СНЕГ

preseka

Забрана за движење на товарни возила на неколку правци

Поради врнежи од снег и намалена видливост, одлучено е да се воведе забрана за товарни возила на неколку патни правци.„Од 11:55 часот воведена е забрана за движење на товарни моторни возила на патниот правец Дебар – Маврово, велат од АМСМ. Од 12:15 часот воведена е забрана за движење на товарни моторни возила на патните праци Охрид – Кичево (Пресека) и Кичево – Гостивар“, велат од АМСМ.Од АМСАМ додаваад дека поради врнежи од снег на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато, се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.Оваа мерка се донесува со цел да се обезбеди безбедноста на сите учесници во сообраќајот, бидејќи снежните услови ги прават патот и преминот опасни за товарни возила.

Македонија | пред 1 година

Leunovo-zaglaveni-vo-sneg

(Фото) Трудници и мали деца заглавени во Леуново, алармираат институциите да помогнат итно

Сѐ уште има заглавени лица во Леуново. За ова сведочат и фотографии кои се споделени на Фејсбук.„Еве ги граѓаните што останаа по своја желба во Леуново. Во моментов сме повеќе од 25 возила, меѓу нас има трудници и мали деца! Патот кон Бунец е непрооден, пријавено е во сите служби, ниту една не реагира!!! Makedonijapat Центар за управување со промени - ЦУП / Center for Change Management АМСМ Општина Маврово и Ростуше”, пишува Симона Стефановска, една од заглавените.Ова место беше затрупано со снег за време на викендот. Висината достигна до 60 сантиметри.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-01-at-11.00.02

(Видео+фото) Снежни идили низ Македонија

Во неколку делови од Македонија веќе има снег, што е специфично за овој период од годината. Бела Прекривка има на Попова Шапка, туристички центар каде веќе има и туристи.Снег ги прекри и улиците на Дебар.Снежна идила има и во ПрилепИнтензивни подготовки за скијачката сезона има и на Пелистер.

Македонија | пред 1 година

ad2bcffd-b814-48e4-bec8-a70326eef6b0

(Видео) Кратово и Делчево од утрово се покриени со снег, во прекин сообраќајот Кратово - Пробиштип за тешки моторни возила

Кратово и Делчево од утрово се покриени со снег. Како што извести АМСМ, од 07:00 часот сообраќајот на патниот правец Кратово - Пробиштип е во прекин за тешки моторни возила, поради снежни наноси.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Македонија | пред 1 година

sneg

(Видео) Падна првиот снег во Хрватска

Првиот снег од утрово паѓа на Платка, кај Риека, каде има ски-центар со поглед на море, снимен од веб-камерите на DHMZ, а порталот ИстраМета јавува дека можно е да се забележат и највисоките делови на Радешево.Слично е и во Завижан каде температурата на воздухот утринава е 0,1°C, но сè уште нема снег.По вчерашните обилни врнежи, денеска на сила е портокалово предупредување за целиот Јадран во Хрватска, додека остатокот од земјата е под жолт аларм, што укажува на потенцијално опасно време.Поради обилните дождови, ДХМЗ издаде предупредување за можни поројни поплави во Јадранот.

Свет | пред 1 година

t61245tgwdfs

(Видео) Снежна Македонија во април: еве како изгледаат Попова Шапка и Стража

Снег вее од утринава на повисоките места низ Македонија. Снежна обвивка има веќе на Попова Шапка, а снежните наноси направиле и снежна прекривка. Снег вее и на патот Кичево-Стража. Сепак, се е проодно, а екипите на „Македонијапат“ внимаваат патниот правец да е навремено исчистен. Снежна прекривка има и на Стража.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Падна снег во Хрватска и Босна и Херцеговина

Во поголемиот дел од регионот пристигна многу очекуваната промена на времето, а снег падна во делови од Хрватска и Босна и Херцеговина.Во текот на ноќта во Загреб падна снег, што доведе до создавање на тенок слој снежна покривка на теренот и возилата. Во Сљемен снежната покривка достигна 25 сантиметри, а најавена е лапавица и во пониските предели, пренесува Index.hr.Во Бања Лука утрово паѓа снег. Со оглед на тоа што вчера температурата беше повисока од 20 степени, многу жители не ни помислуваа дека денеска може да падне снег, пишува Независне новине.

Свет | пред 1 година

49517075_1962487040725116_3220772425964716032_n

Монголија ја погоди најстудената зима во последните 50 години, угинаа милиони животни

Монголија се смрзнува во најтешката зима во последните половина век со екстремни услови кои досега убиле повеќе од 4,7 милиони животни и се закана за егзистенцијата и снабдувањето со храна на илјадници луѓе, предупреди Меѓународниот Црвен крст.Тешките услови, познати како џуд на монголски, се карактеризираат со опаѓање на температурите, длабок снег и мраз што ги покриваат областите за пасење и го прекинуваат пристапот до добиточната храна. Околу 300.000 луѓе во Монголија се традиционални номадски сточари и зависат од својот добиток, кози и коњи за храна и за продажба на пазарот, пренесува Index.hr.„Оние луѓе кои целосно зависат од својот добиток за опстанок станаа сиромашни за само неколку месеци“, рече Александре Матео, регионален директор на Црвениот крст за Азија и Пацифик. „Некои од нив повеќе не можат да се хранат ниту да ги греат своите домови“, рече тој.Монголската влада минатиот месец прогласи состојба на зголемена готовност која ќе трае до 15 мај, а во вторникот Црвениот крст упати апел за олеснување на страдањата на луѓето кои останаа без средства за егзистенција.„Дури и со високо ниво на подготвеност, како што беше случајот во Монголија оваа година и претходните години, не е соодветно да се справуваме со екстремни услови“, рече Матео. „Се подготвувавме долго време, но вагата сепак не изненади“, рече тој. Џуд направи голема економска штета на сточарите и предизвика пречки во патувањето, продажбата и пристапот до здравствена заштита и образование за многу Монголци, особено оние што живеат во руралните области, бидејќи обилниот снег го прекина пристапот до патиштата.

Магазин | пред 1 година

viber_image_2024-03-05_08-32-54-742

(Фото) Снег во март: Македонија ја зафати ладен бран

На повисоките делови во Македонија преку текот на ноќта паѓаше снег. Веќе има и формирано снежна покривка.Меѓудругите места, снег има на патот Маврово-Дебар.Според информациите од возачите, снег има и кон Маврово-Стража.Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Буково,Ѓавато,Пресека и Крушево, а со послаб интензитет снег паѓа на Попова Шапка,Дебар и Плетвар.

Македонија | пред 1 година

314603782_10160081490267487_721209305356417339_n

(ФОТО) Падна првиот снег

Падна првиот снег за оваа сезона на врвот Пелистер на планината Баба. Фотографијата е објавена на социјалната мрежа Фејсбук.Во Битола обилно врне дожд и се очекува врнежите да продолжат во текот на денешниот ден. Температурата во градот падна до 12 Целзиусови степени.ФОТО: Јонче Илиевски

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања