Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Јовановски и мавал шлаканици на Ивана неколку часа пред трагедијата – Презентирана видео-снимка од „Сејф Сити“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryuvtskakicqbc2UM6kHJ

На денешното рочиште против Стојанче Јовановски, кој се товари дека ја навел на самоубиство сопругата Ивана, која почина со пад од тераса заедно со нивната шестгодишна ќерка Катја, беше презентирана видео-снимка од системот „Сејф Сити“, на која, според Обвинителството, се гледа настан од 2 март 2026 година, околу 11 часот, односно неколку часа пред трагедијата.

— реклама —

Според презентираните кадри, по заминувањето на сведокот Мартин Саздов со возило „БМВ“ по средба со Ивана кај гимназијата „Нова“, на местото пеш пристигнува Јовановски. Во 11:07 часот, Ивана влегува во кадарот и се среќава со него на влезот од училиштето, по што двајцата застануваат на тротоарот.

— реклама —

На снимката се гледа дека Јовановски ја удира Ивана со десната рака во лицето, по што таа се повлекува. Неколку минути подоцна расправијата продолжува.

Во меѓувреме, на местото повторно пристигнува возилото на Саздов, кој се приклучува на разговорот. Според снимката, во 11:12 часот Јовановски повторно ѝ удира шлаканица на Ивана, по што сведокот се обидува да интервенира и застанува меѓу нив, оттурнувајќи го обвинетиот и обидувајќи се да го спречи понатамошното насилство.

— реклама —

И покрај обидот за смирување на ситуацијата, од видеото може да се забележи дека Јовановски продолжува со вознемирено однесување и повторно физички ја напаѓа Ивана.

— реклама —
media-library6j7e5rv4ki1f8ZZx3gf

Обвинителството пушти снимки од 112 со пријавите за Стојанче: плач на дете, пријави за тепање и заклучен стан

Серија пријави и аудио снимки од бројот 112, во кои соседи и самата Ивана Стојаноска барале помош поради насилството врз неа додека присутна била Катја, беа презентирани како клучни докази на денешното рочиште во случајот против Стојанче Јовановски. Обвинителката Адела Бојчевиќ посочи дека дел од доказите содржат вознемирувачка содржина.Во постапката се презентираат и аудио повици од 2024, до 2026 година, во кои соседи пријавуваат бучава, вресоци и плач на дете од станот каде живееле Стојанче, И

Македонија | пред 2 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydsbv57egj27qan4Nmes

12 години затвор се мала казна во споредба со смртта на Катја и Ивана, законите треба да се менуваат по трагедијата

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-library4tpeb6h6ssit3CWUQPi

Кривичен суд објасни зошто Стојанче Јовановски доби 12, а не максимални 13 години затвор

Македонија | пред 1 месец

media-libraryc0phetc798110pHgF6B

Стојанче Јовановски е осуден на 12 години затвор за насилството и смртта на Ивана и Катја

Македонија | пред 1 месец

media-libraryuvtskakicqbc2UM6kHJ

Снимено е како Стојанче два часа пред трагедијата ја шамара Ивана пред Мартин, но и како доаѓа полиција и си заминува без да преземе ништо

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања