СНЕГ

media-libraryc2cq4fqrcjlb8IfZOTv

(Фото) Се расчистуваат пешачките патеки и дрвцата низ Скопје од снегот

По утринските снежни врнежи што го зафатија подрачјето на Скопје, теренските екипи на ЈП Паркови и зеленило веднаш беа мобилизирани и излегоа на терен со цел расчистување на снегот од пешачките патеки покрај булеварите и во парковите низ градот.Од јавното претпријатие информираат дека паралелно со расчистувањето на патеките, екипите вршат и отстранување на снегот од дрвјата и грмушките во зелените површини, со што се спречува оштетување на вегетацијата и се зголемува безбедноста на граѓаните.Интервенциите се спроведуваат во сите реонски делови на Скопје, а од „Паркови и зеленило“ најавуваат дека состојбата ќе продолжи внимателно да се следи и во текот на денот, со цел навремено реагирање доколку снежните услови го наложат тоа.

Скопје | пред 2 седмици

media-library11eup84q6v8c2MivoIw

Затворен правецот Велес–Скопје кај Отовица, укината забраната за тешки моторни возила кај Ѓавато

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, со остатоци од снег на коловозите, информира АМСМ. Утрово во 08:25 часот е укината забраната за сообраќај на тешки моторни возила на планинскиот премин Ѓавато, на патниот правец Битола–Ресен.Од 09:16 часот, поради расчистување на снегот, целосно е затворен сообраќајот на наплатната станица Отовица, односно на патниот правец Велес–Скопје, за сите видови возила.Во сила остануваат забраните за сообраќај на тешки товарни возила на планинските премини Стража, Плетвар, Пресека, Маврово–Дебар–Струга, како и на граничниот премин Ќафасан.АМСМ потсетува дека од 15 ноември 2025 година е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15 март 2026 година. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања.Од АМСМ апелираат на внимателно возење, прилагодена брзина и почитување на сообраќајната сигнализација, особено на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево, каде постои зголемен ризик од одрони.

Македонија | пред 2 седмици

media-library3b6b4kd9rgua7ZKQ65A

(Фото) Од синоќа се расчистува снегот во Охрид

По синоќешните снежни врнежи, дежурните екипи на ЈП Охридски Комуналец се целосно мобилизирани и од раните утрински часови дејствуваат на терен со целокупната расположлива механизација и човечки ресурси.Од јавното претпријатие информираат дека расчистувањето на снежната покривка се одвива согласно утврдените приоритети, при што најнапред се интервенира во повисоките населени места, на главните сообраќајници, пешачките зони, како и на пристапните патеки до објекти од витално значење.Состојбата на теренот, како што наведуваат од „Охридски Комуналец“, будно се следи во текот на целиот ден, а екипите ќе продолжат да интервенираат секаде каде што ќе се појави потреба, со цел да се обезбеди безбедно и непречено функционирање на градот во зимски услови.

Охрид | пред 2 седмици

media-librarytsnmq65778hk1CLKy2j

(Фото) Во Аеродром „се мете“ снегот од пешачките патеки

Зимската служба на Општина Аеродром била активирана рано утрово и започна со превентивно дејствување на сите сообраќајници и пешачки површини, со цел да се обезбеди безбедно и непречено движење на возилата и пешаците во зимски услови, соопшти општината.Од општината информираат дека активностите се реализираат согласно утврдениот план за работа, при што приоритет има критичната инфраструктура, меѓу која се болниците, училиштата, градинките и другите објекти од јавен интерес.Надлежните служби постојано ја следат состојбата на терен и, како што наведуваат од општината, се подготвени навремено да реагираат со сите расположливи ресурси доколку состојбите го наложат тоа.Воедно, од Општина Аеродром упатија апел до граѓаните, управителите на станбени згради и деловните субјекти да ја почитуваат законската обврска и навремено да ги исчистат снегот и мразот пред своите влезови и објекти, со цел заеднички да се придонесе за поголема безбедност и непречено движење во текот на зимскиот период.

Скопје | пред 2 седмици

media-librarym8v51ht4qr8l4VD8FeB

(Видео) Подмрзнати патишта, заглавени камиони на Плетвар - возете внимателно

Дел од патиштата низ државата утрово беа блокирани, подмрзнати, недорасчистени. Возачи јавиваат дека околу 09 часот, кога возеле низ овие делници, патиштата биле тешко проодни. Па така, ова е состојбата од Кичево кон Пресека утрово во 09 часот.Ова е состојбата со снегот после велешка патарина.На Плетвар има десетина заглавени камиони, по снежните наноси (09:00)Утрово подмрзнато и на скопската ОбиколницаПоследна информација:

Настани | пред 2 седмици

media-libraryvn2f16iq6u36dfG7hFO

(Фото) Активиран кризен штаб во Скопје, екипите интензивно работат на расчистување на снегот

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека градските служби од раните утрински часови се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на Град Скопје.Како што посочи Ѓорѓиевски, снегот во зимскиот период не претставува изненадување, но подготвеноста на институциите е обврска кон граѓаните. Со цел навремена и ефикасна реакција, активиран е кризен штаб кој функционира 24 часа дневно, со постојано следење на состојбата и детектирање на сите клучни и критични точки во градот.Според градоначалникот, безбедноста на граѓаните останува врвен приоритет, а сите расположливи ресурси се ставени во функција за непречено одвивање на сообраќајот и нормално функционирање на градот во зимски услови.Воедно, беше упатен апел до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно, да ги почитуваат сообраќајните правила и да ја приспособат брзината и начинот на возење на условите на патиштата.„Со одговорност, навремена акција и заедничка грижа, Скопје може да се движи безбедно и во зимски услови“, порача градоначалникот.

Скопје | пред 2 седмици

popova-shapka

Најстудено на Попова Шапка, снежната покривка достигна 34 сантиметри

Голем дел од Македонија утрово се разбуди со минусни температури и снежна покривка. Најстудено беше на Попова Шапка и во Берово, каде се измерени минус 7 степени, додека минус 6 се регистрирани на Маврови Анови и во Крушево. Во Крива Паланка температурата се спушти до минус 5, а во Скопје-Петровец, Струмица и Тетово до минус 4 степени.Највисока снежна покривка до 7 часот е измерена на Попова Шапка – 34 сантиметри, следат Маврови Анови со 12 и Битола со 8 сантиметри. Снег има и во Крушево, Прилеп, Претор, Тетово, Штип и Демир Капија, но со помала висина.Во изминатите 24 часа најмногу воден талог наврна во Битола – 7 литри на метар квадратен, потоа во Маврови Анови 5, а во Тетово, Крушево и Пожаране по 3 литри.Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни снежни врнежи се очекуваат во западните делови, каде на планините и на некои повисоки места снежната покривка може да се зголеми од 15 до 25 сантиметри, а на пониските места да се формира покривка од 3 до 10 сантиметри. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а максималните температури ќе се движат од минус 2 до 4 степени.Во Скопје се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од снег и слаб до умерен југоисточен ветер, при што дневната температура ќе достигне околу 1 степен.

Македонија | пред 2 седмици

sneg-skopje-2

Нема доволно возила за чистење, ама има за 161 тендер за ортаците на Орце и ВМРО, вели СДСМ

Орце и ВМРО ги изненади снег во јануари. Градот е парализиран, сообраќајакот е во хаос. Службите не функционираат, не можат со малку снег да се справат. Сега скопјани треба да чекаат да се стопи снегот по улиците за да се движат нормално, велат од СДСМ.„Нема доволно возила за чистење, ама има за 161 тендер за ортаците на Орце и ВМРО.Дали ова е „Safe city“?Затоа СДСМ инсистира на закон кој, како и сè друго, нема да биде злоупотребен од страна на ВМРО.Исто како што се злоупотребува и парите на граѓаните, кои преку тендери завршуваат во приватни џебови на ортаците на Мицкоски.Како што изгледа градот денес, така ќе изгледа и цела Македонија – блокирана од сите, поради политиките што се водат. Црна точка во Европа“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 седмици

49939034_276406699699199_5996088938685530112_n_276406693032533

Најстудено во Берово -11 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Утрото во земјава беше исклучително студено, со минимални температури што на повеќе места се спуштија длабоко под нулата. Најстудено беше во Берово со измерени минус 11 степени, по што следуваат Крива Паланка, Маврови Анови и Попова Шапка со минус 10, додека на Скопје-Петровец се измерени минус 9 степени Целзиусови. Во Велес, Демир Капија, Струмица и Крушево минималната температура изнесуваше минус 8, а во Скопје на Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Кавадарци, Прилеп и Штип минус 7 степени.Снежна покривка до 7 часот наутро е измерена на Попова Шапка и изнесува 24 сантиметри, во Маврови Анови 7 сантиметри, а во Крушево 3 сантиметри.Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала облачност, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Попладне облачноста постепено ќе се зголемува, а кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови од земјата се очекуваат повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи од минус 2 до 8 степени.Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, а попладне и кон крајот на денот умерено облачно, со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 4 степени Целзиусови.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryk76sierv6m1q5z6dZfR

(Видео) Нас, снегот не може да нѐ изненади, уверува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, порача дека градот е целосно подготвен за зимските услови и дека снегот нема да претставува изненадување за градските служби.„Градот Скопје е подготвен. Веќе неколку дена екипите се постојано на терен и внимателно ја следат состојбата на сите сообраќајници“, истакна Ѓорѓиевски.Тој нагласи дека се обезбедени доволни количини сол, која навремено се користи согласно минусните температури и ризикот од замрзнување на коловозите. Дополнително, Кризниот штаб функционира непрекинато, 24 часа дневно, со цел да се обезбеди безбедно и непречено движење низ градот.Градоначалникот упати апел до сите учесници во сообраќајот да бидат особено внимателни и строго да ги почитуваат препораките за возење во зимски услови.„Само со заедничка одговорност и навремена реакција можеме да обезбедиме безбедност за сите граѓани“, порача Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 4 седмици

media-libraryjog501egeaap2ZyyQQo

(Видео) Спасувачка акција над Лазарополе: заглавени работници изгубиле и телефонски контакт, полицајци цела ноќ ги барале и извлекувале

Двајца вработени во мобилниот оператор А1 биле успешно извлечени откако синоќа останале заглавени во длабок снег над селото Лазарополе, во близина на базна станица на операторот, информира Министерството за внатрешни работи.Случајот бил пријавен во СВР Тетово вчера околу 23:30 часот, при што било наведено дека со лицата не може да се воспостави контакт поради отсуство на мобилна мрежа. Веднаш по пријавата, информацијата била проследена до Полициското одделение Ростуше и биле активирани специјализирани спасувачки екипи.Во акцијата учествувале припадници на Одделот за специјални полициски операции, униформирана полиција при МВР, како и екипи на Дирекцијата за заштита и спасување. Со две теренски возила опремени со санки за снег и соодветна спасувачка опрема, тимовите се упатиле кон тешко пристапната локација.Денеска околу 08:30 часот, лицата биле пронајдени и безбедно извлечени во добра здравствена состојба. Станува збор за Г.Н. (47) и М.М. (37), двајцата од Скопје, кои се движеле со теренско возило „VW Amarok“ со скопски регистарски ознаки.Тие биле лоцирани на местото познато како „Коритник“, во близина на предавателот на мрежата на А1, на атарот на селото Лазарополе.

Македонија | пред 4 седмици

straza-i-gjavato

Укината забраната за камиони на патниот правец Гостивар – Кичево преку Стража

Утринава од 08.20 часот укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража што беше воведена ноќеска во 00:25, соопшти ЈП „Македонија пат“.Сите патни правци се проодни, а сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози со кашест снег кој останува по интервенцијата на возилата на ЈП „Македонија пат“.Снег со променлив интензитет провејува во севроисточниот, западниот и југозападнит дел од земјава, но не преставува проблем за одвивање на сообраќајот во зимски услови. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryjjsbu6ddk8kgb7GOhvh

Денеска студено со снег, утре поларни температури

Утрово на Попова Шапка е најстудено, – 8 степени и има најмногу снег, 31 сантиметар. Измерени се и -5 степени во Kрушево и Mаврови Анови, -2 во Куманово, -1 во Крива Паланка, Берово и Виница, 0 во Скопје, Тетово, Охрид, Битола и 2 степена во Гевгелија и Демир Капија.Висината на снежната покривка во Крушево е 14 сантиметри, во Охрид е 5.Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, претпладне со повремени локални врнежи од снег, а попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР.Северен ветер се очекува да продолжи да дува и во понеделник. Од почетокот на следната седмица под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува стабилно, суво и многу студено време. Наместа утринската температура ќе се спушти и под -10 степени.Во Скопје, денеска ќе променливо облачно претпладне со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од -1 до 3 степени.

Македонија | пред 4 седмици

skopje-sneg-2021

Обилните врнежи предизвикаа поплави и евакуации: критична состојба во Охрид, Кичево и Гостиварско

Поради обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјата, на повеќе локации се евидентирани поплави, излевања на реки и отежнато одвивање на сообраќајот, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Состојбата се следи континуирано, а надлежните служби се на терен.Во тетовскиот и гостиварскиот регион, локалниот пат помеѓу селата Форино и Тумчевиште, во Општина Гостивар, е тешко прооден поради големото количество дожд. За состојбата се известени локалната самоуправа и полициската станица во Чегране. Забележани се и излевања на Лакавичка Река во селото Мало Турчане и на Сушечка Река во селото Горна Бањица. Надлежните институции и службите за итно дејствување ја следат состојбата на терен.Најкритично е во охридскиот и кичевскиот регион. Во Општина Охрид се поплавени подруми, гаражи и дворови на повеќе локации во градот, а реката Далјан е излеана од коритото на повеќе места, при што се поплавени голем број куќи. Локалната самоуправа и Кризниот штаб на Општина Охрид се известени и веќе постапуваат по пријавите, додека екипите за итна интервенција се распоредени на терен.Во Општина Кичево, на улицата „Прилепска“, поплавени се повеќе стамбени објекти. Извршена е евакуација на околу 100 лица, кои се сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Во акцијата интервенирале екипи на Црвениот крст, Дирекцијата за заштита и спасување, Регионалниот центар за управување со кризи, Територијалната противпожарна единица, ЈП „Комуналец“ и Општина Кичево. На евакуираните им се обезбедени храна, вода, кревети, душеци и ќебиња.Дополнително, регистрирани се излевања на Зајашка Река во реонот над стадионот „Влазрими“ и кај новото училиште „Санде Штерјоски“, како и излевање на реката Треска на земјоделско земјиште во атарите на селата Бигор Доленци, Вранешти и околината.Во битолскиот и преспанскиот регион, поради зголемениот водостој на реките и излевањето на повеќе водотеци, поплавени се бројни куќи и дворни места. За 09:00 часот е закажан состанок на Кризниот штаб на Општина Битола, со цел утврдување на приоритетите и подобра координација на активностите на терен.Од ЦУК информираат дека состојбата и понатаму внимателно се следи, а граѓаните се повикуваат на претпазливост и почитување на препораките на надлежните служби.

Македонија | пред 1 месец

media-librarypkfi0vcjaunu9Ch7FI3

(Видео) Првиот снег годинава го обели Скопје и западните делови од земјава

Падна првиот снег во Скопје. Поради продор на значително постуден воздух од север, врнежите постепено преминуваат од дожд во снег, при што снежната граница се спушта и се проширува на сè поголем дел од територијата на државата.Најизразени снежни врнежи се бележат во западните предели, каде што веќе се формира снежна покривка. На повисоките населени места и на планините се очекува снег со висина од 10 до 15 сантиметри, а локално и над 20 сантиметри. Во пониските градски средини, снежната покривка ќе изнесува од 5 до 10 сантиметри.Времето ќе биде проследено со засилен, а на моменти и силен ветер од западен и северозападен, а подоцна и од северен правец, кој локално може да достигне брзина и над 60 километри на час.Утрово пак, само послаби врнежи од снег се регистрираат и во Скопје и неговата околина, каде што исто така се очекува повремено засилен северен и северозападен ветер. Дневните температури денеска ќе се движат од 0 до 7 степени, додека во Скопје максималната температура ќе достигне околу 3 до 4 степени Целзиусови.На повисоките населени места и планинските подрачја температурите ќе останат под нулата и во текот на денот, што ќе придонесе за задржување и зголемување на снежната покривка.

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања