„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

суд

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-44-4680PM

Анима Мунди: Судот денес ќе покаже дали ќе има казна за убиството на коњите во ЗОО Скопје

Граѓанската организација Анима Мунди денеска потсетува дека во Основниот кривичен суд продолжува постапката за случајот со убиените коњи во скопската зоолошка градина – случај што веќе подолго време ја вознемирува јавноста.Од организацијата нагласуваат дека судското рочиште претставува критичен момент: ќе се утврди дали институциите ќе повлечат јасна линија против насилството врз животните, или пак ќе дозволат трагедијата да се релативизира и потисне.Според нивните информации, дел од надлежните органи се обидуваат да избегнат одговорност со тоа што се повикуваат на ненадлежност. Анима Мунди предупредува дека ваквиот пристап би отворил простор за неказнивост и би претставувал сериозен удар врз правосудниот систем и етичките стандарди во општеството.Организацијата потсетува дека коњите, кои се наоѓале под формална институционална заштита, биле убиени на исклучително суров начин. Овој чин, велат тие, ја шокирал државата и ја открил ранливоста на животните под државна грижа.Анима Мунди бара судот да изрече најстроги санкции за сите лица што ќе се утврди дека биле инволвирани – како директни извршители, така и оние што со својата позиција, пропусти или премолчување придонеле злосторството да се случи. Потенцираат дека ниту поранешниот директор на ЗОО Скопје, ниту било кој член на раководството не смее да биде изземен од одговорност доколку се докаже вина.Организацијата ги охрабрува медиумите, граѓаните и другите здруженија будно да го следат судењето, истакнувајќи дека транспарентноста е клучна за да се спречи прикривање на случајот.„Оваа постапка е своевиден тест за државата – дали правдата навистина е еднаква за сите, или системот ќе продолжи да толерира насилство кога жртва е немо живо суштество“, порачуваат од Анима Мунди. Според нив, исходот од процесот ќе покаже дали општеството ја прифаќа бруталноста како нормална појава или ќе се спротивстави на неа со јасни санкции.

Скопје | пред 2 седмици

media-library34nchj1m8nab9Of2WeN

(Видео) Самоубиствен бомбаш ја разнесe влезната порта на судот во Исламабад - 12 загинати, 27 повредени

Во самоубиствен напад пред суд во пакистанската престолнина Исламабад загинале 12 лица, а најмалку 27 се повредени, соопшти министерот за внатрешни работи на земјата, Мохсин Накви.Накви изјави дека напаѓачот планирал да го нападне окружниот суд, но не успеал да влезе во зградата.Тој додаде дека приоритет на властите е да се идентификува бомбашот и дека сите вмешани ќе бидат изведени пред лицето на правдата.Самоубиствените напади во Исламабад во последните години се ретки. Снимките од местото на настанот, направени во вторникот, покажуваат изгорен автомобил и полициски кордон околу областа.Според министерот, 27-те повредени добиваат медицинска помош.Тој додаде дека напаѓачот го активирал експлозивот во близина на полициски автомобил, откако чекал околу 15 минути.Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари остро го осуди самоубиствениот напад.Во меѓувреме, адвокат кој во моментот на експлозијата го паркирал својот автомобил пред судот изјави дека слушнал „силна детонација“.Рустам Малик изјави за новинската агенција АФП дека „владеело целосен хаос“.„Адвокати и граѓани трчаа во внатрешноста на комплексот“, додаде тој. „Видов две тела на влезната капија, а неколку автомобили беа во пламен.“

Свет | пред 1 месец

sudenje

Осум години затвор за негувателка која тепала и малтретирала бебиња во градинка во Лондон

Воспитувачката Роксана Лецка (22) е осудена на осум години затвор поради „садистичко“ малтертирање на 21 бебе во градинки во западен Лондон. Таа е прогласена за виновна за повеќекратно тепање, штипење и туркање на деца, а во еден од инцидентите удрила дете со нога по лицето и му застанала на рамото.Лецка призна вина за седум точки од обвинението за суровост кон лице помладо од 16 години, а судот во Кингстон во јуни ја прогласи виновна и за уште 14 точки, пренесе „Гардијан“.Според видео-снимките, во два различни објекти во Лондон таа ги малтретирала децата, предизвикувајќи кај нив страв и плачење. Снимките покажуваат како ги штипела, ги гребела и ги туркала, а во еден случај неколкупати удрила момче по лицето и грубо го нагазила.Во изјави до полицијата, Лецка признала дека консумирала канабис пред да дојде на работа, а во еден момент е снимена како пуши електронска цигара во близина на едно бебе. Лондонската полиција соопшти дека злоставувањата се случувале во два градинки помеѓу октомври 2023 и јуни 2024 година.Лецка била вработена во градинката „Риверсајд“ од јануари до јуни 2024 година. Неколку родители уште во март и мај истата година пријавиле дека нивните деца се враќале дома со необични повреди и модринки.

Свет | пред 2 месеци

vasil-jovanov-i-roditeli

Таткото на Васил Јованов не се чувствува виновен

Пред Основниот кривичен суд во Скопје денеска се појави Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој изјави дека не се чувствува виновен и оти не му е јасно што конкретно му се става на товар. Против него се води постапка за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“, поради трагичниот настан во кој неговиот син, возејќи без дозвола и под дејство на алкохол, удри пешак кој почина.Обвинителот Александар Марковски нагласи дека преку попустливост како родител, Јованов создал услови за опасна состојба.„Очигледно е дека татковата љубов кон единствениот син довела до премногу толерантен однос, а тоа резултирало со несреќен исход“, изјави Марковски. Тој додаде дека обвинителството ќе настојува да покаже дека токму таквото однесување на таткото придонело за ризичната ситуација што ја создал Васил Јованов.Марковски посочи и дека иако обвинетиот е офицер во Армијата и досега не бил во судир со законот, во оваа постапка не се оценува неговата професионалност, туку неговите постапки како родител.Одбраната, пак, преку адвокатот Сашко Дуковски, оцени дека обвинението нема правна основа и најави дека ќе бара детално објаснување за секој доставен доказ.„Ова е правен преседан кој досега не е забележан во македонската судска пракса – да се обвинува татко за дела на својот полнолетен син“, рече Дуковски, додавајќи дека ќе инсистира на појаснување на правната заснованост на сите докази.На почетокот од денешното рочиште, Тодор Кулаков – таткото на загинатата Фросина Кулакова, побара од судијката Снежана Марковска да се изземе од предметот, велејќи дека процесот е „наместен“. Поради тоа беше отстранет од судницата. Дуковски реагираше дека ќе го напушти судењето доколку Кулаков повторно му се обрати директно.Против Зоран Јованов се води постапка според изменет обвинителен предлог – наместо првичното „предизвикување општа опасност“, обвинението е преквалификувано во „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“.Несреќата се случи во јануари годинава, кога Васил Јованов, возејќи автомобил под алкохол и без возачка дозвола, удри во пешачката Фросина Кулакова, која почина на самото место.

Македонија | пред 3 месеци

kazandol

Арбитражниот суд ја ослободи Македонија од обврска од 115 милиони евра за Казандол

Арбитражниот трибунал на 21 јули 2025 година ги отфрли сите тужбени барања во случајот „Казандол“, со што државата избегна да плати 115 милиони евра од буџетот.-На денешната седница на Владата, на предлог на Координативното тело за следење на арбитражни постапки беше усвоена информацијата со која се утврдува дека во целост се одбиени тужбените барања против државата во случајот познат како КАЗАНДОЛ и со тоа е направена заштеда на буџетските средства на граѓаните во вкупен износ од 115.000.000 евра. Арбитражниот трибунал донесе пресуда на 21 јули 2025 година со која утврди дека неосновани се сите тужбени барања и истите ги одби во целост.

Македонија | пред 4 месеци

IMG_5572

Судот сè уште не го одобри обвинението за пожарот со 62 жртви во Кочани

Обвинението за пожарот во т.н. дискотека во Кочани, во кој загинаа 62 лица, а 203 беа повредени, иако поднесено на 13 јуни, сè уште не е одобрено од Основниот кривичен суд Скопје.Според неофицијални информации, 39 адвокати на 34 обвинети поднеле приговори, а Судот чека да истече рокот од осум дена за можни приговори испратени по пошта.Од Кривичниот суд Скопје потврдуваат дека роковите за жалби сè уште траат. За трагедијата во Кочани обвинети се 34 лица и три правни лица.

Македонија | пред 4 месеци

puls-35-1

Газдата на “Пулс” останува во притвор, заедно со тројца осомничени - обвинението ќе го застапува скопското обвинителство

Обвинителниот акт за случајот „Пулс“, во кој се опфатени 17 лица, е доставен до Основниот кривичен суд Скопје. Четворица од обвинетите остануваат во притвор, додека за останатите 13 и понатаму се применуваат мерки на куќен притвор. Со ова се означува крајот на истражната постапка, а започнува рокот во кој странките можат да поднесат приговори пред судот да одлучи дали ќе го прифати обвинението.Во продолжение го пренесуваме соопштението во целост:Со оглед на интересот на јавноста за кривичниот предмет поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, судот известува дека кривичниот совет при овој суд постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство – Кочани за продолжување на мерките за обезбедување присуство на обвинетите, на обвинетите Д.Ј. од Кочани, Т.Ј. од Кочани, Џ.К. од Скопје и Б.Х. од Скопје им ја продолжи мерката притвор, додека на обвинетите М.С., О.Г., Љ.П., И.Г., М.Г., С.Д., сите од Кочани, потоа Ј.Ј. и Љ.Г. од Скопје како и Б.М и Ш.Х., од Тетово и Е.М. од Виница им се продолжи мерката куќен притвор.Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје, а советот дополнително ќе одлучува и по предлозите за продолжување на мерките за обезбедување присуство и мерките претпазливост и за останатите обвинети.Во однос на конкретниот обвинителен акт КООА 155/25, како што и претходно веќе информиравме, со одлука на Врховниот суд на Република С. Македонија за стварно и месно надлежен за постапување е определен овој суд, па така на 02.07.2025 година во попладневните часови списите на предметот беа доставени до овој суд, заедно со целокупниот доказен материјал меѓу кој вештачења, медицинска документација, како и техничка опрема одземена во текот на истрагата, која требаше соодветно да се смести и чува во посебни простории. Потоа, предметот и сите предлози се заведоа во АКМИС системот, а во наредниот дек актот е распределен на совет за оценка на истиот.При увидот во списите на предметот, утврдено е дека три обвинети правни лица немаат законски претставник во постапката, по што судот определи претставници по службена должност.Дополнително на 08.07.2025 до судот, од страна на Јавниот обвинител беше доставно доуредување на обвинителниот акт од 01.07.2025 година, кое се однесуваше на генералиите и личните податоци на обвинетите.Откако беа исполнети сите услови, советот издаде наредба за достава на обвинителниот акт со споменатото до уредување, заедно со листа на докази до сите обвинети, нивните бранители и претставниците на обвинетите правни лица поставени по службена должност.Кога истиот ќе биде примен од странките, ќе започне да тече рокот од 8 дена за приговор, а по приемот на сите приговори и истек на Законски утврдениот рок, советот ќе заседава и ќе известува.Исто така, судот ја информира јавноста дека во текот на вчерашниот ден, 17.07.2025 година, во овој суд доставено е решение на Јавното обвинителство на Република С. Македонија РО бр. 367/25 од 15.07.2025 година со кое за месно и стварно надлежно обвинителство за постапување по конкретниот обвинител акт се определува Основно јавно обвинителство Скопје.Судот апсолутно го разбира интересот на јавноста за оваа постапка, но укажува дека должност е да се почитуваат правата на сите засегнати како и законските рокови предвидени во Законот за кривичната постапка, се со цел да не се случат пропусти кои во иднина може да ја компромитираат целосната судска постапка, односно правдата мора да биде брза, но не избрзана, се наведува во соопштението на судот.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-05-13-at-11.26.38

Ништо не може да ја врати Фросина, но овојпат навистина не можам да видам грешка во судскиот систем, пишува Јордановска

Казната од 12 години затвор за возачот Васил Јованов е во рамки на европската пракса, сподели адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска. Праксата во Европската Унија за казнување на возачи кои учествувале во сообраќајни несреќи со смртни последици е од една до три години кога е сторена од небрежност, а од 7 до 12 години кога лицето било во бегство, возело под дејство на алкохол или сторило низа сообраќајни прекршоци. Адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска вели:„Ако некој со ладна глава и без нарцисоидност има волја да прочита каква е праксата во ЕУ за казнување во сообраќајки со смртни последици, а не само да урла по судовите и кога треба и кога не треба“.Новинарката Мери Јордановска, посочува дека затворите пак создаваат нови криминалци.„12 години затвор за сообраќајна несреќа со смртни последици е највисоката изречена казна, барем според судската статистика што ја следев до пред 3 години. Ништо не може да ја врати Фросина назад, за жал, трагедијата е преголема, нема зборови со кои може да се опише болката, но овојпат навистина грешката не можам да ја видам во судскиот систем. Половина од казните изречени за сообраќајни несреќи со смртни последици се УСЛОВНИ. Во случајов, имаме 12 години, што значи дека човек ќе влезе во Идризово на 21 година, а ќе излезе на 33 години. Утре ќе се протестира и ќе се бара тој да излезе на 41 година, оти тоа е максимумот, не може повеќе. А дали некој помислува дека тој затвор создава само нови криминалци и ментално онеспособени личности, кои кога ќе излезат, ќе бидат сѐ освен рехабилитирани и подготвени некако да придонесат во општеството? Не. Затворите раѓаат уште поголеми криминалци и онеспособени лица. Но, тој аспект често се занемарува. Знам дека нагонот да се бара доживотен затвор често ни личи како излез од сѐ, но не е. Реалноста покажува дека не е. И тука повторно доаѓаме до системот, дека ние немаме превенција. За ништо. Лечиме последици, причините ни се во заден план. Да не речам во непостоечки план. Од милион причини, за кои допрво треба да се дебатира. И за тоа треба да протестираме“, напиша Јордановска.

Коментари | пред 7 месеци

evropski-sud

Ристовска, Ристова, Габер Дамјановска, Даштевски, Менкиновски-со аспирации за судија во ЕСЧП

Ристовска, Ристова, Габер Дамјановска, Даштевски, Менкиновски-со аспирации за судија во ЕСЧПНа конкурсот на МНР за нов македонски судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур се пријавиле 21 лице.Според информациите, меѓи нив има судии, обвинители, адвокати.Од јавноста не сокрија дека амбиции имаат обвинителката Ленче Ристовска и судијката Оља Ристова.Неофицијално на списокот се наоѓаат и Наташа Габер-Дамјановска, поранешна директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, но и членот и експретседател на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, а во некои кругови се споменува и името на обвинителката Фатиме Фетаи. Желба има и заменик-директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, Илир Исени, разрешената претседателка на Врховниот суд Лидија Неделкова, владиниот агент за застапување на земјава пред ЕСЧП Даница Џонова, како и повеќе адвокати, меѓу кои и Тони Менкиновски, судии и обвинители.Апликациите ќе ги разгледува Меѓуресорската комисија формирана со владина одлука која треба да изврши селекција на тројца кандидати, а конечната одлука ќе ја донесе Советодавниот панел на експерти за избор на судии при Советот на Европа. Селекцијата и проверка на тоа кој од кандидатите ги исполнува условите почнува од понеделник.Деветгодишниот мандат на новиот судија ќе почне на почетокот на 2026 година.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-02-26-at-10.32.40

(Видео) „Прво куче, кој е наредната жртва?“, активисти побараа затвор за убиецот на кучето Феликс

Активисти за правата на животните излегоа на мирен протест пред Кривичен суд и побараа затворска казна за лицето кое го мачеше кучето Феликс кај Момин поток, кое потоа почина. Денес започна судењето за двете лица, меѓу кои е и Љубе, кого Обвинителството го товари дека десетина пати го удирал кучето по главата и телото. На првото рочиште, двајцата обвинети ќе бидат прашани дали чувствуваат вина, по што, ако негираат, ќе им се суди со изведување на докази и сослушување сведоци.Присутните пред судот носеа транспаренти преку кои испратија пораки.„Судија, ќе му бидеш ли соучесник на Љубе? Правда за Феликс“, „Душата на Феликс вреди колку човековата!“, Стоп за насилството против животните“, „Мачењето животни е кривично дело, затвор за убијците на Феликс“, „Прво куче, кој е наредната жртва“, пишуваше на нив.Обвинителството поднесе обвинение на средината од јануари.„Двајцата соизвршители на 19.11.2024 година го изложиле на непотребни маки и му нанеле непотребни болки, изложувајќи го на страдање кучето Феликс, мажјак, црна боја, на возраст околу една година. Првообвинетиот со тврд дрвен предмет во облик на стап и без оправдана причина започнал да го удира со повеќе удари кучето во пределот на главата и телото, нанесувајќи му тешки повреди. Потоа, заедно со второобвинетиот го врзале со жица и така врзано го влечеле по дворот до контејнер, каде го фрлиле мислејќи дека кучето е мртво. Како последица на повредите, кучето угинало на 07.01.2025 година“, соопштија тогаш од Обвинителството.

Скопје | пред 9 месеци

sudski-sovet-1

Судиите денес избираат двајца нови членови на Судскиот совет

Судиите денеска гласаат за избор на два нови члена на Судскиот совет, еден од врховните судии и еден од апелационото подрачје Битола.Кандидати од Врховниот суд се Цветанка Периќ и Исамедин Лимани. Од апелациското подрачје Битола се судиите Александар Камбовски, Татјана Сусулеска (Апелационен суд Битола) и Александра Поп Стефанија (Основен суд Охрид).Гласањето започнува во 8 часот и трае до 15 часот. Судиите гласаат тајно за кандидати од своето апелациско подрачје, а врховните судии за кандидати од Врховниот суд.По затворањето на гласачките места, Избирачкиот одбор составува записник до 18 часот и ја известува Комисијата за избор.

Македонија | пред 1 година

51345134

Врховниот судија Наке Георгиев однесен во станица, пред Врховен неуиниформирани полицајци

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за „Скопје1“ потврдува дека врховниот судија Наке Георгиев е задржан на распит во полициска станица. Според информации на „Скопје1“ тој околу 17 часот е донесен во полициската станица во Кисела Вода, со полициско присуство.„Во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО-ГОКК, МВР презема дејствија“, велат кратко од ОЈО-ГОКК и најавуваат информации во текот на утрешниот ден.Крим-полицајци има и пред зградата на Врховниот суд ова попладне. Засега не се открива каде е уапсен Георгиев, освен дека тоа било во Скопје.Претходно, „Скопје1“ објави дека Георгиев е уапсен поради сомнежи за тргување со влијание за судски предмет во Врховниот суд.

Македонија | пред 1 година

Untitled-1

Ексклузивно, нова пресуда од Апелација: Камчев не е оштетен во „Рекет“, сега треба да им плати на Катица Јанева и Боки 13

Бизнисменот Орце Камчев не е оштетен, а сега ќе треба да им плати и трошоци за тоа што ги тужеше Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева, одлучи Апелациониот суд-Скопје, дознава „Скопје1“. Апелација целосно ја потврди пресудата која ја донесе судијата Андреј Димовски од Граѓанскиот суд, кој го одби тужбеното барање на Камчев кој бараше да му се вратат 1,5 милиони евра од предметот „Рекет“. Сега, Камчев ќе треба да им плати на Боки 13, Катица Јанева и државата, за судските трошоци кои им ги предизвикал со тужбата.„Пресудата на Основниот граѓански суд-Скопје се потврдува. Се задолжува тужителот Јордан Камчев од Скопје да му плати на првотужениот Бојан Јовановски трошоци за одговор на жалба во износ од 49.702 денари, на второтужената Катица Јанева трошоци за одговор на жалба во износ од 52.702 денари, на Република Северна Македонија, СЈО, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, трошоци за одговор на жалба во износ од 74.552 денари“, стои во дел од пресудата.Апелација смета дека судијата Димовски пресудил правилно кога ја донел одлуката во која меѓудругото наведе дека: „Кривичниот законик предвидува случаи кога конфискуваното му се враќа на оштетениот, меѓутоа, ова не е таков случај. За конкретното кривично дело, примање награда за противзаконито влијание, природата на кривичното дело и лицата инволвирани во кривичното дело, за нив Кривичниот законик не предвидува својство на оштетен“.Судењата за овој предмет во Граѓанскиот суд поминаа со караници и низа докажувања. Боки 13 му посочуваше на Камчев парите да ги бара кај обвинителката Вилма Русковска која го водеше случајот „Рекет“. Камчев пак, објаснуваше како ги дал парите, во колку наврати, од каде биле извадени.Ексспецијалната обвинителка Катица Јанева посочи дека ниту во кривичниот предмет „Рекет“ не била гонета дека земала дел од милионот. Караници имаше и кога сведок беше Кристина Камчева-Стојческа, сестра на Орце Камчев. Во тужбата беше опфатен и Зоран Милески-Кичеец, за кого Камчев ја повлече тужбата.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-05-at-10.23.06

Сите што упаднаа во М-НАВ да ги пуштат на слобода, побара Обвинителството, а судот прифати

Сите осомничени за упадот во М-НАВ, треба да бидат на слобода. Ова е ставот на скопското Обвинителство.„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, денеска достави предлози за укинување на мерките за обезбедување присуство, односно мерките притвор и куќен притвор, за 6 лица осомничени за кривичното дело Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од чл. 303 ст. 2 вв со чл. 22, а поврзани со случувањата од 4 – ти јануари во М-НАВ, и определување на мерки за претпазливсот“, велат од Кривичен суд и додава:„Постапувајќи по предлогот на Јавниот обвинител, а ценејќи ги приложените факти, судиите на претходна постапка, го прифатија предлогот на Јавниот обвинител и донесоа решенија со кои за А.О., Р.Б. и Љ.Ќ. ја укинаа мерката куќен притвор, додека за С.Ш., О.А. и Е.С. ја укинаа мерката притвор и им определија мерки за претпазливост од чл. 146 ст.1 т.1,2.3 и 6 односно, Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, Обврска обвинетиот да се јавува во судот и Забрана за приближување или воспоставување врска со одредени лица. Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд“.

Македонија | пред 1 година

sudija

Амбасадата на Австрија со критики за македонскиот правосуден систем, бара да се разрешат сите судии и јавни обвинители

Преку допис, амбасадата на Австрија го критикува македонскиот правосуден систем, барајќи да се разрешат сите судии и јавни обвинители, но и да им се укинат лиценците на извршителите и нотарите кои постапувале во спор што се води меѓу австриската компанија „АММА ДОО Хоенемс“ и валандовската фирма „Дена трејд“ за производство на корнишони.Австриската компанија, како што стои во информацијата во случајот не може да си наплати долг од 4,5 милиони евра во меѓународна арбитража.Според појаснетото во соопштението, станува збор за компанија која се занимава со трговија на големо и дистрибуција на земјоделски производи, која има побарувања во висина од 4,5 милиони евра од „Дена“.Австрискиот амбасадор Георг Вуцас, со критики до македонското правосудство, бара да се разрешат сите судии и јавни обвинители, но и да им се укинат лиценците на извршителите и нотарите кои постапувале во спор што се води меѓу австриската компанија „АММА ДОО Хоенемс“ и валандовската фирма „ДЕНА трејд“ за производство на корнишони, поврзана со семејството на поранешниот премиер Зоран Заев.Во отвореното писмо од Амбасадата на Австрија во Македонија се опишува проблемот:„Основниот граѓански суд во Скопје на 7 јуни годинава издаде времена мерка во корист на компанијата AMMA Import Export GmbH (AMMA), со седиште во Хоенемс, Австрија, високо ценет индустриски снабдувач на зеленчук во регионот на Југоисточна Европа, првенствено ангажиран во трговија на големо и дистрибуција на земјоделски производи. Со забраната се замрзнува недвижниот имот на фирмата ДЕНА ПРОДУКТ Увоз Експорт Велес (ДЕНА) во сопственост и управуван од г-дин Атанас Костов од Валандово до признавање и извршување на арбитражна одлука во износ од приближно 4,5 милиони евра дадени на 3 јануари 2023 година во фер и транспарентен процес од реномиран меѓународен арбитер, во корист на АММА. Не е изненадувачки што мерката е обжалена.Испаѓа дека патот до извршување на меѓународна арбитражна одлука во Северна Македонија е тежок и комплициран, и ги загрозува инвестициите преземени од австрискиот инвеститор. Во случајов времето е значителен фактор, со оглед на тоа што ДЕНА уште од почетокот, со поддршка на сродни компании, извршители и нотари, презема разни активности за да ги избегне и спречи легитимните побарувања од АММА, и тоа на следниве начини:– најголемиот дел од својот имот го префрли на ГЛОБАЛ ТРЕЈД ДММ ДООЕЛ Валандово, (ГЛОБАЛ), поврзана компанија која е во сопственост на г-ѓа Емилија Заева Костова, сопруга на г-дин Атанас Костов, и братучетка на поранешниот премиер Зоран Заев,– помогнала во спроведување на две извршни решенија против сопствените стакленици и имот во Валандово, при што има јасни докази дека официјалниот јавен катастар е изманипулиран како поддршка на овие акции, и трето,– спровела јавно наддавање на сопствена стаклена градина во Богданци на 10 јули 2023 година, иако е во тек граѓанска постапка и кривична истрага.Со последното закажување на јавното наддавање на 10 јули 2023 година, во корист на компанија поврзана со ДЕНА, АММА речиси сигурно нема да може да си го наплати отштетниот износ од 4,5 милиони евра.Зошто австриски инвеститор мора да ангажира три адвокатски канцеларии и да поднесе повеќе од десет тужби за признавање на арбитражна одлука во Северна Македонија? Како е можно да се манипулира со информациите од Централен катастар, официјалниот јавен регистар? Како може да продолжат извршни постапки, кога во исто време против некоја фирма се изречени привремени судски мерки, а против неа се води истрага? Зошто надлежните институции во државата, најважно, се Советот на јавни обвинители, Државниот јавен обвинител, Вишото јавно обвинителство – Скопје, се целосно неактивни и воопшто не го истражуваат случајот?Дали ДЕНА и ГЛОБАЛ ги заробија судството и службениците (извршителите и нотарите)?Како последица на тоа, австрискиот амбасадор Георг Вуцас побара од Судскиот совет и Советот на обвинители во неодамнешното писмо итно да ги отстранат сите неспособни или пристрасни судии и обвинителите во овие случаи. Секој притисок и влијание се некомпатибилни со независноста на судството и мора да се пријават за понатамошно постапување. Покрај тоа, амбасадорот Георг Вуцас ги повикува надлежните Комори на извршители и Комора на нотари да ги укинат лиценците на нотарите и извршителите кои ја злоупотребиле својата службена положба и овластување во конкретниот случај.Австриската амбасада будно ќе ги следи понатамошните случувања во оваа работа, вклучително и сите нерешени правни барања до судовите и до јавното обвинителство. Ние ги изразуваме нашите големи надежи и очекувања дека правосудниот систем во Северна Македонија ќе дејствува самостојно и правично и ќе дозволи владеењето на правото да преовладува во разумна временска рамка.Австриската амбасадата ги повикува сите одговорни медиуми во Северна Македонија да бидат сведоци на јавната аукција во просториите на извршителот Ангел Костадиновски во Кавадарци, на 10 јули во 12:00 часот. На аукцијата ќе присуствува и амбасадорот Георг Вуцас, а тој ги повикува сите одговорни граѓани кои се залагаат за владеење на правото, особено државниот јавен обвинител, да му се придружат. Ако заложбите за борбата против корупцијата и организираниот криминал се искрени, сега е време да се обрне внимание, а не да се гледа настрана“, се вели во писмото од амбасадата на Република Австрија во Македонија.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања