниту едно училиште каде и по 2-3 пати имаше дојави за бомби. Па така, спокојот и животите на присутните од партијата, очигледно се поважни, отколку спокојот на децата во улиштата, службениците во институциите, гостите во хотелите.За првпат, паркинзите околу спортскиот центар се затворени од вчера попладнето. И утрово, сликата е иста – полиција околу цела сала и на секој влез од паркинг просторот. За ова имаше коментари и на социјалните мрежи. Новинарот Кристијан Ландов напиша: „Се надминувате, ги надминувате“, асоцирајќи на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.„Јас не паметам дека имало случај кога сите паркинзи биле вон функција околу салата заради настан во салата. Е до толку е лошо“, додава тој.Коментар имаше и од новинарка. Таа под објавата напиша: „Ужаси... ги носевме децата на одбојкарски натпревар, не смеевме да паркираме ни близу. Мислев концерт некој има. Како не ми текна што била работата...“.„Скопје1“ одговори за ова побара и од МВР. Нив ги прашавме, зошто ваква заштита, со полициско обезбедување, немаат и училиштата, институциите, трговските, хотелите. Досега, не одговорија на прашањето. Нѐ интересираше и кој ќе го плати ова обезбедување на партискиот настан, но и зошто не се ангажирала приватна фирма за оваа намена туку тоа го прави полицијата – одново молк.Целта на ова обезбедување на салата е, доколку има дојава за бомба во текот на настанот, да нема потреба од евакуација.

Македонија | пред 3 години

mickoski-h-32

Мицкоски треба да се покрие од срам за катастрофата што му ја направија во Скопје, му порачаа од власта

„Христијан Мицкоски треба да се покрие од срам за катастрофата што му ја направија ВМОР-ДПМНЕ и Арсовска на Скопје“, вели СДСМ.Тие додаваат:Зарем мисли дека со измислици за тајни средби Мицкоски ќе се отргне од одговорноста за хасото во главниот град?Не ја чекаше Ковачевски со трубачи пред СДСМ туку Мицкоски и цело раководство на ВМРО-ДПМНЕ.Токму Мицкоски ја фалеше Арсовска, одеше по митинзи и ја промовираше дека ќе била најдобриот градоначалник на СкопјеМицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги собраа потписите за кандидатурата на Арсвоска и ги убедуваше скопјани да гласаат за неа.Токму Мицкоски ветуваше 100 нови електрични автобуси во Скопје, заедно со Арсовска ветуваа бесплатен превоз и модерно Скопје.И што направија, хаос во главниот град.Наместо бесплатен јавен превоз нема превоз, наместо електрични автобуси и тие што ги има не возат.Мицкоски треба да се покрие од срам за катастрофата што му ја направија во Скопје, тој, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска заедно.

Македонија | пред 3 години

1-3-1

Мицкоски да не бега, бара власта заедно со објаснување за фотографија

„Граѓаните очекуваат одговори од Мицкоски, да ја објасни својата поврзаност со претседателот на контроверзниот бугарски клуб во Охрид „Цар Борис Трети“. Лицемерниот Мицкоски да не бега туку да ги објасни сликите и да каже во какви релации е со претседателот на бугарскиот клуб“, вели СДСМ и прашува:Дали ги поврзува само членството во ВМРО-ДПМНЕ или има и нешто друго?ВМРО-ДПМНЕ е партија којашто е иделошки поклоник на луѓето што биле извршители на Третиот Рајх и во својот статут има континуитет со Ванчо Михајлов и Тодор Александров.СДСМ за разлика од ВМРО-ДПМНЕ секогаш била на вистинската страна на историјата.

Македонија | пред 3 години

1-3

Мицкоски да не се крие зад соопштенија, да каже која е неговата поврзаност со претседателот на здружението Цар Борис, вели власта

„Мицкоски да не се крие зад соопштенија, да каже која е неговата поврзаност со претседателот на здружението Цар Борис“, вели СДСМ и додаваат:Лицемерниот Христијан Мицкоски да не се крие зад соопштенија туку да излезе пред граѓаните и да им објасни што прави во друштво со претседателот на контроверзниот бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети“.Која е поврзаноста на Мицкоски со основачот на бугарскиот клуб? Дали ги поврзува само членството во ВМРО-ДПМНЕ или и други релации имаат?ВМРО-ДПМНЕ е партија којашто е иделошки поклоник на луѓето што биле извршители на Третиот Рајх и во својот статут има континуитет со Ванчо Михајлов и Тодор Александров.Лицемерниот Мицкоски нека излезе пред граѓаните и да одговори.

Македонија | пред 3 години

upad-2

(ВИДЕО) Каевски: Мицкоски струјата од неговите хидроцентрали да ја даде бесплатно на граѓаните

Бидејќи е познат по своите хидроцентрали за производство на струја, го повикуваме Христијан Мицкоски струјата да има ја даде бесплатно на граѓаните. На што личи тоа Мицкоски наутро да лаже на прес конференции а навачер да брои пари од високите фактури за струја од неговите хидроцентрали? Христијан Мицкоски е основач и сопственик на фирмата „Енерготек“ со која влегува во конзорциумот „Минка – Енерготек“. Во 2015 година од Владата на Груевски добива 33 илјади метри квадратни државно земјиште и гради хидроцентрали, изјави денес Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.- Еве ги документите кои го потврдуваат тоа. Мицкоски токму во тој период во истата таа Влада од која добива земјиште и концесија е советник за енергетика на неговиот шеф и ментор, тогаш премиер, Никола Груевски. Затоа и меѓу своите од ВМРО-ДПМНЕ го добил и надимакот Хидро Мицко.Во време на светска економска и енергетска криза, но и години претходно, Мицкоски го полнел џебот продавајќи електрична енергија од своите хидроцентрали. Ако е загрижен за струјата и стандардот на граѓаните, Мицкоски ќе ја отстапи бесплатно струјата од своите хидроцентрали за граѓаните - нагласи Каевски.

Македонија | пред 3 години

mickoski-miting-12

Мицкоски е докажан криминалец фатен со раце во медот, затоа ДПМНЕ фабрикува лаги за Ковачевски, смета власта

„Фатен со рацете во медот за тендер и провизии од 136 милиони евра, докажаниот криминалец Христијан Мицкоски не може да се помири со фактот дека претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски чесно и посветено работи за граѓаните и за државата“, вели СДСМ и додава:Затоа ВМРО-ДПМНЕ очајно се обидува да фабрикува лаги за Ковачевски и да пробува да ја манипулира јавноста.Издишан балон е фабрикуваната лага на ВМРО-ДПМНЕ.Уште пред две години, на 28.09.2020 година јавно е објавено дека Ковачевски не е дел од сопственичката структура на компанијата Пиксел Гроуп и не е сопственик.Дека станува збор за класична фабрикувана лага на ВМРО-ДПМНЕ се гледа од тоа што споменуваат државна помош за компаниите, којашто се однесува на сите компании кои ги исполниле условите.Мицкоски е толку очаен, особено откако беше поразен од Ковачевски на првото изборно соочување, што се обидува да извртува информации кои се јавно достапни.Додека чесниот Ковачевски вредно работи за граѓаните и за државата, шпицниот Мицкоски со ништо не може да прикрие дека е фатен во криминал.

Македонија | пред 3 години

7

Проектите во Скопје стојат заради бизнис интереси на ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски, вели Јанчева

„Цела година Скопје стои во место поради лични и бизнис интереси на шпицниот градоначалник и ВМРО-ДПМНЕ. По 11 месеци локална власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, повеќе од јасно е дека приоритет им биле тендерите и личните интереси, а решавањето на проблемите на граѓаните на последно место“, Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Град Скопје.Таа додава:Наместо за скопјани, се правеле планови за тендери, провизии, влијанија. На крајот кога очигледно не можеле да се договорот јавно се скараа.Резултат од нивните кавги се стопирани проекти и негрижа за скопјани.Проектот БРТ за брзиот автобуски транспорт во Скопје не се реализира, иако за него има одобрени средства.Недоправена стои Универзалната сала, иако за реконструкцијата има одобрено средства.Нема напредок ниту кај клучката во Момин Поток, не се гради мостот на Љубљанска, не е пуштен мостот што ги поврзува Аеродром и Керамидница, ниту улицата Есенинова.Заглавена е пречистителната станица за која во ВМРО-ДПМНЕ расправаат околу провизиите за тендерот во вредност од 136 милиони евра.Нема ниту нови автобуси, за кои Христијан Мицкоски како шпицен градоначалник јавно се пофати дека ги договарал.И ред други проекти и ветувања во Град Скопје стојат, се откажуваат и не се реализираат.Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа Арсовска, и ги собираше потписите, заедно тераа кампања и ветуваа проекти пред Скопјани.Сега ја знаеме причината зотшо ништо не е релиаизрано - локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ наместо да се занимава со решавање на проблемите на граѓаните, се занимава со тендери и лични интереси.Ги повикуваме Мицкоски и градоначалничката Арсовска да ги исполнат обврските што ги презеле пред граѓаните или да излезат и им се извинат за тоа што ги излажаа на локалните избори во 2021 година.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2021-10-01-at-11.20.55

Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска, открива СДСМ

„По меѓусебните обинувања за тендери, пари, влијание, неработа и криминал, кулминираше кавгата меѓу Христијан Мицкоски и Данела Арсовска“, вели СДСМ.Тие додаваат:Тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата помеѓу кадрите на Мицкоски.Сега Мицкоски пред граѓаните треба да каже, која е неговата улога во тендерот вреден 136 милиони евра за пречистителната станица?По една година од локалните избори се покажа вистинското лице на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во Скопје како и во општините на главниот град.Наместо да работат за граѓаните, за скопјани, за развојот на градот, тие се скараа за тендери и провизии.Сите надлежни институции да ги истражат сомнежите за криминал и да следува одговорност, а градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да се фатат за работа во интерес на граѓаните, кои од нив очекуваат решенија и развој, а не кавги и препукувања.

Македонија | пред 3 години

stoilkovski-i-kaevski-960x552-1

Референдумот нема да успее и тој е против македонскиот јазик, најави Каевски

„Со државнички политики направивме историски исчекор во остварување на стратешката цел поставена уште од независноста: започнавме преговори за полноправно членство во ЕУ. Се одржа и првата Меѓувладина конференција, подготвена е структурата за преговори за пристапување со ЕУ. Нашата цел е до 2030 година да ги завршиме преговорите. Она што е исклучително важно е дека ги започнавме преговорите со ЕУ, со заштитен македонски идентитет, македонски јазик и посебност. Тоа е потврдено на официјалните канали на ЕУ, каде јасно стои македонскиот јазик, како и во изјавите на сите високи претставници од Унијата“, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.Тој додава:Пропаднаа буквално сите лаги на Мицкоски. Не само што нема ниту бугаризација, ниту асимилација, туку почеток на преговори со заштитен македонски идентитет и јазик.Откако му пропаднаа сите лаги и обиди за дестабилизација, за блокирање на европската иднина на државата Мицкоски измислува нови форми за нови блокади.Оваа иницијатива на Микоски е Референдум против членство во ЕУ, против македонскиот идентитет и македонскиот јазик.Иницијатива за негова внатрешна употреба, која нема поддршка од граѓаните, нема поддршка од опозициските партии и нема да успее.Иако Договорот е ратификуван пред 4 години Мицкоски дури сега го прави овој очаен чекор затоа што му се тресе фотелјата во ВМРО-ДПМНЕ.Колку е очаен и лицемерен покажува фактот што токму Христијан Мицкоски го поддржа Договорот со Бугарија на средба со поранешниот премиер Борисов, и тоа на чист бугарски јазик.Мицкоски бараше референдум и за Преспнаскиот договор, потоа го бојкотираше и на крај рече дека го прифаќа. Иако и за овој договор лажеше дека ќе го загрози идентитетот што се покажа дека не е така.Почитувани, два политички концепти има во нашата земја.Едниот, мозински, предводен од СДСМ и коалицијата којшто е за членство во ЕУ и вториот, на актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица којшто е против Европската унија.Проевропскиот политички концепт носи напредок, интеграција, економски развој а антиевропскиот: блокади, тензии, деструкции и враќање назад.Заедно со граѓаните, европската коалиција нема да дозволи државата да застане ниту да се врати назад. Мицкоски не може да ја спречи европската иднина.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања