ВО ЖИВО

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СТЕФАН АНДОНОВСКИ

IMG_4712

Андоновски на средба со младите од ИТ секторот

Новиот Министер за дигитална трансформација Стефан Андоновски на првиот работен ден се сретна со млади луѓе од ИТ секторот,,Првата официјална средба како Министер за дигитална трансформација, ја почнувам заедно со младите. Сите напори и решенија треба да бидат во насока на обезбедување добри услови младите да се развиваат и да ја гледаат и својата иднина во Македонија.’’Тој додава и дека реформите се во фокусот на новата Влада.,,Реформите во општеството и дигиталната трансформација се и главен акцент на новата Влада со која што ќе се овозможи и подобар стандард за живеење на младите и намалување на корупцијата.”

Македонија | пред 1 година

Stefan-Andonovski-26.01.2024

Андоновски панелист на Самит за дигитализација на владините услуги во Швајцарија

Дополнителниот заменик на министерот за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски, е во дводневна посета на Цирих, Швајцарија каде ќе биде еден од панелистите на глобалниот Самит за дигитализација на владините услуги. Самитот особено се осврнува на украинската апликација ДИИА, која е пионер во нудење најсовремени дигитални алатки за граѓаните.Самитот ќе се осврне на клучните области како дигитална трансформација на владините услуги, образованието, здравството, социјалните услуги и промоцијата на иновациите, како и споделување на украинско искуство во областа на владата и иновациите.Андоновски ќе зборува на панелот насловен како „Дигитална трансформација во акција“, при што ќе се осврне на предизвиците, проблемите и визијата за дигиталната трансформација на Македонија во наредниот период. Со поглед кон 2030 година, Андоновски ќе ги анализира постулатите на дигитализацијата на сите владини услуги, со цел борба против корупцијата, подобрени и достапни услуги за граѓаните во целата држава и привлекување на најдобрите светски инвестиции во областа на GovTech секторот.Во рамки на посетата, Андоновски оствари билатерални средби со Вицепремиерот на Украина за иновации, развој на образованието, науката и технологиите и Министер за дигитална трансформација на Украина Михаил Федоров и Валерија Ионан, Заменик министер за дигитална трансформација на Украина. На маргините на настанот, Андоновски ќе оствари средби и со претставници на глобалните технолошки лидери од приватниот сектор, тинк-тенкови и владини претставници.

Македонија | пред 1 година

Andonovski-15.10

Андоновски: Нула корупција во јавите набавки

Дополнителниот заменик министер на Министерството за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски, беше во посета на Струмица каде што имаше средби со приватни компании од ИТ секторот и локалната администрација."Од она што можев да го забележам од досега реализираните средби e распространетото ниво на корупција, особено во јавните набавки, и начинот на кој што се распоредуваат и трошат народните пари во Општина Струмица, начинот на кој што сe набавуваат потребни материјали за општината, но и пошироко. Централната власт покажа колку е закоравена корупцијата. Затоа предлагаме "Нула корупција" преку интеграција и дигитализација на сите регистри. " , изјави Андоновски.Посочено е дека преку оваа мерка ќе се превенира корупцијата преку системот на јавни набавки, преку потекло на имот и дали некои луѓе се поврзани со проектите и на кој начин ќе ги добијат тендерите."Регистарот ќе ги спречи злоупотребите поврзани со лицата вклучени во јавните набавки во поглед на нивната подготовка и евалуација, но и учеството во истите од страна на компаниите кои конкурираат.Овој систем ќе послужи и во процесот на проверка на потеклото на имот.Ќе формираме сектор во рамките на Бирото за јавни набавки задолжен за контрола на критериумите за економски најповолна понуда и за спречување на манипулации во процесот на јавните набавки.", посочи Андоновски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Андоновски: Не е проблемот во превработеност туку во нефункционалност на администрацијата

“Има една чудна ситуација која се случува, иако со распишувањето на изборите е стопирана. Во декември во 2023 година Владата носи одлука за трансформација на договорите на определено време во неопределено вработување, а МИОА по брза постапка од 3-7 дена треба да даде согласност. И тука почнува една трка во институциите побрзо да вработат луѓе. Некои постапки и се завршени, но некои се стопирани поради изборите но им се ветува на тие луѓе дека ќе бидат примени по изборите што е класичен предизборен поткуп. Таа информација на Владата за трансформација на вработувања е незаконска. Владата требала да поднесе таков закон за овие 2.700 работни места во Собрание и така да се изгласа. Сега тие луѓе се во неизвесност и создава немир кај луѓето”, изјави Стефан Андоновски, дополнителен заменик министер на Министерството за информатичко општество и администрација во СТУДИО 10 на ТВ 24.“Ова е хроничен проблем и било пракса и порано. Но затоа е воведен чл. 8а од Изборниот законик кој го спречува тоа. За здравствените работници ќе беше добро да се донесе закон за трансформација на работните места, но станува збор за малку вработувања во здравството. На пример, 300 вработувања се во Македонски шуми. Од друга страна, ова е направено со оглас на кој можел да се јави кој било, па имаме ситуации кога се примени лица кои воопшто не ни работеле на договор во некоја институција и му го зеле местото на оној кој работел на договор на дело”, дополни Андоновски.Андоновски нагласи и дека со донесување на забрана за ангажман на договор за дело се оневозможуваат менаџерите да функционираат. Од друга страна, трајните вработувања значат дека нема можност некој кој не работи да му биде прекинат работниот однос, а оној кој работи добро нема можност да се награди. Затоа, потребна е вистинска реформа на јавната администрација која ќе значи флексибилен и функционален систем и задоволни вработени.,,Сега имаме околу 130 илјади луѓе во јавната администрација, но има луѓе кои се иселуваат па се намалува бројот. Ние реформата ја гледаме во смисла на укинување или спојување на одредени административни институции за да бидат функционални. Размислуваме да воведеме систем секој вработен да си го најде местото каде што му одговара да работи. Но, мора да се најде решение за прекинување на договорите на луѓе кои ништо не работат. За жал во администрацијата недостасуваат ИТ кадар, правници, архитекти. Тие луѓе нема да дојдат да работат од приватниот сектор затоа што платите таму им се поголеми. Затоа треба да се најдат решенија со обука на лица од администрацијата и за сметка на тоа да останат да работат во администрацијата”.Тој додава дека нема превработеност во администрацијата, но перцепцијата е таква затоа што граѓаните се соочуваат со ситуации кога не можат да си ја завршат работата и тоа е легитимно чувство оти е така.“Граѓаните се научија да живеат со апсурдите наместо државата да ги решава апсурдите. Таков е примерот со балансерот кога Македонци се пишуваат дека се нешто друго. Ние планираме да го укинеме балансерот затоа што е заснован врз погрешна основа, односно во него се бројат и оние лица кои се иселени од државата. Ние треба да ги гледаме условите дали се исполнуваат, па потоа да се гледа дали ако се вработи Македонец ќе се наруши балансот. Инаку има министерства и институции каде поголемиот дел од вработените всушност се Албанци”, заклучи Андоновски.

Македонија | пред 1 година

Stefan-Andonovski-26.01.2024

Андоновски: Цела Македонија сведочи за масовниот предизборен поткуп со илјадници вработувања

„Имаме 2700 нови вработувања. Стотици институции на 2 месеци пред избори, одеднаш увидоа потреба, да распишат огласи за нови вработувања кои претставуваат 2% од јавниот сектор. Бројот на огласи расте за над 60% во споредба со годините кога нема избори. Обемот на работа делумно се намалува во предизборниот период и логично би било институциите да распишуваат огласи по избори, а не пред нив. Но одамна никој не бара логика во чекорите на владата.“, истакна Андоновски на денешната панел дискусија, организирана од страна на “Институт за економски стратегии и меѓународни односи Охрид“.Во својот говор, Андоновски напомена дека за дел од оние кандидати за вработување, чии постапки не се завршени, има неофицијални информации дека дел од нив трпат притисоци за организирање лица за гласање на изборите.„Се стремиме да станеме земја-членка на ЕУ, а за да бидеме таму мора да станеме држава што ќе има придонес кон економскиот развој, а не товар кој тие треба да го носат. Навистина е срамно да во нацртот на реформската агенда, ЕУ да ни обезбедува програмски средства и финансии за вработените да започнат да се појавуваат на работа, додека државата пред избори да распишува огласи за 2700 нови вработувања.“ , објасни Андоновски.Андоновски го коментираше и недостатокот на институциите кои имаат надлежност да се борат со корупцијата.„Кај нас, последни за криминалот и злоупотребите, дознаваат надлежните институции кои треба да ги превенираат истите. Цела Македонија сведочи за масовниот предизборен поткуп со илјадници вработувања, само надлежните институции не го гледаат тоа.Министерството за информатичко општество и администрација, дури и се обрати до комисијата за регулирање на систематизации и годишните планови, при што од таму се прогласија за ненадлежни.“ , дополни Андоновски.Андоновски се осврна и за незаконското доделување бонуси за зголемен обем на работа на вработените неколку месеци однапред, иако воопшто не се знае дали тие ќе одат на работа или не.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Андоновски: Мора да се скратат бирократските процедури за згрижување и образование на децата

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, оствари посета на општина Штип и институциите во рамки на општината, заедно со Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов. Андоновски се сретна и со директори на основни и средни училишта, градинки и јавни институции.Андоновски на средбите разговараше за дигитализацијата и потешкотиите на институциите кои ги имаат со централната власт, бидејќи како што вели Андоновски, немаат слух за истите."Со месеци се заглавени систематизацијата и годишните планови за вработување и согласности во МИОА и МОН. Ова било пракса се до моето доаѓање, но ќе го промениме тоа. Целта ни е се да дигитализираме и да се користат овие услуги кои денес ги зборуваме." посочи Андоновски."Со зголемување на динамиката на процесите внатре во институциите, ќе ги надминеме потешкотиите со кои што се соочуваат. Општина Штип работи на дигитализацијата со два портали на услуги, што е за пофалба, и јавно ги повикувам и другите општини да го следат овој пример", порача Андоновски.Андоновски најави дека продолжуваат посетите на терен и во другите градови идната недела.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Андоновски: Олеснување на постапката за вадење лични документи во Куманово

Заедно со Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, дополнителниот заменик министер на Министерството за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски, денес ги посети новоотворените простории на службата за управни работи во Куманово."Од денес, на брз, достоинствен и лесен начин граѓаните ќе можат да се фотографираат за лични документи, како и да ги подигнат истите без да чекаат во ред.", изјави Андоновски.МИОА обезбеди систем за управување со клиенти, кој го минимизира метежот."Дигитализацијата на процесите го олеснува животот на граѓаните. Затоа е многу важно истата да се случува во сите институции и сите услуги. Дигиталната трансформација ќе значи брзи, точни, навремени и евтини услуги, намалено време на чекање и задоволни граѓани. И во понатамошниот период продолжуваме со институционалната соработка во служба на граѓаните." посочи Андоновски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ и дополнителен заменик министер на Министерство за информатичко општество и администрација

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања