Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

media-libraryh0aiiv7hbiq78AOKFpg

(Видео) Поради семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство, сопругот на Ивана е во станица, вели Тошковски

Стојанче Јовановски, сопругот на Ивана, која заедно со својата ќерка Катја го загуби животот по пад од балкон во Тафталиџе, е задржан во полициска станица под сомнение дека сторил повеќе кривични дела.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека Јовановски се сомничи за кривичните дела „наведување на сторување на самоубиство“, „нанесување телесни повреди поврзани со семејно насилство“ и „загрозување на сигурноста“.Според изјавата на министерот, во тек е прибирање докази и документирање на сите околности поврзани со случајот. Надлежните институции спроведуваат истражни дејствија, по што ќе биде одлучено за понатамошната постапка.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryhgglr9iubkt7bpz1uBM

Против Стојанче, сопругот на починатата Ивана, се воделе повеќе постапки во Обвинителството

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека сопругот на трагично починатата Ивана имал десет кривични пријави во изминатите две години, а само неколку часа пред падот од балкон во Карпош, полицијата интервенирала по пријава за семејна расправија.Од Основното јавно обвинителство информираат дека против Стојанче се водела само една постапка во Обвинителството.Во Основното јавно обвинителство Скопје лицето не е пријавено за кривични дела на семејно насилство. Против него има активна постапка од 29.12.2025 година за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик за пронајдени 19 грама марихуана и 7 грама амфетамин во багажникот на неговиот автомобил. По предлог на надлежниот обвинител, ценејќи ги сите околности во предметот, судија на претходна постапка му определил мерки на претпазливост кои се уште се на сила“, информираат од ОЈО.Во однос на постари постапки, се е процесуирано, поднесено е обвинение за насилство кон трето лице, заедно со други соучесници, како и обвинение за напад врз службено лице заедно со сега починатата, дополнуваат од ОЈО.

Македонија | пред 1 седмица

media-library03kb52m1ph6kfBJN7A6

Вонреден инспекциски надзор во Центарот за социјални работи – Скопје по трагичниот настан

Во врска со трагичниот случај во кој мајка и дете го загубија својот живот, Министерството за социјална политика, демографија и млади изразува длабоко сочувство до семејството и блиските.„Постапувајќи согласно законските надлежности и принципот на должно внимание, Министерството веднаш изврши вонреден инспекциски надзор во Центарот за социјални работи – Скопје, со цел целосно и непристрасно утврдување на фактичката состојба и начинот на постапување на институцијата.Според првичните информации од инспекторите, починатата заедно со сопругот за прв пат се евидентирани во Центарот на 07.10.2025 година, по барање на Основниот граѓански суд за постапување по тужба за развод на брак.Во однос на пријавено насилство, допис од Министерството за внатрешни работи е примен и заведен во Центарот на 02.02.2026 година, а се однесува на настан од 19.12.2025 година, за сторен прекршок против јавниот ред и мир односно физички напад на сопругот врз сопругата.Министерството има јасен и недвосмислен став: секое евентуално пропуштање, ненавремено постапување или непочитување на законските обврски мора да биде целосно утврдено, а одговорност мора да има согласно закон.Заштитата на жртвите на насилство и превенцијата од семејно насилство се врвен приоритет и нема да дозволиме институционални слабости да останат неадресирани.Инспекцискиот надзор е во тек, а по неговото завршување Министерството транспарентно ќе ја информира јавноста за наодите и за понатамошните мерки. Министерството будно ќе го следи случајот и ќе преземе сè што е во негова надлежност за да се обезбеди целосна одговорност и зајакнување на системот на заштита“, велат од министерството.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryr6i151ev7l427ivcikU

Левица формира работна група за законски измени и инситуционална одговорност во случаите на семејно насилство

Трагичниот настан што ја потресе јавноста, во кој жена и малолетно девојче го загубија животот при пад од зграда, не смее да остане сведен на сензационализам или на уште една црна статистика. Овој случај е уште една болна потврда за системските пропусти во (не)постапувањето по случаи на семејно насилство, велат од Левица.Кога со години се пријавува насилство, кога постојат индикации за сериозни закани и ризик, а институциите не обезбедуваат ефективна заштита, тогаш станува збор за институционална одговорност и нефункционалност на системот што има задача да заштити животи, а не го сторил тоа.Левица бара итна и независна постапка внатрешна контрола во рамки на Министерство за внатрешни работи. Дополнително, потребна е детална анализа на постапувањето на центрите за социјална работа и на целокупната меѓуинституционална координација во случаи на семејно насилство. Јавноста има право на целосна транспарентност - кои пријави биле поднесени, какви мерки биле преземени и зошто тие не резултирале со заштита. Со име и презиме на службениците.Оваа трагедија ја разоткрива длабоката структурна слабост на системот за заштита од семејно насилство. Постојат сериозни недостатоци во проценката на ризик, во следењето на повторени пријави, во навременото изрекување заштитни мерки и во контролата на нивното спроведување. Кога институциите формално „водат предмет“, а суштински не обезбедуваат безбедност, тогаш тие ја изневеруваат својата основна функција.Во таа насока, Левица формира работна група која ќе ги разгледа сите аспекти на институционалното постапување во случаи на семејно насилство – од законската рамка, преку протоколите на МВР и социјалните служби, до праксата на нивна примена. Работната група ќе излезе со конкретни предлог-измени и мерки во најкус можен рок.Ова не е момент за политичко надмудрување, туку за институционална одговорност. Пропустите мора да бидат именувани и санкционирани. Системските слабости мора да бидат коригирани со конкретни и применливи решенија. Ниту еден живот не смее да биде изгубен поради административна незаинтересираност и институционална негрижа.Дополнително, жалиме што теснопартиските калкулации на ДПМНЕ имаа предност пред суштинската заштита на жртвите. Предлог-измената со која се предвидуваше гонење на насилник по службена должност, наместо исклучиво по пријава на жртвата, беше поднесена од Левица и не доби поддршка единствено затоа што доаѓаше од опозицијата. Истата мерка, повеќе од една година подоцна, беше прифатена кога беше предложена од нивна страна. Тоа одложување не е политички детаљ, туку прашање на последици. Доколку измената беше усвоена тогаш, институциите ќе имаа обврска да постапуваат и без формална пријава од жртвата, а граѓаните што алармирале (соседи, роднини, сведоци) немаше да бидат враќани од полициска станица со образложение дека „нема пријава“. Во такви околности, постоеше реална можност насилникот да биде процесиран и изолиран навреме. Кога законските решенија се блокираат од суета, цената ја плаќаат најранливите.Системот мора да функционира кога граѓаните бараат заштита - не по трагедијата, туку пред таа да се случи“, велат од Левица.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarydo57oq99uvd72gIlwc7

(Видео) МВР има снимка каде сопругот ја удира жената истиот ден кога таа загина по падот од балконот, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека во случајот со трагедијата во Карпош, каде жена и дете беа пронајдени мртви по пад од балкон, ќе се утврдуваат сите околности поврзани со претходните пријави за семејно насилство, вклучително и дали изјавите на жртвата биле дадени под притисок.„МВР има видео запис каде се гледа како сторителот, сопругот, ја удира жртвата. Тоа се случило истиот ден“, вели Тошковски.Тошковски посочи дека според службените белешки, на денот на настанот жената потпишала изјава со која се откажува од пријавата, наведувајќи дека немало физички контакт, туку недоразбирање со сопругот и дека не бара понатамошна полициска постапка. Таа, според документот, навела дека не сака настанот да се третира како семејно насилство и дека брачните односи ќе ги решава по мирен пат и преку развод.Министерот нагласи дека МВР ќе треба да утврди дали изјавата била дадена доброволно или под евентуална присила, дали осомничениот бил присутен, како и дали постоело влијание или притисок.„Факт е дека најголем број од предметите се затвораат затоа што жртвата се повлекува“, изјави Тошковски, додавајќи дека таквата пракса не треба да продолжи. Тој повика не само жртвите, туку и сите граѓани – членови на семејство, соседи и сведоци – да пријавуваат насилство, а институциите да обезбедат целосно процесуирање на случаите.Министерот истакна дека новите законски овластувања ѝ даваат на полицијата пошироки можности за постапување по службена должност, особено кога се констатираат видливи телесни повреди. Во такви случаи, жртвата нема да може да го повлече предметот, а Министерството ќе мора да продолжи со постапката.Сепак, Тошковски предупреди дека доколку жртвата повторно се повлече, институциите се соочуваат со сериозни предизвици во фазата на докажување на кривичното дело. Затоа, според него, неопходна е координирана ангажираност на центрите за социјална работа и на сите институционални чинители, како и поголема јавна свест и охрабрување на граѓаните да зборуваат отворено за насилството.Тој нагласи дека Министерството ќе го зголеми фокусот на ваквите кривично-правни настани, со цел да се спречат трагични исходи во иднина.

Настани | пред 1 седмица

media-libraryt4vdtqi43r2t4vUnN2T

(Видео) Десет пријави има против сопругот на Ивана, а пред падот од балкон интервенирала полиција но таа негирала дека била тепана, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека пријавата за трагедијата во Карпош, каде жена и малолетно дете го загубија животот по пад од балкон, била примена од случаен минувач. Според него, на улицата „Теодосиј Гологанов“ веднаш излегле полициски службеници од Полициската станица Карпош и екипа на Итната медицинска помош, при што била констатирана смрт.Извршен бил увид од страна на СВР Скопје, а телата се предадени на обдукција. Од местото на настанот биле подигнати материјални траги и мобилен телефон.Министерот посочи дека настанот имал претходница истиот ден. На 2 март во 12:05 часот била примена пријава за расправија меѓу сопружниците, а полициски службеници пристигнале на адресата во 12:19 часот. Бил извршен разговор со сопругата, која изјавила дека немало физички контакт со сопругот, дека станувало збор за недоразбирање и дека не бара поведување постапка ниту интервенција. Таа навела дека брачните односи ги решава преку бракоразводна постапка и потпишала службена белешка.По оваа интервенција, жената се упатила кон станот на улицата „Теодосиј Гологанов“, каде подоцна се случил трагичниот исход. Тошковски нагласи дека сите околности се детално документираат.По усна наредба, уапсен е сопругот, Стојанче Јовановски, поради сомневање за сторено кривично дело. Според податоците што ги изнесе министерот, во изминатите две години против него имало десет кривични пријави поврзани со имотни деликти, насилен криминал и недозволена трговија со дрога. Кај него, тогаш биле пронајдени 20 паковки наркотична супстанција, по што бил уапсен и против него била поднесена кривична пријава. По барање на јавен обвинител му биле изречени мерки на претпазливост, односно обврска за јавување во суд.Во 2025 и 2026 година биле евидентирани повеќе пријави за нарушени односи меѓу сопружниците. Полицијата постапувала и преземала мерки, но, како што посочи Тошковски, во сите наврати оштетената се повлекувала од поднесените пријави.

Настани | пред 1 седмица

media-librarytf0jt398ub0v8640bHH

🔴 ВО ЖИВО: Прес на министерот Тошковски за трагедијата во Карпош

Следете ја во живо прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со трагедијата во скопската населба Карпош.Станува збор за настан каде мајка и дете го загубија животот по пад од шести кат. Тошковски се очекува да сподели детали за случајот, како и тоа дали жената претходно имала пријави за семејно насилство, што се шпекулира во јавноста.

Македонија | пред 1 седмица

421942319_964070635076001_5149218793722083700_n

Полицијата трага по снимки во Тафталиџе, сведочи Ванковска која напиша дека е во шок: Во што се претворивме?

Професорката Билјана Ванковска се огласи на социјалните мрежи по трагичниот настан во скопската населба Тафталиџе, споделувајќи го својот шок и загриженост. Таа откри дека утрово кај неа дошле тројца претставници на МВР за да собираат информации и евентуални снимки од видео надзор, поврзани со вчерашниот инцидент.Утрово на врата ми се појавија тројца претставници на МВР: прашуваа за евентуални снимки од видео надзор врз улицата, како што рекоа „заради вчерашниот настан“. Искрено, се стаписав: знаев на кој настан мислат, но не знаев дека бил толку блиску во моето соседство.Работат на случајот, се обидуваат да најдат докази за оној што натера во смрт две невини души. А јас сум уште во благ шок од помислата дека се разминуваш на улица, можеби поздравуваш, одиш во иста продавница, а не знаеш што монструми (и жртви) среќаваш секојдневно.Некако, секогаш мислиме, тоа на другите им се случува, подалеку од нас, но не е така... И за жал, ваквите случаи стануваат се' пожасни и почести.Лесно е да кажеш, нека почиваат во мир. Но немирот не' јаде однатре. Во што се претворивме? Како некој што се бави со општествени науки, јас не верувам дека е проблемот во пореметени и насилни личности, туку во општество кое создава насилници и жртви. Тоа е тоа структурално насилство, напиша Ванковска.

Коментари | пред 1 седмица

media-libraryineuvoudt99m7otCoM6

Лесно е од позади тастатура да кажеш што можела да направи, ама ти од друга позиција збориш - ова насилство по овие закони не се спречува, напиша Ина

По трагедијата во скопската населба Карпош, во која мајка и дете ги загубија животите по пад од тераса, социјалните мрежи се преплавени со коментари, осуди и прашања. Меѓу реакциите се издвојува и ставот на критичарката која пишува под псевдонимот Ина Многуфина, која апелира да не се носат лесни заклучоци од „безбедноста на тастатурата“.Лесно е од позади тастатура да кажеш што можела да направи ама ти од друга позиција збориш.Зошто не го оставила? Може немала каде да оди. Ти текнува дека немаат сите семејство или пријател ко тебе да и рече дојди кај мене, јас ќе ти помогнам?Зошто се омажила со него? Зар мислиш ќе се омажела ако знаела дека е мрднат, а и ако е нетокму тоа прогресирало низ годините посебно ако се зависности во прашање?Зошто не го решила? Не може секој да се одбрани на таков начин. Лесно е да се збори сега ама не е така ко шо мислиме ние од дома.Барала помош, каде е закочен случајот? МВР, ЈО, ЦСР? Да видиме.Танкица пријави, не го препознаа ризикот кај неа, не превземаа ништо. Го викнаа на разговор го пуштија, толку беше. Росица пријави кршење мерки, дремеа неколку месеци не вадеа камери, не процесираа, толку беше. Марија, една од неколкуте жени од Кумановско, пријавила, дошле го побарале, не бил дома, толку беше.Нас ни требаат нови закони. Не е доволно по службена должност да се гони. Нас ни треба нов закон за социјални работи, нов закон за заштита од семејно насилство, нас ни треба се ново. Да влезат пратениците да почнат да работат на тоа. Ова насилство по овие закони очигледно не се спречува. Таму каде што кочат случаите и по овој закон треба службениците со лисици да се вадат. Ние имаме многу жртви. Не е решение оди ти него истепај го нема да му текне. Нема да му текне за тој што го истепал, за жена му ќе му текне. Види хроника, секој ден имаме по нешто. Не чини закон, не чини спроведување, се е тоа споро. Или ќе се превземе нешто или ќе гледаме вакви последици”, стои во објавата.

Коментари | пред 1 седмица

media-libraryssn132b16i0ffHqzKPr

„Едно лице задржано во станица, мајката и детето биле заклучени сами во станот“, први информации од Обвинителството за трагедијата во Карпош

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на случајот во Карпош, кога при пад од висококатница животот го загубија мајка и малолетно дете.Од Обвинителството информираат дека едно лице е задржано во полициска станица и дека по наредба на јавен обвинител се преземаат дејствија за испитување на евентуална кривична одговорност.Обезбедена е наредба од судија на претходна постапка, а во текот на денот ќе се врши детален претрес на станот, кој веднаш по извршениот увид бил запечатен и обезбеден. Според првичните сознанија, во моментот на настанот починатата и малолетното девојче биле сами во станот, кој бил заклучен од внатрешната страна.По наредба на јавниот обвинител денеска се вршат распити на повеќе лица кои имаат определени сознанија, се спроведува екстракција на податоци од мобилни телефони и се обезбедуваат снимки од видео надзор и други записи од неколку локации.Во текот на вчерашниот ден била наредена и обдукција на телата на починатите.Во однос на евентуалното претходно постапување, јавниот обвинител побарал детално известување од Министерството за внатрешни работи и од Центарот за социјална работа за сите можни претходни пријави и поплаки од оштетената, а ќе биде наложена и внатрешна контрола во МВР за да се испита постапувањето по тие пријави.

Скопје | пред 1 седмица

media-library5fpig7hhi4e9bCJa3s2

Сосетка со тешки обвинувања по трагедијата во Карпош: 150 стана не успеавме да те сочуваме од монструмот кој секојдневно те малтретираше и тепаше

По трагедијата во Карпош, каде што по пад од зграда животот го загубија мајка и малолетно девојче, на социјалните мрежи се огласи Тања Спировска, која се претставува како нивна сосетка, изнесувајќи сериозни обвинувања за долготрајно семејно насилство и институционален пропуст.„Почивајте во мир, Ивана и Кате. 150 стана не успеавме да те сочуваме од монструмот кој секојдневно те малтретираше и тепаше. Сите сме виновни во оваа приказна и ние и сите институции исто така“, напиша таа.Во објавата таа посочува конкретно лице како причина за трагедијата, повикувајќи јавноста да не ја обвинува мајката и наведувајќи дека, според нејзиното мислење, тоа бил „последниот излез од мракот во кој што била“.Објавата содржи и тешки навреди и повици на насилство кон лицето што го споменува, што дополнително ја разгоре јавната дебата на социјалните мрежи.Надлежните институции засега водат истрага за околностите под кои се случил настанот. Од Обвинителството претходно соопштија дека се преземаат мерки за утврдување на причините, како и разговори со лица што би можеле да имаат сознанија за случајот.Јавноста повикува на целосно расветлување на настанот и утврдување на евентуална одговорност, доколку се потврдат наводите за претходно пријавувано насилство.МВР и Обвинителството до овој момент немаат доставено податоци за тоа дали и колку пријави имало од страна на сега починатата девојка.

Коментари | пред 1 седмица

media-librarydntl8mareovhf95NJaM

Семејно насилство треба да се казнува повеќе од обичното насилство, под итно реформа на Центрите за социјална работа, вели Апасиев

По трагедијата во скопската населба Карпош, каде што животот го загубија мајка и малолетно дете, пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, побара построги казни за семејното насилство и радикална реформа на центрите за социјална работа.„Како што дрска кражба се казнува повеќе, а не помалку од обична; како што убиство со умисла се казнува повеќе, а не помалку од убиство на миг; така и СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО треба да се казнува повеќе, а не помалку од обично насилство – оти една од основните функции на семејството е заштитната! А каква ‘заштита’ имаш ако дома маж ти те тепа секој ден?“, напиша Апасиев.Тој во објавата дополнително посочи дека, според него, е неопходна „под итно радикална реформа на заостанатите центри за социјална работа“, оценувајќи дека тие се исполнети со „неспособни и нестручни партиски кадри“.Трагедијата предизвика силни реакции во јавноста, а случајот е предмет на истрага од надлежните институции.

Коментари | пред 1 седмица

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Кавадарчанка уапсена по напад со остар предмет врз сопругот

Триесетгодишна жена од Кавадарци била лишена од слобода утрово по пријава дека со остар предмет му нанела повреди на својот сопруг, информираат од Секторот за внатрешни работи – Велес.Како што соопшти полицијата, денеска околу 6:30 часот полициски службеници од ОВР – Кавадарци постапиле по пријава за семејно насилство, при што во семејниот дом, по претходна вербална расправија, жената му нанела повреди со остар предмет на 43-годишниот сопруг. Предметот бил пронајден и одземен.При преземање на службените мерки било утврдено дека жената имала 2,61 промили алкохол во крвта. Таа била задржана во полициска станица, а за настанот бил известен и надлежен јавен обвинител.По целосно документирање на случајот, против осомничената ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од СВР – Велес.

Македонија | пред 1 месец

nasilstvo-vrz-deca

Скопјанка брутално го нападнала сопственото дете кое има здравствени проблеми

Рано утрово, мајка го истепала сопствениот малолетен син, случајот го пријавил таткото.На 18.12.2025 во 04:30 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од скопско, пријави дека на 17.12.2025 околу 23:30 часот во семејниот дом, неговата 42-годишна сопруга физички го нападнала нивниот малолетен син, кој е со здравствени проблеми. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Скопје | пред 2 месеци

media-library88f10omqo48h2RYbhzf

Македонка пронајдена претепана од сoпругот до смрт во Италија – мртвото телото било откриено во кревет со тешки повреди на главата

Во италијанската покраина Анкона е откриен тежок случај на семејно насилство со смртни последици, во кој жртва е 49-годишна жена со македонско потекло. Италијанските медиуми јавуваат дека Саџиде Муслија била пронајдена мртва во својот дом во селото Пјанело Валесина, во општината Монте Роберто. Телото, најдено во нејзиниот кревет, имало бројни траги од брутално насилство, особено во пределот на главата.Полицијата започнала истрага откако нејзиниот работодавач алармирал дека жената не се појавила на работа. Во тек е потрага по нејзиниот сопруг, 50-годишниот Назиф Муслија, кој се смета за главен осомничен.Позадината на случајот открива долготраен циклус на семејно насилство. Иако двојката била во постапка за развод, медиумите наведуваат дека мажот повторно се вселил кај неа. Тој веќе имал евиденција за семејно насилство, а жената поднесувала повеќе пријави против него. Во април оваа година бил уапсен поради физички напад врз сопругата.Еден од документите за насилство се однесува на инцидент кога напаѓачот со секира, насилно ја скршил вратата од спалната соба, откако жената се засолнила кај сосед поради сомневање дека ја следи и ја обвинува за неверство. Таа изјавила дека во последните две години постојано била изложена на психичко и физичко малтретирање.Иако против него била поведена постапка, во јули минатата година тој постигнал спогодба со признавање вина, по што двојката накратко се обидела да се помири.Трагедијата што сега се истражува го отвора прашањето за пропустите во заштитата на жртвите на семејно насилство, додека италијанската полиција интензивно трага по осомничениот сопруг.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања