ШТЕКЛИ

rade-stekli

Уапсен Раде Трајковски – Штекли за трговија со дрога

МВР потврди дека го уапси Раде Трајковски – Штекли.Тој се сомничи за организирање на мрежа за трговија со дрога. МВР трага по останатите десетина членови на криминалната група, според медиумите, поврзана со картелот „Беланоца“.Како што објавија дел од медиумите, Штекли е уапсен при обид за бегство во близина на хотел во околината на Гевгелија.Трајковски преживеа три обиди за убиство во 2024 година, а ова беше поврзано што со неговото криминално дејствување.Нападите се случија во трговскиот центар „Ист Гејт“ и во неговиот дом.Министерството соопшти дека апсењето на Штекли е дел од стратегија за искоренување на криминалните мрежи поврзани со трговијата со наркотични средства. Бирото за јавна безбедност во координација со МВР активно работи на разбивање на нарко мрежите.

Македонија | пред 1 година

kida

(Видео) Снимен моментот кога е фрлена бомбата врз Штекли

Снимка од надзорна камера е објавена на социјалните мрежи, а е од куќата на Раде Трајковски-Штекли. На неа се гледа моментот кога кон неговиот дом е фрлена бомба која експлодираше, но не му нанесе тешки повреди. Датумот на снимката е 14.11.2024 г., а времето што е прикажано е 9:16 часот наутро.Трајковски се движи околу куќата, кога се доближува до црната капија, бомбата експлодира. Ова се два моменти кои можат да се видат, а кои оставаат впечаток дека лицата кои сакале да го убијат го чекале да излезе и да се доближи, пред да ја фрлат експлозивната направа.МВР и натаму трага по сторителите. За тоа време, Трајковски објавува и натаму фотографии на социјалната мрежа „Инстаграм“. Ги покажа раните на грбот од куршумите кои го погодија при претходните два напади, па потоа го бараше и кучето кое му избегало при нападот.Трајковски-Штекли се врзува со скопското завојувано подземје, односно една од екипите кои водат битки.

Скопје | пред 1 година

stekli1

Експлозија во Керамидница: Раде Трајковски-Штекли бил мета, однесен е во болница

Во дворно место во Керамидница, утрово била фрлена бомба. Повреден е Раде Трајковски-Штекли кој е пренесен во болница. Станува збор за лице кое се поврзува со скопското подземје, а во кое двапати претходно беше пукано.„Денеска во 09.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа. Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош“, соопшти МВР.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

shetkli13

(Фото) Раде Штекли објави фотографија

Раде Трајковски-Штекли објави нова фотографија на социјалната мрежа „Инстаграм“. Ова доаѓа откако утрово беше фрлена бомба во дворот на неговата куќа, а тој заврши во болница. Фотографијата е од него, каде се гледаат раните од куршумите, по претходните две пукања во него. Фотографијата е илустрирана со песна „Мафија“.Штекли имаше полесни повреди и беше вон животна опасност. Според информации на „Скопје1“, станувало збор за полесни повреди. Нема информација дали е пуштен на домашен третман.Од МВР нема информации дали се фатени лицата кои ја фрлиле експлозивната направа.

Македонија | пред 1 година

rade-stekli

Штекли е вон животна опасност по експлодираната бомба во неговиот дом

Раде Трајковски-Штекли е надвор од животна опасност и нема тешки повреди, дознава „Скопје1“ од извори во болницата. Според нив, тој поминал со помали телесни повреди по експлозијата на бомба, фрлена во неговата семејна куќа. Сепак, директорот на болницата „св. Наум Охридски“, Небојша Настов, каде бил пренесен Трајковски-Штекли, вели дека се прават и дополнителни анализи.„Стабилна здравствена состојба, вон животна опасност, доиследувања се прават во моментов“, вели доктор Настов за „Скопје1“.Засега не се фатени лицата кои ја фрлија бомбата во семејната куќа. Според МВР, други повредени нема. Ова е трет напад врз Штекли.Претходно, во него два пати беше пукано додека шеташе низ трговскиот центар „Ист гејт мол“. Беше погоден и во белодробното крило, но се спаси. Двете ликвидации биле добро планирани, а од беа објавени и снимки од моментот на пукање.Штекли е добро познат во скопското подземје и криминалните кругови. Еден период се поврзуваше со т.н. група „Барон“ од Чаир.

Македонија | пред 1 година

396448897_3520308474964360_6038411074765715399_n

Повторно јавна закана кон Раде Трајковски-Штекли: „Ако преживееш, ќе те обесиме како во Саудиска Арабија“

Повторно се појавија смртни закани за Раде Трајковски – Штекли, на социјалната мрежа Тик-ток.Трајковски се уште е на интензивна нега, откако пред неколку дена врз него пукаше непознат сторител во трговскиот центар Ист гејт. Нападот претходно беше најавен на социјалните мрежи.„Раде првпат се спаси. Вторпат… ако останеш за третпат ќе те обесиме како во Саудиска Арабија“, се наведува во заканата, најверојатно испратена од скопското подземје.Освен кон Штекли, напаѓачот кој се уште е недостапен за полицијата, пукаше и кон неговиот помлад соработник со прекар Колумбо.Двајцата во тешка состојба беа пренесени во Клиничкиот центар. Сега се надвор од животна опасност.Инаку, кон Раде Трајковски беше пукано и во август годинава, во истиот мол.

Македонија | пред 2 години

ubiec

(Нови фотографии) Што прави лицето кое пукаше по Штекли, неколку минути порано

Лицето кое имаше мисија да го ликвидира Раде Трајковски-Штекли, непосредно пред пукањето, седело во кладилница во трговскиот центар „Ист гејт“. Се било смислено и со план. Тоа го потврдува и фактот што кладилницата се наоѓа на катот -1 во трговскиот, од каде поминува и Штекли со придружникот – што се виде и од снимката која протече во јавност.На фотографиите направени од снимките од надзорните камери, до кои дојде „Скопје1“ се гледаат два моменти. На првата, тој влегува во кладилницата, седнува на маса, која неофицијално, се наоѓа близу до излезот од објектот. Потоа седнува, и постојано чепка на неговиот мобилен телефон, кој е модел „Ајфон“. Според наши извори, во следните моменти, тој станува и се случува пукањето, а откако Штекли и придружбата се на ексалаторот.Од фотографијата на која лицето е во стоечка положба, се гледа дека џебовите од дуксерот, од каде подоцна го вади пиштолот, не се празни. Токму оцртувањето на дуксерот, покажува дека во тој момент пиштолот е подготвен и на дофат. Од истрагата за „Скопје1“ велат дека се отвора прашањето, дали и колку други лица се вклучени во операцијата за ликвидација. Се наметнува и прашањето, дали додека лицето чекало во кладилницата, разменувал фотографии од таргетите и информации за патеката по која се движат.Полицијата се уште трага по сторителот. Поминаа повеќе од 24 часа, прегладни се снимките, а постојат и првични индиции. Се расчистува и дилемата дали лицето носело силиконска маска за да го скрие неговиот лик. Љубомир Ѓурчевски, поранешен началник во МВР за „Скопје1“ вели дека МВР не смееле да објават никаков податок во јавност, ниту фотографија – бидејќи тоа се докази во постапка. Посочува дека е можно како основано сомнение да стои дека лицето кое пука има променет идентитет – но тоа треба да го утврди истрагата.Ликвидацијата на Штекли била планирана. На тоа укажува и постапувањето на лицето кое пука. Внимателно се доближува до ескалаторот кога Штекли и неговата придружба се симнуваат, па пука. Но, не повредува ниту еден друг, иако во моментот има сведоци. Вешто успева да излезе и од трговскиот центар. Ова укажува дека станува збор за пресметка и дека никој друг не бил загрозен.Ова е вторпат, во два месеци, Штекли да биде мета. Првиот пат, не беше повреден, бидејќи управувал со блиндирано возило. Тоа се случи во гаражите на истиот трговски центар. Возилото со кое се превезувале лицата кои пукале беше пронајдено запалено кај езерото Треска.

Македонија | пред 2 години

stekli

Ново пукање во „Ист гејт“: Мета пак бил Раде Штекли, овојпат бил ранет

Уште едно пукање имало во трговскиот центар „Ист гејт“, а мета бил Раде Трајковски Штекли, дознава „Скопје1“. Овојпат, неофицијално, тој бил ранет. Ова е вторпат во два месеци тој да биде мета. Во кој дел од трговскиот центар се случило пукањето – не се знае.Раде Трајковски-Штекли, неофицијално се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Тој беше екстрадиран по апсење во Србија и одлежа 6-месечна затворска казна во Шутка за друго дело. По првичните сомнежи, во истрагата за убиството не беа најдени докази за Трајковски и тој не беше обвинет.Штекли беше уапсен во Атина (Грција) во 2011-та како осомничен во Италија за местење на фудбалски натпревари. Трајковски тогаш беше екстрадиран во Италија каде имаше и судење за големиот случај со наместени натпревари во италијанскиот фудбал.„Скопје1“ побара детали од МВР, од каде очекуваме одговор.

Скопје | пред 2 години

stekli

Детали за пукањето во „Ист гејт“: Ранетиот Штекли сам возел кон болница, надзорните камери ги даваат одговорите за пукачите

Полицијата пристигнала на увид во трговскиот центар „Ист гејт“, каде имаше пукање, а ранет беше Раде Трајковски Штекли. Според извори на „Скопје1“, Штекли сам со свој автомобил се упатил во болница. Типот на повредата засега не се знае.Истовремено, улицата пред „Ист гејт“ е блокирана, а не се знае дали лицата кои со пиштол влегле во трговскиот центар се уапсени. „Скопје1“ дознава дека се проверуваат сите снимки од надзорните камери, преку кои се утврдуваат учесниците во пукањето.Ова е вторпат, во два месеци, Штекли да биде мета. Првиот пат, не беше повреден, бидејќи управувал со блиндирано возило. Тоа, се случи во гаражите на истиот трговски центар. Возилото со кое се превезувале лицата кои пукале беше пронајдено запалено кај езерото Треска.Раде Трајковски-Штекли, неофицијално се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Тој беше екстрадиран по апсење во Србија и одлежа 6-месечна затворска казна во Шутка за друго дело. По првичните сомнежи, во истрагата за убиството не беа најдени докази за Трајковски и тој не беше обвинет.Штекли беше уапсен во Атина (Грција) во 2011-та како осомничен во Италија за местење на фудбалски натпревари. Трајковски тогаш беше екстрадиран во Италија каде имаше и судење за големиот случај со наместени натпревари во италијанскиот фудбал.Повеќе:

Скопје | пред 2 години

policija-stekli

МВР за пукањето во „Ист гејт“: Две лица се ранети

Министерството со првични информации за пукањето во трговскиот центар „Ист Гејт мол“. Едното лице е потешко повредено и се подготвува за операција. Според извори на „Скопје1“ тоа е Раде Трајковски Штекли. Другото лице е полесно повредено.„Денеска (24.10) од трговскиот центар Ист Гејт во Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош. Полициски екипи се упатени на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Скопје | пред 2 години

ist-gejt

„Ист гејт“ по пукањето: Продолжуваме со нормална работа, се врши увид

Од трговскиот центар „Ист гејт“ излегоа со соопштение по денешните пукотници.„Во врска со инцидентот кој се случи денес во трговскиот центар Ист Гејт Мол во 15 часот, би сакале да ја информираме јавноста дека трговскиот центар, по обезбедување на сите потребни безбедносни мерки продолжува со нормална работа по обезбедени мерки за тековна оператива.Се работи за изолиран инцидент, лоциран на подземните нивоа во трговскиот центар. Надлежните служби вршат увид во моментов на местото на настанот, но трговскиот центар продолжува со утврдениот нормален режим на работа до 22 часот.Трговскиот центар е обезбеден со соодветно физичко обезбедување и технички системи за безбедност и мониторинг наменети за обезбедување на сигурноста и безбедноста на посетителите“, велат од „Ист гејт“.

Македонија | пред 2 години

ist-gejt-stekli

Пукањето прераснало во престрелка во „Ист гејт“: За живот се бори придружбата на Штекли - чаурите испукани во среде трговски

Повеќе куршуми биле испукани во „Ист гејт“, каде ранет беше Раде Трајковски-Штекли. Чаурите се уште сведочат за обидот за убиство на Штекли. Пукањето прераснало во престрелка. Крвавиот пир се одвивал пред очите на посетителите. За разлика од пред два месеци кога пукањето беше на паркинг, овојпат, обидот за ликвидација бил внатре во трговскиот, близу ескалаторите, велат сведоци за „Скопје1“.Според неофицијалните информации од наши извори, освен Штекли , рането е и лице кое било негова придружба при посетата на трговскиот. Во витална регија, било погодено лицето кое го придружувало. Кога почнале да пукаат кон нив, неофицијално, тие возвратиле на исти начин – со пукање. Посетителите се разбегале.Штекли, но и придружбата се тешко повредени. Двајцата се транспортирани во болница. Едниот е во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“, додека другиот повреден е во ГОБ „Св. Наум Охридски“.„Скопје1“ претходно објави и други детали.

Скопје | пред 2 години

collage-2

(Видео) Ексклузивна снимка од пукањето во „Ист Гејт“

Снимка од надзорните камери покажува како се одвивал првиот дел од пукањето кон Раде Трајковски-Штекли и неговиот пријател. Додека тие спокојно се движат низ трговскиот, се спушаат со ескалаторот кон паркингот – лице облечено во бело и со капче пука кон нив. Повеќе куршуми биле испукани во „Ист гејт“, каде ранет беше Раде Трајковски-Штекли. Чаурите се уште сведочат за обидот за убиство на Штекли. Крвавиот пир се одвивал пред очите на посетителите. За разлика од пред два месеци кога пукањето беше на паркинг, овојпат, обидот за ликвидација бил внатре во трговскиот, близу ескалаторите, велат сведоци за „Скопје1“.Според неофицијалните информации од наши извори, освен Штекли кој е веќе на операција, рането е и лице кое било негова придружба при посетата на трговскиот. Кога почнале да пукаат кон нив, неофицијално, тие возвратиле на исти начин – со пукање. Посетителите се разбегале.Штекли, но и придружбата се тешко повредени. Двајцата се транспортирани во болница. Едниот е во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“, додека другиот повреден е во ГОБ „Св. Наум Охридски“.

Скопје | пред 2 години

gadfgadf

(Видео) Пукањето врз Штекли најавено на Тик-ток пред три дена: Раде знам дека се плашиш многу

Пукањето кон Раде Трајковски – Штекли, пред само три дена било најавено на социјалната мрежа Тик-Ток.„Раде знам дека се плашиш многу, ама што да правиш, живот, тоа е. Господ на кој како му пишал, ама ние тебе ќе ти пишеме“ стои во видео објавата на извесен корисник „Gjakugjak“ на социјалната мрежа Тик Ток.Летово, на сличен начин преку Тик Ток беа најавувани и други напади и ликвидации.

Скопје | пред 2 години

IMG-62c2519f04bdd9b3b2ffe7978cfe80e2-V

(Фото) Ова е лицето што пукаше во „Ист гејт“, МВР го бара преку известување

„Во врска со пукањето кон две лица од огнено оружје кое беше пријавено денеска (24.10.2023) во трговскиот центар Ист Гејт во Скопје, кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош, МВР ја информира јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го изврши кривично-правниот настан. Притоа, ги повикуваме сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата која СВР Скопје ја води во координација со Јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112“, велат од МВР.

Скопје | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања