„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

скопје

jsp-avtobus

Арсоска: Жал ми е што ЈСП ќе штрајкува, не знам зошто има потреба од вакви активности

Независниот синдикат на ЈСП најавува штрајк, бараат подобри услови за работа. Скопската градоначалничка Данела Арсовска кажа дека штрајкот е политички мотивиран. Според неа, не треба тоа да го прават, но не најави како ќе го спречи ова.„Многу ми е жал. Тоа претпријатие е останато девастирано од претходното раководство. Тие не успеале да ги сервисираат ниту новите возила од 2019 година, а да не зборам за експонатите. Независниот синдикат не знам зошто покренува вакви активности, можеби и политички е мотивирано, бидејќи беше разговарано за скалесто зголемување во рамки на сите претпријатија. Тоа не е добро за нив како синдикат бидејќи го губат својот кредибилитет во процесот на преговарање, а го нарушуваат она што вработените го имаат“, кажа Арсовска.

Скопје | пред 3 години

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

За Задушница ќе се пуштат дополнителни автобуси

Ве информираме дека поради верскиот празник Задушница, во петок (10.06.2022 година) јавниот превоз ќе сообраќа по саботен возен ред.Во петок, сабота (11.06.2022 год) и недела (12.06.2022 год) на линиите 59 (Карпош3-Кучевишка бара-Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче-Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода-Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.Распоредот на возниот ред е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје (www.jsp.com.mk).

Скопје | пред 3 години

skopska-zooloska

Дискотеките во Скопје ги загрозуваат и животните во ЗОО, Шанса за Центар предложи услови за добивање лиценци

По повод поскапувањето на лиценците за работа на ноќните клубови и дискотеките во главниот град граѓанската иницијатива Шанса за Центар до Советот на Град Скопје, службата и Градоначалничката на Град Скопје упати барање лиценците да повлечат и обврски:„Шанса за Центар во врска со доделувањето на лиценци за дискотеки во Градскиот парк предлага сите дискотеки на отворено со лиценца да се задолжат да поднесат и проект за поставување озвучување со кое звукот ќе биде единствено насочен кон подиумот. Светската пракса има многу вакви успешни решенија каде значајно се намалува ширењето на звукот кон околината, а квалитетот на звукот на подиумот се подобрува.Истовремено, сакаме да потенцираме дека дискотеките се граничат со Зоолошката градина и сериозно сме загрижени, за загрозување на животот и на животните кои се дел од ЗОО Скопје. Животните со години ја трпат тортурата со прегласна музика во ноќните часови кога биолошки тие треба да спијат. Загадување со звукот е најголем проблем и го загрозува здравјето на луѓето и на животните подеднакво. Се чини дека никој не размислува за овој вид загадување на градот.Шанса за Центар бара одговори од Градот Скопје дали се размислува доделувањето на лиценцата освен што носи права за дискотеките да создаде и обврски. Очекуваме дека при формирање на цената за лиценците се мислело и на жителите на Скопје и на животните во Зоолошката градина. Дали има цена со која и се одзема мирот на граѓаните и на животните?.Ниту една парична сума не е доволно висока кога се уништува секојдневието на животните кои се сместени во Зоолошката, но и на граѓаните кои живеат во поширокото подрачје околу Градскиот парк. Очекуваме дека со вакво задолжување на носителите на лиценца ќе им се олесни функционирањето во текот на периодот кога работат, а со тоа ќе се подобри и соживотот помеѓу институциите на Град Скопје, граѓаните и угостителите“, велат од Граѓанската иницијатива Шанса за Центар

Скопје | пред 3 години

Skrivnica3

„Во Скопје има скривници за сместување на 18% од населението, а обврската е да има за 30%“, вели Шанса за Центар

А еве каде запна дискусијата за дополнувањето и усвојувањето на првата програма за активности во областа на заштитата и спасувањето во Општина Центар - кај местата за собирање и за евакуација на населението во случај на вонредни настани, и кај подземните засолништа, велат од невладината Шанса за Центар.„Шанса за Центар смета дека собирните места и местата за евакуација на населението во вонредни состојби кои се наведени во Планот за заштита и спасување на Општина Центар треба да бидат јавно обележани, мапирани и за нив граѓаните да бидат добро информирани.Со тоа сметаме дека при вонредни состојби во случај да има потреба од евакуација на население тоа ќе може да се спроведе на многу побрз и поефикасен начин, а добрата претходна подготвеност и информираност на граѓаните за ваквите мерки ќе помогне значително. Дополнително, овие локации како и самите Планови за заштита и спасување во други општини како Карпош, Велес, Кавадарци, Аеродром се објавени на нивните интернет страници и се достапни за заинтересираните.Службениците и дел од советниците во Центар имаат спротивен став, дека тие локации се тајни и не смеат да бидат јавно обележани, означувани или споделувани. Тие сметаат дека информирањето на граѓаните и јавноста за тие места од страна на властите треба да биде само доколку и кога би имало потреба за спроведување на евакуација.Втората мерка за која исто така имавме спротивставени ставови се скривниците. Шанса за Центар смета дека Општината треба секоја година да бара и да ѝ пружа ако е потребно поддршка на Дирекцијата за заштита и спасување да се врши инспекција и да се проверува оспособеноста на засолништата на територија на Центар, особено во услови на растечките меѓународни ризици по безбедноста.Медиумските истражувања покажуваат дека во Скопје има скривници за капацитет за сместување на 18% од населението, а обврската е да има за 30%. Но, и дел од оние засолништа кои постојат не се функционални, туку се запуштени, затрупани со отпад и често се користат за приватни цели.Наспроти нашиот став дека иако одржувањето на засолништата не е надлежност на општината, сепак таа треба да има активен став кон сите прашања кои ја засегаа безбедноста на жителите на Центар и да бара од надлежните институции да си ги исполнуваат своите должности, дел од советниците и службениците сметаат дека ова едноставно „не е наша надлежност“. Дека тоа е исклучиво на ДЗС и дека е несоодветно Општината да се меша во таа област.Дебатата ќе продолжи и на следната седница, но нас по однос на овие две прашања нѐ интересира и ставот на граѓаните и на стручните лица од областа на заштитата и спасувањето. Ќе ви бидеме благодарни ако можете да ни споделите коментар или размислување околу овие теми:Дали местата за собирање и евакуација на населението во услови на вонредни состојби и непогоди треба да бидат јавни, обележани и граѓаните за нив да бидат однапред информирани или треба да се сметаат за таен податокДали општината треба постојано да бара и инсистира други институции да ги исполнуваат своите надлежности во однос на подготвеноста на засолништатаОд летокот кој е изработен од страна на Град Загреб во 2014 година можете да видите како други градови го информираат населението за просторите за евакуација“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 3 години

danela-arsovska-8181

СДСМ со лагите ги оштетува Скопје и скопјани, градот има активен договор за горива, вели Град Скопје

Градот Скопје ги демантира лажните информациите пласирани во јавноста од СДСМ дека Противпожарната бригада е без гориво.„За точно информирање на јавноста, сакаме да истакнеме дека актуелниот договор за гориво, сеуште не е исцрпен, односно има важност до 05.06.2022 година. Градот Скопје навреме ја почна процедурата за нов договор кој е потпишан, со што се обезбедува континуирано и редовно снабдување со гориво на градските служби и Противпожарната бригада.Дополнително, сакаме да истакнеме дека Градот Скопје и Противпожарната бригада имаат предвидено и резерви за непречено функционирање, со што во ниту еден момент не е доведено во прашање нивното ефикасно функционирање.Апелираме да не се манипулира со јавноста особено кога е во прашање работата на Противпожарната бригада, чие непречено функционирање е од огромно значење по сигурноста и безбедноста на скопјани“, вели Град Скопје.

Скопје | пред 3 години

263890102_364919331843310_2719035635897412082_n

Скопјанец фрлал со камења кон автомобил со навивачи, а додека бегал паднал и се повредил

На 29.05.2022 во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Лазар Личеновски“, по завршување на спортски натпревар, повеќе лица фрлале тврди предмети кон возило „сеат“, во кое се превезувале навивачи на една од навивачките групи.Откако ги забележал полициските службеници, А.С.(21) од Скопје, при обид да избега се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, а по укажаната помош бил задржан во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

7664ADC0-4696-404D-99A7-A5915ED58A24

ФОТО: Падна потпорен ѕид во Скопје, сите служби на терен

Екипи од ЈП Улици и патишта интервенират во расчистување на разрушениот потпорен ѕид на бул. „Борис Трајковски“ во населба ПинтијаДенеска екипите на ЈП Улици и патишта - Скопје со брза интервенција веднаш по настанатото оштетување на паднатиот потпорен ѕид на булеварот „Борис Трајковски“ на семафорите во населба Пинтија, вршат негово расчистување.Се работи за разрушен потпорен ѕид во должина од над 30-тина метри, а причина за негово оштетување се неповолните временски услови односно наносот на поројниот дожд кој овие два дена го зафати Скопје.Се работи на отстранување на градежниот шут кој е настанат како последица на разрушувањето на потпорниот ѕид, за истиот да не преставува опасност при движењето на возилата.Дежурните екипи се на терен и вршат и контрола на светлосната сигнализација, се врши увид во потенцијални дефекти и нивна санација.

Скопје | пред 3 години

droga-prodazba

Посетители на концерт во Скопје фатени со дрога

На 28/29.05.2022 од страна на Единица за недозволена трговија при СВР Скопје, во содејство со Единицата за интервентна полиција и Единицата за внатрешни работи Карпош, при извршена контрола на посетители на музички концерт во објект на подрачјето на Карпош и во два угостителски објекта во Скопје лишени се од слобода 7 лица.Притоа, кај Р.Д.(25) и кај Х.А.(32), двајцата од Р.Косово биле пронајдени три пакувања бела прашкаста материја, кај Ј.К.(37) од Гостивар била пронајдена грутчеста материја, кај З.Д.(32) од Кичево е пронадена марихуана, а кај Ц.С.(27) од Демир Капија – марихуана и грутчеста материја. Лицата се приведени во Полициска станица Карпош и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.Во Полициска станица Центар, пак, е приведен С.Г.(24) од Свети Николе, а во Полициска станица Аеродром приведен е И.Х.(20) од Скопје, затоа што при извршена контрола во угостителски објекти кај нив била пронајдена прашкаста материја. И против овие лица ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 3 години

DJI_0470.00_13_57_19.Still026

(ВИДЕО) Силни громови и невреме во Скопје

По Охрид и Тетово, силно невреме го зафати и Скопје. Громотевици, силен дожд и ветер ноќва го погодија главниот град. Скопјани се вознемирени од силните громови, по кои десетина пати се слушнаа силни пукања. За разлика од Охрид, во Скопје на паѓаше град. Невремето траеше половина час, по што остана само дождот.Центарот за управување со кризи ги повика граѓаните во земјава на внимателност од силно локално невреме и можни опасни порои од обилен дожд викендов.Од УХМР известија дека викендов земјава на места ќе биде зафатенa од метеоролошка нестабилност со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи и силен ветер, локално во форма на невреме, грмежи и можна појава на град. Во недела дневната температура ќе се намали за неколку степени, а од понеделник ќе се намали метеоролошката нестбилност и ќе преовладува потопло време.

Скопје | пред 3 години

policaec-policija-skopje

139 казнети возачи во Скопје бидејќи зборат на телефон, возат пијани, со нерегистрирани возила

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, 16 мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 11 мерки за возење без возачка дозвола.Изречени се седум мерки за користење на мобилен телефон, четири санкции за возење под дејство на алкохол, три мерки за возач почетник, пет санкции за нерегистрирани возила, пет мерки за некористење сигурносен појас...Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-03-16-at-22.05.40

Тешка сообраќајка во Аеродром, возач со Брза помош е однесен итно во болница

На 23.05.2022 во 08,00 часот на бул. Јане Сандански во Скопје пред спортска обложувалница пријавено е дека се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „кивеј“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Д.(21) од Скопје, и товарно моторно возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(42) од Скопје.А.Д. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му се констатирани тешки телесни повреди, а на сопатничката од товарното моторно возило А.Т.(22) од Скопје и се констатирани повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.Фото:Илустрација

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Се уредува просторот кај Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, во пресрет на утрешниот празник

Во пресрет на утрешниот празник, екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве работат на средување на просторот кај Соборниот храм „Св. Климент Охридски“.Во рамките на овие активности, на околните сообраќајници и крстосници, како и на тротоарите во близина извршена е санација на оштетувањата на коловозите, обновена е хоризонталната сообраќајна сигнализација со ноќно бележење, поставени се нови заштитни столчиња, а санирани се и оштетените столпчиња.

пред 3 години

Screenshot-2022-05-23-at-10.36.12

(ФОТО) Скопје во една слика: Коњот заврзан на тераса во напуштен објект во Дебар Маало е спасен

Коњ бил заврзан во напуштена зграда во Дебар Маало. Според информациите на спасувачите, тој бил оставен дехидриран, без храна и вода. За него јавија случајни минувачи и медиуми, по што следеше акција за негово извлекување.„Вчера на неколку портали беше објавено дека во Дебар Маало има коњ на тераса од стан во напуштена зграда, а полицијата добила и неколку пријави од граѓани. Колегите од Скопје ЗОО, заедно со директорот Кристијан Стаменов, МВР и инспектор на АХВ излегоа на терен и ја започнаа спасувачката мисија на коњчето кое за жал било врзано во руинираниот објект и оставено без храна и вода. Доцна вечерта коњот беше пренесен во Скопје ЗОО каде што ќе му обезбедиме ветеринарна грижа и најдобра нега. Апелираме да не се измачуваат овие најпрекрасни животни и што поскоро да се направи план на централно ниво за што поголема благосостојба на коњите“, објави ЗОО-Скопје.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Арсовска незаконски постави Генерален секретар, Велковски да си поднесе оставка, бара Шутаров

„Покрај неработата како главна одлика во првите 6 месеци на новата градска администрација на ВМРО-ДПМНЕ, сведоци сме и на непочитување на законските пропис и норми. Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ незаконски го именуваат за Секретар на Градот Скопје, Ѓоко Велковски кој што истовремено е и член на Советот на Општина Чаир, непосредно избран од страна на граѓаните на последните Локални Избори“, вели Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје.Тој додава:„Тоа значи дека Велковски зема и две плати, една од 50.000 денари како секретар и уште една од околу 18.000 денари како Советник.Ова не е само неетички, туку е и спротивно на чл.44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси , каде во ставот 2 се вели:Функцијата претседател на државата, претседател на Владата, министер, пратеник, член на совет, градоначалник, судија, јавен обвинител, јавен правобранител, народен правобранител и други функции кои ги избира или именува Собранието, Владата или органите на локалната самоуправа се неспојливи една со друга !Ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупција да постапи за непочитување на законите, прописите и правилата за неспоивост на функции.Секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски да си даде оставка од позицијата секретар на Град Скопје, да не ја чека Државната комисија за спречување корупција (ДКСК)“.

Скопје | пред 3 години

282213022_1069840153640575_6438249801466276309_n

ФОТО: Ужасна сообраќајка во Влае, повредени однесени во болница

Маж и жена се повредени по тешка сообраќајка која се случи во Влае, пред мостот „Обединети нации“. Според првичните информации станува збор за судир меѓу возила. Очевидци велат дека судрени се две возила, од кои едното е „Фиќо“.Први на помош истрчаа очевидците на настанот кои се обидуваа да им помогнат на мажот и жената. По нив, дојде и Брза помош. Лицата кои им се обидоа да помогнат, велат дека жената тешко реагирала, а мажот можел да мрда.„Скопје 1“ се обрати и до МВР од каде се очекуваат детали за страшната несреќа.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања