Обвинителката Адела Бојчевиќ, по изрекувањето на 12-годишната затворска казна за Стојанче Јовановски, посочи дека иако Судот ги изрекол максималните казни за сите три кривични дела, смета дека актуелната казнена политика не соодветствува на тежината на последиците во случајот.
„Во оваа фаза од постапката, имајќи го предвид фактот дека станува збор за првостепена пресуда којашто не е правосилна и која верувам дека одбраната ќе ја обжали, Судот ја изрече максималната казна затвор за сите три кривични дела“, рече обвинителката Бојчевиќ.
Сепак, таа нагласи дека според неа, законските рамки не ја следат тежината на случаите во кои има загуба на човечки животи.
„Во однос на кривичното дело наведување на самоубиство, каде што ја имаме најтешката последица – загуба на човечки животи, би сакала да искоментирам дека казнената политика можеби не е во корелација и не соодветствува на толку тешката последица што ја имаме кај вакви случаи“, изјави Бојчевиќ.
Таа додаде дека конкретниот случај отвора потреба од поширока правна анализа и евентуални законски измени.
„Особено што првпат имаме случај на проширено самоубиство, не само самоубиство, и сметам дека тоа би требало да биде предмет на поширока анализа на правните експерти и изготвувачи на закони во насока на построга казнена политика и подобрување на казнената политика“, рече обвинителката.
Стојанче Јовановски беше осуден на 12 години затвор за случајот поврзан со смртта на неговата сопруга Ивана Јовановска и шестгодишната ќерка Катја. Судот му изрече максимални поединечни казни за трите кривични дела – телесни повреди во семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување и помагање во самоубиство, кои потоа беа обединети во единствена казна од 12 години затвор.
12 години затвор се мала казна во споредба со смртта на Катја и Ивана, законите треба да се менуваат по трагедијата
Обвинителката Адела Бојчевиќ, по изрекувањето на 12-годишната затворска казна за Стојанче Јовановски, посочи дека иако Судот ги изрекол максималните казни за сите три кривични дела, смета дека актуелната казнена политика не соодветствува на тежината на последиците во случајот.„Во оваа фаза од постапката, имајќи го предвид фактот дека станува збор за првостепена пресуда којашто не е правосилна и која верувам дека одбраната ќе ја обжали, Судот ја изрече максималната казна затвор за сите три кривични дела“, рече обвинителката Бојчевиќ.Сепак, таа нагласи дека според неа, законските рамки не ја следат тежината на случаите во кои има загуба на човечки животи.„Во однос на кривичното дело наведување на самоубиство, каде што ја имаме најтешката последица – загуба на човечки животи, би сакала да искоментирам дека казнената политика можеби не е во корелација и не соодветствува на толку тешката последица што ја имаме кај вакви случаи“, изјави Бојчевиќ.Таа додаде дека конкретниот случај отвора потреба од поширока правна анализа и евентуални законски измени.„Особено што првпат имаме случај на проширено самоубиство, не само самоубиство, и сметам дека тоа би требало да биде предмет на поширока анализа на правните експерти и изготвувачи на закони во насока на построга казнена политика и подобрување на казнената политика“, рече обвинителката.Стојанче Јовановски беше осуден на 12 години затвор за случајот поврзан со смртта на неговата сопруга Ивана Јовановска и шестгодишната ќерка Катја. Судот му изрече максимални поединечни казни за трите кривични дела – телесни повреди во семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување и помагање во самоубиство, кои потоа беа обединети во единствена казна од 12 години затвор.
Македонија | пред 3 часа