Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Снимено е како Стојанче два часа пред трагедијата ја шамара Ивана пред Мартин, но и како доаѓа полиција и си заминува без да преземе ништо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryuvtskakicqbc2UM6kHJ

Нови, вознемирувачки докази беа презентирани пред судот во процесот против Стојанче Јовановски, со кои Обвинителството се обидува да докаже дека тој со години ја малтретирал сопругата Ивана Јовановска и ја довел до трагичниот чин во кој животот го загуби и нивната малолетна ќерка Катја Јовановска.

Во судница беа презентирани видео снимки на кои, според Обвинителството, се гледа како Јовановски и удира шлаканица на Ивана во присуство на сведокот Мартин Саздов. По инцидентот, Ивана повикала полиција, по што на лице место пристигнале службеници, разговарале со присутните и си заминале.

— реклама —

Според обвинителката, полицајците ѝ посочиле дека доколку повторно ги повика, може да се соочи со кривична пријава за лажно пријавување. Настанот се случил само два часа пред трагедијата на 2 март, кога по пад од балкон животот го загубија мајката и детето.

— реклама —

Дополнително, Обвинителството презентираше и вешт наод од психијатар и психолог, според кој психичката состојба на Ивана била сериозно нарушена како директна последица на долготрајно семејно насилство.

— реклама —

Во доказната постапка беа вклучени и документи – договор за дарување на стан, обдукциски извештаи, како и наоди од Центарот за социјални работи, со цел да се поткрепи тезата дека обвинетиот ја навел сопругата кон самоубиство.

Стојанче Јовановски се товари за три кривични дела: насилство и телесни повреди, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydsbv57egj27qan4Nmes

12 години затвор се мала казна во споредба со смртта на Катја и Ивана, законите треба да се менуваат по трагедијата

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library4tpeb6h6ssit3CWUQPi

Кривичен суд објасни зошто Стојанче Јовановски доби 12, а не максимални 13 години затвор

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryc0phetc798110pHgF6B

Стојанче Јовановски е осуден на 12 години затвор за насилството и смртта на Ивана и Катја

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryuvtskakicqbc2UM6kHJ

Јовановски и мавал шлаканици на Ивана неколку часа пред трагедијата – Презентирана видео-снимка од „Сејф Сити“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања