„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

сдсм

Нема фотографија

Се случуваат убиства, а нема разрешница, се жали СДСМ

„Се случуваат убиства, а нема разрешница, некадарност на ДПМНЕ или вмешување во бизнисот со дрога?“, вели СДСМ и додава:Во еден ден во Скопје се случи убиство, а потоа беше запален и кафе бар.Нема разрешница за настаните, кои според првичните информации од медиумите се криминална пресметка на лица од подземјето.ДПМНЕ и министерот Тошковски немаат капацитет да го расчистат случајот.Министерот и началникот на СВР Скопје кои Мицкоски ги постави покажуваат голема некадарност во водењето на МВР.Безбедносна на граѓаните се загрозува поради нивната некадарност.Но, овој случај открива и подлабоки сомневања.Дали се работи само неспособност на кадрите на Мицкоски во МВР или структури блиски на ДПМНЕ се обидуваат да се вмешаат во нелегалните бизниси со дрога?

Македонија | пред 1 година

384754836_871472544341483_1508962166847449224_n

ДПМНЕ да ги поддржи законите за намалување на платите на функционерите, повика СДСМ

„ДПМНЕ да ги поддржи измените во законите, за намалување на платите на сите избрани и именувани функционери“, повика СДСМ и додаде:Измените во шест закони, по скратена постапка, ги предложи пратеничката група на СДСМТие предвидуваат намалување на постоечките коефициенти на плати со што платите на сите избрани и именувани функционери нема да пораснат.Бидејќи Уставниот суд ја укина фиксната основица, ова е единственото уставно решение.Со овие законски измени се опфатени пратеници, министри, директори, градоначалници, судии, обвинители, сите избрани и именувани лица или околу 1.060 лица.Парите наместо за поголеми плати на функционерите да завршат кај граѓаните.Со СДСМ во изминатите години растат платите и пензиите, повеќе пари завршуваат кај граѓаните.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

Нема збор кој може да опише колку во СДС немаат интелигенција, слободно може да поднесат апликација за Гинис, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Нема збор кој може да опише колку во СДС немаат интелигенција, слободно може да поднесат апликација за Гинис“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:„СДС го потпиша договорот за промена на името, ги смени сите закони, веруваше експресно членство во ЕУ. Резултатот 5 години потоа, никогаш не сме било подалеку од ЕУ.СДС само штета прави за државата.Исто како за промената на името, сега прави и за промената на уставот.Нема позиција на државата која не ја уништија, и нема ниво кое не го пробија.Со СДС и ДУИ сме на врвот на листите на мизерија, пред нас се држави како Алжир, Тунис и Нигерија. Со СДС и ДУИ се пука по улици, и нема одговорност за убиства. Со СДС и ДУИ се крадат десетици милиони од РЕК.Партијата која Каевски го направи милионер ставајќи го пратеник ја уништи Македонија. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“.

Македонија | пред 1 година

darko-kaevski

Каевски: Мицковски велеше дека додека е жив нема да го признае Преспанскиот договор, а сега нивниот министер казнува зошто не се сменети документите

Мицковски велеше дека додека е жив нема да го признае Преспанскиот договор, а сега пак нивниот министер реагира дека ќе ги казнувал граѓаните зошто не се сменети на време документите со новото уставно име на државата и кажува дека со Преспанскиот договор веќе ништо не може да се смени, рече пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски во утринската емисија 24 Вести потенцирајќи го политичкото лицемерие на ДПМНЕ.-Лицемерно се кога сте во опозиција да зборувате едно, а кога се на власт да правите друго. ДПМНЕ нема капацитет да коалицира со никого. Мицковски, вика дајте ни власт па ќе ви кажам како ќе ја водиме државата. Нивниот технички министер, Тошковски пред да влезе во Влада викаше ќе биде приорите да се средат патните исправи, а кога дојде на власт, само ја усложни работата. Ги укина шалтери за сликање, телефоните не функционираат и пак го пак го вратија она нивното ВМРО-МВРО, а тоа најмногу се покажа кога обезбедувањето на Мицковски реши да спречи акција поврзана со дрога во локалите, рече Каевски.Тој потенцираше дека најголем парадокс на ДПМНЕ е кривичната пријава затоа што некој дал исправа со старото име, и тоа од паријата која најавуваше дека ќе го укине Преспанскиот договор.- За ДПМНЕ едно е јасно. Лицемерие и лага. Едно прават сабајле, друго вечер, рече Каевски.СДСМ со своите коалициони партнери и мисли добро на државата и секогаш имале принципиелен став.Во однос на претседателскиот кандидат предложен од СДСМ, Каевски речедека организациите заседаваа и решија да му дадат поддршка на актуелниот претседател Стево Пендаровски за нов мандат. Ќе следува конгрес на 3. март, па потоа ќе се соберат и потребните граѓански потписи.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-26-at-13.16.41

Пратеничка на СДСМ се пожали: ДПМНЕ блокира грант од 14 милиони евра, ја кочи реализацијата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка

„Пратениците од опозициската ДПМНЕ блокираат закони кои се од интерес на граѓаните и го кочат развојот на земјата“, вели Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ и додава:„Претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ не го става на дневен ред на комисија Предлог на законот за гаранција по Договорот за заем за дополнително финансирање на проектот за надградба и развој на патишта.Овој Закон е поднесен до Собранието уште во декември со изгласана потребата од негово носење.ДПМНЕ на овој начин ја кочи реализацијата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка кој претставува значаен капитален проект за североистокот и за целата држава во целост.ДПМНЕ бојкотираат грант во висина од 14 милиони евра обезбедени со овој пакет од Светска Банка, средства кои треба да се искористат за довршување на патот.Изградбата на патот во предвидените рокови е од исклучителна важност за развој на регионот, развој на транспортот и поврзувањата кон Европа и светот и ја претставува главната артерија на извозот на домашното производство.ВМРО-ДПМНЕ во отсуство на конкретна понуда за програмски развој на државата се служи само со блокади.Свесни за фактот дека сите процедури за добивањето на заемот се поминати во рамки на организациските тела на Светска Банка повторно се служат со неприфатливи алатки кои носат штета на економијата и државата.Законот навремено е доставен во собранието, но истиот свесно и испланирано не се наоѓа на дневниот ред на Комисијата за финансирање и буџет.Со неносењето на овој закон се прави штета по буџетот на државата која ќе падне на грбот на граѓаните и даночните обврзници кои ќе мора да плаќаат пенали поради неисполнување на обврските од договрот со Светска Банка.Јавно го повикувамe Претседателот на комисијата за финансирање и буџет во рамки на Собранието ургентно, уште денес да ја свика комисијата и да го разгледа предлог законот за истиот што поскоро да биде изгласан од страна на пратениците во Парламентот во интерес на граѓаните и државата“.

Македонија | пред 1 година

384754836_871472544341483_1508962166847449224_n

СДСМ очекува нов мандат, па се пофали: Ќе ви донесеме над 1.000 евра просечна плата

„Над 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра во новиот мандат на СДСМ“, вели СДСМ и додава:Просечната плата СДСМ ја покачи на историски највисоко ниво од 40.000 денари или 650 евра!Не само што го исполнивме изборното ветување пред граѓаните за 500 евра просечна плата туку и го надминавме на 650 евра.Поголеми плати значат повеќе пари во џебот на граѓаните, повисок и подобар животен стандард.Затоа СДСМ и во новиот мандат, во новата програма продолжува со политиките на зголемување на платите.Ќе работиме да дојдеме до над 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра.Со правилни политики ова е достижно, затоа што ние покажавме дека овие историски највисоки нивоа кои денес ги имаме, се исто така достижни.

Македонија | пред 1 година

IMG_1662

Лукаревска: Поголеми плати и продолжување на концептот за повеќе пари кај граѓаните и во новата програма на СДСМ

СДСМ ќе продолжи со политиките за враќање на парите назад кај граѓаните, за повисок животен стандард за што имаме разновидни мерки и политики и во новата програмска понуда, во новата програма на партијата, рече заменик претседателката Сања Лукаревска, во емисијата „Агенда 35“ на МТВ.-Горда сум што политиките на СДСМ, зголемената просечна плата, зголемената минимална плата, пензиите, огромниот број на мерки што ги имавме, дадоа резултат и успеавме да обезбедиме и успешното справување со енергетската и корона кризата. Можам да кажам дека ќе продолжиме со политиките за враќање на парите назад кај граѓаните, за повисок животен стандард за што имаме разновидни мерки и политики. Сите овие мерки во дослух со граѓаните, коморите, синдикатите, рече Лукаревска, во емисијата „Агенда 35“ на МТВ.Се боревме да ја намалиме невработеноста на најниско ниво и успеавме, се боревме да ја зголемиме невработеноста и тоа успеавме да го направиме, имаме огромни пакети и во време на криза го положивме тестот, го заштитивме стандардот на граѓани, додаде Лукаревска.Во делот на даночните политики Лукаревска рече дека СДСМ ќе се стреми и понатаму да обезбеди извесност, стабилност и предвидливост на даночниот систем, затоа што тоа не е инструмент на политичките партии туку е потребен поширок консензус.-Нема да зголемуваме даночни стапки, ниту придонеси, ќе разговараме за даночни ослободувања за да им овозможиме одредени олеснувања на граѓаните. Дигитализацијата е исто така многу значајна за поразвиен даночен систем, во оваа насока ќе ги споменам е фактура и е фискализација но имаме и нови мерки кои значат подобар стандард на граѓаните, рече Лукаревска.Како заменик претседателка јас сум задолжена за новата програмска понуда на СДСМ, заедно со еден прекрасен тим на луѓе и можам да кажам дека програмата е веќе подготвена. Во изработката беа вклучени сите партиски комисии, поединци, чинители и претставници на невладини организации, различни целни групи кои ги консултиравме. Изборната програма СДСМ ја промовира на Конгресот кога ќе бидат претставени и пратеничките листи, наведе Лукаревска во емисијата „Агенда 35“ на МТВ .

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-22-at-18.57.03

СДСМ му се спротистави на Ахмети

СДСМ останува на ставот Претседателот на државата да се бира на непосредни избори, откако лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кажа дека тие ќе бараат претседател да се бара во Собрание со 80 гласа и Бадентер.„Идејата на дел од партиите која овие денови се реактулизира Претседателот на државата да се избира во Собранието не е нова.Станува збор за реафирмирање на барањето на ДУИ од 2019 година коешто не беше прифатено од страна на СДСМ.Како и тогаш така и сега, ставот на Социјалдмократскиот сојуз на Македонија останува идентитечен: моделот на избор на претседател на државата не треба да се менува.Не треба да се оди назад во демократските процеси.СДСМ останува на ставот дека Претседателот на државата треба да го бираат граѓаните на директни, непосредни избори како врвно демократско право на граѓаните.Претседателот на државата треба да биде претставник не само на мнозинската волја на граѓаните туку и на сите граѓани, без разлика на нивната политичка, етничка или друга припадност.Претседателот на државата е човек кој е над партиските и над етничките определби, ги претставува сите граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, Власи, сите.Само Претседател избран директно од страна на граѓаните има толку широк потенцијал, да може да делува во обединување на општественото, на граѓаните, на партиите и да допринесе за остварување на врвните стратешки и национални цели“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

СДС се пред нокдаун, ќе доживеат катастрофален пораз на 8 мај и на претседателските избори, вели Пренџов

Во вечерашната емисија „За или против“ на Алфа ТВ гостуваше пратеникот Љупчо Пренџов кој што истакна дека СДС се пред нокдаун и ќе ги изгубат изборите бидејќи 7 години ја тероризираа македонската јавност и уназадија многу процеси а дополнително се обидуваат и да имаат целосна контрола на судството и обвинителството.„Во однос на апанажата, кога вашите членови, симпатизери, луѓето кои што се сега на некоја функција во СДС или луѓе кои што се надеваат дека ќе бидат на некоја функција после изборите, им ја праќате пораката дека „Јас и Оливер се обезбедивме“ а за вас ќе видиме што ќе правите следната година, јасно им е на сите дека СДС е пред нокдаун, на 8 мај а претходно на претседателските избори, тие повеќе и не го кријат тоа со вакви потези, бидејќи ова се потези кои што праќаат многу силна порака пред се во нивната партија и нивното членство каде што практично се крева едно бело знаме и се гледа само за себе и така е обично кога се губат изборите. Ова нема да биде обично губење на изборите ова ќе биде катастрофално губење на изборите и тоа ќе биде заслужено бидејќи сите овие седум години на еден или на друг начин ја тероризира македонската јавност, тероризираа целни групи уназадија многу процеси. Тие мислеа дека граѓаните може да ги лажат цело време со пи-ар, едноставно беа од лепени од реалноста од лепени од реалните проблеми немаа желба за работа да ги решаваат проблемите што се случуваа во државата. Сега граѓаните на 8 мај ќе им ја испорачаат сметката за сето она што се случуваше изминатиот период а нивната апанажа е законско право но пораката е секако многу силна што ја праќаат пред се кон нивните членови“, истакна Пренџов.Пренџов посочи дека во изминатите 30 години ниту еден министер или директор од СДС не одговарал и покрај многуте криминали и афери, и нагласи дека и ден денес СДС се обидува да го контролира судството и обвинителството.„Суштината за која што власта не сака да зборуваме е во тоа што тие сакаат да имаат и во следните 10 години целосна контрола во обвинителството и во судството во државата. Од 90- тите кога СДС бил на власт кога се бирале по 500 судии во еден ден во собранието преку вакви судски совети кои што ги правата сега, и денеска пред заминување од власт тие практично цело време го контролираат судството. Ја видовме цела приватизација која што беше пари, многу останаа без работа повторно дојдоа на власт 2002, 2006, повторно имаше криминал афери кажете ми еден министер на СДС што одговарал од 1992 година до денеска. Ние не знаеме за ниту еден директори за нито една голема афера да некој одговарал од СДС во овие 30 години. Никој не одговарал за ништо затоа што од 92 до ден денешен со овој закон и во следниот период ќе се обидат да имаат целосна контрола на судството и обвинителството“, нагласи Пренџов.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-28-at-12.34.23

Наместо да ги намалат, СДСМ ќе менува закони за да пак не се зголемат платите на функционерите

Наместо намалување на веќе покачените плати на функционерите, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека платите нема дополнително да се зголемат. По неколку месеци откако со укинување на одлука од страна на Уставен суд, тие земаат за 78% поголеми плати, Ковачевски најавува дека СДСМ ќе бара менување на закони за да платите на функционерите дополнително не се зголемат со растот на минималната плата.„Постоечките коефициенти ќе бидат намалени, а платите на израните и именуваните функционери нема да пораснат“, вели Ковачевски.Претходно, Ковачевски како премиер кажа дека имало 7 закони за менување. И овие закони не беа променети. Со месеци, функционерите земаат драстично поголеми плати, кои се мерат во илјадници евра. За ова се трошат 15 милиони евра на годишно ниво.

Македонија | пред 1 година

384725025_871477054341032_8131671961745468377_n

Пратениците на ДПМНЕ блокираат закони за вработените во МВР, обвини СДСМ

„Додека надвор од Собранието обезбедувањето на Мицкоски тепа полицајци, внатре, пратениците на ДПМНЕ блокираат закони со кои се овозможува решавање на станбените прашања за вработните во МВР и безбедносните служби“, вели СДСМ и додава:ДПМНЕ го блокира Законот за продажба на станови во државна сопственост доделени на користење на вработените во Министерството за внатрешни работи и безбедносните служби.Иако овој закон е пуштен во собраниска процедура уште на 06.07.2021 година, блокиран е во Комисијата за финансирање и буџет, од страна на претседателот на комисијата од ДПМНЕ Бојан Стојановски.Со овој закон се дава можност државните станови доделени на користење на лица кои се вработени во МВР и безбедносно-разузнавачките служби, како и на лица кои стекнале право на пензија во МВР, да ги откупат и трајно да го решат своето станбено прашање.ДПМНЕ во македонското Собрание со активна блокада работи против интересот на граѓаните и против интересите на вработените во МВР.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

СДСМ ги обвини ВМРО-ДПМНЕ за проблемите со пасошите

„ДПМНЕ целосно го заглавува процесот за издавање пасоши и ги манипулира граѓаните дека со закон може да се сменат обврските од меѓународен договор“, велат од СДСМ и додаваат:ДПМНЕ преку министерот во техничката Влада само ги компликува работите со личните документи и со погрешни одлуки и несоодветни чекори го заглавува издавањето пасоши.Наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши ДПМНЕ преку нивниот технчки министер го укина вадењето пасош без закажување, со што се пролонгира целиот процес со месеци.ДПМНЕ, од Белиот дворец, со месеци тврдеа дека ќе го решеле проблемот со личните документи.ДПМНЕ не може да испорача решение и создава дополнителен хаос со издавањето пасоши.

Македонија | пред 1 година

vmro_dpmne

Многу скандали со дрога се поврзуваат со ДПМНЕ и Белата палата, вели СДСМ

„Околу Мицкоски постојано има луѓе поврзани со скандали со дрога“, смета СДСМ и додава:Скандалот со шефот на обезбедувањето на Мицкоски со тепање полицајци и попречување акција против дрога не е прв ваков случај.Околу Мицкоски постојано има луѓе поврзани со скандали со дрога.Пред неколку месеци претседателот на ДПМНЕ Христијан Мицкоски и неговиот близок соработник Антонијо Милошоски седеа на иста маса, во друштво со М.А. од Грчец фатен со 32 килограми дрога.Мицкоски беше во друштво со дилер на дрога и оружје од Струга, приведен на 24.11.2023, како дел од организирана криминална група, која се занимавала со недозволена трговија.Професор во музичко училиште и претседател на ОК-ДПМНЕ неодамна е фатен како конзумира кокаин.Наставничка во училиште во Ново Лисиче, претставник на ДПМНЕ во изборната комисија во Аеродром е уапсена за дилање дрога.Телохранителот на Мицковски, Б.И физички нападна полицаец за да спречи акција за откривање на дрога во познат скопски локал.Многу скандали со дрога се поврзуваат со ДПМНЕ и Белата палата.

Македонија | пред 1 година

384754807_871472554341482_2138893706618634071_n

Јавноста чека одговори по скандалот со тепање полицајци и попречување акција против дрога, вели СДСМ

„Тепање полицајци и попречување акција против дрога, МВР да одговори каква е улогата на Мицкоски?“, велат од СДСМ и додаваат:Јавноста чека одговори по скандалот со тепање полицајци и попречување акција против дрога.Дали структурите на ДПМНЕ во ВМРО-МВРО, сега откако имаат министер, ја попречуваат борбата против дилерите со дрога?Шефот на обезбедувањето на Мицкоски тепал полицаец, инспектор, кој си ја вршел својата работа и спроведувал акција против дрога во кафе бар во Скопје.Овој скандал мора целосно да биде расчистен.Институциите мораат да постапат и секој инволвиран да понесе одговорност.

Македонија | пред 1 година

IMG_3231

Скандалот со шефот на обезбедувањето на Христијан Мицкоски со тепање полицајци, отвора многу дилеми, вели СДСМ

„МВР да одговори каква е улогата на Мицкоски во спречувањето на акцијата против дрога?“, бара СДСМ и додава:Скандалот со шефот на обезбедувањето на Христијан Мицкоски со тепање полицајци, отвора многу дилеми за улогата на Мицкоски и МВРО – ВМРО.Едно е тепањето на полицаецот кој си ја вршел својата работа. Шефот на обезбедувањето на Мицкоски удри по инспектор кој спроведувал акција против дрога во кафе бар во Скопје, што го покажува вистинското, насилничко и криминално лице на ДПМНЕ.Второ е дали структурите на ДПМНЕ во ВМРО-МВРО, сега откако имаат министер, ја попречуваат борбата против дилерите со дрога?МВР да одговори каква е улогата на Мицкоски во спречувањето на акцијата против дрога?А Мицкоски да излезе пред граѓаните и да објасни.Овој скандал мора да биде расчистен целосно.Институциите мораат да постапат и секој инволвиран да понесе одговорност.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања