ШТЕКЛИ

Нема фотографија

Детали за пукањето во „Ист гејт“: Штекли повторно цел, МВР трага по пукачите, eдно лице ќе биде оперирано

Раде Трајковски Штекли е повреден во пукањето во трговскиот центар Ист Гејт, дознава „Макфакс“.Покрај него, повредено е уште едно лице, а полицијата е на местото на пукањето каде прибира докази за да ги утврди учесниците во претрелката.МВР претходно објави дека во пукањето се повредени две лица, а типот на повредите засега не е потврден. Неофицијално, едниот од нив се здобил со потешки повреди и ќе биде опериран.„Денеска, од трговскиот центар ‘Ист гејт’ во Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица, кои добиле повреди и се пренесени во болница за укажување помош. Полициски екипи се упатени на самото место и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.Ова е вторпат, во два месеци, Штекли да биде цел. Полицијата тогаш извести дека со автоматско оружје било пукано во автомобил во кој бил Раде Трајковски-Штекли со уште еден патник, но ниту еден куршум не ги погодил.„Ист гејт“ во август уверуваше дека трговскиот е безбеден и дека се работи за изолиран инцидент, кој не е поврзан со општата безбедност на посетителите.Штекли претходно се поврзуваше и со убиството на фудбалерот Мартин Јанушев. Беше во бегство во Србија и беше екстрадиран во Македонија, а за него полицијата има водено неколку постапки.

Македонија | пред 2 години

stekli-

Заврши една од операциите: Придружбата на Штекли ранета во стомак и граден кош

Заврши операцијата на придружникот на Раде Трајковски-Штекли, кој беше ранет во „Ист гејт“. Куршумите завршиле во стомакот и градниот кош, а операцијата која се правеше во „Св. Наум Охридски“ е завршена.Засега, лицето е во стабилна, но тешка состојба. Поради комплексноста на повредите, тој дише со помош на машина.Истовремено, Штекли е хоспитализиран на Клиниката за торакална хирургија. И тој е во тешка состојба, а извршена му е операција. Повеќе детали се очекуваат подоцна.Лицето кое пукаше, сѐ уште не е пронајдено.

Скопје | пред 2 години

stekli-pukanje

По осум часа од пукотниците: Штекли и придружникот се борат за живот, јавна потерница - нема

Осум часа по пукотниците во трговскиот центар „Ист гејт“, се уште не се знае идентитетот на лицето што го рани Раде Трајковски-Штекли и неговиот придружник. Од МВР објавија само фотографија со неговиот лик, а направена од снимките од безбедносните камери. Во делот на потерници на страницата на полицијата, досега не осамна потерница. Засега, не е познато ниту дали има дојави дека лицето е некаде затекнато.Истовремено, Штекли и неговиот придружник се во животнозагрозувачка состојба. Со повеќе куршуми и во потешка состојба е лицето кое го придружувало, додека Штекли има исто така сериозни повреди и ноќта ќе ја помине во шок соба на КАРИЛ. Пред болницата „св. Наум Охридски“ каде на лекување е познаникот, но и на Клиниката „Мајка Тереза“ има силно полициско обезбедување.„Скопје1“ објави детали за пукањето. Четири куршуми завршиле во Штекли, додека од шест до осум во неговиот придружник. Неофицијално, сами се возеле до болница. Има и снимка од моментот на пукањето, а се гледа како лице облечено во бел дуксер, се приближува кон ескалаторите во моментот кога двата таргети се симнуваат по ескалаторот и почнува да пука. Потоа продолжува да бега. Но, ова не било единственото место за пресметка, туку истата продолжила.Ова е вторпат, во два месеци, Штекли да биде мета. Првиот пат, не беше повреден, бидејќи управувал со блиндирано возило. Тоа, се случи во гаражите на истиот трговски центар. Возилото со кое се превезувале лицата кои пукале беше пронајдено запалено кај езерото Треска.Раде Трајковски-Штекли, неофицијално се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Тој беше екстрадиран по апсење во Србија и одлежа 6-месечна затворска казна во Шутка за друго дело. По првичните сомнежи, во истрагата за убиството не беа најдени докази за Трајковски и тој не беше обвинет.Штекли беше уапсен во Атина (Грција) во 2011-та како осомничен во Италија за местење на фудбалски натпревари. Трајковски тогаш беше екстрадиран во Италија каде имаше и судење за големиот случај со наместени натпревари во италијанскиот фудбал.

Скопје | пред 2 години

stekli-

Штекли носел заштита на себе и се освестил, придружбата му е и натаму во животозагрозувачка состојба и му претстои нова операција

Раде Трајковски-Штекли е во стабилна состојба на Клиниката за торакална хирургија, откако му е извршена операција. Извори за „Скопје1“ коментираат дека тој поминал подобро од неговиот придружник кој е во потешка состојба, бидејќи на себе носел заштита како панцир. Штекли е контактибилен, а извадено му е левото белодробрно крило, а се наоѓа на интензивна нега.Во стабилна, но животозагрозувачка состојба е неговиот придружик, чиј идентитет во јавноста се уште не се открива. Имал скината слезина, повреди во црн дроб, надлактица, дебело и тенко црево, а „Скопје1“ веќе објави дека бил погоден со повеќе куршуми отколку Штекли. Наши извори брифираат дека на него ќе му престои уште најмалку една операција, поради сериозноста на повредите.„Скопје1“ објави детали за пукањето. Четири куршуми завршиле во Штекли, додека од шест до осум во неговиот придружник. Неофицијално, сами се возеле до болница. Има и снимка од моментот на пукањето, а се гледа како лице облечено во бел дуксер, се приближува кон ескалаторите во моментот кога двата таргети се симнуваат по ескалаторот и почнува да пука. Потоа продолжува да бега. Но, ова не било единственото место за пресметка, туку истата продолжила.Ова е вторпат, во два месеци, Штекли да биде мета. Првиот пат, не беше повреден, бидејќи управувал со блиндирано возило. Тоа, се случи во гаражите на истиот трговски центар. Возилото со кое се превезувале лицата кои пукале беше пронајдено запалено кај езерото Треска.Раде Трајковски-Штекли, неофицијално се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Тој беше екстрадиран по апсење во Србија и одлежа 6-месечна затворска казна во Шутка за друго дело. По првичните сомнежи, во истрагата за убиството не беа најдени докази за Трајковски и тој не беше обвинет.Штекли беше уапсен во Атина (Грција) во 2011-та како осомничен во Италија за местење на фудбалски натпревари. Трајковски тогаш беше екстрадиран во Италија каде имаше и судење за големиот случај со наместени натпревари во италијанскиот фудбал.ПОВЕЌЕ:

Македонија | пред 2 години

WhatsApp-Image-2023-10-25-at-01.34.49

(Фото) Лицето кое пукаше во „Ист гејт“ има променет идентитет со силиконска маска?

Лицето кое пукаше во „Ист гејт“ кон Раде Трајковски-Штекли и неговата придружба, можеби на себе носело силиконска маска со која го променило својот лик, дознава „Скопје1“. Со тоа, тој успешно се сокрил од идентитетот од безбедносните камери. Станува збор за добро планирана ликвидација, велат познавачите. Овој податок треба да го провери и утврди и истрагата која ја води скопското Јавно обвинителство. Ова лесно се утврдува преку следење на мимиката на ликот – бидејќи доколку носи маска за криење, тогаш нема ниту мимики. Дополнително, сомнение се капата и слушалките – кои ја кријат главата и ушите.„Скопје1“ за ова прашање испрати прашања до Министерството за внатрешни работи. Прашавме дали од криминолошки аспект, постојат индиции лицето кое пукаше да носи т.н. силиконска маска која го прикрива неговиот лик, со што, јавно објавената фотографија нема да помогне бидејќи лицето не постои – на што чекаме одговор.Љубомир Ѓурчевски, поранешен началник во МВР за „Скопје1“ вели дека МВР не смееле да објават никаков податок во јавност, ниту фотографија – бидејќи тоа се докази во постапка. Посочува дека е можно како основано сомнение да стои дека лицето кое пука има променет идентитет – но тоа треба да го утврди истрагата.„МВР не смееле да објават никаков податок затоа што МВР е дел од предистражната постапка. Уште зборуваме за предистражни постапки, во кои нели, располагаме со некоја фотографија од безбедносни камери, која е снимена во објектот под надзор и таа фотографија сега е објавена. Сите додатни податоци со кои располага МВР – треба да ги задржи за себе. Тие ќе бидат докази во постапката, во истрагата. Можно е како основано сомнение да имаме, велам како сомнение, да имаме променет идентитет со маска. Тоа не смееме да го исклучиме во предистрагата и истрагата. Тој податок треба да биде целосно проверен, да се види во истрагата. Јавниот обвинител ќе каже дали тој податок е точен или неточен. Ние сега располагаме со основани сомненија и тоа треба да го земеме како такво“, вели Ѓурчевски.Ликвидацијата на Штекли била планирана. На тоа укажува и постапувањето на лицето кое пука. Внимателно се доближува до ескалаторот кога Штекли и неговата придружба се симнуваат, па пука. Но, не повредува ниту еден друг, иако во моментот има сведоци. Вешто успева да излезе и од трговскиот центар. Ова укажува дека станува збор за пресметка и дека никој друг не бил загрозен.Ова е вторпат, во два месеци, Штекли да биде мета. Првиот пат, не беше повреден, бидејќи управувал со блиндирано возило. Тоа се случи во гаражите на истиот трговски центар. Возилото со кое се превезувале лицата кои пукале беше пронајдено запалено кај езерото Треска.

Македонија | пред 2 години

gjurcevski

Поранешниот началник на МВР, Ѓурчевски за пукањето: Факт е дека станува збор за нарачано убиство кое мора да биде реализирано

Поранешниот висок началник на МВР, Љубомир Ѓурчевски, за „Скопје1“ го анализираше пукањето во трговскиот центар „Ист гејт“. Тој е дециден дека ова било планирано, додава дека станува збор за нарачано убиство и алармира дека доколку Раде Трајковски-Штекли преживее – ќе има и нов обид за негова ликвидација. Според Ѓурчиновски, загрижувачки е што пресметките од подземјето се случуваат на јавни места.„Факт е дека станува збор за нарачано убиство кое мора да биде реализирано. Имавме еден вооружен напад, спрема истото лице, Штекли, пред два месеци кога беше во блиндираното возило. Ова е втор напад. И ако преживее, верувајте дека ќе има уште напади. Кога станува збор за пресметки на организираните криминални групи, дали се тоа за неплатена пратка дрога, дали е тоа за соработка со безбедносните служби, дали е должничко-доверителски спор, внатре – ако падне одлука дека некој треба да биде ликвидиран, тоа нема назад. Да не се лажеме, тоа се мафијашки методи на делување, од кои, они успеваат да го контролираат, јас викам, 00,1 отсто од светската популација односно врските меѓу криминалните групи“, вели Ѓурчевски за „Скопје1“.Тој додава дека МВР има оперативни информации за криминалните групи, па укажа и на превентивната функција која ја има полицијата.„Мене ме загрижува што тие пресметки се случуваат на јавни места, каде има голема фреквенција на луѓе, каде може да дојде до несакани жртви, до случајни жртви. Може да биде убиено дете, жена и така натака. Тоа посебно ме загрижува. Затоа во сите мои настапи, го повикувам МВР да е повеќе превентивно присутно точно на такви места – трговски центри, јавни места, плоштади. Во МВР јас верувам дека се уште има добри старешини кои знаат да планираат по време и место на сторување на кривични дела, како да ги насочат службите – униформираната полиција, крим полицијата и така натака. МВР има оперативни информации каде се движат криминалните групи, што работат, кои им се местата на собирање, пиење кафе, престој во хотели и така натака“, додаде поранешниот висок началник на МВР, Љубомир Ѓурчевски за „Скопје1“.Дециден е дека тие кои сакаат да го ликвидираат Штекли, претходно му го следеле секој чекор. Однапред најавува дека пресметките нема да застанат додека таргетот не биде ликвидиран.„Штекли е следен. Секој чекор му е следен, да не се лажеме дека тој случајно, баш во тоа време, ќе се најде таму – не. Како што работат организираните криминални групи, МВР требало да претпостави дека овој напад нема да прекине. Како јас однапред најавувам, а по сите медиуми зборував дека пресметките помеѓу организираните групи и нарко-дилерите, како и оние кои работат на меѓународен транспорт на дрога, кои поминуваат низ Македонија, нема да престанат. Борба е за превласт, кој ќе ја контролира оваа територија“, посочува Ѓурчевски.Ова е вторпат, во два месеци, Штекли да биде мета. Првиот пат, не беше повреден, бидејќи управувал со блиндирано возило. Тоа, се случи во гаражите на истиот трговски центар. Возилото со кое се превезувале лицата кои пукале беше пронајдено запалено кај езерото Треска.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-10-25-at-12.08.50

МВР е мртво ткиво - наместо Спасовски да тера кампања за претседател, треба да си поднесе оставка, смета Ковачки

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ја искоментира изјавата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во која вели: „МВР речиси целосно ги разби криминалните групи од Грчец, Арачиново и Чаир. Според Ковачки, граѓаните не се безбедни.„Пред 3 дена Министерот кажа дека целосно ги разбиле криминалните групи. Денеска, среде бел ден, нова криминална пресметка во трговски центар во Скопје. Во тој трговски одат секакви категории на лица: возрасни, млади, мажи, жени, родители со деца... Спасовски повторно ја излажа јавноста. Граѓаните не се безбедни и повторувам:Полицијата под раководство на СДС и на ДУИ нема никаков авторитет! МВР е мртво ткиво. Наместо Спасовски да тера кампања за Претседател, треба да си поднесе оставка“, напиша Ковачки.

Коментари | пред 2 години

Screenshot-2023-10-25-at-12.23.01

Скоро 24 часа, покрај бебедносни камери, се уште нема одговор за тоа кој пукаше во две лица во шопинг центар, коментира Чулев

Поранешниот технички министер за внатрешни работи и разузнавач, Наќе Чулев го критикува постапувањето на МВР по вчерашното пукање во трговскиот центар „Ист Гејт“. Тој смета дека полиција со меѓународен кредибилитет и реноме, станав институција која криминалците и осомничени за убиство ги брка преку социјалните мрежи.„Скоро 24 часа по вчерашниот настан во Скопје и покрај фотографијата од безбедносните камери, Министерството за внатрешни работи се уште нема одговор за тоа кој пукаше во две лица во шопинг центар во централното градско подрачје. Оливер Спасовски и раководството на МВР, кој до вчера не убедуваа дека полицијата расчистила со криминалните групи од Грчец, Арачиново и Чаир, веројатно после 7 години, сé уште нe сфатија дека борбата со криминалот и намалување на стапката на криминалитет не е статистичка работа и не се прави преку телевизија и социјални мрежи. Борбата со криминалот и со криминалните групи, не е политичка кампања, сликање за социјалните мрежи и кампања за претседателски избори.Вчерашниот и низата настани кои се случија во изминатиот период, претставува сериозно нарушување на јавната безбедност, од проста причина што тие се случија во центарот на Скопје и во објекти со 24 часовно обезбедување. И тие со причина предизвикаа сериозна загриженост и паника кај граѓаните. Затоа што вчера и во сите настани претходно, многу лесно можеше било кој од нас, било кое дете или случаен минувач да бидат жртва или повреден, затоа што тие се случија на места со голема фреквенција на народ и раздвиженост.Во Министерството за внатрешни работи, работат сериозни и докажани професионалци, со дигнитет и познавање во работата. Редно време е да ја тргнеме политиката на страна да покажеме грижа за државата и граѓаните и нивната безбедност. Неопходно е Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедноста да ги стави на располагање сите свои ресурси и да преземе мерки и активност за расчистување на вчерашниот настан и настаните претходно и враќање на сигурноста на граѓаните и безбедноста на државата“, напиша Чулев.

Коментари | пред 2 години

Нема фотографија

Спасовски за инцидентот во „Ист Гејт“: Повеќе тимови работат на утврдување на сторителот и мотивот

По вчерашниот инцидент во „Ист Гејт“ каде од страна на вооружен напаѓач беа ранети две лица, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека повеќе полициски тимови активно работат на случајот.Одговарајќи на прашањето, дали по настанот граѓаните би можеле да се чуствуваат безбедни и сигурни, движејќи се по јавни простори, Спасовски рече:„Што се однесува до инцидентот активно се работи и формиран е посебен штаб во СВР Скопје, приклучени се тука и од одделот за криминалистичка полиција, форензика, одделот за организиран криминал итн, сите заеднички прибираат податоци и докази заедно со Јавното обвинителство се со цел да се утврдат фактите и да може да се открие и сторителот но и мотивите што се во однос на овој настан“.Спасовски со уверување дека видливоста на полицијата на терен ја зголемува безбедноста на граѓаните. „Вакви изолирани инциденти се случуваат и ќе се случуваат. Очигледно е дека ќе треба да се донесе некаков правен пропис со кои би се задолжиле моловите или другите објекти да преземаат низа на мерки кои би значеле заштита и на граѓаните и на објектите. Тоа и претходно и сега е во размислување“, кажа Спасовски.Според него станува збор за криминална пресметка и конфронтација меѓу криминалните групи, кои како што вели 30 години некој ги создавал.„Сега им објавивме неселективна војна на тие криминални структури и тука нема да застанеме. Безбедноста на граѓаните и на градот е најважна“, вели тој.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања