Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

(Видео) „Орце е обична фигура во ЗЕЛС, политиката се креира од ВМРО-ДПМНЕ“, вели Јакимовски и повторно ги предупреди министрите во Владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
stevco-jakimovski-2510

Преку нарачани недолични памфлети во партиски гласила владејачката ВМРО-ДПМНЕ покажува дека не ја сфаќа сериозно пораката за напуштање на ЗЕЛС. Со ваквиот однос покажуваат дека ЗЕЛС е само обичен партиски комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а Орце Георгиевски е само една обична фигура на чело на ЗЕЛС, порача денеска градоначалникот Стевчо Јакимовски.

— реклама —

„Мојата најава дека доколку министрите во владата на Р. Македонија продолжат на ваков начин да вршат притисок и неодговорно да се однесуваат кон општина Карпош дека ќе го напуштам ЗЕЛС. Очигледно дека од владејачката партија не ја сфаќаат сериозно и вчера ми одговорија НЕ преку претседателот на ЗЕЛС. Мојот апел беше упатен кон ЗЕЛС, но никако во ВМРО-ДПМНЕ. И гледате, преку нивното партиско гласило Курир, ми одговараат дека, пазете, сум се решил на „очајнички потег и напуштање на ЗЕЛС. Познавачите на состојбите толкуваат дека се работи за приземен, незаконски, неодговорен, неинвентивен чин на привлекување на внимание. Инфантилен потег кој не може да донесе добро на општините кои ги претставуваат.“ Ова само покажува дека ЗЕЛС е само обичен партиски комитет на ВМРО-ДПМНЕ и нема никаква врска со чадор, заштитник и промоција на идеите и развојот на локалната самоуправа. Ова само јасно покажува дека господинот Орце Георгиевски е само една обична фигура на чело на ЗЕЛС, а дека целата политика ја креира таму неговата партија“.

Јакимовски уште еднаш ги предупреди министрите во влада или ќе го коригираат односот, или ќе го напушти ЗЕЛС.

— реклама —

„Тоа е причина повеќе да им укажеме уште еднаш. дека или ќе го коригираат нивниот однос, или ќе го напуштиме ЗЕЛС затоа што очигледно со вакви недолични и навредливи памфлети кои тие ги пишуваат само покажуваат дека не ја сфатиле пораката. И можете да замислите, тоа што министерот за транспорт и врски вели „јас не потпишувам урбанистички план, додека сум јас министер“, него не му пишуваат дека е „приземен“, „инфантилен“, дека „работи незаконски“, „неодговорен“, „неинвентивен“, итн..., не е приземен, неодговорен, инфантилен, неинвентивен“ односот на министерот за внатрешни работи кој на божја правдина поднесува кривични пријави на вработените и на мене овде во општина Карпош. Не е „приземно и неинвентивно“ што министерката за образование од 39 милиони кои биле 2022 година за образование во општина Карпош, ни пуштила 23 милиони денари и уште ни велат ние треба да научиме како да менаџираме со парите. Тие не се инфантилни, работат по закон, а ние сме наводно егзибиционисти и бараме простор во медиумите како резултат на тоа дека сме сакале да привлечеме внимание во јавноста“.

Тој уште еднаш потенцираше, дека доколку претседателот на ЗЕЛС продолжи немо да ги следи случувањата и притисоците и не преземе чекори за вразумување на неговите министри, тогаш нема зошто Карпош да биде дел од тие институции.

„Отворено ќе им кажам. Само вие мислете на избори. Само вам ви се изборите во глава и ништо повеќе од тоа. Ние си ја работиме нашата работа. Тоа што ви е обврска со закон должни сте да го направите. Без разлика дали ви се допаѓа. Со тоа што се исполнети условите, ти министре со должен да потпишеш. Дали ја сакате општина Карпош или не, вие сте должни да обезбедите греење и нормално функционирање на училиштата. Дали ме сакате мене или не, должно сте да ги гласате програмите за работа во општина Карпош. Што ни преостанува нам друго, освен да излеземе во јавност, и да кажеме дека ако министерот за локална самоуправа не влијае врз своите колеги на начинот на однесување кон една или повеќе општини, и ако претседателот на ЗЕЛС ова немо го посматра, и не преземе чекори во насока на вразумување на неговите министри и дел од неговите партиски колеги тогаш нема зошто ние да бидеме дел од овие институции. Очигледно тие институции не функционираат и не придонесуваат за развојот на Карпош и тогаш ќе го продолжиме сами патот“, смета градоначалникот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

271411794_4566273830151665_730994699476532107_n

Јакимовски ќе се бори да не влезе во Шутка

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library6jneg9g43eld7tiaVQz

Стевчо Јакимовски оди една година во затвор, предметот е кај судија за санкции

Македонија | пред 3 дена

media-libraryu6dnlf3tfno29iZ1WPH

(Видео) Стевчо Јакимовски се бутна во џбун за да покаже дека во Карпош не е косено

Настани | пред 1 седмица

stevce-jakimovski-750x430-1

(Видео) „Кој знае – прави, кој не знае – брои“: Јакимовски објави кои проекти ќе беа готови за 100 дена

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања