„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

скопје

Screenshot-2022-08-30-195134

(ВИДЕО) Нови снимки од поплавениот „Ист гејт“, посетителите одат низ река од вода која поплави и дуќани

И новиот трговски центар Ист Гејт Мол не остана отпорен на невремето. Дел од дуќаните се соочија со проблем откако трговскиот центар почна да се полни со вода.Освен дуќаните поплавени се и подземните гаражи.Исто така деес поради силното невреме се поплавија и ТЦ „Бисер“, ГТЦ и Соравија.

Скопје | пред 3 години

poplava-aerodrom-2

ЦУК со информации за невремето во Скопје: Пријавени се откорнати кровови, заглавени возила, поплавени простории

Невремето кое го зафати поширокото подрачје на Скопје, пропратено со силен ветер и обилен дожд, на телфонот 112 се пријавуваат паднати дрва, откорнати кровови, заглавени возила, поплавени простории..Дојавите на најбрз начин се пренесуваат до надлежните служби на нивна понатамошна реализација во рамките на своите можности.На улица Киро Крстевски бр. 3 пријавено е дека покрив на зграда на пет ката е оштетен. За ова се известени надлежните од о. Кисела Вода и БППЗ.

Скопје | пред 3 години

fdsfasdfas

ФОТО: Пак пропадна камион во фонтаната на Груевски и Трајановски, вредна 2,5 милиони евра

Камион пропадна во џампинг-џет фонатаната на градскиот плоштад во Скопје. И ова не е првпат, туку скоро секоја година на скопскиот плоштад може да се види истата слика. Инаку, оваа година, во текот на целото лето, фонтаната не функционира.Од она што може да се види е дека камионот е навлезен со предните тркала во фонтаната, која беше пуштена во употреба пред седум години.Таканаречената сува фонтана е вредна 2,5 милиони евра.Отворениот кратер, по секое пропаѓање на возило, се заградува со метална ограда, за да не се случи поголема несреќа. Фонтаната е направена во време кога премиер беше Никола Груевски, а градоначалник Коце Трајановски. Таа е дел од проектот „Скопје 2014“.

Скопје | пред 3 години

IMG_9796

Камионот кој пропадна во фонтаната на плоштадот во Скопје, влегол неовластено

Приватен субјект со возило камион без дозвола неовластено влегол на плоштадот Македонија, по што е причинета штета на плочникот.„Градот Скопје остро го осудува овој чин, ќе ги преземе сите законски мерки за извршување на инспекциски надзор како и за санкционирање, по што за причинетата штета врз јавните добра на плоштадот ќе се бара надомест на штета. Ваквото однесување од страна на поединци е недозволиво и за истото ќе се спроведат најстроги санкции“, велат од Град Скопје.

Скопје | пред 3 години

20818949_1501000679965381_507792792927519963_o

Од среда до недела има „Пивленд“ во Скопје, со три сцени и над 50 музичари

Дали скопјани можат да испијат повеќе пиво од последното издание на Пиволенд во 2017 година? Скопјани како големи љубители на добра забава и квалитетно пиво, се подготвени да постават нов пивски рекорд на Пиволенд 2022. Оваа манифестација по пауза од 5 години повторно се враќа пред скопската публика, со програма која ветува добра забава со повеќе од 50 музички артисти, над 100 видови на пиво, два стејџа и новитети кои ќе овозможат уште едно незаборавно издание на Пиволенд.На овогодинешниот Пиволенд ќе бидат поставени две сцени, „Main stage“ и „Craft stage“. На „Main stage “ќе настапат познатите македонски и балкански музички изведувачи, додека  „Craft stage“ ќе биде наменета за љубителите на алтернативната музика и младите талентирани артисти.Пиволенд 2022 има за цел промоција на македонски и интернационални брендови на пиво, креирање на пивски бренд фестивал на локално и регионално ниво, зајакнување на пивската култура во Македонија, поддршка и афирмирање на млади македонски музички артисти пред публиката, како и промоција на Скопје како град на љубителите на пиво.„Мораме да споменеме дека овогодинешниот Пиволенд го враќаме во полн сјај. Подготвени сме да понудиме богата петдневна музичка програма со над 50 музички имиња од Македонија и Балкан, дегустација на повеќе од 100 видови на пиво и одлична храна која ќе ги задоволи сите вкусови и ќе го направи Скопје среќно и центар-место на пивото на Балканот. Оваа година со промената локација, за разлика од традиционалната локација на Скопското Кале, целата манифестација ќе биде организирана на Плоштад Македонија. Очекуваме голем број на посетители не само од Скопје, туку и од целиот регион.“ - велат организаторите на Пиволенд.Пиволенд 2022 ќе трае 5 дена. Програмата започнува на 31.08.2022 (среда) и ќе трае до 04.09.2022 (недела), а влезот за посетителите ќе биде бесплатен.Атрактивните сцени за артистите, богатата локална кујна, одличната музичка програма, големиот број на забавни активности и пеtте години пауза алудираат на нови рекорди на посетеност на Пиволенд и испиено пиво.Премиерен настап на Пиволенд ќе има инклузивниот рок бенд ,,Сол Ночиво” во кој учество земаат млади од здружението ,,Во мојот свет” кое се грижи за помош и поддршка на лицата со аутистичен спектар. Овогодинешниот Пиволенд ќе биде и од општествен карактер. На штандовите на Плоштад ,,Македонија” посетителите ќе имаат можност да купат брендирана маица со Пиволенд 2022 која би претставувала убав спомен од целата манифестација, а со секоја продадена маица се донираат 100 денари за здружението ,,Во мојот свет”.

Магазин | пред 3 години

2-1-2

Аплицирајте: Објавени повиците за субвенции за граѓаните за купување велосипеди и електрични тротинети

Град Скопје денеска објави Јавни повици за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди во 2022 година, како и за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување електрични тротинети во 2022 година.Целта на јавните повици е подобрување на квалитетот на животната средина, односно подобрување на квалитетот на воздухот во градот Скопје и унапредување на здравјето на луѓето, преку стимулирање на граѓаните на градот Скопје за користење велосипеди и електрични тротинети, со што би се намалило загадувањето предизвикано од сообраќајот.Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира за велосипеди се во износ од 50% од вредноста на велосипед, но не повеќе од 4.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.За електричните тротинети, средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 30% од вредноста на еден тротинет, но не повеќе од 8.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.Подетални информации за условите, начинот на пријавување на јавниот повик, начинот на спроведување на Јавниот повик и начинот на остварување на правото на надоместок граѓаните ќе можат да ги најдат на веб-страницата на Град Скопје www.skopje.gov.mk.Покрај информациите, граѓаните ќе можат на интернет страницата на Градот Скопје: https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/subvencii/ да го симнат образецот за Барање за субвенција за купување, како и образецот Изјава која треба да се завери на нотар.Јавните повици и сите потребни документи сите заинтересирани можат да ги најдат и преземат на следниот линк –https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/subvencii/Јавните повици ќе траат заклучно со 01.11.2022 година, или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.За повеќе информации во врска со јавните повици, заинтересираните граѓани може да се обратат во Секторот за заштита на животната средина на Град Скопје на телефонскиот број 02/3297- 303, како и на бројот 02/3207 548.

Скопје | пред 3 години

300806025_5548677575178409_2960506694749295287_n

Државата плаќа 350.000 евра годишно, оти Арсовска не го гради автобуското метро во Скопје

Од државниот буџет се плаќаат 350.000 евра годишно камата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) оти градоначалничката Данела Арсовска не ги користи парите од кредитот во висина од 70 милиони евра за воведување Бас рапид транзит систем (БРТ) односно не го гради автобуското метро во Скопје, пишува СДК.мк.Парите стојат нечепнати односно не се користат и поради тоа државата плаќа камата, бидејќи Арсовска од доаѓањето на функција лани во ноември кажа дека нема да го прави автобуското метро. Рече дека тоа било проект на нејзиниот претходник Петре Шилегов, а граѓаните ја избрале нејзе и нејзиниот проект за 250 еколошки автобуси. Парите не можат ниту да се пренаменат и да се користат за друг проект, оти во договорот со ЕБОР стои дека тие се одобрени токму затоа што БРТ е високо оценет од европските експерти како зелен проект кој ќе овозможи еколошки и побрз транспорт во градот.Од Министерството за финансии неколку пати побарале одговори од Арсовска што планира да прави со овој проект, но таа ги ингорира и не им одговара на прашањата и повиците.Целиот текст можете да го прочитате тука

Скопје | пред 3 години

collage

„Тонеме во дупки, ѓубре и смрдеа. Во Скопје среќни се само Данела и нејзиниот тим, на нив тоа не им смета“, реакција за состојбата на градот

Незадоволството од ниското ниво на хигиена во Скопје, несредените улици и неводењето грижа за градот може да се забележи и на социјалните мрежи. Преполните контејнери се фотографирани во повеќе општини низ Скопје. Граѓаните се жалат и дека ако досега, нивниот отпад бил собиран двапати неделно од Комунална хигиена, тоа сега се прави по еднаш. Коментар на темата имаше и новинар кој напиша:„У Скопјево има само неколку фаци кои се среќни од последните локални избори до сега. Тоа е Данела и нејзиниот нововработен „тим“, именуваните директори и нивните нови дечки на државна ц*цка. Останатите тонеме у незакрпените дупки, несобраното ѓубре и неговата смрдеа. Нив тоа очигледно не им смета. Модерно очигледно значело пропаднато и сиво Скопје“.Споделени се и фотографии направени во Скопје:Коментар под статусот има и Тина Петрушевска, ексдиректорка на стационарот „Лајка“. Таа посочува за проблеми со бездомните кучиња и нефункционалноста на стационарот.„Граткиот стационар у рацете на активистите, телефоните исклучени поради неплатени сметки, а градов е куче со лишманија“, напишала Петрушевска под статусот.А дека залутани кучиња има и низ центарот на Скопје и никој не ги третира, објавени се и фотографии:

Скопје | пред 3 години

263890102_364919331843310_2719035635897412082_n

Кражба со автоматска пушка во Ѓорче Петров, полицијата со детали

Денеска полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Ј.Л.(23) од с.Крушопек и Ш.И.(31) од Скопје, кои се сомничат дека во 15.30 ч. во продажен салон на подрачјето на Ѓорче Петров со закани со оружје кон вработените одзеле пари и производи. При обидот за бегство со ПМВ“Фолксваген Кеди“ биле забележани од полициски службеник од Полициска станица Ѓорче Петров, кој во содејство со полициски службеници од Полициско одделение Сарај во близина на мостот Сарај успеале да го запрат возилото, во кое биле пронајдени една црна вреќа со украдените пари, производи и автоматска пушка, додека двете лица се дале во бегство. Малку подоцна, во близина на с.Кондово тие биле пронајдени и приведени, а во непосредна близина биле пронајдени пиштол, пари, мобилни телефони и други предмети поврзани со кривичното дело.Тие се сомничат дека извршиле уште две кривични дела разбојништво, кои во службен разговор ги признале. Увид ќе се врши и по документирање на случајот против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

„Обвинувањата дека Андов наредувал напади, е исто како да се каже дека Апасиев давал наредби за инциденти“, демант од затворот „Скопје“ за Левица

Затворската управа на КПУ „Скопје“ демантира дека вработени полицајци биле ангажирани за прославата за Илинден на Мечкин Камен. Ова следува откако Левица бараше одговорност и разрешување на Филип Андов.„Во врска со континуираните напади врз КПУ „Скопје“ и директорот Филип Андов, сакаме да укажеме на следново:На прославата за Илинден на Мечкин Камен, ниту била ангажирана, ниту можела да се ангажира затворската полиција. Затворската управа, не може, ниту имала намера, на било кој припадник на затворската полиција да му го контролира приватниот живот и она што тие го прават по работното време. Па така, одењето на прослави од страна на припадниците на затворската полиција од КПУ „Скопје“ е личен избор и никако не може да се поврзе со професионалните ангажмани.Тенденциозните објави на партии и платеници со обвинувања дека директорот Филип Андов стои зад наредби за некакви си малтретирања на Мечкин Камен, се лага и замајување на јавноста. Дотолку повеќе што и од објавените снимки може да се види дека Андов не бил на местото и во времето каде имало некакви турканици и караници. Тоа е и совршен доказ дека не постоела ниту можност да дава инструкции или да раководи со некого, ниту пак, имал зошто да го прави тоа.Ваквите обвинувања се исти како да се каже дека Димитар Апасиев од Грција, за време на Илинден, давал наредби на партиското членство да предизвика инциденти на Мечкин Камен и да ги провоцира останатите посетители на прославата.Политичката партија „Левица“ која ги изнесе обвинувањата, ја повикуваме сите закани и навреди да ги аргументира и да ги пријави кај надлежните органи. Доколку сметаат дека има прекршувања од страна на припадници на затворската полиција, а за кои надлежност има затворската управа, ги повикуваме да ги докажат и образложат во поднесок, по кој ќе се постапи веднаш.Затворската управа, нема да дозволи неосновани напади и инкриминирање на затворската полиција со цел добивање дневно партиски поени, ниту пак, обвинувања кон лаги и обвинувања за директорот Филип Андов“, стои во демнатот.

Македонија | пред 3 години

271441411_1316939408808124_4587910942610835444_n

Хаос се случил во скопски ресторан, татко и син осомничени за насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица, татко и син од Скопје, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Двајцата осомничени, на 28 јули, во угостителски објект на булеварот „Словенија“ во Скопје, додека биле на семејна роденденска прослава, извршиле грубо насилство врз едно лице. Оштетениот одбил на еден од присутните гости на прославата да му даде чинии за кршење. Во тој момент, осомничениот се упатил кон шанкот и со рака замавнал кон шишињата и чашите, фрлајќи ги кон лицето на оштетениот. Оштетениот успеал да се заштити со рацете, по што осомничениот започнал да го удира со боксови во пределот на главата. Кон ударите се придружил и неговиот син, а за цело време двајцата осомничени упатувале пцовки и закани кон нападнатото лице. Оштетениот се здобил со телесни повреди по главата и телото, додека насилството предизвикало чувство на несигурност, загрозување и страв кај други присутни сведоци на настанот.Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот 41-годишник, оценувајќи дека постои опасност да се даде во бегство или да го повтори делото, со оглед дека се работи за лице кое и претходно е осудувано за повеќе слични кривични дела. Исто така, постои и опасност осомничениот да му се заканува или да го нападне оштетениот во обид да го принуди да го смени исказот. За неговиот 21-годишен син, пак, предложени се мерки на претпазливост.

Скопје | пред 3 години

295914867_5473983762647791_4342703486537291351_n

Запрете со асфалтирање патеки во Градскиот парк, асфалтот ослободува поголема топлина, велат од Зелен хуман град

„Зелен хуман град“ по објавувањето на веста дека се асфалтираат патеки во Градски парк испрати официјален допис до Град Скопје и до ЈП „Улици и патишта“ - Скопје.„Бараме Град Скопје веднаш да ги адаптира своите активности на препораките кои се дел од стратешките документи што локалната самоуправа ги изработува, а се платени од нашите јавни пари! Во Стратегијата за отпорно Скопје од 2017 г. се вели „Колку повеќе бетон и асфалт, толку повисока температура. Потребни се повеќе зелени површини, зелени покриви и зелени фасади.“ „Конвенционалните материјали за поплочување можат да достигнат летни температури и од 48-67°C. Ваквите загреани површини ја пренесуваат топлина во воздухот над нив со тоа значајно придонесуваат за создавањето на топлински острови. […] Улиците, плочниците, паркинзите, тротоарите и другите површини може да се конструираат со користење на пропустливи/проодни материјали за поплочување, и со тоа да се помогне да се излади околината, истовремено намалувајќи го истекувањето на атмосферските води.“ е наведено во студијата за Урбани топлински острови во Скопје од 2018 г.Ако земеме предвид дека според картата на урбани топлински острови, централното подрачје на Скопје се издвојува како најтопло место во кое се забележани највисоки среднодневни температури, тогаш е сосема јасно дека сите напори и активности на Градот мора да се насочени кон намалување на температурите, а тоа секако не се постигнува со нанесување црн асфалт кога постојат далеку поадекватни алтернативи. Темните површини многу повеќе се загреваат од светлите, а со тоа и ослободуваат поголема топлина (а со тоа и емисии) во воздухот. Според јавно достапните научни податоци, црниот асфалт под директна сончева светлина ослбодува и до 300% повеќе емисии! Бекатон плочките и тревнатите плочници се веќе во широка употреба кај нас доколку чакалот не е алтернатива за одредени категории од нашите сограѓани. Не бараме решенија кои не постојат или се прескапи. Бараме решенија со кои ќе се одговори и на потребите на скопјани, но и ќе се гарантира заштита на природата, односно одржливо ќе се управува со едно од ретките зелени прибежишта во Скопје“, велат од „Зелен хуман град“

Скопје | пред 3 години

asfalt-na-patekite-vo-park2jpg

Данела асфалтира патеки во Градски парк

Градоначалничката Данела Арсовска денеска преку соопштение се пофали дека Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“ почнале со асфалтирање на дел од земјените патеки во првиот дел од Градскиот парк. Веќе е асфалтирана патеката околу малиот лавиринт, а ќе се асфалтираат вклупно 7.500 метри земјени патеки во овој дел од паркот.Станува збор за патеките кои со години се покриени само со ризла. Тие ниту еден градоначалник досега не ги асфалтирал бидејќи станува збор за природна околина, асфалтот брзо се загрева и создава поголема топлина и е материјал кој се избегнува за поплочување на парковски површини.„По успешно завршената реконструкција на пешачките патеки во вториот дел од паркот, каде веќе се реконструирани над 12.000 квадратни метри, продолжуваме со реконструирање на сите останати пешачки површини. Предвидено е да бидат опфатени пешачки патеки на вкупна површина од 12.500 квадратни метри во првиот дел од Градскиот парк. Од вкупната површина 7.500 квадратни метри се пешачки патеки што се покриени со ризла кои ќе бидат асфалтирани, а 5.000 квадратни метри пешачки патеки кои се затекнати во лоша состојба со големи оштетувања, ќе бидат санирани со нова асфалтна маса“, стои во писмената изјава на Арсовска.

Скопје | пред 3 години

kovacevski-0123

Ковачевски: Денешниот ден е впишан во меморијата на солидарно Скопје, им оддаваме почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес

Денешниот ден кога одбележуваме 59 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, е датум кој е врежан во меморијата на градот на солидарноста, порача претседателот Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски по повод одбележување на годишнината од скопскиот земјотрес што се случи во 1963 година.„На денешен ден во 1963, во точно 5 часот и 17 минути, накратко запре срцето на Скопје. Катастрофалниот земјотрес однесе многу човечки животи и направи огромна материјална штета. Но, со трудот и пожртвуваноста на скопјани и на пријателите од целиот свет кои несебично подадоа рака, од рушевините се роди едно ново Скопје. Скопје кое стана синоним на солидарност, етничка и архитектонска шареноликост, на еден нов, модерен космополитски дух. Тоа е вистинскиот код на градот“, стои во фејсбук објавата на премиерот Ковачевски.Премиерот Ковачевски порача дека 26 јули е потсетник дека наша должност е на новите генерации да им ја пренесеме љубовта, еснафскиот дух и пожртвуваноста со кои градот се градеше и развиваше, но и да им оставиме аманет никогаш да не ги забораваат жртвите од земјотресот на кои денес им оддаваме почит.

Скопје | пред 3 години

236614972_1833678590135817_94677996816549323_n

„Сакаме ноќен живот во Скопје“ го откажаа протестот по повик од Спасовски

По денешната средба на претставници од Иницијативата „Сакаме ноќен живот во Скопје“ со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, откажан е протестот најавен за среда пред Владата.– Нашите барања најдоа слух кај надлежните институции. Министерот Оливер Спасовски лично се заложи за брзо решавање на проблемот и спас на ноќниот живот на младите скопјани. Како причина на нивната отвореност за решавање на овој проблем протестот се откажува, наведоа од Иницијативата „Сакаме ноќен живот во Скопје“ на „Фејсбук“.Од МВР за МИА информираа дека на средбата било разговарано за барањето на Иницијативата за издавање на лиценци за работа на летните клубови во Скопје, за што министерот Спасовски укажал дека од страна на МВР ќе биде направено се што е во рамки на нивните надлежности.Иницијативата „Сакаме ноќен живот во Скопје“ реагираше дека летните ноќни клубови сеуште немаат добиено лиценци за работа поради што најавија протест пред Владата.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања