Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

„Едно лице задржано во станица, мајката и детето биле заклучени сами во станот“, први информации од Обвинителството за трагедијата во Карпош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-libraryssn132b16i0ffHqzKPr

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на случајот во Карпош, кога при пад од висококатница животот го загубија мајка и малолетно дете.

Од Обвинителството информираат дека едно лице е задржано во полициска станица и дека по наредба на јавен обвинител се преземаат дејствија за испитување на евентуална кривична одговорност.

— реклама —

Обезбедена е наредба од судија на претходна постапка, а во текот на денот ќе се врши детален претрес на станот, кој веднаш по извршениот увид бил запечатен и обезбеден. Според првичните сознанија, во моментот на настанот починатата и малолетното девојче биле сами во станот, кој бил заклучен од внатрешната страна.

По наредба на јавниот обвинител денеска се вршат распити на повеќе лица кои имаат определени сознанија, се спроведува екстракција на податоци од мобилни телефони и се обезбедуваат снимки од видео надзор и други записи од неколку локации.

— реклама —

Во текот на вчерашниот ден била наредена и обдукција на телата на починатите.

Во однос на евентуалното претходно постапување, јавниот обвинител побарал детално известување од Министерството за внатрешни работи и од Центарот за социјална работа за сите можни претходни пријави и поплаки од оштетената, а ќе биде наложена и внатрешна контрола во МВР за да се испита постапувањето по тие пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydsbv57egj27qan4Nmes

12 години затвор се мала казна во споредба со смртта на Катја и Ивана, законите треба да се менуваат по трагедијата

Македонија | пред 4 седмици

— реклама —
media-library4tpeb6h6ssit3CWUQPi

Кривичен суд објасни зошто Стојанче Јовановски доби 12, а не максимални 13 години затвор

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryc0phetc798110pHgF6B

Стојанче Јовановски е осуден на 12 години затвор за насилството и смртта на Ивана и Катја

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryuvtskakicqbc2UM6kHJ

Снимено е како Стојанче два часа пред трагедијата ја шамара Ивана пред Мартин, но и како доаѓа полиција и си заминува без да преземе ништо

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања