ВО ЖИВО

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СТЕФАН АНДОНОВСКИ

IMG_6625

Андоновски го презентираше стратешкиот план на активности на Министерството за дигитална трансформација пред партнерските организации за следните четири години

,,Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во соработка со УСАИД организираше презентација на стратешките приоритети и идни планови на министерството за дигитална трансформација пред меѓународните партнери и меѓународната заедница.Министерот на потенцијалните проектни донатори на самиот почеток од средбата, им се заблагодари за континуираната поддршка која ја даваат на земјата, потенцирајќи ја важноста со која придонесуваат за развојот на државата.Андоновски со присутните ја сподели својата визија за Македонија, која ја гледа како земја во која дигиталните иновации го зајакнуваат секој граѓанин, ја поттикнуваат антикорупцијата, привлекуваат странски инвестиции и поттикнуваат одржливо и правично дигитално општество.Тој додаде и дека негова главна мисија е во 4-годишниот мандат да ја води македонската дигитална трансформација преку иновативни политики, стратешки инвестиции како и партнерства за соработка, зајакнување на граѓаните, бизнисите и институциите со дигитални алатки и знаење, поттикнувајќи технолошки напредно, инклузивно и општество без корупција.”, информираат од Министерството за дигитална трансформација.

Македонија | пред 1 година

StefanAndonovski19122021

Андоновски: Се бориме со напластена корупција во секоја област - тоа ги блокира иновациите и ги брка младите од државата

На гостувањето во емисијата “За или против" на Алфа ТВ, Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, потенцираше дека Владата се бори со корупција во секоја област, која негативно влијае врз развојот на државата."Работиме на дигитално поврзување на податоците меѓу институциите, што ќе ја зголеми транспарентноста и ќе помогне во спречувањето на корупцијата. Наодите од неколку ревизорски извештаи укажуваат на сериозни пропусти во управувањето со процесот на дигитализација од страна на претходната Влада. Ваквата неефикасност не само што ги фрустрира граѓаните кои очекуваат подобри дигитални услуги, туку и ги оптоварува државните финансии без да обезбеди очекувана вредност за вложените средства. Сегашното Министерство за дигитална трансформација веќе презема чекори за адресирање на овие проблеми и се спроведува детална анализа на сите релевантни извештаи, се подготвува акциски план за надминување на утврдените недостатоци, со цел да се надомести изгубеното време и да се постигнат конкретни резултати за граѓаните. Нашата цел е да обезбедиме транспарентно и ефикасно користење на јавните средства во иднина со што ќе се намалат коруптивните дејствија и процеси." , истакна Андоновски.Министерот Андоновски напомена и дека една од главните задачи на министерството е да се заштитат децата во онлајн просторот, односно младите да имаат безбедност, едукација и правилен развој во онлајн сферата."Ако сакаме да превенираме, компонентата која е најважна, е да вложуваме во раната едукација и заштита на децата, а тоа можеме да го постигнеме со заеднички напори и сили и само со вклучување на сите во процесот. Ваквите активности и новитети, како што е Националниот центар и слично можат да бидат точката која тоа ќе го промени." , појасни Андоновски.Министерот за дигитална трансформација, говореше и за сајбер безбедноста, за чија цел, министерство подготвува национална стратегија."Ја зајакнуваме нашата способност за превенција, детекција и брз одговор на сајбер закани. Ова е континуиран процес на кој му посветуваме најголемо внимание. Сајбер безбедноста е клучен приоритет за нашата Влада. Преку овие мерки, ние градиме дигитално отпорна Македонија, способна да се справи со современите сајбер предизвици." , дополни Андоновски.Андоновски во емисијата додаде дека скандалите кои се случувале од изминатите раководства на поедини институции, треба да бидат решени и истакна дека процесите се во тек и јавноста на дневно ниво ќе се информира што се презема во секоја институција, а процесите ќе продолжат и понатаму, се до конечно ослободување."Кога ќе бидат решени процесите, на вистински начин ќе може да се поддржат иновациите, дигитализацијата, инвестициите и целокупниот напредок на општеството.", заклучи Андоновски.

Македонија | пред 1 година

IMG_6527

Министерот Андоновски на состанокот на Работната група за критична инфраструктура: Се стремиме кон отпорна дигитална иднина за Македонија

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска имаше воведно обраќање на осумнаесеттиот состанок на Работната група за сајбер безбедност на критичната инфраструктура (CICWG). Овој состанок е дел од Програмата за дигитализација и отпорност на критичната инфраструктура (CIDR), иницијатива поддржана од УСАИД, фокусирана на зајакнување на сајбер безбедноста во клучните сектори како енергетика, телекомуникации и финансии.„Во ера на забрзана дигитализација и растечки сајбер закани, министерството за дигитална трансформација презема решителни чекори кон зајакнување на националната сајбер безбедност“, истакна министерот во своето обраќање. Тој го нагласи успехот на Работната група за сајбер безбедност на критичната инфраструктура во зајакнувањето на сајбер безбедноста во критичните сектори како енергетика, телекомуникации и финансии. "Оваа програма е извонреден пример за тоа како меѓународната соработка може да донесе конкретни придобивки за нашата земја," рече Андоновски.Министерот ги истакна и предизвиците со кои сè уште се соочува земјата во областа на сајбер безбедноста. Тој ја нагласи потребата од поефикасна заштита на критичните информациски системи, подобрување на регулативата и усогласувањето со европските директиви. "Се уште сме на почетокот во градењето на отпорност кон сајбер нападите нс критичните сектори. Но, како што работиме на овие иницијативи, нашата нова Национална стратегија за сајбер безбедност ќе биде клучниот документ кој ќе ја трасира патеката за зајакнување на нашите капацитети," изјави Андоновски.Тој ја сподели визијата за создавање на безбедно, сигурно и отпорно дигитално опкружување кое ќе овозможи непречен развој на дигиталната економија и општество во Република Македонија.

Македонија | пред 1 година

IMG_6527

Андоновски на панел дискусија за сајбер-безбедност во Вашингтон, САД

На покана на Глобалниот форум за сајбер-експертиза (GFCE), министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, учествуваше на панел-дискусија во Вашингтон, САД. Темата на панелот беше "Напредокот во воспоставувањето на национални сајбер-авторитети и развојот на вештини во земјите од Западен Балкан".GFCE е водечка платформа за меѓународна соработка во областа на сајбер-капацитетите, со над 200 членки од целиот свет, вклучувајќи влади, меѓународни организации, компании и академски институции. На панелот учествуваа и претставници од останатите земји од Западен Балкан, како и претставници од Стејт департментот на САД.Во своето обраќање, министерот Андоновски ги истакна неодамнешните чекори на Македонија во областа на сајбер-безбедноста, при што потенцираше дека неодамнешното основање на Министерството за дигитална трансформација е клучен чекор кон посигурна дигитална иднина за нашата земја кое ќе биде столбот на нашите напори за дигитализација и сајбер-безбедност.Министерот го нагласи значењето на сеопфатниот пристап во спроведувањето на мерките за сајбер-безбедност во регионот:"Вклучувањето на сите општествени чинители е клучно во нашите напори за подобрување на сајбер-безбедноста во целиот регион на Западен Балкан", истакна Андоновски. "Безбедноста во сајбер-просторот не познава граници и бара заедничко делување."Андоновски ги претстави и плановите за новата Национална стратегија за сајбер-безбедност 2024-2028. Стратегијата ќе се фокусира на усогласување со директивата NIS2 на ЕУ, заштита на критичната инфраструктура и развој на домашни сајбер-вештини."Технологијата носи големи можности, но и значителни ризици", објасни министерот. "Неопходно е да го уредиме дигиталниот свет за да ги заштитиме правата на граѓаните во оваа сфера."Андоновски зборуваше и за предизвиците со кои се соочува земјата, од еволутивната природа на заканите до тешкотиите во задржувањето на стручни кадри. И покрај тоа, тој изрази оптимизам:"Република Македонија е посветена на градење на цврста и со ЕУ усогласена рамка за сајбер-безбедност. Убедени сме дека со постојана посветеност, меѓународна соработка и современ пристап, можеме да изградиме безбедна дигитална иднина за нашите граѓани и да придонесеме за сајбер-безбедноста на целиот регион на Западен Балкан."Учеството на министерот Андоновски на овој значаен настан, организиран од страна на Глобалниот форум за сајбер-експертиза (GFCE), ја потврдува заложбата на Република Македонија за унапредување на сајбер-безбедноста и нејзината активна улога во регионалните и меѓународните напори за градење на отпорност во сајбер-просторот.

Македонија | пред 1 година

IMG_6509

Министерот Андоновски во работна посета на Вашингтон, САД

На покана на Глобалниот форум за сајбер-експертиза (GFCE), министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, е во дводневна работна посета на САД. Во рамки на посетата, Андоновски ќе зборува на панел-дискусија на тема "Напредокот во воспоставувањето на национални сајбер-авторитети и развојот на вештини во земјите од Западен Балкан".GFCE е водечка платформа за меѓународна соработка во областа на сајбер-капацитетите, со над 200 членки од целиот свет, вклучувајќи влади, меѓународни организации, компании и академски институции. На панелот ќе учествуваат и претставници од останатите земји од Западен Балкан, како и претставници од Стејт департментот на САД.За време на престојот во САД, на покана на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, Андоновски пред студентите по меѓународни студии ќе одржи предавање за "Дигиталната трансформација како алатка за борба против корупцијата и ЕУ интеграција".Во рамки на посетата, Андоновски ќе оствари и бројни билатерални средби и посета на успешни ИТ компании во САД.

Македонија | пред 1 година

Stefan-Andonovski-26.01.2024

Средба Андоновски - Гавковски: Договорена засилена соработка меѓу Македонија и Полска во дигиталната трансформација

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, за време на учеството на 33-тото издание на Економскиот форум во Карпач, Полска се сретна со домаќинот, Потпретседателот на Владата на Полска и Министер за дигитални прашања, Кристоф Гавковски. Двајцата министри разговараа за можностите за интензивна соработка меѓу Македонија и Полска во областа на дигиталната трансформација.За време на средбата, министерот Гавковски го презентираше полското искуство во однос на дигитализацијата на владините услуги и во тој контекст ја нагласи импресивната трансформација на Полска, особено во врска со употребата на отворени податоци. Министерот Андоновски се осврна на овие постигнувања како позитивни искуства, кои Република Македонија може да ги искористи од Полска, при развојот на сопствените дигитални услуги.Двајцата министри разговараа и за предизвиците поврзани со задржувањето на професионалците од ИТ секторот во државната администрација, при што размениja мислења околу можни решенија за задржување на висококвалификувани кадри во јавниот сектор, што е од клучно значење за успешна дигитална трансформација.Во контекст на можностите за надворешно финансирање, Андоновски и Гавковски ги разгледаа потенцијалните извори на финансиска поддршка, особено од Европската Унија, за поддршка на дигиталната агенда во двете земји. Вицепремиерот Гавковски ја истакна подготвеноста на Полска да помогне во максималното искористување на меѓународните фондови во изградбата на силен дигитален систем.„Македонија има амбиција да стане дигитален центар во регионот. Соработката со искусни партнери како Полска и приватните инвестиции во ИТ секторот, ќе ни помогнат да ги постигнеме овие цели, подобрувајќи ги услугите за граѓаните, зајакнувајќи ја економијата и градејќи подобар меѓународен имиџ на нашата земја", истакна министерот Андоновски.Двајцата министри се договорија да ја интензивираат соработката во областа на дигиталната трансформација во иднина, разменувајќи идеи и добри практики за модернизација на јавниот сектор. Гавковски го покани Андоновски да биде говорник на министерскиот состанокот за дигитална дипломатија на високо ниво кој ќе се одржи во мај, во рамки на полското претседателство со ЕУ. Беше договорена и мешовита владино-економска посета на Македонија која ќе значи отворање на македонската економија кон крупните полски инвестиции.

Македонија | пред 1 година

IMG_6425

Министерот за дигитална трансформација, Андоновски, ја претстави македонската дигитална агенда на Економскиот форум во Полска

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, за време на своето учество на 33-тото издание на Економскиот форум во Карпач, Полска, имаше низа активности, меѓу кои и излагање на централната пленарна сесија "Централна и Источна Европа: Нов лидер во дигиталните иновации", каде што дискутираше за дигиталната трансформација, регионалната соработка и европската интеграција преку дигитализација.Зборувајќи на оваа тема, министерот Андоновски го истакна формирањето на Министерството за дигитална трансформација како јасен знак дека дигиталната трансформација е врвен приоритет на македонската Влада.Во контекст на меѓународната соработка во овој сегмент, министерот нагласи дека успесите на земјите во Централна и Источна Европа служат како инспирација и модел за Република Македонија. Тој го спомена проактивното учество на земјата во тековните регионални дигитални иницијативи и ја нагласи важноста на размената на искуства и знаења во областа на дигитализацијата.Андоновски посебно се осврна на инклузивноста во дигиталната трансформација, истакнувајќи дека Република Македонија се стреми кон создавање дигитални решенија кои се лесни за користење и безбедни за сите граѓани. Во овој контекст, тој ја нагласи посветеноста на владата за развој на дигитални вештини, со посебен фокус на младите, но истовремено и на постарите граѓани.Говорејќи за европската интеграција, министерот истакна дека усогласувањето со дигиталните стандарди на ЕУ е клучен чекор кон нашата интеграција во тој правец. Беше потенцирано дека овој процес не само што ја подготвува земјата за членство во ЕУ, туку и создава поволна средина за привлекување странски инвестиции во технолошкиот сектор."Нашата цел е да ја претвориме Република Македонија во атрактивна дестинација за технолошки инвестиции и иновации", изјави министерот, додавајќи дека ова ќе придонесе за економскиот раст и создавање на нови работни места во дигиталната економија. На крајот од своето излагање, Андоновски нагласи дека Република Македонија е подготвена да биде активен учесник во дигиталната трансформација на регионот.Тој повика на поблиска соработка меѓу земјите од Централна и Источна Европа во областа на дигитализацијата, нагласувајќи дека заедничкиот напредок во оваа област ќе придонесе за поголема конкурентност и просперитет на целиот овој дел од Европа.Учеството на министерот на овој престижен форум ја потврдува заложбата на Република Македонија за забрзан дигитален развој и нејзината амбиција да стане важен фактор во дигиталната економија на регионот и пошироко во Европа.Во рамките на Форумот, во агендата на министерот Андоновски е предвидена и билатерална средба со неговиот полски колега, Потпретседател на Владата и министер за дигитални прашања, Кристоф Гавковски.Економскиот форум во Карпач обединува повеќе од 100 врвни светски компании. Во текот на 3 дена состаноци и дискусии, речиси 6.000 гости ќе учествуваат на над 500 настани.

Македонија | пред 1 година

andonovski

Андоновски во работна посета на Словенија

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски овие денови е во официјална посета на Република Словенија. За време на својот престој тој се сретна со својата колешка која е со потекло од Македонија, Емилија Стојменова-Дух министерка за дигитална трансфромација во владата на Словенија.Министерот оствари средба и со директорот на Управата за сајбер безбедност на Словенија, како и со градоначалникот на Марибор, Александар Саша Арсенович.Андоновски беше дел и од собирот во организација на Македонско културно друштво „Св. Кирил и Методиј“ од Крањ каде што имаше можност да им се обрати на бројните припадници на македонската дијаспора.На последниот ден од престојот во Словенија министерот ќе учествува на Бледскиот стратешки форум, еден од клучните настани кој се однесува на меѓусебната соработка во Западен Балкан.

Македонија | пред 1 година

Stefan-Andonovski-26.01.2024

Андоновски: Македонија гради сеопфатна сајбер безбедносна инфраструктура

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, најави амбициозни планови за зајакнување на сајбер безбедноста во земјата на дводневната работилница во рамките на проектот „Регионална сајбер безбедност во Западен Балкан - интервенции за Република Македонија".Министерот Андоновски во своето обраќање ги истакна предизвиците со кои се соочува земјата при што истакна: „Изминатиот период бевме сведоци на зачестени сајбер напади врз критичната инфраструктура, како во нашата земја, така и во регионот. Нашата критична инфраструктура - енергетските системи, водоснабдувањето, транспортот, здравството - се во срцето на функционирањето на нашата држава. Нивната заштита е наш врвен приоритет."Андоновски во своето обраќање потенцираше дека Министерството за дигитална трансформација неодамна започна со изработка на новата Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Македонија за периодот 2024-2028 година, како и дека е формирана работна група составена од експерти од различни области, која веќе почна интензивно да работи на оваа стратегија. Оваа стратегија ќе биде усогласена со најновите директиви на Европската Унија, вклучувајќи ја и НИС 2 Директивата."Владата на Република Македонија ја препознава клучната важност на сајбер безбедноста за нашиот национален развој и просперитет. Како Министерство за дигитална трансформација, ние сме длабоко посветени на создавањето на сеопфатна сајбер безбедносна инфраструктура. Нашата цел е не само да реагираме на заканите, туку и проактивно да ги антиципираме и спречуваме потенцијалните ризици", заклучи Андоновски.Работилницата е дел од проектот "Регионална сајбер безбедност во Западен Балкан - интервенции за Република Македонија", финансиран од страна на Владата на Обединетото Кралство, со цел подигнување на свеста, градење на капацитети и поттикнување на позитивни промени во примената на сајбер безбедноста во земјата. Проектот ќе трае од август 2023 до март 2025 година.

Македонија | пред 1 година

Stefan-Andonovski-26.01.2024

Андоновски: Дигиталната отпорност гарантира вистинска дигитална трансформација

Стартува работната група за изработка на новата Национална Стратегија за сајбер безбедностМинистерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска го означи официјалниот почеток на работата на работната група за изработка на новата Национална стратегија за сајбер безбедност на Република Македонија, за периодот 2024-2028 година."Сајбер безбедноста е клучен аспект на националната безбедност и стабилност во ерата на рапидна дигитализација. Новата Национална стратегија за сајбер безбедност ќе биде клучен документ кој ќе ја трасира патеката за зајакнување на нашите капацитети во оваа област. Нашата визија е да создадеме безбедно, сигурно и отпорно дигитално опкружување кое ќе овозможи непречен развој на дигиталната економија и општество", истакна Андоновски.Зборувајќи за ризиците, но и за предизвиците, беше посочено дека изминатиот период бевме сведоци на зачестени сајбер напади врз критичната инфраструктура, како во нашата земја, така и во регионот. Статистиките се загрижувачки, при што во 93% од случаите, надворешен напаѓач може да го пробие мрежното опкружување на организацијата, дури 43% од сите прекршувања се инсајдерски закани, било намерни или ненамерни, а во просек, само 5% од податоците на компаниите се соодветно заштитени.„Немаме друг избор освен да градиме силна инфраструктура и да вложуваме во професионални човечки капацитети со кои дигиталната трансформација ќе се одвива што поефикасно и со што поголема отпорност“, нагласи Андоновски.Во своето обраќање, министерот Андоновски посочи дека целиот процес на изработка на Стратегијата ќе се води со највисоко ниво на транспарентност, а се планира да се организираат јавни консултации, работилници и дебати во текот на целиот процес, со цел постигнување на инклузивност во изработката на Стратегијата. Дополнително, беше истакнато дека оваа Стратегија ќе се развива во согласност со принципите на ЕУ и НАТО, како и со меѓународните обврски на земјата.Владата на Република Македонија ја препознава клучната важност на сајбер безбедноста за нашиот национален развој и просперитет. Токму затоа, ова прашање е високо на нашата агенда и е интегрален дел од нашите напори за дигитална трансформација на општеството. Министерство за дигитална трансформација е целосно посветени на создавањето на сеопфатна сајбер безбедносна инфраструктура. Нашата цел е не само да реагираме на заканите, туку и проактивно да ги антиципираме и спречуваме потенцијалните ризици, беше заклучено од страна на Андоновски.

Македонија | пред 1 година

IMG_5175

Министерството за локална самоуправа во соработка со Министерството за дигитална трансформација и со општините ги интензивира активностите за дигитализација на локалните услуги

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска имаше состанок со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на кој се разговараше за конкретните чекори за дигитализација на општините, со вклученост и на донаторската заедница.На состанокот беа презентирани можностите за вклучување на сите општини во процесот на дигитализација со цел и помалите општини да можат да го фатат чекорот со поддршка од надлежните министерства. Притоа беше констатирано дека основите се веќе поставени со воспоставената електронска платформа од страна на УНДП и на Министерството за локална самоуправа, а ќе се направат напори за вклучување на услугите на националниот портал за услуги воден од Министерството за дигитална трансформација.Претставниците од УНДП истакнаа дека изразената подготвеност од страна на надлежните министерства да се интензивираат работите дава можност целиот процес на дигитализација на локално ниво да се заокружи многу побрзо од планираната динамика.Министерот за локална самоуправа Златко Перински истакна дека Министерството за локална самоуправа ќе го води овој процес и очекува поддршка од сите вклучени страни, а општините нема да бидат оставени сами.-Ќе работиме на обезбедување на сите технички услови и на зајакнување на административните капацитети на локално ниво, а помалите општини ќе бидат вклучени без исклучок, со воспоставување на меѓуопштинска соработка со поголемите и покапацитетни општини, рече министерот Перински. Перински нагласи дека целиот процес ќе се води системски за што веднаш ќе се ревидираат планираните активности во нацрт Акцискиот план за спроведување на Програмата за одржлив локален развој и децентрализација и по неговото усвојување од страна на Владата целиот процес ќе биде предвидлив со точно утврдена временска рамка за реализација на сите конкретни чекори.

Македонија | пред 1 година

Andonovski27102021

Дигиталната инфраструктура во фокусот на средбата на Министерот Андоновски со претставници на реномираната Rumble

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, Гоце Димовски, директорот на ДТИРЗ заедно со претставници на академската заедница, оствари средба со претставници од компанијата Rumble.Клучни теми на разговорите беа конкретни можности за соработка и инвестиции во дигиталниот сектор во Македонија. Во тој контекст, беше дискутирана можноста за партнерство со Rumble за изградба на современи национални центри за податоци што како иницијатива би придонела за подобрени стандарди за заштита на приватноста и безбедност на податоците. Исто така, беше разгледана соработката и во однос на проширувањето на дигиталната инфраструктура и поврзаноста, со цел Македонија да стане лидер во регионот по распространетост на брз и широкопојасен интернет.Министерот Андоновски истакна дека приоритетите на Владата се целосно усогласени со предложените области на соработка. "Нашата визија за подостапни електронски јавни услуги, распространетост на брз и широкопојасен интернет, безбедни податоци на граѓаните и подобрена дигитална инфраструктура може значително да се унапреди преку соработката со Rumble. Искуството на г-дин Крис Павловски и неговиот тим е од непроценливо значење за забрзување на нашата дигитална трансформација", рече АндоновскиRumble има експертиза и ресурси кои можат значително да го забрзаат напредокот на Македонија во дигиталната сфера, а инвестициите во дигиталната инфраструктура се клучни за нашиот економски раст и конкурентност. Соработката со компании како Rumble не само што ќе привлече значителен капитал, туку и ќе донесе најсовремени технологии и знаења во нашата земја.Министерот Андоновски ја истакна и важната улога на македонската дијаспора во овој процес: "Успешни бизнисмени како г-дин Павловски се мост меѓу Македонија и глобалната технолошка сцена. Нивната активност и инвестиции се од суштинско значење за нашиот напредок."

Македонија | пред 1 година

IMG_5107

Средба на министрите Тошковски и Андоновски: Електронски лични документи и дигитални услуги, гужвите на шалтерите на МВР ќе станат минато

Денеска (19.04.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.Средбата на двајцата министри беше во насока на почеток на процесите за дигитална трансформација на услугите и процесите во министерството. Дигитализацијата на услугите и процесите на сите државни институции и органи е еден од главните столбови во владината програма.Во тој контекст, фокусот беше насочен во подобрување на постојните и креирање на нови електронски услуги од делокругот на работа на МВР, изработка на нова модерна веб страна на министерството, каде граѓаните ефикасно и брзо ќе ги пронајдат сите информации кои им се потребни.„Ја разгледавме и можноста за дигитализација на личните документи, односно креирање на електронски лични документи, развој на електронска апликација во делот на дозволите за оружје, други можности за дигитализација на работата и процесите во полицијата кои ќе овозможат поефикасна, модерна полиција, која користејќи ги бенефитите на модерната технологија ќе испорача поефикасни услуги и поголема безбедност за сите граѓани. “, потенцираше министерот Тошковски.

Македонија | пред 1 година

Andonovski-15.10

Андоновски: Ако сакаме успех – институциите мораат да комуницираат меѓусебе, а тоа е преку платформата за Интероперабилност.

Денеска, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски имаше воведно обраќање на третата сесија на Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК), на Работната група 6 - Антикорупција, на тема „Градење кохезивна дигитална инфраструктура за развој на напредни јавни финансии“. На настанот, покрај министерот Андоновски, со воведни говори се обратија и националниот координатор на НКЕУ-МК, професор Милева Ѓуровска, и Александар Кржаловски од Македонскиот центар за меѓународна соработка.Во своето обраќање, министерот Андоновски ја истакна важноста на дигиталната трансформација како клучен приоритет за Европската Унија, која третата декада од Третиот милениум ја прогласи како декада на остварување на високо ниво на дигитална трансформација. Тој подвлече дека преку дигитална трансформација имаме можност да ја унапредиме транспарентноста и ефикасноста на јавните финансии, создавајќи кохезивна дигитална инфраструктура која ќе овозможи поефикасно управување со јавните ресурси и зголемена доверба на граѓаните во институциите.„Нашите напори за дигитална трансформација се насочени кон иднината - иднина во која инвестициите во дигиталната инфраструктура ќе бидат двигател на сите сфери од општеството, која за разлика од автопатите и железниците, не препознава граници “, рече Андоновски.Во контекст на поврзливоста и воспоставувањето на кохезивна дигитална инфраструктура, Андоновски зборуваше за напорите што веќе се прават за унапредување на функционалноста на Платформата за интероперабилност која овозможува електронска размена на податоци и документи помеѓу институциите, но и меѓу институциите, компаниите и граѓаните на стандардизиран, безбеден и унифициран начин.„Не можеме да зборуваме за примена на Вештачка интелигенција, алатки за подобрување на транспарентноста или откривање на потенцијални случаи на корупција доколку над 90% од институциите податоците ги чуваат на хартија или ги разменуваат на традиционален начин, a не се поврзани во една заедничка дигитална околина. Дигитализацијата на регистрите ќе овозможи брз пренос на податоци и примена на алатки за нивна автоматска обработка и анализа. По постигнување на оваа цел, потенцијалот за примена на ИКТ технологии во контекст на денешните теми неколкукратно се зголемува“, нагласи Андоновски.Настанот продолжи со дискусија на различни засегнати страни, вклучувајќи претставници на релевантни институции, граѓански организации, меѓународни експерти и други. Присутните разговараа за прашањата поврзани со дигиталната трансформација и нејзината улога во подобрување на јавните финансии и борбата против корупцијата.

Македонија | пред 1 година

IMG_4794

Андоновски: Лицата попишани во странство од денес нема да може да се вработени во земјава

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски најави дека укинувањето на балансерот за усогласување на вработувањата по етничка линија ќе оди во фази. Во првата фаза, како што кажа, ќе се почитуваат законските основи на Пописот од 2021 година, а потоа со закон и промена на методологијата ќе се оди кон целосно укинување на алатката балансер ,при што целосно ќе се почитува Уставот за соодветна и правична застапеност на етничките заедници.„Бројките во дигиталната алатката балансер од денеска веќе се променети за да одговараат на резултатите на резидентното население од Пописот во 2021 година. Тоа значи дека лицата попишани во држави во странство, на пример во Италија, Швајцарија, или Германија, нема да бидат дел од дигиталната алатка балансер за вработување во Македонија“, рече Андоновски.За укинувањето на балансерот ќе се разговара и на денешната прва владина седница.„Знам дека граѓаните имаат големи очекувања сите работи да биде направени брзо, но мислам дека за ова е потребна сеопфатна дискусија во рамки на Владата, да видиме кои се начините да не се повреди темелниот принцип на Уставот, а тоа е соодветна и правична застапеност на заедниците, но во исто време прво да ја гарантираме мериторноста, ефикасноста, квалитетот, образованието и искуството на вработените, а не да го гледаме нивниот етнички предзнак“, кажа Андоновски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања