Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Кривичен суд објасни зошто Стојанче Јовановски доби 12, а не максимални 13 години затвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library4tpeb6h6ssit3CWUQPi

Основниот кривичен суд Скопје објасни дека казната од 12 години затвор за Стојанче Јовановски е донесена согласно правилата за одмерување казна кога постои стек на повеќе кривични дела.

Од Судот посочуваат дека за делата кои му се ставаат на товар на обвинетиот биле изречени максимални казни за секое поединечно дело – пет години затвор за телесни повреди во семејно насилство, три години за загрозување на сигурноста и уште пет години за наведување и помагање во самоубиство.

— реклама —

Според член 44 од Кривичниот законик, кога едно лице е осудено за повеќе кривични дела во ист процес, судот определува единствена казна која мора да биде повисока од секоја поединечна казна, но не смее да го достигне вкупниот збир на сите изречени казни.

— реклама —

„Во конкретниот случај вкупниот збир на казните за сите три дела е 13 години, а како единствената мора да биде поголема од секоја одделна казна, но не смее да го достигне збирот на утврдените казни, утврдена му е единствена казна затвор во траење од 12 години“, наведуваат од Кривичниот суд.

Претходно, Судот ја објави пресудата за Стојанче Јовановски, обвинет за три кривични дела поврзани со трагедијата од 2 март годинава, кога животот ги загубија неговата сопруга Ивана Јовановска и шестгодишната ќерка Катја.

— реклама —

Во текот на судењето беа презентирани аудио и видео материјали кои, според обвинителството, документирале физичко и психичко насилство.

— реклама —

Обвинителството побара Јовановски да остане во притвор до правосилноста на пресудата.

media-libraryc0phetc798110pHgF6B

Стојанче Јовановски е осуден на 12 години затвор за насилството и смртта на Ивана и Катја

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска беше објавена пресудата за Стојанче Јовановски, кој беше обвинет за три кривични дела – телесни повреди како продолжено дело во рамките на семејно насилство, загрозување на сигурноста, како и наведување и помагање во самоубиство, во случај поврзан со трагедијата од 2 март годинава, кога животот го загубија неговата сопруга Ивана Јовановска и нивната шестгодишна ќерка Катја.Стојанче Јовановски е осуден на 12 години затвор.За сите три дела на Јовановски

Македонија | пред 1 месец

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydsbv57egj27qan4Nmes

12 години затвор се мала казна во споредба со смртта на Катја и Ивана, законите треба да се менуваат по трагедијата

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryc0phetc798110pHgF6B

Стојанче Јовановски е осуден на 12 години затвор за насилството и смртта на Ивана и Катја

Македонија | пред 1 месец

media-libraryuvtskakicqbc2UM6kHJ

Снимено е како Стојанче два часа пред трагедијата ја шамара Ивана пред Мартин, но и како доаѓа полиција и си заминува без да преземе ништо

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryuvtskakicqbc2UM6kHJ

Јовановски и мавал шлаканици на Ивана неколку часа пред трагедијата – Презентирана видео-снимка од „Сејф Сити“

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања