Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

стевчо јакимовски

media-librarykdtvf6dn7d162QAT7le

Саракинов: Кандидатот на СДС, Филипче и Заев - Стевчо Јакимовски ветуваше зеленило, а го бетонизираше Тафталиџе со десетканици

Христо Саракинов од ВМРО-ДПМНЕ ја критикува поддршката што СДС, Филипче и Заев му ја даваат на Стевчо Јакимовски, кој во 2021 година ветуваше 250.000.000 м2 нови зелени површини во Карпош.„Четири години подоцна, наместо зеленило, во Тафталиџе има десеткатници, а зелените површини се уништени и занемарени. Ова е резултат од тајната коалиција меѓу СДС, Филипче, Заев и Јакимовски, која го пушта низ вода нашиот град“, рече Саракинов.Тој предупреди дека гласот за Јакимовски значи повеќе бетонизација и уништување на зеленилото, за профит на урбаната мафија.

Скопје | пред 2 месеци

jakimovski-1-960x600-1

„Дурмиши мене ме прашува дали дискотеката Пјур исполнува услови“! Јакимовски добил писмо од министерот за економија

На 8 август ми стигна писмо од министерот за економија. Го прочитав и гледам по ѕидовите да не е случајно скриена камера. Министерот за економија Бесар Дурмиши бара од мене да му кажам дали дискотеката Пјур „ги исполнувала минималните технички услови за вршење на дејност“.Оф мори мајко, сите министри, па и тој министер. Не знае каде се наоѓа.Министрееее! Белким ти мене треба да ми кажеш дали овој објект ги исполнува минималните технички услови за вршење на угостителска дејност.За таа работа ќе се обратиш на друг шалтер. Шалтер што се вика пазарна инспекција. Ако не си знаел, пазарната инспекција ти е орган во состав на министерството за економија (твоето министерство).Не ми се верува волку да не знаеш. Се ми се чини дека се обидуваш да купиш време за другарите на Александар Николовски.Залудни ти се обидите.Одговорноста е твоја.

Македонија | пред 3 месеци

stevco-jakimovski-2510

(Видео) „Орце е обична фигура во ЗЕЛС, политиката се креира од ВМРО-ДПМНЕ“, вели Јакимовски и повторно ги предупреди министрите во Владата

Преку нарачани недолични памфлети во партиски гласила владејачката ВМРО-ДПМНЕ покажува дека не ја сфаќа сериозно пораката за напуштање на ЗЕЛС. Со ваквиот однос покажуваат дека ЗЕЛС е само обичен партиски комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а Орце Георгиевски е само една обична фигура на чело на ЗЕЛС, порача денеска градоначалникот Стевчо Јакимовски.„Мојата најава дека доколку министрите во владата на Р. Македонија продолжат на ваков начин да вршат притисок и неодговорно да се однесуваат кон општина Карпош дека ќе го напуштам ЗЕЛС. Очигледно дека од владејачката партија не ја сфаќаат сериозно и вчера ми одговорија НЕ преку претседателот на ЗЕЛС. Мојот апел беше упатен кон ЗЕЛС, но никако во ВМРО-ДПМНЕ. И гледате, преку нивното партиско гласило Курир, ми одговараат дека, пазете, сум се решил на „очајнички потег и напуштање на ЗЕЛС. Познавачите на состојбите толкуваат дека се работи за приземен, незаконски, неодговорен, неинвентивен чин на привлекување на внимание. Инфантилен потег кој не може да донесе добро на општините кои ги претставуваат.“ Ова само покажува дека ЗЕЛС е само обичен партиски комитет на ВМРО-ДПМНЕ и нема никаква врска со чадор, заштитник и промоција на идеите и развојот на локалната самоуправа. Ова само јасно покажува дека господинот Орце Георгиевски е само една обична фигура на чело на ЗЕЛС, а дека целата политика ја креира таму неговата партија“.Јакимовски уште еднаш ги предупреди министрите во влада или ќе го коригираат односот, или ќе го напушти ЗЕЛС.„Тоа е причина повеќе да им укажеме уште еднаш. дека или ќе го коригираат нивниот однос, или ќе го напуштиме ЗЕЛС затоа што очигледно со вакви недолични и навредливи памфлети кои тие ги пишуваат само покажуваат дека не ја сфатиле пораката. И можете да замислите, тоа што министерот за транспорт и врски вели „јас не потпишувам урбанистички план, додека сум јас министер“, него не му пишуваат дека е „приземен“, „инфантилен“, дека „работи незаконски“, „неодговорен“, „неинвентивен“, итн..., не е приземен, неодговорен, инфантилен, неинвентивен“ односот на министерот за внатрешни работи кој на божја правдина поднесува кривични пријави на вработените и на мене овде во општина Карпош. Не е „приземно и неинвентивно“ што министерката за образование од 39 милиони кои биле 2022 година за образование во општина Карпош, ни пуштила 23 милиони денари и уште ни велат ние треба да научиме како да менаџираме со парите. Тие не се инфантилни, работат по закон, а ние сме наводно егзибиционисти и бараме простор во медиумите како резултат на тоа дека сме сакале да привлечеме внимание во јавноста“.Тој уште еднаш потенцираше, дека доколку претседателот на ЗЕЛС продолжи немо да ги следи случувањата и притисоците и не преземе чекори за вразумување на неговите министри, тогаш нема зошто Карпош да биде дел од тие институции.„Отворено ќе им кажам. Само вие мислете на избори. Само вам ви се изборите во глава и ништо повеќе од тоа. Ние си ја работиме нашата работа. Тоа што ви е обврска со закон должни сте да го направите. Без разлика дали ви се допаѓа. Со тоа што се исполнети условите, ти министре со должен да потпишеш. Дали ја сакате општина Карпош или не, вие сте должни да обезбедите греење и нормално функционирање на училиштата. Дали ме сакате мене или не, должно сте да ги гласате програмите за работа во општина Карпош. Што ни преостанува нам друго, освен да излеземе во јавност, и да кажеме дека ако министерот за локална самоуправа не влијае врз своите колеги на начинот на однесување кон една или повеќе општини, и ако претседателот на ЗЕЛС ова немо го посматра, и не преземе чекори во насока на вразумување на неговите министри и дел од неговите партиски колеги тогаш нема зошто ние да бидеме дел од овие институции. Очигледно тие институции не функционираат и не придонесуваат за развојот на Карпош и тогаш ќе го продолжиме сами патот“, смета градоначалникот.

Скопје | пред 1 година

stevco-j

(Видео) „Ова е невидено што го прават министрите од Владата на Мицкоски“: Јакимовски најави дека ќе го напушти ЗЕЛС ако продолжи „теророт од власта“

Градоначалникот на општина Карпош на денешната прес конференција најави дека општина Карпош може да ја напушти ЗЕЛС поради големи притисоци од страна на централната власт.„Причини за напуштање на ЗЕЛС има многу. ЗЕЛС ги премолчи сите притисоци што ги трпиме од министрите од оваа влада. Не сум прв пат градоначалник. Но, ова е невидено што го прават министрите од владата на Мицкоски. Не знам дали е по негова директива, или не е, но гледате што прават со градоначалникот на Струмица. Градоначалникот да имал чиста вода за пиење. Министерот си ја решил ситуацијата во земјоделието, па се фатил со детено „водата, па водата“. Наместо да му помогне како министер, видете тој што прави. Што прават со мене тука? Министерот за транспорт вика јас не потпишувам планови додека сум министер и уште се фали дека со новиот закон му се зголемиле ингеренциите“, кажа Јакимовски.„Сега јавно да го прашам. Вие одите кон Брисел или одите кон Москва? Ако одите кон Брисел вие треба да ги намалувате дискреционите права, а не да ги зголемувате. Ако одите кон Москва, тогаш ќе функционирате со декрет. Министерот за внатрешни, гледате ни пушта кривични, на апсолутно чист предмет, а од друга страна гледате дека се пуштаат бандити од затвор. Од друга страна, прв пат во 47 години се случи да не се гласаат програми, да не се гласа Буџет и тоа од оваа партија на власт. Кое племе е ова? Од каде дојдоа? Да не се гласаат програми за работа. Ај што не ги гласаат, туку кога ќе ги изгласаме, ги обжалуваат во инспекторат и вршат притисок да донесат одлука каква што тие сакаат. И мислат дека ние сето тоа треба да го трпиме. Министерот за локална самоуправа го гледа сето тоа и си ќути. ЗЕЛС ова го гледа како не се гласаат програми на колеги кои не се од негова партија. И ние треба да останеме во таа институција и да функционираме. Затоа претседателот на ЗЕЛС не треба да биде од истата партија за да ги штити интересите на локалната самоуправа. Ова е многу сериозна работа. Со ова треба да бидат запознати сите амбасади како функционира оваа власт буквално разулавена. Но јас сум сепак, за да седнеме и да разговараме. Мене ме побара колегата Орце Георгиевски. И побара да се сретнеме. Да сакам да се сретнеме и треба да се сретнеме, затоа што вака не можеме да функционираме“, изјави Јакимовски.

Скопје | пред 1 година

kostadinov1

Костадинов и Јакимовски ја напуштаат ЗЕЛС

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на својот Фејсбук профил информира дека ќе ја напуштат Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија (ЗЕЛС).„Со огромна грижа кон народот на моја Струмица, утре ќе спремам и официјален допис, ЗЕЛС не ја заслужува партиципацијата на Струмица. Го напуштаме ЗЕЛС, со целата одговорност, обиди за соработка, партнерски однос, доволно е. Филозофија без прагма, штета за која ја плаќаат граѓаните! Ова е еден од најголемите скандали во Европа за повреда на човековите права, за уставните права и слободи. За мојата Струмица, компромиси немало, нема и нема да има! Нека ви е со среќа“, напиша Костадинов.Сличен став има и градоначалникот на скопската општина Карпош, Стевче Јакимовски.Тој вчеравечер најави дека ќе му се придружи на градоначалникот Костадинов во најавата да ја напуштат ЗЕЛС.„И јас ќе се придружам на Општина Струмица. И така одамна се спремам да ја напуштиме ЗЕЛС. Нека си прават таму партиска забава“, вели ЈакимовскиЧитај повеќе:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-04-192700

Јакимовски по кривичната пријава: Oва е политички притисок врз мене како градоначалник

„Постапката е законска, ова е политички притисок врз мене како градоначалник“, вели Стевчо Јакимовски и додава дека тениските терени во Карпош се со чиста документација.Тој заедно со уште пет вработени во општината добија кривични пријави дека ја злоупотребиле должноста и легализирале времени објекти, што според Јакимовски не е точно, бидејќи тие имале одобрение за градба уште пред 30 години, односно биле дадени од државата на сопствениците на трајно користење преку надоместок.„Со оваа кривична пријава која МВР помпезно ја најави во јавноста доведени сме во ситуација да објаснуваме дека „воздухот е безбоен“. Што има Фершпед? Го има Александар Палас, а Александар Палас има спортски терени кои ги користи 30 години. Што направила општина Карпош?Ги легализирала спортските игралишта кои ги користи Александар Палас. Што е важно во овој случај да се знае? Важно е дека законот вели „се легализира се она за што се издава одобрение за градба“. Спортските терени на Александар Палас имаат одобрение за градба уште од 1999 година од Влада на ВМРО-ДПМНЕ и истите се изградени по таа скица и за тоа се платени комуналии.Тоа што друго е важно, е што овие објекти се сопственост на Александар Палас, но во тој период не биле запишани во Катастар, па се воделе како „сопственост со незапишани права“. Бидејќи дозволата им била истечена, во 2016 година одлучиле да ги впишат во Катастар користејќи го Законот за легализација и покренале постапка за негова легализација. За легализацијата општината му наплаќа по втор пат комуналии, сега 170.000 евра“, вели Јакимовски.„Важно е да се знае дека земјиштето не е државно, туку е дадено на користење на Фершпед од страна на државата со надоместок. Повторно тоа го направила влада на ВМРО-ДПМНЕ. МВР тврди дека објектите се времени, а јас морам да им кажам дека слабо ја познаваат оваа материја. Ако објектите се времени, на документот треба да стои „Решение за поставување на времен објект“, а овие терени не се времени затоа што на нив се прави градба. Тоа е исто како кога градите куќа, паркингот што го правите надвор се води како вон етажен упис во Катастарот.Исто така многу е важно да се знае дека законодавецот смислил повеќе нивоа на одбрана од евентуална можна грешка при процесот на легализација. Прво, геодетот што го правел елаборатот не можел да отпочне со изработка на геодетски елаборат ако кај него во правилникот не стојат ваков тип на објекти. Второ, кога легализираните објекти ги предаваме во Катастар тогаш прво предметот го гледа геодет и гледа дали е се согласно закон, а потоа го гледа нивен правник. Ако предметот има било каков проблем со законитоста Катастар ќе го даде на поништување, на доработка, или ќе побара носење на нови документи.На крајот, Градот Скопје ги пресметува комуналиите. Ако има било каков проблем Градот ќе сигнализира. Јас и моите колеги одговорно тврдиме дека овде постапката е спроведена согласно законските прописи и дека нема никаков правен пропуст и дека ова е само еден обичен обид политички да се влијае пред локалните избори. Тука не се цел на напад моите пет колеги кои се наведуваат, туку јас како градоначалник. Во исто време сакам да кажам овие мои колеги што работат за 30.000 денари апсолутно е нечовечки да им се валкаат нивните имиња, да се вознемируваат нивните семејства, да им се прават стресови како што им ги направија“, кажа градоначалникот на Карпош.Тој го повика Обвинителството побрзо да се расчисти случајот.„Ние сакаме што е можно побрзо да седнеме со обвинителството и да го расчистиме овој случај, а колегите кои што работеле на сите овие предмети инсистираат дека нема повеќе да работат на предмети за легализација додека овој предмет доставен од МВР до обвинителството да се расчисти, односно додека не се докаже вистината.На крајот уште една работа. Нели е чудно од 83 општини во Македонија, само во Карпош да има проблем со легализација. Нема проблем во Охрид, родното место на министерот за транспорт и врски, Нема проблем во Велес, родното место на министерот за внатрешни работи. Нема никаков проблем во Тетово, Чаир, Гостивар, Струга... Никаде нема проблем, само во Карпош. А истите овие луѓе од Карпош се обучувачи за спроведување на Законот за легализација, од Карпош другите луѓе бараат мислење при решавање на комплицирани објекти. Јас одговорно тврдам дека овие луѓе се професионалци, кои одлично си ја познаваат својата работа, и не заслужуваат од било кого ваков третман.На крајот, сакам да кажам дека ова е управна постапка. Ако било кој сметал дека општината погрешила, можел да достави до нас мислење дека предметот е несоодветно решен и дека треба да се поништи. Ние во тој случај ќе го разгледаме предметот и ќе донесеме одлука. Ако сметаме дека сме во право, ќе го отфрлиме барањето, ако сметаме дека сме погрешиле ќе ја поништиме постапката и оштетената странка во тој случај ќе си го бара своето право во второстепена владина комисија и Управниот суд. Тие не постапиле вака. Наместо да прават циркузи со кривични постапки, ако биле сигурни зошто не дошле да побараат поништување на предметот и да видиме на Управен суд дали нашето решение ќе опстане или нивното политичко мислење“, додаде градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.

Скопје | пред 1 година

IMG_3593

Јакимовски со 2.143 гласа во Карпош и 182 во Крива Паланка

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг на претседателските избори освои само 8.013 гласови. Јакимовски освои помалку гласови од бројот на потписи за претседателска кандидатура, зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.Јакимовски, кој тера трета година мандат како градоначалник на Карпош, во неговата општина освои само 2.143 гласови. На локалните избори во 2021, Јакимовски освои 14.838 гласови и во вториот круг го победи кандидатот на СДСМ Душко Весковски кој имаше 13.397 гласови.Во родната Крива Паланка за Јакимовски гласале 182 граѓани.Откако дојде на градоначалничката функција во Општина Карпош, Стевчо Јакимовски на големо ги тера постапките за носење нови Детални урбанистички планови (ДУП) за населбата Влае и за просторот кај „Алумина“. Со овие планови се предвидуваат нови висококатници, поради што граѓаните и граѓанските здруженија организираа протести и засега плановите не се донесени.И покрај тоа што граѓаните велат дека немаат никакви услови за живот, Јакимовски велеше дека идните згради во „Алумина“, меѓу кои и две 35-катници, се „убави и современи објекти како што има во Дубаи, Чикаго, Торонто, Виена, Софија и во Белград“. За зградите рече дека се „убавина што ќе го направи Карпош водечка општина во државата“.Јакимовски дозволи да се гради и 17-катница во болничкиот комплекс кај Воена болница. Иако Конзерваторскиот центар ја поништи дозволата, Јакимовски не ја стопира градбата и таа и понатаму се гради во заштитено подрачје, каде не смее да има големи и високи објекти оти станува збор за болнички комплекс и нема да може да слетуваат хеликоптери во итни медицински случаи. Јакимовски смета дека нема ништо спорно што на овој простор ќе се изградат 419 станови плус два спрата дуќани, што подразбира и околу 2.000 нови жители, но и повеќе од 1.000 нови возила, не само од жителите.Американскиот Стејт департмент на 18 март го стави на црна листа Јакимовски бидејќи со неговите дејствија како градоначалник го поткопал владеењето на правото и довербата на јавноста во демократските институции. Според Стејт департментот, Јакимовски „како градоначалник на Карпош бил вклучен во коруптивни дела, вклучувајќи искористување на неговата службена положба да се меша во урбанистичкото планирање и јавните набавки за корист лично за него и за неговите соработници“.

Македонија | пред 1 година

IMG_3460

Јакимовски: ГРОМ и „Храбро за Македонија“ остануваат единствената трета опција со промакедонски ставови која не ги лаже македонскиот народ и граѓаните

,,За среќа конечно маските пандаа. Христијан Мицкоски јавно објави декаповеќе нема да ги напаѓа ниту Левица, ниту ЗНАМ, ниту господинот МаксимДимитриевски, што значи дека тие од тајна стануваат јавна коалиција иова јасно покажува дека тие веќе ги имаат усогласено ставовите во врскасо промена на Уставот и во врска со внесот на Бугарите во Уставот наРепублика Македонија, а веројатно се имаат и договорено за промена наУставот и избор на претседател во Собранието, онака како што барааталбанските партии во Република Македонија.Ова јасно покажува дека и Левица и ЗНАМ стануваат дел од ВМРО-ДПМНЕ итсануваат продолжена рака на оваа коалиција и оваа голема политичкапартија и станува јасно на политичката сцена, искрен да бидам јас суммногу среќен, затоа што ГРОМ и коалицијата „Храбро за Македонија“останува единствена трета опција, единствена независна сила што се борипротив овие два големи политички блока коишто не донесоа среќа награѓаните на Република Македонија и коишто водат политика по принципот„кажуваат ДА и кога народот вели НЕ“.Очигледно е дека за овие промени коишто тие сакаат да ги направат воУставот граѓаните јасно се изјаснуваат дека нивниот одговор е НЕ, но оваповеќе од јасно укажува дека се создава уште една група којашто сакаспротивно на интересите и мислењето на граѓаните и јавното мнение коекажува НЕ, тие да кажат ДА за уставните промени и јасно е дека ги имаатусогласено овие нивни чудни ставови. Но навистина е крајно нечесно да сетрудите да ги изиграте македонските граѓани, да го изиграте македонскиотнарод, цело време да глумите патриотизам, да глумите уставобранители,цело време да глумите дека сте загрижени за граѓаните и дека вие сте тиешто ќе ги ограничите ДУИ во нивниот поход кон освојување на комплетнатавласт на Република Македонија, а всушност се подготвувате и се групиратеда го извршите најголемото предавство во историјата на македонскиотнарод.Јас уште еднаш ќе кажам дека сум многу среќен што се случува ова, затоашто граѓаните јасно можат да видат, а поготово гласачкото тело на ЗНАМ ина Левица јасно можат да видат дека единствена трета опција во оваадржава со јасни македонски ставови останува само коалицијата „Храбро заМакедонија“ и ГРОМ!” - нагласи Јакимовски.

Македонија | пред 1 година

stevco-jakimovski-5

Јакимовски: Не го потпишав Кодексот за фер и демократски избори

,,Јас како претставник на коалицијата „Храбро за Македонија“ не гопотпишав Кодексот од две причини.Првата причина е начинот на финансирање на парламентарните избори вокоишто огромни суми се оздвојуваат само за четири коалции или четириполитички партии, како што рече претходниот мој говорник, трошки за ситеостанати.Идејата на државното финансирање на изборната кампања, на изборниотпроцес е да се поттикне политичкиот плурализам, да се поттикнеповеќепартискиот систем. Тоа значи да се поттикне јавување на новиполитички партии, да се поттикне јавување на нови идеи, на нови мисли,на нови програми, а не е идејата на државното финансирање на изборите дасе финансираат главната политичка партија на власт и главната опозиционапартија. И што е најстрашно, со Законот се забранува било какводополнително финансирање. Тоа значи дека ако некоја нова, свежа идејаима поддржувачи и има спонзори кои ќе ја поддржат во оваа кампања, тиене можат со тие средства од спонзори да финансираат кампања, односномедиумска кампања што е крајно недемократски, антипартиски,антиплуралистички и што е спротивно на интересите на граѓаните наРепублика Македонија.Втората причина зошто не го потпишав е тоа што носители на листиучествуваат во претседателската кампања. И сега, можете да замислите,учествуваат во претседателската кампања и не дека имаат некое големовлијание врз гласачкото тело, зборуваат пред приведените партискичленови кои мораат да ги слушаат. Но праќаат лоша порака, не се почитуваИзборниот Закон и праќаат лоша порака како ќе ја водат РепубликаМакедонија кога ќе дојдат на власт.Тоа значи повторно ќе биде беззаконие, повторно Република Македонијанема да биде правна држава и повторно ќе збориме сите во името направото и на правдата, а уште во изборниот процес сме подготвени да гокршиме изборниот закон и сѐ она што значи добро однесување на овиепарламентарни избори”, истакна Јакимовски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-09-24-at-09.15.40

Јакимовски: Македонија нема време за губење

,,Ние треба да им кажеме, подготвени сме да чекаме до 2030-та година дачекаме влез во Европска Унија, нели влеземе до 2030-та година, Вие немада бидете наш приоритет. Ние ќе тераме од тој пат нема да се откажуваме,но ние мораме да си бараме пат за развој на државата.”, вели Јакимовски.Јакимовски прашува зошто во Македонија нема странски инвеститори какоедна Србија?,,Moжно ли е во Македонија да нема ниту еден инвеститор од СаудискаАрабија, од Катар, од Емирати, од Либан да бројам уште? Како тиеинвеститори ги има и во Германија, и во Англија како ги има во Америка?Ги има во Србија. Можно ли е Лук Оил да има 1300 бензиски пумпи воАмерика, а ние да не смееме ни руска салата да јадеме.”, прашуваЈакимовски.Алтернатива според претседателскиот кандидат Македонија мора да има.,,Зошто говориме за алтернативи? Ние не викаме ќе напуштиме ова ќе одимево БРИКС. Ќе ги отвориме вратите за инвестирање во оваа држава.”, велитој.Клучен дел за безбедноста на државата е економскиот потенцијал истабилност, токму поради тоа Јакимовски потенцира дека ќе се фокусира намакедонската економија како претседател на државата.,,Дел од безбедноста на државата е и економскиот потенцијал на државата.Социјалната стабилноста на државата. И тоа и те како е под ингеренции напретседателот. Значи ти ако си економски слаб, па тоа е и нивната цел,ние што повеќе да се задолжуваме, да имаме што поголеми дефиците, штопоголема помош да бараме од нив за да немаме каде да одиме”, заклучиЈакимовски.

Македонија | пред 1 година

259211766_242271247970687_8160110712329551655_n

Јакимовски: Договорот со „Бехтел и Енка“ е корупција озаконета со Закон

,,Треба да бараме решение како ќе ја компензираме загубата на рускиот ибелорускиот пазар за земјоделците, вели претседателскиот кандидат СтевчоЈакимовски во вчерашното гостување во „360 степени“ на МРТ1.Заедно со „Сухои-те“ и тенковите требаше да оди и дел од македонскатахрана. САД ѝ продава оружје на Украина, зошто не би можеле ние дапродаваме храна? Или, тоа може и да се донира, но да се компензира соевропските фондови, вели Јакимовски кој уште еднаш нагласи декаМакедонија мора да се подготви за учество во обновата на Украина.- Ние и сега треба да пратиме претставници во Украина, за да можеме дабидеме дел од обновата на државата, нагласи Јакимовски.Ако има јавни работи и со закон се утврди минимум плата на еден градеженработник, тој наместо да работи за 1200 евра во Германија, а може даработи тука за 1600 евра секој работник ќе може да си дојде дома и даработи дома, вели Јакимовски.За договорот со „Бехтел и Енка“ Јакимовски смета дека е корупцијаозаконета со Закон и дека конзорциумот има многу привилегии.Над 200 милиони евра се исплатени, а што има завршено од коридорите?Ако се даде таа работа на македонските компании ќе им се создаде условиза работа и ќе се спремат за обновата на Украина. ГРАНИТ беше 72градежна компанија во светот, нагласи Јакимовски.Со овие милијарда и пол ќе направевме пар екселанс клинички центар иуште десетина најсовремени болници ширум Македонија”, додаде Јакимовски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Јакимовски: САД се гарант за постоењето на Македонија

,,Македонија се конституирала како држава многу подоцна од другите државина Балканот и гарант за постоење на Република Македонија се СоединетитеАмерикански Држави, а Македонија мора да биде дел од НАТО, велипретседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски во вчерашното гостување воемисијата „360 степени“ на МРТ1.Нема зошто да им се доворувам на САД, нивната политика е за големикритики и трпи критики. Секоја држава се труди да биде дел од некоиинтегративни процеси, дури и Русија која е доволна сама за себе си правиБРИКС и ШОС. Македонија како мала држава со помалку од 2 милиони жители,да не биде дел од некој сојуз е многу опасно.И Југославија го формираше движењето на неврзаните, ние сме го одбралеовој интегративен процес и мора да создаваме услови за тој пат, истакнаЈакимовски.За односите со Русија Јакимовски вели дека ситуацијата е многуискомплицирана и дека е невозможно да се има економски, политички илидруги врски со Руската Федерација.Мислам дека секој мора да води сметка во какво опкружување живее.Причината поради која се потпишувале два договори МИНСК 1 и 2 билепроблеми во украинското општество, но Меркел кажа дека тие договори билесамо купување на време, значи двете држави се подготвувале за војна.Апсолутно Русија е агресор во Украина”, нагласи Јакимовски.

Македонија | пред 1 година

IMG_3460

Јакимовски: ЕУ да најде начин како Бугарија „ќе пие кафе“ кога ќе се гласа за Македонија

,,Мора да се смени пристапот, ЕУ ќе си најде начин како Бугарите дапијат кафе кога ќе се гласа за Македонија, вели Јакимовски кој додавадека Македонија мора да престане да попушта бидејќи сме пример запопусливост во соседна Србија, а тоа се одразува и во целиот свет.Не преговараме за идентитетските прашања! Тие сакаат да прифатиме декамакедонскиот јазик е дијалект на бугарскиот и дека сме нација од 1944година. Ако овие две прашања се решат, може комисијата да разговара заидентитетот на некои револуционери но тоа не може да биде услов зачленство во ЕУ. Јас ова го кажав и на лидерската средба и сите наведнааглава и Ковачевки и Џафери и сите”, вели Јакимовски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Јакимовски: Како иден претседател на Република Македонија ќе предложам реформи во локалната самоуправа

,, Во Република Македонија имаме четири власти, законодавна тоа еПарламентот, извршна тоа е Владата, судската Власт ја знаеме сите ичетвртата власт е локалната самоуправа. Како иден претседател наРепублика Македонија ќе предложам реформи токму во четвртата власт, волокалната самоуправа заради поголема функционалност на локалнатасамоуправа имајќи во предвид дека локалната власт е најблиску дограѓаните и е најнепосреден сервис на граѓаните на било кој дел одРепублика Македонија.Нам ни се потребни измени во Локалната самоуправа и во делот нафункционирање на Град Скопје. Нов Закон за Град Скопје, нов Закон залокална самоуправа со кој што ќе се зголемат ингеренциите во делот накомуналните инспектори.Значи ние мораме да имаме комунални инспектори коишто ќе можат далегитимираат да казнуваат, да физички неутрализираат затоа што вака наваков начин функционирање на комунална инспекција при што легитимирањетотреба да го врши полицијата е апсолутно нефункционално.Понатаму мораме да направиме промени и во Законот за домување, имамеЗакон кој што е апсолутно нефункционален и во кој што немаме никаквиингренции, а имаме граѓани коишто во станови чуваат по 20-30-40 мачки,кучиња и постојано се жалат граѓаните.Имаме граѓани кои не сакаат да ги плаќаат заедничките сметки, имамеграѓани кои што ги загрозуваат и виталните интереси на граѓаните воколективните згради со тоа што се загрозува безбедноста, згради кадепротекуваат, згради кадешто имаме запушување на канализации итн.Значи се на се нам ни е потребен еден нов Закон за локална самоуправакако и поделба на јавните градски претпријатија во Скопје по општинитеза да имаме функционални јавни градски претпријатија затоа што на ваковначин навистина е срамота да не можеме да се справиме со хигиената ,навистина е срамота да не можеме да се справиме со одржувањето назеленилото. И навистина е срамота и натаму да имаме поделени ингеренциикои што граѓани ги доведуваме во недоумица.Во исто време со новиот Закон за локална самоуправа треба да сепредвидат и начини и форми како ќе се разрешуваат конфликните ситуацииво советите, опструкциите во советите. Сѐ на сѐ значи ние мораме данаправиме една функционална локална самоуправа со зголемени ингеренции ипоголема ефикасност со што на крајот ќе имаме подобри услови заграѓаните и по задоволни граѓани.На крајот ќе ви дадам еден пример. На пример за бучавата кога имамебучава мерењето на бучавата мора да биде со затворен прозор. Еве јавнопрашувам кој талент го пишуваше Законот затоа што бучавата е најголемпроблем летно време кога се сите прозори отворени. Толку ли талентирантреба да бидеш за да направиш таков Закон да се мери бучава со затворенпрозор, а јуни, јули, август и некаде до средина на септрември ситепрозори ни се отворени. Што значи ни треба комплетна рекомпозиција наЗаконот за локалната самоуправа. Многу сериозно размислување сѐ со целподобар сервис на граѓаните на локално ниво и поголемо задоволство награѓаните од локалната самоуправа.Една исто така голема работа, МВР мора да се ослободи од сите ингеренциикои не му се нему изворни ингеренции, дали е дозволиво двајцасообраќајни инженери да одобруваат сообраќајни планови на ниво на целадржава. Дали е тоа пропулзивно? Ние можеме секоја локална самоуправа даси има свои сообраќајни инженери кои тоа ќе го одобруваат, аминистерствара нека ја задржат контролната функција, инспекцискитеоргани итн.Сѐ е тоа во интерес на подобро функционирање на локалната самоуправа, асо тоа значи и подобар сервис на граѓаните. И јас сметам декапретседателот на државата е тој што треба да покрене една ваква сеопштарасправа која што ќе трае подолго време ќе се нотираат сите проблеми волокалната самоуправа се со цел да имаме поефикасна четврта власт воРепублика Македонија.”, истакна Јакимовски.

Македонија | пред 1 година

jakimovski

Јакимовски: Војната во Украина мора еден ден да заврши

,,Војната во Украина покажа дека сите земји во Европа, вклучувајќи ги иземјите членки на НАТО, се во состојба да водат војни од таканареченнизок интензитет, меѓутоа за долготрајни војни практично недостасуваатмногу ресурси.Очигледно е дека се истрошија сите резерви на оружје и опрема, како и намуниција во целиот свет и тоа јасно покажува дека тој недостаток ќе траеи во иднина. Тоа значи дека македонската економија под итно треба даразмислува за развој на наменската индустрија. На Машинскиот факултет воСкопје мора да се отвори катедра за вооружување. Во исто време ониеделови што беа способни да произведуваат делови за тенкови, а тоа бешемултипликаторот, кој беше битен дел за тенкот Т-72, како и друга битнаопрема за МЗТ-фоп, треба да се види дали сето тоа може да се рестартира,како и останатите фабрики во Република Македонија затоа што гладта ипотребата да се компензира тоа оружје и муниција и опрема што епотрошена во овој временски период и тоа како ќе има потреба да сенадомести, да се обезбедат резерви и ова е само една поука дека многуповеќе оружје и опрема треба да се складира и да се чува за една тешкавојна.Од друга страна, војната во Украина мора еден ден да заврши, а тоа значидека ние мораме да го подготвиме нашето стопанство за учество наукраинскиот пазар, како во делот на прехраната, како во делот натрговијата, производството на репроматријали, суровини, оосбено во делотна градежни материјали и треба да ја подготвиме нашата градежнаоператива, како нискоградбата така и високоградбата за учество наукраинскиот пазар затоа што за Украина ќе има маршалов план со којштотаа земја ќе мора да се реконструира, ќе мора да се обновува, аМакедонија е на петто место по глава на жител по пружена помош наукраинската војска, а тоа значи дека во мирнодопско време не смееме тоада го запоставиме. Во усто време овде треба да отвориме јавни работи иво делот на нискоградбата и во делот на високоградбата, што значи деканашата градежна оператива треба да биде во кондиција за да може данастапува на тој украински пазар во иднина.”, истакна Стевчо Јакимовски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања