Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

СНЕГ

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Викендов дожд, од недела снег на планините и пад на температурите

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер.Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.Минималната температура ќе биде од 7 до 12, а максималната ќе од 13 до 19 степени.Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Минимална температура до 9, а максималната до 18 степени.Според прогнозите на УХМР, во недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.Во понеделник и вторник утринските температури значително ќе опаднат. Нови локални врнежи од дожд се очекуваат кон средината на следната седмица.

Македонија | пред 3 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Најмногу дожд во Крушево и Претор, од недела постудено со снег на планините

Според податоците на УХМР, денеска до 16:30 часот, најмногу дожд падна во Претор и Крушево 16 литри на метар квадратен, 12 литри во Маврови Анови, 10 во Берово, 9 во Прилеп, осум во Пожаране, седум во Тополчани и Струмица, шест во Виница и Попова Шапка, пет во Лазарополе и Штип, четири кај Зајчев Рид и Тетово, три литри во Гевгелија, Демир Капија, Крива Паланка и Битола, два во Велес и еден литар во Кавадарци.Утре наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот, времето ќе биде променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната од 15 до 19 степени.Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд, над 30 литри на метар квадратен за 24 часа, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи.Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryuicum1n8t5un28qk58O

(Видео) Делови од Хрватска, Словенија и БиХ под снежна покривка

Снежна покривка го означи доаѓањето на зимата во регионот.Снег паѓаше во Хрватска, БИХ и Словенија.Во Хрватска, првиот снег за оваа сезона падна во Лика, Горски Котар и Сљеме.Хрватскиот автоклуб објави дека патиштата што минуваат низ планинските подрачја се под снег и ги повика возачите да бидат повнимателни и да го прилагодат возењето на условите на патот.Во БиХ снег паѓа во Бјелашница, Јахорина и Влашиќ.Снег има и во делови од Словенија.

Свет | пред 3 месеци

media-librarydfkam57lpukgcPvMJ06

(Видео) Јанков од Левица: Скопјани ќе платат 40 милиони дури и да нема снег

Советникот од Левица, Андреа Јанков, на седницата на Советот на Град Скопје предупреди дека предложената Програма за зимско одржување на магистралните и собирните улици за 2025 и 2026 година содржи сериозни нелогичности и финансиски ризици по градскиот буџет.Имено, во програмата се појавува измислен параметар од 4,8 ефективни часа, кој не постои во ниту еден технички стандард и овозможува да се плаќа механизација дури и во услови кога нема би немало снег. Овој модел, како што истакна тој, ќе доведе до трошење на 40 милиони денари за неактивност.Предвидената механизација е недоволна, исто како и количината на сол и не би издржала ни до половина зима.Дополнителен проблем претставува и ангажманот на приватни фирми, кој е опишан без наведени имиња, цени или конкретни обврски, што претставува неприфатливо ниво на непрецизност за документ што треба да гарантира јавна безбедност, па оттука Програмата не нуди безбедност, туку претставува само декларативен текст.Поради овие недостатоци, советничката група на Левица гласаше против програмата, оценувајќи ја како нелогична, паушална и ризична за граѓаните и буџетот на Град Скопје.

Скопје | пред 4 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-44-2130PM

Сибирски студ во октомври, следната недела ќе имаме вистинска зима

Нов ладен бран од Сибир ќе го зафати Балканот на почетокот на следната недела, прогнозира Славчо Попски, нагласувајќи дека не очекува невообичаено ладно време за октомври. Ќе има услови за минусни температури и за појава на утрински мразеви. Продорот од Сибир може да доведе повторно до врнежи од снег, особено на повисоките  и на планинските места, па дури и во пониските области.„Што се однесува до времето во ноември месец, исто така очекувам чести продори на ладен воздух од Сибир кон Балканот и Македонија како и температури кои ќе бидат околу, повремено и потпросечни за ноември. Ла Ниња е доста активна на Пацификот па токму поради ова имаме вакво невообичаено ладно време уште од октомври месец и со појава на врнежи од снег.“Судејќи според моменталнитепрогнози, појава на врнежи од снег на повеќе пониски места може да очекуваме уште од месец ноември. Инаку, месец ноември на Балканот ќе биде поврнежлив со натпросечно количество на врнежи“, напиша тој.До недела 12 октомври. под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна  и сува воздушна маса времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Особено во Повардарието и во источните предели од нашата Македонија повремено ќе дува засилен ветер од северен правец. И во Скопје и околината следува период на стабилно, суво и на претежно сончево време со појава на мала до умерена локална облачност. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

Македонија | пред 5 месеци

media-library6hee4e921dddd4kJRh7

(Фото и видео) Снегот направи големи проблеми, поради паднати дрвја затворен патот Никифорово-Леуново

Поради врнежи од снег, од ноќеска, во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Никифорово – Леуново – Бунец, соопшти Центарот за управување со кризи повикувајќи се на информација на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).Како што информираат од ЦУК, сообраќајот е во прекин од вчера од 23:30 часот.На коловозот освен снег има и паднати дрва, а од ЦУК велат дека се работи на негово расчистување.Вчера, поради задржување снег на коловозот од 19:45 часот беше воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на магистралниот пат Маврово – Дебар.Забраната од утринава од 3:40 часот е укината.Исто така, вчера од 19:55 часот, поради истите причини, забрана беше воведена и на патниот правец Гостивар – Стража.Инаку, земјава од вчера е зафатена од студен воздушен бран кој донесе обилни врнежи од дожд, кои на планините преминаа во снег обелувајќи ги Попова Шапка, Маврово и Стража.

Македонија | пред 5 месеци

sneg-krov-kukja-skopje

(Видео) Октомвриски снег и во Лазарополе

Во Лазарополе утрово падна првиот снег, а снежни врнежи беа забележани и на Попова Шапка. Сцените од белите покривки за овој период од годината веќе ги преплавија социјалните мрежи.Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека денеска времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на планините ќе преминуваат во снег. Очекувањата се врнежите да бидат пообилни на повеќе места во земјава. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а максималните дневни температури ќе се движат меѓу 6 и 13 степени.Во Скопје, како што најавуваат метеоролозите, ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поинтензивни. Северниот ветер ќе биде засилен, а температурата во главниот град ќе се искачи до 10 степени.

Македонија | пред 5 месеци

media-library1fq9vt53ai8jerzPoq7

(Видео) На Шапка утринава падна првиот снег, покажуваат камерите на SkiMacedonia

Утринава на Попова Шапка беше забележан првиот снег, кој го регистрираа камерите на SkiMacedonia.Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утрото беше студено, со минимални температури кои се спуштија до 4 степени во Крушево, 6 во Берово, Крива Паланка и Тетово, 7 во Куманово, 8 во Скопје – Петровец, Битола, Виница и Штип, 9 во Претор и Демир Капија, додека најтопло беше во Струмица со 10 степени.Во изминатите 24 часа до 8 часот наутро најмногу врнежи се измерени во Ѓуриште – 19 литри на квадратен метар, потоа во Крушево и Битола по 17, Штип со 14, Скопје – Петровец и Тетово со по 13 литри, а најмалку во Струмица – 3 литри.Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат пообилни, а на планините ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне од 6 до 13 степени.Во Скопје ќе биде облачно и студено со повремени поројни врнежи од дожд и умерен до засилен северен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 10 степени.

Македонија | пред 5 месеци

Nevreme-skopje

Нестабилно и постудено време, можна и прва појава на снег на планините

Под влијание на циклон со центар над Џенова, во земјава следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат обилни и поројни, проследени со грмежи и засилен југоисточен ветер. Локално се очекува да наврне над 20 до 25 литри дожд на метар квадратен.И во Скопје и околината времето ќе биде променливо со врнежи, кои повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер.Истовремено, од исток и североисток ќе навлезе значително постуден воздух кој ќе предизвика пад на температурите за повеќе од 10 степени во однос на изминатите денови. Минималните утрински температури ќе се движат меѓу 5 и 14 степени, додека дневните максимални ќе изнесуваат од 13 до 20 степени. Во Скопје температурата ќе достигне до околу 16–17 степени.До крајот на септември и почетокот на октомври ќе преовладува постудено време од просекот, а според прогнозите, веќе следната седмица планините во регионот и во Македонија ќе ги добијат и првите врнежи од снег за оваа сезона.

Македонија | пред 5 месеци

sneg-Slovenija

Прв јулски снег во Словенија, во 10 часот биле измерени 0 степени на Кредарица и Канин

По минувањето на студен фронт, температурите во Словенија паднаа доволно ниско за највисоките врвови во земјата да добијат снежна покривка во јули. Линијата за снег се спушти на околу 2.200 метри надморска височина, соопшти Словенечката агенција за животна средина (ARSO).Снимките од метеоролошките камери на Кредарица и Канин јасно го покажуваат првиот јулски снег, а на највисоката метеоролошка станица на Кредарица во 10 часот наутро се измерени 0 °C.

Актуелно | пред 8 месеци

Pesok

Топлотен бран во Македонија цела недела, температурите над 40 степени, а потоа нагло заладување, дури и снег на европските Алпи

Топлиот бран од Африка кој зафати голем дел од европа, цел регион, како и Македонија, ќе продолжи се до крајот на оваа недела, и истиот ќе придонесе и понатаму да имаме многу топло време со висока вредност на Ув индексот 9, прогнозира Славчо Попоски.Според него, сепак, во недела во попладневните часови ќе има појава на изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, но и услови за појава на краткотрајно невреме со појава на град.Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 41 степен. И во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 40/41 степен.Поради многу топлото време, но и поради високата вредност на Ув индексот, граѓаните, особено оние повозрасните, без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) и да пијат повеќе течности.Инаку, според најновиот излез на Европскиот модел (ECMWF), наредната недела следува поголемо разладување на времето и голем пад на температурите во најголем дел од Европа, а околу и по 10 јули пад на температурите и врнежи се очекуваат и во Македонија. На европските Алпи ќе има и обилни врнежи од снег.фото: Unsplash

Македонија | пред 8 месеци

sneg-straza

(Видео) Снег низ Скопје во април: еве како е на Водно, Стража и Маврово

На повисоките места, како и скијачките центри, од попладнево вее снег. На дел од местата, има и формирана снежна прекривка. Па така, снег има на падините на Водно, каде и натаму се формира снежна прекривка.На превојот Стража, треба да се вози внимателно. Иако се чисти, снежната прекривка се формира брзо. Возачи јавуваат дека има и пролизгување поради ниските температури и заледување на асфалтот.Истите препораки важат и за патот кон и од Маврово.Од 15:25 часот поради обилни врнежи од снег, е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Македонија | пред 11 месец

sneg1

(Видео) Во Скопје снег: еве што да очекувате од времето деновиве

Полека од север кон Македонија пробива влажниот и ладен воздух, кој понатаму ќе условува кај нас врнежи од дожд, снег, северен ветер, како и зголемување и проширување на снежната покривка. Утрово, во Скопје има обилни паѓања на снег.Под влијание на руски поларен, но сув воздух, од среда, па во деновите потоа ќе имаме разведрување на времето, како и исклучително ниски температури на воздухот, особено наутро кога тие насекаде ќе се спуштаат под нулата, а на повеќе места тие ќе се спуштаат до близу, па и под -10 степени, додека во Беровскиот регион, на повисоките населени места, планините, како и на Скијачките центри, тие ќе се спуштат до, па и под -15 степени.Преку денот пак исто така ќе биде ладно, кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 7/8 степени во југоисточните предели од нашата Република Македонија.Што се однесува до Скопскиот регион, со овој поларен Руски бран, наутро температурите ќе се спуштаат до околу -7/-8 степени, а преку ден тие ќе се искачуваат до околу 5/6 степени.Токму поради овој продор на Рускиот поларен воздух кај нас, насекаде ќе имаме појава на силен мраз, особено во ноќните и во утринските часови.

Скопје | пред 1 година

WhatsApp-Image-2025-01-16-at-16.11.54_c51889f5

(Видео) Бехтел ЕНКА: Одгворивме на молбата на Македонија пат со чистење на снег на патот кој води кон Маврово

На 16 јануари 2025 година, Бехтел ЕНКА позитивно одговори на молбата на Македонија пат да помогне во расчистувањето на патот од натрупаниот снег околу Мавровското езеро.Тимовите за опрема и земјени работи на Бехтел ЕНКА ги мобилизираа грејдерите и операторите да ги расчистат патиштата кај Мавровското езеро како поддршка на жителите, бизнисите, туристите и скијачите, со што им овозможија на жителите и бизнисите од оваа област безбеден пристап до ова туристичко место а и да работат на побезбеден начин.Екипата на Бехтел ЕНКА го расчисти снегот и повторно го направи патот возен околу Мавровското езеро долг 20 километри, спречувајќи понатамошно блокирање на патиштата и овозможувајќи им на сите да си ги вршат секојдневните активности и работи.https://youtube.com/shorts/Ik28xhfA7J8Посветеноста на Бехтел ЕНКА за безбедноста на заедниците долж трасата е вградена во визијата и вредностите на Културата на грижата кои се столбот на нашиот тим, грижата за луѓето и заедниците каде што работиме.

Македонија | пред 1 година

275205671_510789260503771_7444390103664158592_n

Претпладнето донесе скоро 70 сантиметри снег на скијачките центри, во Дебар околу 35 сантиметри – доаѓа нов снежен бран

Скоро 70 сантиметри снег ова претпладне имаме на Попова Шапка, околу 60 сантиметри во Маврово, Близу 40 сантиметри во Крушево, во Дебар пак имаме околу 35 сантиметри снежна покривка. Најниска температура ова утро е измерена на Попова Шапка, и тоа -10 степени, додека од градовите најниска температура е измерена во Крушево, и тоа -8 степени и во Берово -5 степени.Инаку, во текот на денов од југ ќе навлезе нов влажен бран, кој ќе се помеша со многу ладниот воздух кој владее во Македонија, со ова ќе имаме нови врнежи од снег на повеќе места низ Македонија, пообилни во јужните и во југозападните предели, со што ќе дојде до понатамошно зголемување на снежната покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец, па така ќе има појава на снежни наноси.Денес температурите ќе се искачуваат во интервалот само од -5 до 3 степени, во Скопје максималната температура денес ќе се искачи до околу 0 степени, а ќе има и послаби врнежи од снег, проследени со слаб до умерен ветер од северен правец.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања