Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скоро 24 часа, покрај бебедносни камери, се уште нема одговор за тоа кој пукаше во две лица во шопинг центар, коментира Чулев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
Screenshot-2023-10-25-at-12.23.01

Поранешниот технички министер за внатрешни работи и разузнавач, Наќе Чулев го критикува постапувањето на МВР по вчерашното пукање во трговскиот центар „Ист Гејт“. Тој смета дека полиција со меѓународен кредибилитет и реноме, станав институција која криминалците и осомничени за убиство ги брка преку социјалните мрежи.

„Скоро 24 часа по вчерашниот настан во Скопје и покрај фотографијата од безбедносните камери, Министерството за внатрешни работи се уште нема одговор за тоа кој пукаше во две лица во шопинг центар во централното градско подрачје. Оливер Спасовски и раководството на МВР, кој до вчера не убедуваа дека полицијата расчистила со криминалните групи од Грчец, Арачиново и Чаир, веројатно после 7 години, сé уште нe сфатија дека борбата со криминалот и намалување на стапката на криминалитет не е статистичка работа и не се прави преку телевизија и социјални мрежи. Борбата со криминалот и со криминалните групи, не е политичка кампања, сликање за социјалните мрежи и кампања за претседателски избори.

— реклама —

Вчерашниот и низата настани кои се случија во изминатиот период, претставува сериозно нарушување на јавната безбедност, од проста причина што тие се случија во центарот на Скопје и во објекти со 24 часовно обезбедување. И тие со причина предизвикаа сериозна загриженост и паника кај граѓаните. Затоа што вчера и во сите настани претходно, многу лесно можеше било кој од нас, било кое дете или случаен минувач да бидат жртва или повреден, затоа што тие се случија на места со голема фреквенција на народ и раздвиженост.

— реклама —

Во Министерството за внатрешни работи, работат сериозни и докажани професионалци, со дигнитет и познавање во работата. Редно време е да ја тргнеме политиката на страна да покажеме грижа за државата и граѓаните и нивната безбедност. Неопходно е Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедноста да ги стави на располагање сите свои ресурси и да преземе мерки и активност за расчистување на вчерашниот настан и настаните претходно и враќање на сигурноста на граѓаните и безбедноста на државата“, напиша Чулев.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarymabr7ksfgr4acNB2T6r

Пресуда за Штекли и уште четворица обвинети за трговија со дрога

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarya6hc61bdnebddMVWUvU

Адвокатот на Штекли: Обвинителството не докажа ништо, постапката со сериозни пропусти

Македонија | пред 3 седмици

media-librarymabr7ksfgr4acNB2T6r

(Видео) Штекли не се чувствува виновен: „Не го разбирам делото“, рече во судницата

Македонија | пред 7 месеци

media-librarya6hc61bdnebddMVWUvU

(Видео) Штекли ѝ предал писмо на докторката со аманет: „Да ми ги закопаат коските во дворот“; Таа смета дека е психички стабилен

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања