Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Левица формира работна група за законски измени и инситуционална одговорност во случаите на семејно насилство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryr6i151ev7l427ivcikU

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Трагичниот настан што ја потресе јавноста, во кој жена и малолетно девојче го загубија животот при пад од зграда, не смее да остане сведен на сензационализам или на уште една црна статистика. Овој случај е уште една болна потврда за системските пропусти во (не)постапувањето по случаи на семејно насилство, велат од Левица.

Кога со години се пријавува насилство, кога постојат индикации за сериозни закани и ризик, а институциите не обезбедуваат ефективна заштита, тогаш станува збор за институционална одговорност и нефункционалност на системот што има задача да заштити животи, а не го сторил тоа.

Левица бара итна и независна постапка внатрешна контрола во рамки на Министерство за внатрешни работи. Дополнително, потребна е детална анализа на постапувањето на центрите за социјална работа и на целокупната меѓуинституционална координација во случаи на семејно насилство. Јавноста има право на целосна транспарентност - кои пријави биле поднесени, какви мерки биле преземени и зошто тие не резултирале со заштита. Со име и презиме на службениците.

Оваа трагедија ја разоткрива длабоката структурна слабост на системот за заштита од семејно насилство. Постојат сериозни недостатоци во проценката на ризик, во следењето на повторени пријави, во навременото изрекување заштитни мерки и во контролата на нивното спроведување. Кога институциите формално „водат предмет“, а суштински не обезбедуваат безбедност, тогаш тие ја изневеруваат својата основна функција.

Во таа насока, Левица формира работна група која ќе ги разгледа сите аспекти на институционалното постапување во случаи на семејно насилство – од законската рамка, преку протоколите на МВР и социјалните служби, до праксата на нивна примена. Работната група ќе излезе со конкретни предлог-измени и мерки во најкус можен рок.

Ова не е момент за политичко надмудрување, туку за институционална одговорност. Пропустите мора да бидат именувани и санкционирани. Системските слабости мора да бидат коригирани со конкретни и применливи решенија. Ниту еден живот не смее да биде изгубен поради административна незаинтересираност и институционална негрижа.

Дополнително, жалиме што теснопартиските калкулации на ДПМНЕ имаа предност пред суштинската заштита на жртвите. Предлог-измената со која се предвидуваше гонење на насилник по службена должност, наместо исклучиво по пријава на жртвата, беше поднесена од Левица и не доби поддршка единствено затоа што доаѓаше од опозицијата. Истата мерка, повеќе од една година подоцна, беше прифатена кога беше предложена од нивна страна. Тоа одложување не е политички детаљ, туку прашање на последици. Доколку измената беше усвоена тогаш, институциите ќе имаа обврска да постапуваат и без формална пријава од жртвата, а граѓаните што алармирале (соседи, роднини, сведоци) немаше да бидат враќани од полициска станица со образложение дека „нема пријава“. Во такви околности, постоеше реална можност насилникот да биде процесиран и изолиран навреме. Кога законските решенија се блокираат од суета, цената ја плаќаат најранливите.

Системот мора да функционира кога граѓаните бараат заштита - не по трагедијата, туку пред таа да се случи“, велат од Левица.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydsbv57egj27qan4Nmes

12 години затвор се мала казна во споредба со смртта на Катја и Ивана, законите треба да се менуваат по трагедијата

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library4tpeb6h6ssit3CWUQPi

Кривичен суд објасни зошто Стојанче Јовановски доби 12, а не максимални 13 години затвор

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryc0phetc798110pHgF6B

Стојанче Јовановски е осуден на 12 години затвор за насилството и смртта на Ивана и Катја

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryuvtskakicqbc2UM6kHJ

Снимено е како Стојанче два часа пред трагедијата ја шамара Ивана пред Мартин, но и како доаѓа полиција и си заминува без да преземе ништо

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања