„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

СДСМ

sdsm-koalicija

СДСМ: Европски систем за правда и целосен ветинг во новиот мандат

,,Клучна определба во новиот мандат на СДСМ е европски систем на правда и целосен ветинг.Никој, ниту еден функционер, директор, пратеник, раководител нема да биде поштеден без разлика од која политичка партија доаѓа.Нѐ очекуваат сериозни реформи во судството, од ветинг на судии и јавни обвинители до проверка на потеклото на имотот на сите функционери, без исклучок.Европската иднина значи европски правила, почитување на европските вредности, носи европски систем на правда, одлучна, бескомпромисна борба со корупцијата на сите нивоа.Нема откажување од европската иднина.", изјавија од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Колева: Дали Николоски раководи и посредува во финансирање на мрежата медиуми за лажни вести?

,,Од денес, па се до парламентарните избори, граѓаните ќе ги запознаеме со ликот и делото на Александар Николоски, носител на листата во изборна единица 4 на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните имаат право да го знаат неговото вистинско лице кој ќе биде на избирачкото ливче и која е неговата вистинска улога во политиката.Николоски кој сака постојано да прашува, а да не понуди одговори, ниту докази за ништо од неговите лаги и манипулации, конечно ќе мора да даде одговори.Александар Николоски е човек кој преку 20 години во политиката живее на грбот на граѓаните, никогаш ништо не работел, туку живее од даноците на граѓаните. Како политичар и ништо друго, Николоски во ВМРО-ДПМНЕ е задолжен за креирање лажни афери, лажни вести и пласирање невистини со кои сака постајно да прави конфузија во јавноста. Токму затоа, Николоски е најдемантираниот политичар во историјата на државата. Него го имаат демантирано домашни институции, странски држави и верувале или не Обединетите Нации.Станува збор за човек кој што што и да каже јавно – тој кажува лаги. На човек како Николоски воопшто не може да му се верува, затоа што едноставно тој нема друга улога во политиката и партијата освен да манипулира и лаже во интерес на ВМРО-ДПМНЕ.Неговата улога за дежурен манипулатор, очигледно не ја добил случајно.Затоа денес ќе му поставиме неколку прашања на кои ќе мора да одговори и да се дознае вистината за мрежата која стои зад постојано лажење и плашење на граѓаните за политичка корист на ВМРО-ДПМНЕ.Го прашуваме Александар Николоски:Дали тој лично стои позади целата пропагнда на ВМРО-ДПМНЕ платена од унгарски извори? Дали Николоски раководи и посредува во финансирање на мрежата медиуми кои постојано шират дезинформации во државата?Дали Николоски, кој важи за близок човек со Синиша Алексоски, фамозниот разузнавач на Ѓорѓе Иванов, ја води мрежата на ботови на социјалните мрежи кои стојат зад постојано тероризирање на граѓаните на интернет и ширење страв и паника во криза? Дали тој е креаторот на организирани напади за омаловажување и онлајн булинг на оние кои не мислат исто како него и ВМРО-ДПМНЕ?Дали тој беше задолжен да создава немир секогаш кога државата ќе беше во некаква криза? Добро се сеќаваме на десетици деманти кои ги добив во време на трите последователни кризи низ кои помина државата.Ова е само прва серија на прашања кои мора да ги одговори Николоски. Во следните прес-конференции ќе ги разоткриеме неговите врски со сомнителниот бизнис и подземјето.Граѓаните на изборна единица 4 имаат право да знаат кој ја бара нивната доверба и кој вистински е овој човек.", изјави Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Николовски: Над 210 милиони евра на располагање за инвестиции преку ИПАРД 3 во следните четири години

Нема откажување од европско земјоделство дома, лидери сме во реализацијата на ИПАРД 2 програмата во споредба со сите други земји заедно однсоно имаме поголем број на склучени договори од од Србија, Црна Гора и Албанија заедно, изјави коносителот во ИЕ 3 на коалицијата за европска иднина, Љупчо Николовски.Над 2.369 инвестиции се реализирани во последните пет години со поддршка на ИПАРД 2 програмата, тоа се над 60 милиони евра неповрати европски пари искористени и вградени во македонското земјоделство, истакна Николовски.Први во регионот ја започнавме и реализацијата на ИПАРД 3 програмата, добивме за 63% поголем буџет. Лидерската позиција ја потврдивме и креираме нова успешна ИПАРД 3 приказна, модернизирајќи го македонското земјоделство.Во следните 4 години токму преку ИПАРД 3 ќе се инвестираат над 210 милиони евра во модернизација на македонското земјоделство, во нови фарми, во нови преработувачки капацитети, во развојот на руралниот туризам и во обнова на земјоделската механизација.Наша цел е до 2028 година е да ги завршиме преговорите со Европската Унија и конечно да станеме рамноправна членка на Унијата до 2030 година.Тоа значи многу за македонското земјоделство, тоа значи над 1 милијарда 100 милиони евра само за развојот на руралниот туризам, за нови инвестиции, модернизација, за вкусот на Македонија да се најде на европските трпези, истакна Николовски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Д-р Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун и 12.000 денари за зелена нафта

СДСМ и во својот нов мандат ќе продолжи да се грижи за тутунопроизводителите преку воведување на дополнителни мерки за нивна поддршка и вреднување на нивното производство.Ова го истакна д-р Венко Филипче во изјава за медиумите дадена денеска од Прилеп во рамки на неговите активности како носител на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 4.„Нова мерка која ја воведовме е поддршка по пријавена површина тутун, во висина од 6.000 денари по хектар. Преку оваа мерка тутунарите добиваат право и на мерката зелена нафта во висина од 12.000 денари“, изјави Филипче.Тој појасни дека предвидена е дополнителна субвенција од 20 денари по килограм на откупен тутун доколку родот е помал од 15.000 тони по реколта.„До 2016 година тутунарите добиваа субвенција од 60 денари по килограм за сите класи. СДСМ субвенцијата уште на почетокот од мандатот ја зголеми 80 денари за прва, 70 за втора и 60 за трета класа по килограм тутун. Со зголемување за 20 денари на субвенциите за сите три класи предаден тутун за реколта 2023, субвенцијата за прва класа тутун за прв пат достигна 100 денари“, вели Филипче.Филипче потсетува дека сите мерки наменети за тутунарите се направени во соработка со откупувачите и производителите при што направени се историски чекори за зголемување на откупните цени на тутунот.„Тутунот од ланската реколта има рекордна откупна цена од 365 денари. За минатата година исплатени се 1,5 милијарди денари субвенции за 14.300 производители на тутун. Не ги оставивме тутунарите да чекаат да им се откупи тутунот, реколтата за 2023 година беше откупена до последен лист. Ги слушавме тутунопроизводителите како да им ја олесниме процедурата за откупот, затоа ги укинавме белите картончиња со што сложени процедури повеќе не постојат“, вели Филипче.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Битиќи: Поддршка од 1,35 милијарди евра и пристап до европските пазари за нашите земјоделци

„Имаме вредни земјоделци, трудољубиви фармери и европски можности. Наредните четири години нашето земјоделие ќе го развиеме за да може да обезбедува стабилно и сигурно снабдување со храна, a Македонија ќе биде извозник на храна. Ќе одвоиме финансиски средства за поддршка на малите и средните земјоделски стопанства, како што се субвенции за модерна опрема. A ќе обезбедиме и обука за одржливи технологии и финансиска помош за органско и традиционално производство на култури за секој земјоделец да има можност да ги освои регионалните и европските пазари.“ , изјави Фатмир Битиќи, коносител на листа на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина од Изборна единица 2, на денешната прес-конференција која се одржа во Бутел, Скопје.Тој потенцираше дека во наредните четири години, во следниот мандат на Владата предводена од СДСМ, земјоделците ќе добијат поддршка од 1,35 милијарди евра! Од нив, 750 милиони евра ќе бидат директна финансиска поддршка за земјоделскиот сектор, а 600 милиони евра ќе се искористат за капитални инвестиции за проекти од руралниот развој.„За тоа дека ова не се празни ветувања, зборува и тоа што го направивме, градевме и обезбедивме вода за земјоделците да произведуваат повеќе. СДСМ ја започна и ја заврши изградбата на браната Конско, капитален проект вреден 40 милиони евра, со кој на 4.000 хектари обработлива површина ќе се наводнува, и ќе се произведува повеќе храна. Завршени се и браната Славишко поле, Чаушица, Конопница и Пишица.“ – истакна БитиќиСо фокус за развој на европско земјоделие, во наредните четири години Битиќи посочи дека ќе имаме рекордно производство на храна во износ од преку една и пол милијарда евра, а приходите од извозот на прехранбени производи ќе изнесуваат 1,25 милијарди евра.„Ова не се само бројки, тоа е нов потенцијал за економски раст и развој, чии бенефиции ќе ги почувствуваат сите земјоделци. Ќе го зголемиме износот за грантовите од 10.000 на 15.000 евра – цели 50%, за поддршка на младите земјоделци кои сакаат да започнат со земјоделска дејност, а дополнително обезбедуваме и 40% авансна исплата на тие средства.“Зборувајќи за предизборната „Програма за европска иднина“ на СДСМ, тој најави дека во наредните четири години тој најави дека ќе се зголеми поддршката на секој производител на вино од 10.000 на 15.000 евра, поттикнувајќи го претприемништвото и иновациите во нашата лозарска индустрија.„Поддршката кон малите дестилерии почнувајќи од 2026 година ќе ја зголемиме, од 5.000 евра на 10.000 евра. Најавуваме нова мерка: почнувајќи од 2025 година, со 10.000 евра ќе ги поддржиме семејните домаќинства во рурални предели за да го развиваат туризмот и да создаваат можност за ноќевање и угостителски услуги.“ – истакна Битиќи.Битиќи на крајот на изјавата кажа дека СДСМ има конкретни, издржливи и остварливи мерки за идниот развој на нашето земјоделие.„Затоа, не се откажуваме од иднината на нашите земјоделци и ќе им овозможиме пристап до европските пазари.“ – рече тој.За крај, тој кажа дека за само два дена ќе бидеме пред првиот избор за тоа каде сакаме да одиме, дали сакаме да се движиме кон Европа и создавање европски стандард дома. Затоа на 24ти треба да знаеме дека гласот за број 1, односно гласот за Стево Пендаровски е глас токму за тој пат. Пат кон просперитет, развој, европски пат и пат на обединување и стабилност.

Македонија | пред 1 година

IMG_3514

Спасовски: Во следните 4 години излез на домашните компании на европскиот пазар од 500 милиони луѓе

Носителот на листата за ИЕ 2 на Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, денеска се обрати на прес-конференција која се одржа во Скопје.„Европската иднина значи европски животен стандард за сите граѓани, европски плати и пензии, пристап до европскиот пазар и развој на микро, малите, средни и големи компании, шанса за надминување на рекордот што го постигнавме во странски инвестиции. Значи европски квалитет на услуги и задолжителна реформа на правосудниот систем по европски пракси”, порача Спасовски, додавајќи дека тоа практично значи имплементирање на европските стандарди во сите сегменти на живеење.„Ние ветуваме дека ќе обезбедиме просечна плата од 1.100 евра, минимална плата од 600 евра, просечна пензија од 30.000 денари, минимална пензија од 20.000 денари, нови 180 милиони евра државна помош за домашните фирми, нови странски инвестиции и кажуваме како. Веднаш по формирањето на новата Влада ќе ги продолжиме преговорите со Европската Унија, ќе ги завршиме во текот на следниот мандат и до 2030 година ќе влеземе во ЕУ”, рече Спасовски, наведувајќи ги придобивките од членството во НАТО.„Видовме што донесе членството во НАТО. Донесе највисоко ниво на странски директни инвестиции од 754 милиони евра, во најкризната година 2022 година за целиот свет. Речиси двојно повеќе странски директни инвестиции од 2016 година, кога изнесуваа 338 милиони евра. Донесе повеќе пари во државниот буџет. Од нив, со над 100 милиони евра поддржавме над 919 компании, што значеше поттик на 500 милиони евра нови инвестиции во домашната економија. Инвеститорите сакаат стабилен и безбеден амбиент за вложувања. Европската Унија сега има удел околу 65% од вкупниот број на странски директни инвестиции. И овој процент очекувано ќе се зголеми со полноправното членство”, истакна Спасовски, додавајќи дека членството во ЕУ носи нови инвестиции.„Како членка на Унијата, меѓу европските држави, дополнително ќе ја зацврстиме стабилноста во Македонија. На овој начин ќе привлечеме нови странски инвестиции. Ќе овозможиме излез на домашните компании на европскиот пазар од 500 милиони луѓе и нивен сигурен развој. Така ќе постигнеме европски приходи и европски животен стандард во нашата држава. И тоа во предвидлив рок, во следните 4 години”, рече Спасовски.Спасовски се осврна на немањето на став во редовите на опозицијата по прашањето за членство на Република Северна Македонија во ЕУ.„На спротивната страна од нашата европска визија е нејасен концепт на деструктивната опозиција, на чело со наследниците на Никола Груевски и Хрустијан Мицкоски, кои претендираат да се дограбат до власт со квази партиотизам што носи нови години, можеби и децении неизвесна иднина, опасност, нестабилност. Тие имаат нејасни и променливи ставови за Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство, Рамковниот договор. Водејќи се од штетни популистички политики, за теснопартиски интереси се подготвени да ги закочат евроинтеграциите. Со тоа што ќе ги доведат во прашање стартешките партнерства со државите од ЕУ, САД и НАТО, кои се најголемите инвеститори во државата, ја носат земјата во изолација. На овој начин ќе ја загрозат и егзистенцијата на граѓаните и на фирмите. Ако не е така, тогаш нека бидат чесни и нека кажат - каква иднина ќе градат, ако таа не е европска? Бидејки, граѓаните имаат право да знаат што ги чека. Но не кажуваат”, рече Спасовски, додавајќи дека само со СДСМ и европската коалиција граѓаните добиваат европска иднина и ги остваруваат стратешките интереси важни за граѓаните и државата.„Со СДСМ и европската коалиција, граѓаните знаат – ги чека европска иднина.Но, сите искусивме и знаеме што значи неевропска и недемократска власт. Значи повторно уназадување на слободата на говор и на демократијата, за да не се слуша што се прави. Закани за затворања медиуми, фирми и поединци неистомисленици. Изолација од демократскиот свет. Во предизборната реторика го враќаат на преиспитување и „Рамковниот договор“, а овие несериозни и штетни неевропски наративи се закана и за домашна дестабилизација и враќање назад, во мрачното минато од кое едвај излеговме. Ја вративме слободата во 2017 година. Обезбедивме домашна стабилност со концептот Едно општество за сите. Станавме членка на НАТО. Ги отворивме преговорите со Европската Унија. Ги осигуравме територијалниот интегритет и идентитет. Јас сум првиот кој од позицијата министер за внатрешни работи, пред една година го потпишав првиот договор со ЕУ, на македонски јазик! Пример сме успешна мултиетничка демократија и денес и ние сме ѝ потребни на Европа во актуелниот геополитички контекст. Ова е момент за европска иднина што не се пропушта.Во среда, на 24 април да гласаме за број 1 - за нов мандат на Стево Пендаровски. Следната среда, на 8 мај да гласаме за број 1 – за нов мандат на Социјалдемократскиот сојуз, преводник на новата проевропска влада и на европските промени”, подвлече Спасовски.

Македонија | пред 1 година

sdsm-miting-kovacevski

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

,,Изборот е кристално јасен, изборот е помеѓу подобра, европска иднина со Пендаровски или безнадежност и враќање назад со Силјановска и ДПМНЕ.Пендаровски е прогресивен поличар со јасна визија за европска иднина на државата и силен поддржувач на членството во НАТО и ЕУ.Човек кој ги споделува вредностите на заедништво, на чесност, рамноправност, кој не ги дели граѓаните, туку ги обединува.На граѓаните на Македонија не им треба уште една продолжена рака на Белата палата, туку вистински Претседател, со свој став и државничко чувство за иднината на државата.Не ни треба враќање назад во изолација и неизвесност, туку напредок и членство во ЕУ.На граѓаните им е доста од делби и поделби. Сакаат и заслужуваат да живеат во европска Македонија, со европски животен стандард.Гласот за број 1, за Стево Пендаровски е глас за сигурна, европска иднина.", изјавија од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Митрески: Рекордни 1,35 милијарди евра поддршка за македонските земјоделци

,,Се што ветивме за земјоделците досега, исполнивме.Зелена нафта, авансна исплата на субвенции, ИПАРД грантови за мали производители.Во наредниот мандат продолжуваме со рекордни 1,35 милијарди евра поддршка за македонските земјоделци, кои ќе бидат наменети за модернизација, за поголеми приноси, за подобар квалитет, за извоз на македонското земјоделство.Обезбедуваме 750 милиони евра субвенции и 600 милиони евра капитални инвестиции и проекти за рурален развој, до крајот на новиот мандат.Имаме конкретен план за да обезбедиме рекордно домашно производство на македонска храна, во вредност од 1,5 милијарди евра, со извоз на домашни земјоделски производи кој ќе достигне 1,25 милијарди евра.Вложуваме нови 100 милиони евра во руралниот развој.Предводуваме поддршка за сточарството, за винариите, за младите земјоделци, за жените земјоделки.Од 10 на 15 илјади евра го зголемуваме грантот за поддршка на младите земјоделци.Ќе има инвестиции во системите за наводнување, со кои обезбедуваме наводнување до нови над 21.000 хектари.Планот за европска иднина на Македонија е реален, со конкретни мерки кои ќе донесат и конкретни резултати.Покажавме дека имаме капацитет и знаење, но и дека имаме и план и храброст тој план да го реализирам.Со почетокот на преговорите и со зачленувањето во ЕУ, се отвораат нови перспективи и за земјоделците.Затоа, Ве повикувам на 24 април и на 8 мај да дадеме силна поддршка за СДСМ и за Коалицијата за европска Македонија, бидејќи ние обезбедуваме прогрес, развој и унапредување за сите.Гласаме за бројот 1!Нема откажување од иднината!", изјави Јован Митрески.

Македонија | пред 1 година

sdsm-141

СДСМ: Во новиот мандат на СДСМ 1,35 милијарди евра поддршка во земјоделството

,,СДСМ во новиот мандат обезбедува историски највисока финансиска поддршка за земјоделството од 1,35 милијарди евра.Во следните 4 години, една милијарда и триста педесет милиони евра се вложуваат за поддршка на македонското земједелство, за субвенции, инвестиции во модернизација и проекти за рурален развој, грантови за мали винарии од 15.000 евра, за млади земјоделци од 10 и 20.0000 евра, грантови за жени земјоделки од 10.000 евра.СДСМ има конкретен план за да обезбеди рекорно домашно производство на македонска храна, во вредност од 1.5 милијарди евра, со извоз на домашни земјоделски производи, кој ќе достигне 1,25 милијарди евра.Вкусот на Македонија да биде на европските трпези.Со СДСМ нема откажување од европско земјоделство дома!", изјавија од СДСМ.

пред 1 година

sdsm-pratenici-

СДСМ: Граѓаните се за европска иднина, Македонија нема време за губење

,,Граѓаните се за европска иднина, за подобар животен стандард, повисоки плати и пензии, раст на економијата, европско образование, европско здравство, европско судство, заштита на животната средина, стабилна и предвидлива иднина.Тоа го покажа и вчерашниот голем митинг на СДСМ, Коалицијата за европска иднина и кандидатот за Претседател, Стево Пендаровски.Само со ЕУ е можна реална и суштинска промена во нашето општество. Само со ЕУ може да се подобрат состојбите во здравството, во судството, во образованието, борбата против криминалот и корупцијата.СДСМ и Коалицијата за европска иднина имаат јасен, конкретен план за европската иднина на Македонија.Од друга страна ДПМНЕ има план кој не е план, план за мораторум за ЕУ. Ќе го одложуваат патот кон ЕУ и за неуспесите ќе ја обвинуваат ЕУ. Спремни се да изгубат уште 11 години од нашите животи, од животите на нашите деца, на нашите внуци.Македонија едноставно, нема време за губење.На овие избори понудата пред граѓаните е надеж за подобро утре во Европската Унија од една страна и безнадежност, изолација и рампа на патот кон Брисел од друга страна.", изјавија од СДСМ.Иднината на Македонија е во ЕУ. Со СДСМ нема откажување од иднината.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-19-at-22.33.03

Трајковски: За Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ и нема друга визија освен европската

На вечерашниот митинг во Кисела Вода, кандидатот за пратеник во Изборна единица 1 од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Горан Трајковски им порача на присутните граѓани: „Ние точно знаеме дека европскиот пат е тежок, но за нас нема друга алтернатива освен ЕУ и нема друга визија освен европската. И ние работиме да ја оствариме.”Изминативе седум години напорно работевме. Во сите кризи, и пандемија, и економска криза и енергетска криза, Владите предводени од СДСМ успеаја да направат многу. Донесовме и тешки одлуки кои ни обезбедија и членство во НАТО и отпочнати преговори со ЕУ.“Можам со сигурност да кажам дека ние нема да се откажеме и од иднината. Нема да се откажеме од преговорите со ЕУ.“ – рече Трајковски и додаде: Знаеме дека нема брзи решенија за системските проблеми. Решението е продолжување по европскиот пат и членството во ЕУ. Нема друга алтернатива за нас. Само така земјата ќе има прогрес и ќе постигнеме европски стандард.“Кандидатот за пратеник од СДСМ, Трајковски додаде:„Граѓаните можат и ќе ја препознаат разликата на овие избори. Изборот е меѓу надеж и безнадежност. Меѓутоа дали ќе одиме напред или ќе се заглавиме пак назад во минатото, нови 11 години. Затоа ве повикувам на 24 април и на 8-ми мај да гласате за Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ и за нашиот претседател Стево Пендаровски. Ве повикувам сите вие да бидете дел од заедничката победа! – им порача Трајковски на присутните граѓани вечерва во Кисела Вода.

Македонија | пред 1 година

IMG_3524

Николовски: Пензискиот фонд повторно е стабилен, а пензиите растат – Во новиот мандат даваме збор за просечна пензија од 30.000 денари

Преку одговорни политики и посветена работа, пензискиот фонд денес повторно е стабилен, а пензиите за пензионерите растат. Минималната и просечната пензија пораснаа за 50%, па денес минималната пензија изнесува 13.900 денари, а просечната пензија 20.195 денари, истакна на денешната средба со пензионерите од Пробиштип коносителот на изборната единица 3 Љупчо Николовски.Донесовме економска стабилност за пензионерите.„Подготвивме нова Методологијата за раст на пензиите, со која на пензионерите им гарантираме постојан раст на пензиите. Сите 330.000 пензионери два пати годишно имаат гарантирано усогласување на пензиите, следејќи ги растот на трошоците за живот и порастот на просечната плата“, истакна Николовски.Постигнатите резултати до сега, се нашиот гарант дека дадениот збор повторно ќе го исполниме.„Во новиот мандат, даваме збор дека минималната пензија ќе достигне најмалку 20.000 денари, а пак просечната пензија 30.000 денари. Пензионерите два пати во годината ќе имаат усогласување на пензиите, односно секој јануари и јуни. За оние пензионери кои живеат сами планираме енергетски пакети, во висина од 1.500 денари месечно во периодот од октомври до март“, истакна Николовски.Го јакнеме животниот стандард на пензионерите.„Пензионерите добиваат потрошувачка картичка со попуст од 30% на прехранбени производи, како воведување новогодишен пакет за секој пензионер во висина од 6000 денари“, истакна Николовски.Нашата грижа за највозрасните лица ја продолжуваме и земаме обврска за изградба на најмалку 12 нови домови за стари лица, со вкупен капацитет од 2.000 лица.„Имаме конкретна програма и јасен план, што гарантира европска иднина и европски стандард за секој еден граѓанин дома во својата татковина. Докажавме дека можеме да ги подобриме работите кон подобро, но имаме уште многу работи што заедно треба да ги продолжиме. Не смееме да се откажаме, сега кога тргнавме кон сигурна иднина за сите во државата“, истакна Николовски.

Македонија | пред 1 година

IMG_3522

Д-р Филипче од Струмица: 30.000 денари просечна и 20.000 минимална пензија во следниот мандат

„Секогаш е пријатен муабетот со пензионерите, затоа што тие се мудри, искусни и нивните совети се секогаш добредојдени“, рече д-р Венко Филипче, кој во рамки на својата агенда како кандидат за пратеник на СДСМ и Коалицијата денеска оствари средба со Здружението на пензионерите во Струмица.Во изјава за медиумите по остварената средба, д-р Филипче се осврна на придобивките и мерките кои СДСМ ги овозможи за пензионерите, потенцирајќи дека и во иднина ќе направи сè за да ја заштити оваа категорија граѓани.„Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт, овозможивме граѓаните да имаат лекови во кој било ден од месецот. Оваа мерка беше најважна за пензионерите кои можат во кој било период од месецот да ја земат својата терапија. Воведовме бесплатна вакцинација против сезонски грип за лица над 65-годишна возраст. Овозможивме и бесплатно болничко лекување без наплата на партиципација за пензионери со пензија пониска од просечната во земјава“, рече д-р Филипче.Тој посочи и дека без разлика на кризите со кои се соочуваше целиот свет, СДСМ не дозволи товарот да биде ставен на грбот на оние кои не можат повеќе да заработуваат и пензиите беа покачени за 50% во нивниот мандат. Но, како што рече, за пензионерите мора да се посветува и повеќе внимание во наредниот период.„Тие се најпеднатните плаќачи на обврските кон државата, најнавремено плаќаат сметки за струја, комуналии, купуваат голем број лекови, тие веднаш откако ќе ја земат пензијата, на еден начин парите повторно ги враќаат во државната каса“, истакна Филипче.На крајот од своето обраќање, д-р Филипче ги повтори и ветувањата на СДСМ во следниот мандат, односно минимална пензија од најмалку 20.000 денари, просечна пензија од 30.000 денари, како и воведување енергетски пакети за пензионерите кои живеат сами, во висина од 1.500 денари месечно во периодот од октомври до март. Во зимските месеци, рече Филипче, пензионерите ќе добиваат регрес од 3.000 до 6.000 денари и додаде дека највисоката поддршка ќе биде за пензионерите со најниски пензии.„Ќе направиме сè за на стари години по пензионирањето секој да ужива во плодовите од својот поранешен труд. Тоа се наши родители, кои нè застанале на нозе, штеделе за да нè школуваат, да нè изведат на прав пат. Сега ние треба да се грижиме за нив и да им обезбедиме достоинствена старост“, заклучи Филипче.

Македонија | пред 1 година

slavjanka

Петровска: Минималната пензија 20.000, а просечната 30.000 денари

Огромна чест, но и голема одговорност е да се биде носител на листата на Коалицијата за европска иднина, предводена од СДСМ и на оваа листа ќе видите имиња на 20 личности, со име и презиме, различни по етничка и верска припадност, различни по возраст, жени и мажи, но личности со интегритет, чесни и одговорни и најважното лојални на државата и европските вредности околу кои сме обединети, порача денеска на прес-конференција носителката на листата за пратеници во изборната единица шест, Славјанка Петровска.Таа порача дека СДСМ и Коалицијата се подготвени професионално, одговорно и посветено да ги исполнат сите ветувања кои во форма на мерки и политики се напишани во Програмата за европска иднина.„Подготвени сме и нема да се откажеме се додека Македонија не стане дел од Европската унија и се додека не обезбедиме минимална плата од 600 евра, а просечна плата од 1.100 евра. Платите ќе продолжат да растат, ќе растат и пензиите. Минималната пензија ќе изнесува 20.000, а просечната пензија 30.000 денари“, посочи Петровска.Петровска додаде дека е време да се исправат грешките што се направени во изминатите седум години а кои се однесуваат на погрешна кадровска политика, слаби резултати во овозможувањето на правдата и воочени слабости во системски процеси и побара поддршка од граѓаните на 8 мај.„Изминатите 7 години на власт, СДСМ и Коалицијата донесоа државнички одлуки кои на државата и овозможија придвижување напред и место на иста маса со најмоќните држави дел од воено политичкиот сојуз НАТО. И време е, без одлагање, без лажен патриотизам да ја донесеме одлуката државата да продолжи по вистинскиот пат и да не се врати назад во некои неизвесни времиња. Во изминатиот период покажавме дека нудиме и носиме решенија, а не изговори. Затоа денеска и јас и сите кои сме на листите за пратеници можеме да излеземе пред граѓаните, да ги погледнеме во очи и со чист образ да им порачаме дека нема да се откажеме од иднината. Ќе продолжиме да работиме за граѓаните, за државата. Нема откажување од иднината, на 8 мај избираме да продолжиме по вистинскиот пат“, изјави Петровска на денешната прес-конференција во Тетово.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-25-at-18.24.06

Спасовски: Ја исправивме децениската неправда кон стечајците, преку преговорите со ЕУ до европски квалитет на живеење за сите граѓани

Носителот на листата за ИЕ2 на Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, денеска се обрати на прес-конференција која се одржа во Куманово. „Време е за подобро и повеќе“ – порача Спасовски, додавајќи дека тоа практично значи имплементирање на европските стандарди во сите сегменти на живеење.„Откако одговорно и државнички ја утврдивме визијата за иднината на нашата држава, од која нема откажување, го ставаме фокусот одново на граѓаните, а мерките и политиките кои ги испланиравме преставуваат одговор на нивните потреби и барања. Бидејќи секој еден е важен! И сите, без исклучок, под ова парче небо заслужуваат еднаква шанса за подобар живот! Сите сме свесни дека вистински промени може да се случат само со влез во европското семејство. Членството во ЕУ ни е потребно за да можеме побрзо и поефикасно да ги исправиме системските грешки правени низ годините наназад и да го подобриме квалитетот на животот“, рече Спасовски.Тој појасни дека процесот на преговори со ЕУ ќе ги донесе европските вредности во сите сфери на општеството, а целта е да се изгради вистински хумано општество за сите, како продолжение и надградба на воспоставениот концепт „Едно општество за сите!“.„За СДСМ социјалната правда била и останува врвен приоритет во политичкото и институционалното дејствување. Нам секогаш ни биле важни луѓето, наспроти стиропорните фасади, споменици и обнова на режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го покажавме и со законското решение со кое во изминатиот мандат го решивме деценискиот проблем на стечајците. Ја исправивме долгогодишната неправда која им беше нанесена на овие наши сограѓани. Тие претходно со години се соочуваа со мачни постапки, поминаа вистинска голгота талкајќи низ улиците во потрага по своите права. И цела деценија беа бесчувствително игнорирани и манипулирани од тогашните креатори на политики“, потсети Спасовски, истакнувајќи дека речиси 13.000 лица кои останале без работа поради стечај, ликвидација и како технолошки вишок во претпријатијата во доминантна сопственост на државата, добија соодветен месечен надоместок, односно право на материјално обезбедување, во висина од 34% од просечна плата по работник до пензионирање или до повторно вработување.Имено, од 2017 година беа донесени неколку законски решенија за материјален надомест на стечајците, според најдобрите европски практики, кои постојано беа прилагодувани на нивните потреби.„Нашата цел беше да им овозможиме на овие наши сограѓани достоинствен живот и притоа да опфатиме што е можно повеќе лица. И не само што успеавме во тоа, туку покажавме и дека наместо гол ПР и пропаганда, ние изнаоѓаме системски решенија за проблемите на граѓаните. СДСМ уште еднаш докажа дека е одговорна партија која континуирано се грижи за сите граѓани, го враќа достоинството и гради фер и праведно општество“, истакна Спасовски на прес конференцијата.Тој додаде дека во изминатиов мандат солидарноста беше вградена во сите владини политики и мерки, а правичното општество ќе продолжи да се надградува и во текот на преговорите со ЕУ, преку неминовните реформи кои ќе обезбедат европски квалитет на живеење за сите граѓани и достоинствени услови за ранливите категории.„Сега, кога исполнувањето на европскиот сон ни е на дофат на раката, нема откажување од иднината!“, порача Спасовски од Куманово.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања