„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СКОПЈЕ

media-library10rh3ijr5hi83TLtPSG

Четири ленти, нови тротоари и заштитно зеленило – стартува проектот за „Македонско-косовска бригада“

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави почеток на реализацијата на основниот проект за изградба на булеварот „Македонско-косовска бригада“, на делницата од раскрсницата со улицата „Џон Кенеди“ до раскрсницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, во должина од 1,4 километри.Според него, станува збор за значајна сообраќајна артерија што ќе ја подобри поврзаноста и проточноста во овој дел од градот. Проектот предвидува четири коловозни ленти, по две во секоја насока, средишно зеленило, велосипедски патеки во двете насоки, како и нови тротоари со ширина од по два метри.Во рамки на изградбата е планирано и поставување заштитно зеленило од двете страни на булеварот, како и проширување на просторот кај автобуските стојалишта, со цел подобрување на јавниот превоз и зголемување на безбедноста на патниците.„Скопјани заслужуваат современа, безбедна и функционална инфраструктура. Секоја инвестиција треба да значи подобар квалитет на живот, поголема безбедност и почиста урбана средина“, изјави Ѓорѓиевски, додавајќи дека со овој проект се создава нов, позелен и поорганизиран урбан простор.Тој најави дека со подобрувањето на временските услови напролет ќе започне поинтензивна реализација на инфраструктурни проекти низ градот, со цел, како што посочи, рамномерен развој во сите општини.

Скопје | пред 2 седмици

121546365_2638640743132118_524148423271260728_o-960x480-1

„Лајка“ добива нови капацитети и современи услови

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најавува проширување на капацитетите на ЈП Лајка, оценувајќи дека конечно започнува хумано, одговорно и системско решавање на проблемот со бездомните кучиња во главниот град.Ѓорѓиевски посочува дека во минатото „Лајка“ била користена за партиски вработувања, додека суштинскиот проблем со бездомните животни со години бил игнориран. Според него, последиците од таквиот пристап ги чувствуваат и граѓаните и самите животни, кои остануваат без соодветна заштита, услови и грижа.Тој информира дека во рамки на програмата на Градот се обезбедени 30 милиони денари за сериозно проширување на капацитетите на претпријатието и за создавање современи и хумани услови за згрижување на бездомните кучиња. Како што нагласува, ова претставува суштинска промена која треба да донесе видливи и трајни резултати.Градоначалникот признава дека забелешките на граѓаните се оправдани, нагласувајќи дека проблемот со години се зголемува наместо да се решава. Токму затоа, според него, сега се пристапува сериозно, одговорно и со јасна визија за негово надминување.Истовремено, Ѓорѓиевски порачува дека нема да се дозволи Скопје да стане депонија за бездомни кучиња од други градови. Прашањето за нивно носење во главниот град, како што вели, веќе е отворено со надлежните институции, а со воведувањето на системот „Безбеден град“ ќе се откриваат и санкционираат сите кои несовесно ги префрлаат животните во Скопје.Тој апелира до граѓаните активно да соработуваат и да пријавуваат вакви појави, истакнувајќи дека само со заедничка акција може да се воспостави ред и функционален систем. Според најавите, во наредниот период започнува конкретна постапка за проширување на капацитетите на „Лајка“, со што ќе се обезбедат простор, ветеринарна грижа и достоинствен третман за бездомните кучиња.„Тие се живи суштества кои заслужуваат заштита и шанса за подобар живот“, порачува Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека проблемот со бездомните кучиња ќе се решава со работа, инвестиции, ред и вистинска грижа, а не со празни ветувања.

Скопје | пред 1 месец

media-library4sci5rpe5ie48DEAjbs

ЕБОР го откочи БРТ: Скопје оди кон набавка на 130 автобуси, наместо најавените 80 - дел ќе стигнеле и до крајот на годината

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјавува дека наместо првично најавените 80, за Скопје ќе бидат набавени вкупно 130 нови автобуси. Тој информира дека утрово пристигнува писмо од ЕБОР со кое конечно се откочува проектот за брзиот автобуски превоз БРТ и неговата изградба.„Наместо 80 автобуси, ќе бидат набавени 100 автобуси. Од ЕБОР утринава стигна писмо со кое конечно се откочува проектот со БРТ и изградба на истиот“, вели Ѓорѓиевски, додавајќи дека обврска на Градот е да формира проектна единица и да изврши измена на планот за јавни набавки.Покрај 100-те автобуси кои ќе ги обезбеди Влада на Република Македонија за Скопје, градоначалникот најавува дека преку БРТ-проектот ќе се обезбедат уште најмалку 30 автобуси за градот. „За брзо ќе ја започнеме постапката за тоа. Сега ќе бидат 130 автобуси, иако сум ветувал 80 автобуси“, посочува тој.Според информациите со кои располага, набавката најверојатно ќе се реализира по моделот влада со влада, што, како што вели, ќе ја забрза испораката. Во однос на роковите, Ѓорѓиевски нагласува дека најголемиот дел од автобусите треба да бидат испорачани во текот на оваа година, но не може да гарантира дека сите 100 од првата набавка ќе пристигнат до крајот на годината.„Во најголем дел автобусите ќе треба да бидат испорачани оваа година. Но дали сите 100 ќе стигнат оваа година, не можам да гарантирам – не го правам јас тоа“, изјавува градоначалникот, додавајќи дека динамиката ќе зависи од постапките и од партнерите вклучени во набавката.Со оваа најава, како што оценува Ѓорѓиевски, јавниот превоз во Скопје влегува во фаза на значително засилување, при што се комбинираат директна владина поддршка и долгорочно решение преку БРТ-системот.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryv6h8agcfa0lv4aFqrbU

Орце Ѓорѓиевски најави 100 нови еколошки автобуси: Јавниот превоз во Скопје влегува во нова фаза

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, оценувајќи дека со ова започнува суштинска трансформација на јавниот превоз во главниот град. Според него, станува збор за исполнување на конкретно ветување и за чекор што директно ќе го подобри секојдневието на илјадници граѓани.Како што соопшти Ѓорѓиевски, одлуката е донесена од страна на Влада на Република Македонија, а предвидува на Скопје да му бидат доделени 100 нови автобуси, заедно со 50 полначи. Тој истакна дека ваквата инвестиција значи побезбеден, навремен и подостоинствен јавен превоз, но и значаен придонес кон заштитата на животната средина и подобрувањето на квалитетот на воздухот.Градоначалникот се повика и на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој најави дека оваа поддршка за Скопје е дел од поширока стратегија за стабилизација и модернизација на јавните услуги. Според Ѓорѓиевски, одлуката произлегува од стратешки договор „влада со влада“ меѓу Македонија и Унгарија, што овозможува набавка на возилата по исклучително поволни услови.Во своето обраќање, Ѓорѓиевски нагласи дека проблемот со јавниот превоз, кој со години бил една од најголемите болки на скопјани, наскоро ќе стане минато. Тој посочи дека преземањето на функцијата значело соочување со сериозен колапс во системот, но и дека токму поради тоа прифатил одговорност да започне процеси кои со години биле закочени.Градоначалникот информираше дека за неполни три месеци од стапувањето на функцијата се иницирани повеќе клучни постапки, меѓу кои и набавката на нови возила за Комунална хигиена, чие пристигнување се очекува до крајот на годината, како и стартот на процесот за набавка на новите автобуси. Според него, ова се првите конкретни резултати од, како што рече, „тектонски промени на подобро“.Ѓорѓиевски упати јавна благодарност до премиерот Христијан Мицкоски за поддршката и, како што нагласи, за посветеноста кон граѓаните, оценувајќи дека без таквата поддршка реализацијата на вакви крупни проекти не би била возможна. Тој порача дека Скопје има потенцијал повторно да стане град со достоинство, ред и јасна визија за иднината.На крајот, градоначалникот истакна дека времето на дилеми дали може подобро завршува и дека следува период во кој граѓаните директно ќе ги почувствуваат промените, додавајќи дека подобриот јавен превоз и почистата животна средина се заедничка обврска кон сегашните и идните генерации.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryh522eu7agt4s7Xr3xH3

Започнува реконструкцијата на спортските терени на кејот на Вардар

Кејот на реката Вардар од утре започнува да добива нов лик, откако официјално ќе стартува реконструкцијата на спортските терени, најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.Како што информираше, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, вечерва извршиле обиколка на просторот, по што е потврден почетокот на работите со кои кејот треба да прерасне во современ спортско-рекреативен центар, отворен за сите генерации.Во рамки на проектот, ќе бидат реконструирани и уредени терени за фудбал, одбојка и баскет, а предвидено е и поставување модерни фитнес-зони на отворено, достапни за сите граѓани. Дополнително, со интервенциите се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои, како што беше посочено, ќе бидат целосно унапредени и ставени во функција на заедницата.„Спортот е темел на здраво општество. Тој гради дисциплина, самодоверба и заедништво и ги оддалечува младите од лоши навики. Инвестирањето во спортските терени е директна инвестиција во здравјето на граѓаните, во енергијата на младите и во иднината на Скопје“, истакна Ѓорѓиевски.Тој нагласи дека ова е само почеток на поширока визија за рамномерен развој, со која во сите општини на градот ќе се обезбедат современи и достапни спортски терени, без разлика каде живеат граѓаните.Градоначалникот упати благодарност и до министерот за спорт за, како што рече, силната поддршка на проектот, додавајќи дека Скопје продолжува да вложува во активен живот и подобри услови за рекреација.„Скопје се движи напред. Скопје спортува. Скопје инвестира во својата иднина“, порача Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања