„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

скопје

Нема фотографија

Потврдена е коалицијата меѓу клептоманската СДС и уценетата Арсовска

„Клептоманите од дезертерската СДС секој ден ја потврдуваат новата коалиција со уценетата Данела Арсовска. Веќе станува очигледно дека Арсовска има за задача да одработува за дезертерот Ковачевски, да дефокусира од секојдневните скандали, од неспособноста и катастрофалната енергетска и економска состојба во која се наоѓа државата“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Коалицијата веќе не ја ни кријат. Взаемно си помагаат, затоа што имаат големи бизнис интереси и мерак за матни зделки. Поддршката која СДС и ја дава на Арсовска се гледа и преку скапата кампања и билбордите кои и ги плаќаат во време на криза. Во услови кога немаат дела, својата неспособност ќе ја покриваат со манипулации и лаги. Парите и енергијата кои ги трошат против ВМРО-ДПМНЕ да ги насочеа кон граѓаните ќе донесеа барем некаков бенефит.Нека им е со среќа соработката.

Македонија | пред 3 години

234919655_651024752949979_7599520139797624935_n

Млад скопјанец ограбен на Партизанска, со закана му одзеле пари

На 16.09.2022 во 14.00 часот во Полициската станица Центар, Х.Ј.(25) од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот на бул.„Партизански Одреди“ две лица со закана му одзеле пари.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

DFASDFASDFASDFASDF

Од шеги до заговори: Немој да пиете шилеговача, видовте што се случува со Данела

Караницата на релација ВМРО-ДПМНЕ - Данела Арсовска не застанува. Скопската градоначалничка последно го повика Христијан Мицкоски, лидер на опозициската партија, да дојде и лично да се пресмета со неа. Тој пак, преку телевизиско интервју ги смируваше страстите посочувајќи дека ова не е војна. Сепак, се чини дека страстите се зовриени, ако се има во предвид дека секојдневно ВМРО-ДПМНЕ испраќа соопштенија до медиумите со кои ја девалвира и дискредитира Арсовска.И јавноста има свои коментари. Дел се шегуваат, на дел ништо не ми е јасно, а трети, имаат своја страна.Дел од нив, објавени на „Твитер“, во проодлжение:„Данела, сега, добра е или лоша? Не разбрав“https://twitter.com/KRodzers/status/1569741548212060162„СДСМ и се воодушевува на Данела. Каков ти е денот таква ти е годината“https://twitter.com/Schiffer_PG14/status/1570374548075290628„Ќе потврди ли сега дпмне дека Данела е Бугарка?“https://twitter.com/AnaFiljana/status/1570507059850018819„Исто како што заврши Тривке невини ќе заврши и данела без ниту еден реализиран проект...“https://twitter.com/NoStAlGicArOt/status/1570358754012499971„Фала #Данела за денешните вмровски солзи. Кралице моја. Срно моја“https://twitter.com/100deutschemark/status/1569321593557368833„Кај е шпицниот Градоначалник, кај се крие? - ДанелаЈас од Нервно:“https://twitter.com/CheGuev21277156/status/1570425607888195586„Уште 5-6 глупи мемиња со Данела и нова година“https://twitter.com/mancesterovec7/status/1570522125718659074„Данела пред поплавите да го фатеше директорчето у мед ќе и простевме“https://twitter.com/Act_A__Fool/status/1570522809310511107„Ипак ја мислам дека Данела премлада влезе у политика.. Мислења?“https://twitter.com/HerrPIPO/status/1570532535914090498„Немој да пиете шилеговача, видовте што се случува со Данела , па таа стана ШИЛЕЖЕ“https://twitter.com/WolverineNase/status/1570550762266296320„Данела решила да се справува со корупција. Сасвим нормално е дека нема да има поддршка од ниедна политичка партија“.https://twitter.com/AntovSr/status/1570648404145090561„Имајки го предвид минатото на Данела не верувам дека решила да се справува со корупција или пак да одолее на партиски влијанија. Мислам дека едноставно не сака да дели со ниту една партија“.https://twitter.com/ibogovitelicno/status/1570650477527986178„Данела Арсовска вели била најдобар градоначалник до сега. За мене од почеток до сега е најголемо разочарување и промашување“https://twitter.com/Nedopirliva1/status/1570656280519540737„И после #Данела не била царица! *само да се мрчело“https://twitter.com/MKDProLet/status/1570656640063635456„Значи Данела е есдееес“https://twitter.com/PinderhughesMKD/status/1570665409262788615„Во ред е да реагира ако брцнале во градскиот мед ама таа се жешти како да брцнале внејзиниот домашен мед, која сама го направила...🙄 Данела пчелката стана оса!“https://twitter.com/ANGELa99046218/status/1570667276617273345„Мора да признаеме дека Данела и се допадна на „заедницата“ затоа што покажа твитерашки шмек, користи наши финти за кревање на рич и си лапа симп фоловери (гласачи) со навежбано „дрско“ а у ствари простачко онесување..“https://twitter.com/zoranveli/status/1570667484927365123

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-09-12-at-12.43.41

Перински:Со вакви искажани фрази Арсовска не заслужува повеќе да е градоначалник на градот Скопје, ја повикувам да си даде оставка

Златко Перински, во своето гостување во вестите на Сител зборуваше за тендерот за пречистителна станица и потенцираше дека во ваков случај невозможно е да се влијае на исходот и е невозможно да се намести ваков тендер.-Во проект кој што е финансиран од страна на европски банки, дел со кредитни линии, дел со грантови каде што се вклучени странски консултанти во фазите на евалуација и ефектите и исходите од фазите на евалуација ги одобрува или позитивно ги оценува носителот на кредитната линија во случајот Европска инвестициона банка е невозможно да се влијае на исходот и е невозможно да се намести, рече Перински.Тој во текот на своето гостување посочи дека штом се докаже дека сето ова е невистино градоначалничката да смогне сила да си поднесе политичка одговорност т.е оставка.-Навистина се смешни инсинуации кои што беа презентирани на неколку портали и од страна на градоначалничката во нејзиното вчерашно излагање. Мене ми е навистина жал што на овој начин се потруди, проба да моето изминато работење го оцрни, па затоа јас јавно сакам да ја повикам дали доколку овие изјави се докажат во идниот период дека се невистини, дали ќе смогне сила и храброст да им се извини на скопјани за искажаните невистини и дали ќе си поднесе политичка одговорност т.е оставка? Со вакви искажани фрази според моја проценка госпоѓата Данела Арсовска не заслужува повеќе да е градоначалник на градот Скопје, кажа Периснки.Перински исто така порача дека никој до сега го нема оцрнете неговото име и презиме и дека ова работа ќе ја тера до крај.- Јас во животот мој не сум дозволил никој да го оцрни моето име и презиме, јас ќе ја буткам работата до крај. Дополнително ме мотивира фактот што само 5 минута пред вчерашниот прес добив уште една комфирмација од Европската инвестиционата банка дека до сега процесот е кристално чист и нема ниту една дамка, така да тоа ми е дополнителен мотив за да докажам дека работите кои што градоначалничката ги сподели со јавноста се тотална невистина, додаде тој.

Македонија | пред 3 години

IMG_20211003_192825_353

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Антидатирањето на бројчиња во архива е кривично дело

„Вчера Арсовска на прес конференција ги пофали директорите на јавните претпријатија дека се на ниво на задачата и дека одлично ја извршуваат, а денес лаже кога вели дека ги разрешува поради несоодветно работење. Ниту понуда од Арсовска до директорите за доброволно заминување, ниту барање за оставка имало.Ја потсетуваме Арсовска дека антидатирањето бројчиња во архива е кривично дело, а лажењето на јавноста е лицемерие кое скопјани не го заслужуваат. Одлуките на директорите се последица на паниката на Арсовска дека никој не сака да соработува со градоначалничка која очигледно не е способна да донесе резултати кои ги вети“, велат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.Тие додаваат:Ваквиот чекор е доказ дека власт по секоја цена и преку газење на принципи не е прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ. Функцијата значи одговорност спрема граѓаните.

Македонија | пред 3 години

gofdgoajdsfgljadglfaf

Арсовска им врати на директорите: Јас ви дадов понуда да дадете оставка или да ве разрешам

„Поради несоодветно работење, неиспорачување резултати и непочитување на насоките на градот Скопје, директорите добија понуда да си дадат оставка или да бидат разрешени“, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.Ова доаѓа откако директрите на „Паркинзи-Скопје“ и „Дрисла“, дадоа оставки.„Градот Скопје е град на сите скопјани, затоа сите носители на овие одговорни раководни функции во градот се должни да даваат отчет пред граѓаните, а не пред партиските лидери. Скопје мора да биде модерен град, град за сите скопјани“, додава таа.

Скопје | пред 3 години

300806025_5548677575178409_2960506694749295287_n

ВМРО-ДПМНЕ се оградува од Арсовска: Не сме задоволни од неа, наместо да се пресметува нека решава проблеми!

Скопската градоначалничка Данела Арсовска, повеќе нема поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, освен за поединечни проекти за кои веќе има усогласеност и се промовирани во време на изборите. Портпаролката на партијата, Марија Митева, испрати и јавна порака до Арсовска. Според неа, партијата е незадоволна од резултатите на Арсовска, иако, кога ја поддржале за време на изборите, верувале во неа.„Како партија која го поддржа концептот за модерно Скопје и застана зад кандидатурата на Арсовска, искрено верувајќи во овој концепт, можам да кажам дека не сме задоволни од сега сработеното од градоначалничката. Сметаме дека е малку реализирано, а може и треба да се испорачаат повеќе резултати кои ги заслужуваат скопјани. Поддршката која ја дадовме за неа е темелена на принципи, и секако таа ќе ја повлечеме тогаш кога ќе видиме дека тие принципи не се почитуваат“, кажа Митева.Портпаролката одговори и дали мнозинството советници во Град Скопје ќе и ги гласаат проектите и одлуките на Арсовска.„Имено ова се однесува дека во иднина само оние проекти и онаа политика која е во функција на модерно Скопје и која ја поддржуваме ќе биде одобрена и изгласана во Советот. Но исто така, ќе го задржиме правото да бидеме жестоки критичари на нејзините политики кои излегуваат надвор од тој концепт“, посочи таа.На крајот, Митева упати и порака до скопската градоначалничка: „Би и порачале на градоначалничката дека наместо неосновани пресметки и упади на прес-конференции, треба да се започне со проекти и со решавање на потребите на скопјани“.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-09-12-at-13.08.12

Данела не знае за што ќе го гони Перински: Прво го обвини дека влијание врз тендер, а сега дека е нетранспарентен

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска не знае за кое кривично дело ќе го пријави директорот на Водовод, Златко Перински. Таа кажа дека не знае ништо за процесот за проектот за пречистителна станица финансиран од европски банки, но не одговори како без информации го обвини Перински дека сторил криминал за што ќе поднесува и кривична пријава. Во соопштението за разрешувањето на Перински се вели дека има сомнеж дека влијаел во постапката за избор на изведувач на тендер, а на прес-конференција посочи само дека тој не бил транспарентен и затоа го тргнала од директорската позиција.„Ние изразивме сомнеж бидејќи минатите месеци, Град Скопје нема добиено никаква информација во која насока се движат сите процеси кои се поврзани со избирање на најдобар понудувач. Ова е проект кој се прави со европски средства во вредност од 137 милиони евра. Ние имаме индиции дека не е транспарентен процесот и бараме да се сменат промени на членовите на комисиите. Нетранспаретноста на целата постапка ги покрена сомнежите. Ние нема да дозволиме европски средства да бидат изиграни. Во интерес на сите е да знаете што е позадината. Со самото тоа што Градот барал потранспаретна постапка и не било спроведено, имаме сомнежи дека се обидувало да се влијае на постапката“, кажа Арсовска.Прашана од кај знае дека има криминал, ако не знае ништо за проектот, Арсовска рече: „Да спречите нешто да се украде е исто како да се превенира. Јасен беше одговорот. Документацијата која ја имаме, ќе ја предадеме, друг ќе одлучи“.„Ние ги имаме нашите индиции, ги имаме релевантните документи, пред Обвинителството ќе ги поднесеме. Транспарентноста не е криминал, тоа е дека нешто се тера а не се прави пред јавноста“, рече Арсовска, а прашана кое е делото рече: „Тоа не е нешто наше кое треба да го тераме, не сме јавен обвинител ниту суд“.

Македонија | пред 3 години

302347697_10228138557786150_8333040031733725901_n

(ФОТО) Зграда во Центар 16 часа без струја, станарите пријавиле во ЕВН, а оттаму ја префрлаат вината

Зграда во Дебар Маало веќе 16 часа нема струја. Станарите велат дека пријавиле во ЕВН, но оттаму велат дека за тоа е одговорна општината.„Среде Центар во Дебар Маало цела зграда нема еве веќе 16 часа струја. Станарите пријавиле во ЕВН, од ЕВН ги праќаат во Општина Центар, Општина Центар се прават наудрени! Дрво има паднато на самиот кабел за струја кој го има прекинато дотокот на струја за зградата. Дрвото е веднаш до градинката на среде улица, повторно Општината не реагира!Горан Герасимовски градоначалниче, вака ли се грижи општината за Центарци?Кога ќе се активираат службите за ова што се случува во срцето на нашата општина?Доколку не сте виделе на терен, повелетe слики во прилог да ја видите состојбата“, стои во објавата.„Службите на Општина Центар изминатото деноноќие се на терен, ги расчистуваат паднатите дрвја и гранки и на одредени локации ги санираат штетите настанати од вчерашното невреме кое го зафати Скопје. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, веднаш по невремето излезе на терен и заедно со службите, вршеше увид и помагаше при расчистувањето велат од Општина Центар„Утринава имавме состанок на општинскиот Штаб за заштита и спасување. Во контакт и координација сме и со останатите надлежни институции и ги преземаме сите мерки за расчистување на паднатите дрвја, гранки и покриви. Во текот на денот ќе се врши и проценка на штетите од поплавите кои зафатија дел од општинските градинки и училишта и работиме на нормализирање на состојбата“, изјави градоначалникот Герасимовски, по завршувањето на состанокот на штабот.До општината вчера пристигнаа многу пријави за оштетени возила, живеалишта, деловни простори, проблеми со шахтите и сливниците и сите тие се проследени до надлежните сектори или институции за натамошно постапување.

Скопје | пред 3 години

1-1

Професорка објаснува зошто се поплавија улиците по вчерашното невреме

Проф. д-р Дивна Пенчиќ на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека една од причините за неистекување на водата по вчерашното невреме се „жардињерите“ долж булеварите.„Зошто толку се затнаа улиците?Една од причините за неистекување на водата се и оние тн „жардињери“ во кои го „заробивме“ зеленилото долж булеварите и покрај зградите!Сакајќи да го решиме проблемот со газење на тревата и паркирање по зленилото, на некој градоначалник и неговите архитекти им текна да го заградат со ѕидчиња!Е сега нема како водата од улците да се впие при обилни дождови! Ниту една атмосферска канализација не може да се направи со капацитет кој може вакви обилни поројни дождови да ги прифати, и така не се ни проектира. Улиците немаат толков профил за да се стават цевки со поголеми профили, а има и други инсталации кои се водени под улиците. Затоа се планира зеленило кое не е во „саксија“ и тоа треба да впие дел од водата.Дополнително, кога сите градски површини и јавни и приватни по дворови, ќе се избетонираат, пополочат и тоа со непропусни/непорозни материјали, резултатот е дека градот е еден ГОЛЕМ БАЗЕН, кој се преплавува.Е тоа е“, се вели во објавата.

Коментари | пред 3 години

301686208_5569497483096418_3915492083051381726_n

Коментар на денот: Маме му e*авте на Скопје, во 2022 граѓаните одат низ фекалии по улици

Новинарот Кристијан Ландов на социјалните мрежи објави статус во врска со вчерашните поплави во главниот град.„Ја би ви кажал, наместо да се препукувате, да се засрамите. Сите, од Петре до Данела, сосе СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и компанија.Некад мора онака сељачки да се каже: Маме му ****** на Скопје. Засрамете се и скријте се, затоа што во 2022 година во т.н. метропола, граѓаните ви одат низ излиена канализација по улици“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

Fba7uTIX0AE-Kn9

(ФОТО) Скопјанец за пример: Секогаш ги отвора шахтите за време на поројни дождови, никој друг не мрда со прст

На социјалните мрежи вчера беа објавени фотографии од скопјанец, кој ги отвора шахтите.Во објавата се вели дека неговото име е Зоки, а тој секогаш кога има поројни дождови ги отвора шахтите.„Имам чест да го познавам. Се вика Зоки, и секогаш излегува да ги отвори шахтите при поројни дождови и ги затвора после повлекување на водата. Ниту еден друг негов сосед не мрда со прст“, стои во објавата.https://twitter.com/yarrre/status/1564644824657104896?s=20&t=9HFFIj39mH-B9EWQvt3Mmg

Коментари | пред 3 години

2-1

„Сега Вучиќ ќе испрати екипа да го среди Скопје“, „Белград на води, Скопје под води“, реакции по поплавите во главниот град

По невремето, кое го поплави половина град, граѓаните се пошегуваа на социјалните мрежи. Велат дека како и за секоја друга работа, и овој пат Вучиќ ќе испрати помош за градот.https://twitter.com/callmemicce/status/1564684688299626496?s=20https://twitter.com/P0KIO/status/1564684628723728384?s=20https://twitter.com/Kafedzijata_/status/1564682492308758528?s=20https://twitter.com/RadeMetalec/status/1564681328762699776?s=20https://twitter.com/FallUsHype/status/1564685806245134337?s=20https://twitter.com/Stopareska/status/1564673103434846212?s=20 https://twitter.com/Svakjas/status/1564669096473628672?s=20https://twitter.com/PravednaTavita/status/1564665352679788545?s=20https://twitter.com/dodo__81/status/1564673550115639296?s=20https://twitter.com/Shushmula/status/1564693003314335745?s=20

Коментари | пред 3 години

300856868_623658112719457_2847905519691291869_n

Данела Арсовска се огласи неколку часови по невремето

„Силното невреме со обилни врнежи кое во изминатите неколку часа го зафати Скопје, предизвика поплави на повеќе места низ градот. Свикав итен теренски состанок на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, во моментов екипите интервенираат на повеќе од 30-тина локации каде има поплавувања по големото невреме“, напиша Данела Арсовска.Таа додаде:Тимови составени од јавните претпријатија расчистуваат на терен каде остануваме се до целосно санирање на проблемите на критичните места. Сите екипи се мобилизирани и се на терен, меѓу кои и противпожарната бригада на градот Скопје, која со успешна интервенција успеа да спаси над 20 лица.Силното време предизвика и материјални штети кои веќе се санираат, а воедно вечерва кризниот штаб по целосна анализа на состојбите ќе најави решение за овие проблеми, но ќе се бара и одговорност за несоодветната атмосферска инфраструктура особено на ново реконструираните градски булевари каде се предизвикани најголеми штети.

Скопје | пред 3 години

302608013_193803233031600_1248400959842140125_n

Заглавено возило под подвозникот кај Бриколаж, се работи интензивно на негово извлекување

Попладнево сум на терен заедно со екипите на ЈКП Гази Баба и екипите на јавните претпријатија на Град Скопје каде што се санираат последиците настанати од големото невреме кое го зафати Скопје, вели градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.„На неколку локации е собрана поголема количина на вода и настанат е прекин во сообраќајот.Заглавено е едно возило под подвозникот кај Бриколаж и се работи интензивно на извлекување на возилото.Граѓаните да бидат спокојни. Јас и целиот кризен штаб од општината остануваме на терен до целосно расчистување на последиците од невремето“, објави тој.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања