„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

скопје

282477109_1015220009121296_5438896227674953730_n

Позната состојбата на повредените од вчерашната сообраќајка во Влае

Двете лица кои вчера беа повредени во сообраќајката која се случи меѓу „Венто“ и „Фиќо“, кај мостот „Влајко“ немале тешки повреди. Иако на местото имаше локви крв, тие биле надвор од животна опасност.Докторите од болницата „8 септември“ по укажување на лекарската помош, ги пуштиле на домашно испитување.Увидот од страна на полицајците и крим техника, траеше повеќе часа, до доцна вечерта. Се утврдуваше како се судриле двата автомобили. По ова, се очекуваат и официјални детали.

Скопје | пред 3 години

policaec-policija-skopje

175 казни за прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 46 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 16 мерки за возење без возачка дозвола.Изречени се осум мерки за користење на мобилен телефон, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за возење под дејство на алкохол, седум санкции за некористење сигурносен појас...Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Скопје | пред 3 години

Silegov

Шилегов: Од АлиЕкспрес не бидува градоначалник, уште помалку се бира

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, објави реакција на Фејсбук, кон актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска:„Од Ali Express Градоначалник не бидува:Почитувана (нит моја и верувајте нит било чија) градоначалничка (со мало г) г-ѓо Арсовска:Од не знам кои причини, заради Вашата денешна глупост, ме споменувате во Вашата реакција (а јас, заради нашиот ГРАД упорно ги премолчувам Вашите глупости и Ви молчам 6 месеци). Епа еве вака Ali Express girl:Од Ali Express градоначалник(чка) не бива. Уште помалку се бира …Секој со својот избор (и последиците од него) !П.С. за протоколот (и надлежната) 😉: 26-ти Јули е ден за протокол во Скопје. Тажен, но е ден. Се викаат делегации, семејства, збратимени градови, Влада, НОВИНАРИ …Ама не можам се’ да ве учам. Како што Ви кажав: од Ali Express 😉 градончалник (чка) не бидува. Џабе се трудите . Толку Ви е нивото. Еве нема да ги спомнам паметот и способноста …Живеј, Ali Express …П.С.С. Какви нови достигнувања за пожарникарите ?“

Скопје | пред 3 години

voda

Драчево доби вода

ЈП Водовод и канализација – Скопје, го санираше дефектот на ул. Борис Трајковски, кој предизвика прекин на водоснабдувањето во Драчево, Батинци, Моране, Долно Лисиче и околните места е саниран.„Отстранувањето на дефектот беше успешно реализирано во 16:45, а водоснабдувањето за населените места Усје, Пинтија, Батинци, Студеничани и село Моране кои се снабдуваат со вода преку резервоари (висока зона), се нормализира по 18 часот. Овој тип на дефекти, се случуваат навистина ретко, но нивната природа предизвикувапрекинато водоснадбусвање во подолг временски интервал. ЈП Водовод и канализација – Скопје, изразува благодарност до граѓаните од овој дел на градот Скопје, за трпението и разбирањето за време на отстранување на овој дефект“, веалат од претпријатието

Скопје | пред 3 години

sdsm-44

Арсовска не може принтери да обезбеди а не па проекти, реагира власта

„Поради неспособноста на Арсовска администрацијата на Град Скопје остана без печатачи“, велат од СДСМ.Тие додаваат:„Град Скопје и целата администрација без 31 принтер значи проблем во обезбедувањето на редовните услуги од кои штета имаат граѓаните.Нејзиното неодоговорно работење ги остава вработените во Градот без средства за работа, а граѓаните без потребните документи.Одново на дело се покажа неспособноста на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.Толку е менаџерскиот капацитет на кадрите на Мицкоски. Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не можат да обезбедат принтери во Град Скопје, а не пак да реализираат капитални проекти за градот и граѓаните.Освен што не реализира ниту еден свој проект, Арсовска прекина и веќе започнати проекти од претходниот градоначаник како што Бас рапид транзит, реконструкција на Универзална сала, реконстукцијата на улицата Есенинова...но затоа во време на криза троши 670.000 евра на вдомување на партиски кадри во Град Скопје.Одамна е јасно дека Арсовска е најнепособната градоначалничка на Град Скопје“.

Скопје | пред 3 години

Screenshot_4-9

Почина скопски шоумен, пејач и угостител, Џамбазов прв се прости од него

На 57 годишна возраст, почина Сашо Пижевски - Пиже — познат скопски шоумен, пејач и угостител. Тажната вест на социјалните мрежи прв ја објави Игор Џамбазов. Тој се прости од Пиже преку социјалните мрежи.Пиже е роден е во скопско Дебар маало, каде го поминал своето детство, за потоа да се преселил во Влае, каде што и до денеска живееше. Тој е еден од главните творци на ноќниот и забавен живот во Скопје од крајот на 80-тите па со мали паузи сè до денес. Заедно со Горан Атанасов - Зеко и Игор Џамбазов бил основач и член на култната група Хавана Бенд, која била своевидна атракција на македонската естрада во раните 90-ти, позната по хитовите Шток ми бејби, Нема спас, Дај ми, жити се и др. По нејзиното распаѓање, се посветил на својот бизнис - угостителството и само повремено, како гостин, учествувал во неколку музички проекти.Во последно време актуелен беше со повторното обединување на Хавана Бенд и нивниот хит Балада за мајка ти и татко ти, плод на соработката со Александар Митевски и како сопственик на привлечниот кафе-бар Мајка ти и татко ти.Џамбазов, се прости од него.„Каде бе Пиже? Каде бе брате? Само пред пет дена пиевме кафе кај мене у маало. Ми збореше за Скјатос, а во очите ти светкаа тинејџерски искри на радост. Имаше повеќе живот во тебе од сите гости во бавчата. Ми рече: "Џамбаз, уште не и ме се дааме на копиљациве, така? Па шо бе, боље изглеаме од нив". Довидување, другар мој. И сликни едно селфи од горе. Ја ќе го објавам, ти шерни го. Тага. Збогум брате...“, напиша Џамбазов.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-05-17-at-13.48.16

(ФОТО) Можеше да биде трагично, потрупан патот кон граничниот премин со Косово

Одрон од камења и земја го парализираше сообраќајот од и кон граничниот премин Блаце. Според очевидци, сѐ се случило за неколку секунди. Двете ленти се целосно затрупани.Првичните информации се дека во моментот кога се случил одронот не поминувале возила. Но затоа, колона возила чека за во двата правци. Истовремено, се очекуваат екипи на Македонијапат да го расчистат теренот.

Скопје | пред 3 години

264426592_460370035476926_783367394729159426_n

Половина Скопје, утре ќе биде затворено

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 15.05.2022 година (недела), поради одржување на спортско рекреативната трка „Прв до врв“ ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим. .Велосипедската трка почнува во 09.45 часот, при што почетната точка е од пред Музеј на град Скопје – ул.„Св. Кирил и Методиј“, а продолжува со траса на движење по бул.„Св. Климент Охридски“, бул.„Мајка Тереза“, ул.„Тодор Александров“, локален пат за Средно Водно до врв на Водно („Милениумски Крст“). Планинарите стартуваат во 10.00 часот, а трасата на движење почнува пред Основно училиште „Кочо Рацин“ на бул.„Мајка Тереза“, ул.„Тодор Александров“ и ул.„Салвадор Аљенде“, ридско пешачките патеки кон Средно Водно, од Средно Водно кон врв на Водно („Милениумски Крст“).Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.

Скопје | пред 3 години

262886969_215755700709339_3424351090063217574_n

Ако се движите низ Скопје, до 12 часот ќе има затворени улици

Поради натпреварот „Триоги Триатлон“ денеска во периодот од 9 до 12 часот ќе има посебен сообраќаен режим по одредени улици низ Скопје.-Стартно-целната позиција на натпреварот е Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а натпреварувачите ќе се движат на дел од улиците околу СЦ „Борис Трајковски“ и по десната коловозна лента од бул.„Илинден“, потоа на потегот од крстосницата на бул.„8 Септември“ до крстосницата со ул.„Љубљанска“ и обратно, информираат од МВР.Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Скопје | пред 3 години

avtobus

Жена нападната и ограбена во автобус додека патувала од Волково до Центар

На 10.05.2022 во 19.50 часот во СВР Скопје, Т.Ч. од Скопје пријавила дека во автобус, кој сообраќал на релација Волково – Центар, била физички нападната од неколку лица, кои ѝ одзеле лични предмети.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

235146453_220028166623348_2437089087698187375_n

166 казнети возачи во Скопје, 52 пешаци

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 11 санкции, 52 мерки за прекшоци што ги прават пешаците, девет мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол.Изречени се пет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум мерки за користење на мобилен телефон, три санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-05-11-at-08.08.58

(ВИДЕО) Маж во Тафталиџе згрози многумина со неговиот потег: „Ѓубре од човек!“

Возрасен маж украл кутии за бездомни мачки кои биле поставени од здружението „Ангелкетс“. Снимката направена од безбедносните камери покажува како тој прво доаѓа и ги забележува кутиите кои се скривалиште од ладното за бездомните животни, потоа заминува, па повторно се враќа за да ги земе„Си дошол, си разгледал, си отишол. Размислил два саати, па се врати и си ги земал. Му требаат за нешто. Со дупка, со дупка во кутијата, што има врска. Ова се кутии за бездомни мачки што заедно со неколкумина активисти се изработени изминатава зима со мал грант од Цивика Мобилитас. Срцкава е снимен во Тафралиџе кај пазарчето во еден трговски локал“, стои во објавата.Овој потег предизвика лавина реакции, дотолку што по потегот, повеќемина коментираат: „Ѓубре од човек“.

Скопје | пред 3 години

skopska-zooloska

(ВИДЕО) Сечени катанците и пуштани животните од кафези во скопската ЗОО, сомневањата се за намерна саботажа

Непознати сторители влегле во скопската Зоолошка градина и ги сечеле катанците на кафезите на животните. Според директорот Кристијан Стаменов, тоа го сториле поединци, односно група на луѓе.„Најпрво на 10.04.2022 поединци направиле неовластен влез на група од дванаесетина луѓе, петнаесет минути пред затворање на градината. Истото е уредно пријавено и се повикани претставници од Министерството за внатрешни работи за увид во неовластениот влез на групата луѓе. На 28.04.2022 од службите во Зооолошката градина е направен увид во живеалишатта на животните и е констатирано дека се пресечени неколку катанци, по што биле пуштени неколку животни, во рамки на просторот во зоолошката градина. Истото е пријавено и констатирано рано утрото од страна на зоо негувателите кои дошле на работа дека се работи за видливо и намерно пуштање на неколку животни од нивните живеалишта“, пишува Стаменов.Исто така, имало обид да се ограби и благајната, за што е објавено и видео.„По рекордната посетеност во Зоолошката градина со над 14.000 посетители, на 09.05.2022 во 00:30 часот имаше обид да се обие влезната врата од благајната. Сторителот е фатен од безбедносните камери на Зоолошката градина како во два наврати се обидува да го обие влезот на благајната, претпоставуваме со цел да направи финансиска штета. Но, снимениот поединец останал само на обидот, затоа што како што се гледа на снимката не можел да го обие влезот на билетарата и благајната по што настаната е незначителна материјална штета. Истиот настан веднаш по случувањето уште вечерта е пријавен во полициска станица Карпош. Покрај тоа што сите овие настани се пријавени до надлежните органи за постапување, односно до Министерството за внатрешни работи, зголемена е будноста кај персоналот, а дополнително е зголемено и обезбедувањето во ноќната смена“, додаде Стаменов.Тој се сомнева во намерна саботажа.„Цениме дека сите овие обиди наликуваат на намерна саботажа на работата и функционирањето на самата Зоолошка градина, треба да се прашаме на кого му пречи успешноста на Зоолошката градина. Остро ги осудуваме сите овие обиди да се наштети на нашата работа, но и на безбедноста на животните, се надеваме дека службите од Министерството за внатрешни работи ќе работат интензивно на откривање на сторителите, со цел да се спречат и понатамошни вакви обиди.Сакам да потенцирам исто така дека и покрај овие обиди доколку вистина станува збор за саботажа на нашето работење и функционирање нема да не обесхрабрат, туку напротив ни даваат мотив плус да работиме уште повеќе за поубава и попосетена Зоолошка градина Скопје“, додаде Стаменов.

Скопје | пред 3 години

policiski-cas-policaec-skopje-7

Малолетник од Скопје нападнал полицаец, па се обидел да го прегази со моторцикл

На 07.05.2022 во 23.10 часот на Плоштад „Македонија“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од скопско село затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, а се обидел и да го удри со мотоциклот кој го управувал.По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-05-08-at-11.19.01

(ВИДЕО) Ѓубре и преполни канти за отпадоци на скопскиот кеј, снимката ја сподели Шилегов

Снимка на која се гледа расфрлан смет, сподели ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Локацијата каде е направена е на кејот од реката Вардар, близу галијата чие отстранување беше започнато но не и довршено. Освен расфрланиот шут, се гледаат и препочни канти. Веројатно, ова е последица на вчерашното издание на „Виноскоп“.Инаку, градоначалничката Данела Арсовска постојано организира акции за чистење. Таа вчера и самата учествуваше во една таква, во Градскиот парк. Вакви снимки беа споделувани и во време на Шилегов, кога граѓаните реагираа на лошата хигиена. Ова на јавноста и остава впечаток дека градот не може да исчисти толку колку што граѓаните можат да расфрлаат

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања