Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

судскипостапки

Screenshot-2024-04-02-at-13.21.26

„Се молам секој ден да се појави Самоил, совеста ми е чиста“ - обвинетиот за грабувањето на Самоил се произнесе пред судот

Обвинетиот Виктор Милановски, кој се гони за грабнување на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошковски, пред судот побара да биде ослободен бидејќи според него Обвинителството направило голема неправда и потенцираше дека тој не направил ништо лошо. Побара од Кривичен суд да не му суди под политичко влијание.„Самоил беше мој другар и пријател, се дружевме сум бил кај него дома. Такви другари можам да избројам на една рака. Ситуацијата ме погоди многу пред се тоа што се води како исчезнат и лошиот однос на неговото семејство кон мене и моите блиски и обидот на татко му да ме претстави како најголем криминалец, а и тој самиот има лежерно затвор 12 години во Германија за продажба на хероин“, рече Милановски.Тој зборуваше и за односот кон неговата фамилија: „Односот беше катастрофален, тие преживеа огромен стрес поради ништо, претреси беа извршени кај сите мои блиски и ништо нелегално не беше пронајдено кај никој од нив. Се молам секој ден да се појави Самоил, сакам да ви кажам дека сум многу свесен дека целата ситуација, дека целта е под политички притисок да бидам осуден јас односно да се заврши предметот - а тоа го потврди и таткото на Самоил кога потенцираше дека се јавувал кај министерот за внатрешни работи Бошковски и други влијателни луѓе. Јас не се јавив никаде ниту имам каде, мојата совест е чиста и ќе дојде вистината на виделина а тоа е дека јас не сум виновен за делото кое се товарам“.

Македонија | пред 1 година

viber_image_2024-04-02_11-42-54-380

(Видео) Очи во очи седнаа семејството на исчезнатиот внук на Бошковски и обвинетите: Обвинителството уверено дека докажало грабнување

Обвинетите за грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошковски - негираат било каква вина. Истовремено, Обвинителството е уверено дека тие треба да бидат осудени оти првообвинетиот Виктор Милановски го земал со автомобилот кој претходно му го дал второобвинетиот Сашо Челилиќ (н.з.) на користење.„Обвинителството ги презентираше и извештајот и материалните и вербалните докази против обвинетите за стореното кривично дело. Со секоја поминута минута Јавното обвинителство уште од самиот почеток па се до денес, со секој изведен доказ се повеќе ја заврстуваше својата теорија на случајот презентирана во воведните зборови“, рече обвинителот Дејан Петрески. Тој образложуваше што има во доказите.„Виктор Милановски во критичното време е забележан од камерите на угостителскиот објект Баба Цана, како остварува телефонски повик, а тоа е регистрирано. Видео записот од извршената реконструкција јасно се прикажува односно во целост се потврдува средбата на оштетениот со обвинетиот кај хотел 'Најс'. Качувањето во автомобилот, движењето на автомобилот, па се додека му се губи трага“, додаде обвинителот.Семејството на обвинетиот Милановски веќе излезе во јавност со став дека тој е невин. Посочија дека тие биле другари и дека сакаат и самите да дознаат - каде е Самоил.“Повеќе од една година поминуваме под стрес, закани и притисоци. Поради сите овие причини решивме да се огласиме во врска со случајот со изчезнатиот Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошковски, случај во кој обвинет е Виктор Миланоски мојот брат. Првообвинетиот е другар на Самоил и знаел дека самиот Самоил бил вклучен во нечесни игри. Второобвинетиот воопшто не го ни познавал Самоил. Но најважното прашање е кои се двајцата обвинети и дали се вистинските луѓе, како и дали воопшто имаат некаква поврзаност со овој случај?“, кажаа тие во соопштението до јавноста.На судењето се присутни семејствата - како на обвинетите, така и на исчезнатиот.Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против две лица, за грабнување и помагање при грабнување на Самоил Костадиновски, внук на поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.За истиот настан, постапката против уште едно лице е привремено прекината до негово пронаоѓање и лишување од слобода.Првообвинетиот на 3 март годинава, заедно со лицето, кое се наоѓа во бегство и други непознати лица, го грабнале Самоил, со закана дека ќе го убијат.„Намерата им била да го натераат оштетениот да плати претходно украдена наркотична дрога – хероин во количина од 4 килограми“, соопшти Обвинителството на 8 септември.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2022-12-26-at-15.38.43

Сашо Мијалков предвреме излегува од затвор, му го уважија барањето за условен отпуст

Кривичен суд одлучи дека осудениот Сашо Мијалков треба предвреме да излезе од затвор. Ова доаѓа откако Апелација им го укина решението со кое тој требаше да остане во затвор до крајот на оваа година. Сега, решија да го пуштат.„Кривичниот совет при одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлог на Директорот на КПД Струга за условен отпуст на осудениот С.М., по одржана јавна седница, прибавена и разгледана целосна документација согласно напатствијата на Апелациониот суд Скопје, донесе решение со кое го Уважи предлогот на Директорот на казнено поправната установа.Согласно решението, осудениот се отпушта од КПД Струга на 25.12.2024 година, а условниот отпуст му се смета до 25.04.2025 година.Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје“, велат од Кривичен суд.

Македонија | пред 1 година

samoil-kostadinovski

Семејството на обвинетиот за исчезнувањето на внукот на Бошкоски: Тврдиме дека ова е хајка и дека судството и обвинителството имаат огромен политички притисок

Семејството на обвинетиот Виктор Миланоски, кој се гони за исчезнувањето на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски, испрати писмо до јавноста:“Повеќе од една година поминуваме под стрес, закани и притисоци. Поради сите овие причини решивме да се огласиме во врска со случајот со изчезнатиот Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошковски, случај во кој обвинет е Виктор Миланоски мојот брат.Првообвинетиот е другар на Самоил и знаел дека самиот Самоил бил вклучен во нечесни игри. Второобвинетиот воопшто не го ни познавал Самоил. Но најважното прашање е кои се двајцата обвинети и дали се вистинските луѓе, како и дали воопшто имаат некаква поврзаност со овој случај?Тврдиме дека ова е хајка против обвинетите и дека судството и обвинителството имаат огромен политички притисок за тие да бидат осудени по секоја цена. Велат дека молчењето е залто, но можно ли е да се остане нем и глув на сите клевети? Обвинети се на база на приказни смислени од локални мафии без никакви докази!Тврдиме дека едноставно првообвинетиот се нашол во погрешно време и на погрешно место, со тоа што тој е последниот со кој Самоил бил виден и со кој се посочува дека бил во контакт пред да исчезне, ако воопшто е исчезнат?! Отворено е и прашањето дали можеби се крие некаде поради нерасчистени долгови за наркотични средства?!Второобвинетиот изјави дека тој само му дал кола на користење на првообвинетиот, како и во многу други наврати, бидејќи е во бизнис со препродажба на автомобили и дека не гледа ништо лошо во тоа да позајмиш кола на другар, но Обвинителството поради тоа го става како соучесник во ова дело. И покрај доказите кои се обезбедени како видео материјал дека второобвинетиот во критичното време бил во Соборен храм, на литургија, тој остана во притвор цели четири месеци, а во цело тоа време, јавниот обвинител со закани сакаше да извлече признание за дело што не го направил. Ако неправдата стане закон, отпорот е наша морална должност.Бараме фер судење, без притисоци и ослободителна пресуда – бидејќи лицата се невини, не вмешани во ништо, а осудителна пресуда под политички притисоци не е правда!”.

Македонија | пред 1 година

3-2

Се сомничат за убиство, а добија куќен притвор: познати иницијалите на лицата осомничени за убиството во Железара

Кривичен суд се огласи за изречените мерки за лицата осомничени за убиството на докторот во Железара.“Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за определување мерки за претпазливост против две лица кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во судот, а поврзани со Убиството на лекар во населабата Железара, донесе решнија со кои: Предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје за опредлеување мерка краткотраен куќен притвор против Г.Д. и И.Д. за кои постои сомнение за кривичното дело Убиство од чл. 123 ст. 1 се прифаќа и им се определува 48 часовен куќен притвор”, велат од Кривичен суд.

Скопје | пред 1 година

merko-3

Уште едно обвинение против Мерко: ќе му се суди за несовесно работење

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, како службено лице – градоначалник на општината Струга,на 31.01.2022 година, свесно ги повредил законските прописи за совесно постапување при именувањето на вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Лабуништа. Притоа, донел решение и за вршител на должноста именувал лице кое не било од редот на вработените, како што е предвидено во членот 118 од Законот за основно образование, и немала соодветно работно искуство во воспитно-образовна работа предвидено во членот 109 од Законот.Така обвинетиот овозможил лицето да биде именувано на функцијата и да и се исплаќа плата како в.д. директор 19 месеци, со што на училиштето му била нанесена штета во вкупен износ на неосновано исплатените плати и придонеси.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-15-at-09.18.42

Ослободителна пресуда побара Менкиновски

Ослободителна пресуда за адвокатот Тони Менкиноски кој беше обвинет за нарушување на јавниот мир и ред на празникот Водици, откако го развиори знамето сонцето од Кутлеш во Охрид.На удењата, Менкиноски истакна дека не се чуствува за виновен бидејќи тоа не е спротивно на ниту еден меѓународен договор, ниту закон и подвлече дека сите оние во кои веруваат во македонската кауза ќе се потрудат да го вратат ова знаме како државен симбол на Македонија.Охридскиот суд донесе ослободителна пресуда поради недостаток на аргументи и за Александар Ѓурчев кој истакнал големо знаме со сонцето од Кутлеш на плоштадот кај Горна Порта во Охрид.

Македонија | пред 1 година

viber_image_2024-03-13_13-12-34-042

Таткото на убиената Вања останува во притвор, одбиена му е жалбата

Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, донесе одлука по жалбата на обвинетиот А.Ѓ., изјавена против Решението за продолжување на мерката притвор, во кривичниот предмет познат во јавноста како „Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска“.Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната јавна седница на ден 13.03.2024 година, донесе Решение ВКЖ1-11/24, со кое жалбата на обвинетиот А.Ѓ., изјавена преку бранителот Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја одби како неоснована и го потврди решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ-223/24 од 01.03.2024 година.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

„Беса транс“ четири години не смее да превезува патници, газдата година и осум месеци во затвор

„Беса транс“ доби четиригодишна забрана за вршење дејност, а сопственкот на превозникот, Беким Хаџиу, доби 1 година и 8 месеци затвор. Оваа пресуда ја донесе судијата Ивица Стефановски. Според него, сопственикот и превозникот се виновни, бидејќи знаеле, а немале извод од лиценца која треба да ја издаде Министерство за транспорт и врски - а границата се поминувала со лажен документ. Пресудата не е правосилна, бидејќи обвинетите имаат право на жалба до Апелација.Адвокатот Асмир Алиспахиќ најави жалба на пресудата бидејќи според него, не може да се донесе ваква пресуда бидејќи не е исполнето битието на кривичното дело. Обвинетиот е осуден за фалсификување на документ, односно документ со кој автобусите на „Беса транс“ поминувале нелегално граница.„Со оглед на образложението, ќе се жалиме на пресудата. Ова кривично дело не е поврзано со несреќата која се случи во Бугарија. Ова е кривично дело во делот на работењето на правното лице 'Беса Транс'. Ако се направи компарација со други направени вакви сличаи, сметам дека во оваа ситуација, казната е превисоко одмерена“, вели Алиспахиќ Асмир, адвокат на „Беса Транс“ и сопственикот на превозникот, Беким Хаџиу.„Сите бевте сведоци на одлуката на судот и целосно беше прифатено обвинението. Она што можам да го кажам е дека ќе чекаме писмена одлука на судот, за да видиме што ќе преземеме понатаму. Обвинителството во обвинението посочува дека Министерството за транспрот и врски нема издадено извод од лиценца, тоа значи дека автобусот покажувал пред надлежните органи извод од лиценца, а за тој автобус воопшто немало“, вели обвинителот Владимир Милошевски.Овој предмет не е за причините за сообраќајната незгода, бидејќи тој случај се водеше во Бугарија.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Кривичен суд нема да го гони Рамиз Мерко - се прогласи за ненадлежен суд

Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека Специјализираното одделение за организиран криминал и корупција ( КОК ) при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по обвинителниот предлог со КО бр. 27/24 против обвинетиот Р.М. (Рамиз Мерко) од Струга за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл. 353 ст.4 вв со ст.1, донесе решение со кое се огласува за стварно ненадлежно и предметот, по правосилноста на решението, ќе биде доставен на надлежно постапување во Основниот суд Струга.„Согласно чл. 32 од Законот за судови, Специјализираното одделение ( КОК ) е надлежно за Кривичните дела: Злоупотреба на службена положба од чл. 353 ст.5, Примање поткуп од значителна вредност од чл. 357 и Противзаконито посредување од чл. 359 од КЗ, извршени од избран или именуван функционер, службено лице или одговорно лице во правно лице.Имајќи го предвид наведениот член од Законот за судови, последните измени на Кривичниот законик објавен во СЛ. Весник бр. 188 од 07.09.2023 год., како и правната квалификација од обвинителниот предлог, односно ст. 4, судот утврди дека Спелцијализираното одделение за оргнизиран криминал и корупција не е надлежно за судење на кривични дела од чл. 353 ст.4 вв со ст. 1 како што Јавниот обвинител го поднел обвинителниот предлог, туку цитираните одредби од Законот за судови се однесуваат само на делото пропишано во став 5 од овој член.Со оглед на сето тоа стварната надлежност да постапува е судот со основна надлежност на чие подрачје е извршено кривичното дело.Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје“, велат од Кривичен суд.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2022-06-01-at-10.48.15

Медицинарите не се криви што родилката од Дебар останала без три органи - ново вештачење презентирано во судница

Вештачењето нарачано од обвинетите во случајот за родилката Јилдз Ваепоска од Дебар, е со заклучок дека тројцата лекари од струшката Болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска немаат вина што пациентката остана без матка, јајник и бубрег. Вештачењето го работел Драге Дабески, кој кажа дека медицинските лица немаат пропуст во лекувањето на Ваепоска. Овој заклучок, тој посочува дека го донел врз основа на документацијата која ја имал на увид.Ова е второ вештачење во предметот. Првото беше на Сдуска медицина во кое стоеше дека има пропусти при породувањето на Ваепоска.„Вештачењето на Судска медицина покажува дека се пропуштени многу работи при операцијата и скоро е невозможно поинаку да размислуваме“, рече адвокатот Сашо Јанев кој ја брани Ваепоска.Родилката праша како лекарите и го спасиле животот, кога во коматозна состојба е префрлена во Клиничкиот центар во Скопје, каде имала нова операција.„Како ми го спасиле животот кога мене ме пратиле во Скопје и повоторно сум била принудена да влезам во операциона сала да се прави ревизија во Скопските клиники. Мојата битка траеше 14 дена во кома“, раша Ваепоска која кажа дека по комата не знаела како да застане на нозе.На следното рочиште, аргументите ќе ги судрат вештаците кои ги правеа двете вештачења. Не е познато дали струшкиот суд ќе даде наредба за супервештачење.Обвинетите се товарат дека при укажување лекарска помош примениле неподобно средство и начин на лекување, со што предизвикале влошување на здравствена состојба на родилката, поради што таа остана без јајник, бугрег и матка. Асани е поранешен директор на Струшката болница, а беше разрешен токму поради овој случај. На првото рочиште тој и останатите двајца лекари кажаа дека не се чувствуваат виновни за кривичното дело.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања