Поранешниот висок началник на МВР, Љубомир Ѓурчевски, за „Скопје1“ го анализираше пукањето во трговскиот центар „Ист гејт“. Тој е дециден дека ова било планирано, додава дека станува збор за нарачано убиство и алармира дека доколку Раде Трајковски-Штекли преживее – ќе има и нов обид за негова ликвидација. Според Ѓурчиновски, загрижувачки е што пресметките од подземјето се случуваат на јавни места.
„Факт е дека станува збор за нарачано убиство кое мора да биде реализирано. Имавме еден вооружен напад, спрема истото лице, Штекли, пред два месеци кога беше во блиндираното возило. Ова е втор напад. И ако преживее, верувајте дека ќе има уште напади. Кога станува збор за пресметки на организираните криминални групи, дали се тоа за неплатена пратка дрога, дали е тоа за соработка со безбедносните служби, дали е должничко-доверителски спор, внатре – ако падне одлука дека некој треба да биде ликвидиран, тоа нема назад. Да не се лажеме, тоа се мафијашки методи на делување, од кои, они успеваат да го контролираат, јас викам, 00,1 отсто од светската популација односно врските меѓу криминалните групи“, вели Ѓурчевски за „Скопје1“.
Тој додава дека МВР има оперативни информации за криминалните групи, па укажа и на превентивната функција која ја има полицијата.
„Мене ме загрижува што тие пресметки се случуваат на јавни места, каде има голема фреквенција на луѓе, каде може да дојде до несакани жртви, до случајни жртви. Може да биде убиено дете, жена и така натака. Тоа посебно ме загрижува. Затоа во сите мои настапи, го повикувам МВР да е повеќе превентивно присутно точно на такви места – трговски центри, јавни места, плоштади. Во МВР јас верувам дека се уште има добри старешини кои знаат да планираат по време и место на сторување на кривични дела, како да ги насочат службите – униформираната полиција, крим полицијата и така натака. МВР има оперативни информации каде се движат криминалните групи, што работат, кои им се местата на собирање, пиење кафе, престој во хотели и така натака“, додаде поранешниот висок началник на МВР, Љубомир Ѓурчевски за „Скопје1“.
Дециден е дека тие кои сакаат да го ликвидираат Штекли, претходно му го следеле секој чекор. Однапред најавува дека пресметките нема да застанат додека таргетот не биде ликвидиран.
„Штекли е следен. Секој чекор му е следен, да не се лажеме дека тој случајно, баш во тоа време, ќе се најде таму – не. Како што работат организираните криминални групи, МВР требало да претпостави дека овој напад нема да прекине. Како јас однапред најавувам, а по сите медиуми зборував дека пресметките помеѓу организираните групи и нарко-дилерите, како и оние кои работат на меѓународен транспорт на дрога, кои поминуваат низ Македонија, нема да престанат. Борба е за превласт, кој ќе ја контролира оваа територија“, посочува Ѓурчевски.
Ова е вторпат, во два месеци, Штекли да биде мета. Првиот пат, не беше повреден, бидејќи управувал со блиндирано возило. Тоа, се случи во гаражите на истиот трговски центар. Возилото со кое се превезувале лицата кои пукале беше пронајдено запалено кај езерото Треска.
(Фото) Лицето кое пукаше во „Ист гејт“ има променет идентитет со силиконска маска?
Лицето кое пукаше во „Ист гејт“ кон Раде Трајковски-Штекли и неговата придружба, можеби на себе носело силиконска маска со која го променило својот лик, дознава „Скопје1“. Со тоа, тој успешно се сокрил од идентитетот од безбедносните камери. Станува збор за добро планирана ликвидација, велат познавачите. Овој податок треба да го провери и утврди и истрагата која ја води скопското Јавно обвинителство. Ова лесно се утврдува преку следење на мимиката на ликот – бидејќи доколку носи маска за криење, тогаш нема ниту мимики. Дополнително, сомнение се капата и слушалките – кои ја кријат главата и ушите.„Скопје1“ за ова прашање испрати прашања до Министерството за внатрешни работи. Прашавме дали од криминолошки аспект, постојат индиции лицето кое пукаше да носи т.н. силиконска маска која го прикрива неговиот лик, со што, јавно објавената фотографија нема да помогне бидејќи лицето не постои – на што чекаме одговор.Љубомир Ѓурчевски, поранешен началник во МВР за „Скопје1“ вели дека МВР не смееле да објават никаков податок во јавност, ниту фотографија – бидејќи тоа се докази во постапка. Посочува дека е можно како основано сомнение да стои дека лицето кое пука има променет идентитет – но тоа треба да го утврди истрагата.„МВР не смееле да објават никаков податок затоа што МВР е дел од предистражната постапка. Уште зборуваме за предистражни постапки, во кои нели, располагаме со некоја фотографија од безбедносни камери, која е снимена во објектот под надзор и таа фотографија сега е објавена. Сите додатни податоци со кои располага МВР – треба да ги задржи за себе. Тие ќе бидат докази во постапката, во истрагата. Можно е како основано сомнение да имаме, велам како сомнение, да имаме променет идентитет со маска. Тоа не смееме да го исклучиме во предистрагата и истрагата. Тој податок треба да биде целосно проверен, да се види во истрагата. Јавниот обвинител ќе каже дали тој податок е точен или неточен. Ние сега располагаме со основани сомненија и тоа треба да го земеме како такво“, вели Ѓурчевски.Ликвидацијата на Штекли била планирана. На тоа укажува и постапувањето на лицето кое пука. Внимателно се доближува до ескалаторот кога Штекли и неговата придружба се симнуваат, па пука. Но, не повредува ниту еден друг, иако во моментот има сведоци. Вешто успева да излезе и од трговскиот центар. Ова укажува дека станува збор за пресметка и дека никој друг не бил загрозен.Ова е вторпат, во два месеци, Штекли да биде мета. Првиот пат, не беше повреден, бидејќи управувал со блиндирано возило. Тоа се случи во гаражите на истиот трговски центар. Возилото со кое се превезувале лицата кои пукале беше пронајдено запалено кај езерото Треска.
Македонија | пред 2 години
(Видео) Ексклузивна снимка од пукањето во „Ист Гејт“
Снимка од надзорните камери покажува како се одвивал првиот дел од пукањето кон Раде Трајковски-Штекли и неговиот пријател. Додека тие спокојно се движат низ трговскиот, се спушаат со ескалаторот кон паркингот – лице облечено во бело и со капче пука кон нив. Повеќе куршуми биле испукани во „Ист гејт“, каде ранет беше Раде Трајковски-Штекли. Чаурите се уште сведочат за обидот за убиство на Штекли. Крвавиот пир се одвивал пред очите на посетителите. За разлика од пред два месеци кога пукањето беше на паркинг, овојпат, обидот за ликвидација бил внатре во трговскиот, близу ескалаторите, велат сведоци за „Скопје1“.Според неофицијалните информации од наши извори, освен Штекли кој е веќе на операција, рането е и лице кое било негова придружба при посетата на трговскиот. Кога почнале да пукаат кон нив, неофицијално, тие возвратиле на исти начин – со пукање. Посетителите се разбегале.Штекли, но и придружбата се тешко повредени. Двајцата се транспортирани во болница. Едниот е во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“, додека другиот повреден е во ГОБ „Св. Наум Охридски“.
Скопје | пред 2 години