Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

судскипостапки

rgadfgadfa

Притвор се бара за врховниот судија Георгиев, претреси во канцеларијата во Врховен

За врховниот судија Наке Георгиев ќе се бара најстрогата мерка за обезбедување присуство, односно ефективен притвор во затворот „Скопје“ во Шутка. За него, точно на полноќ е закажана и седница на Судски совет, каде треба да му се симне имунитетот, за да може да се гони.„За 487-та итна седница на Судскиот совет на РСМ за ден 20.05.2024 година, со почеток во 24,00 часот. Расправа и одлучување по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет на судија и за одобрување на притвор на судија, велат од Судски совет“, велат од Судски совет.Истовремено, траат претреси на повеќе локации, меѓу кои и во Врховниот суд односно просторијата која судијата ја користел.Георгиев е фатен со 10.000 евра мито, за кое според истрагата, ги земал за да врши противзаконито влијание. Парите ги земал од синот на ексградоначалникот на Ново Село, кој одлежува затворска казна во затворот „Скопје“. Сѐ е работено од страна на МВР во координација со обвинител, по претходна пријава. МВР веќе објави дека судијата е фатен на лице место со парите.Тој неколку часа помина и во полициската станица Кисела Вода, каде по некое време дојде и неговото семејство и тоа - синот кој е судија и сопругата која е обвинителка.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-39-4140PM

Вработената во МВР која правела измами има 41 година: ветувала социјални станови, им барала по 12.000 евра по стан

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишна вработена како аналитичар во СВР Скопје која е осомничена за продолжено кривично дело – Измама според член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Од април 2023, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, осомничената довела во заблуда три лица, на кои лажно им се претставила како началник во полициска станица Гази Баба и член на Комисија за доделување социјални станови.На трите оштетени невработени лица им ветувала дека ќе им посредува да добијат социјални станови во Лисиче по цена пониска од реалната, наведувајќи ги да и исплатат по 12.000 евра за стан и 3.000 евра за посредување и изготвување документација.Парите и ги давале во повеќе наврати, а при последната исплата на 12.500 евра, во близина на полициската станица, била затекната веднаш по предавањето на парите.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање живеалиште, обврска повремено да се јавува кај службено лице во судот и одземање на патната исправа.

Македонија | пред 1 година

sutkaaa

Убиецот од Стајковци кој со шипка ги утепа братот и снаата, доби притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за лице осомничено дека сторило кривични дела – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.Против лицето беше поведена истражна постапка откако на 14 мај, при вршење семејно насилство, во семејниот дом во Стајковци, тој со умисла ги лиши од живот својот брат и снаата.Осомничениот прво ја нападнал снаата, удирајќи ја повеќе пати со метална шипка по главата, а потоа го пресретнал и братот на кого исто така со шипката му нанел смртоносни повреди.По настанот осомничениот беше хоспитализиран. Бидејќи со подобрување на неговата здравствена состојба постои опасност тој да се даде во бегство, јавниот обвинител оцени дека мерката притвор е неопходна за непречено водење на истрагата, па до судијата на претходна постапка достави предлог за определување таква мерка.

Македонија | пред 1 година

DSC_0718

Закани за убиство во битолско училиште: татко влегол и туркал наставничка, па тепал дете

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица – маж и жена кои се осомничени дека во група извршиле грубо насилство врз дете родено 2009 година, со што сториле кривично дело – Насилство согласно член 386 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Двајцата сопружници, на 15 мај, влегле во основно училиште во Битола, при што таткото физички ја оттурнал наставничката и директно нападнал еден од учениците, соученик на нивното дете, заканувајќи му се дека ќе го убие. Го фатил детето за уво, го стапнал на ногата и го тегнел, а за тоа време неговата сопруга ја држела наставничката за да не може да му помогне и да го одбрани ученикот. Со насилството двајцата предизвикале чувство на несигурност и вознемиреност кај другите ученици, кои од страв кога заминале осомничените барале наставничката да ги заклучи во училницата за да не се вратат.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување куќен притвор за осомничениот татко. Предлогот беше прифатен и на осомничениот му е определена притворска мерка.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-17-at-10.27.04

Новопечениот Бугарин Пендиков уште докажува дека е оштетен и натепан поради националните чувства

По повеќе од една година, никако да заврши судењето за натепаниот новопечен Бугарин, Христијан Пендиков. Почна на крајот од февруари минатата година и се уште постапката не е ни близу до крај. Од Коалицијата за правично судење велат дека и вчера било одложено рочиштето, овојпат бидејќи не се појавиле сведоци предложени од Обвинителството кои треба да сведочат против обвинетиот Илија Спасески.Но, одложено беше и пред последното рочиште. На последното одржано, пак, испитани се двајца сведоци.Судскиот процес за нападот на Христијан Пендиков, секретар на зграснатиот бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, започна по тепачката која се случи на 19 јануари пред кафуле во центарот на градот.На немилион настан му се ставии етнички предзнак, а Пендиков брзо потоа заздраве и доби бугарско државјанство. На Пендиков претходно со сите почести на официјална церемонија му беше врачено бугарското државјанство.Против него, од Левица е поднесена и кривична пријава поради лажните изјави кои ги давал за Македонија и македонскиот народ. Од партијата посочија дека Пендиков се товари оти извршил повеќе кривични дела, односно – повреда на угледот на Републиката (казниво по член 178 од кривичниот законик), излагање подбив на македонскиот народ (казниво по член 179 од Kривичниот законик) и предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа (казниво по член 319 став 1 од законот).„Имено, пријавениот во контроверзното интервју ги изнесува познатите негаторски тези на бугарскиот шовинизам дека ‘Македонците и Бугарите се еден исти народ’. Со ваквата изјава, Пендиков ја изложува на подбив Република Македонија, која е конституирана и постои како национална држава на македонскиот народ. Оваа изјава е дејствие директно насочено кон разгорување национална омраза и нетрпеливост, изложувајќи ја на подбив македонската националност и оспорувајќи ја нејзината посебност и самобитност“, соопштија од Левица.Пендиков излезе со тешки обвинувања за Македонија во бугарски медиум.Бугарите во Северна Македонија се малтретирани, прво, од самите државни органи, дали од полицијата, од нивните служби – ги прозиваат, ги уценуваат, некои такви работи. Второ, имаат многу такви профили – онлајн-медиуми, профили кои се од непознати автори и споделуваат наши приватни фотографии, наши семејни фотографии, каде што пишуваат дека треба да нè убијат, повикуваат на насилство врз нас, покажуваат некои наши лични фотографии, фотографии што ги наоѓаат на нашите профили на „Фејсбук“, на „Инстаграм“ и цело време повикуваат на насилство врз нас македонските Бугари, дека сме биле некакви си предавници“, кажа тој.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-10-09-at-13.54.12

Со ново вештачење за слобода: Кумановката која усмрти пешак и не гледа вина, преку Апелација бара да не лежи затвор

Кумановката Гордана Филиповиќ која го прегази 76-годишниот пешак Слободан Анѓеловски со нова теорија на случај се обидува да дојде до слобода. Таа е осудена на три години, а правда бара на Апелација. Таму, беше посочено вештачење со кое Филиповиќ тврди дека пешакот бил удрен од друго возило, а како резултат на тоа, тој паднал и таа го прегазила. Ваква теорија на случај не беше презентирана во Кривичниот суд, каде таа беше огласена за виновна.На јавната седница, адвокатите на неправосилно осудената бараат нивното вештачење да има поголема вредност од вештачењето на Обвинителството, оти го правеле со најнови методи. Притоа, од обвинетата се побара и супервештачење и повторување на судската постапка.Истовремено, Обвинителството бара Апелација да изрече повисока казна за Филиповиќ, со оглед на прекршоците кои ги направила, а кои резултирале со прегазување на пешакот и смртен исход. Таа доби три години затвор, казна која е под законскиот мимумим.Претходно, во октомври минатата година, скопскиот Кривичен суд денеска ја прогласи за виновна, кумановката Гордана Филиповиќ и ѝ пресуди тригодишна затворска казна за сообраќајната несреќа од јануари 2022-ра година кога на пешачки премин беше прегазен и загина 76-годишниот пешак Слободан Анѓеловски.Несреќата се случи на преминот пред мостот Гоце Делчев, а Филиповиќ не застанала на преминот по кој се движел Анѓеловски. Гордана Филиповиќ е мајка на Јелена која претходно настрада во сообраќајна несреќа на 17-годишна возраст во возило управувано од пијан и дрогиран возач.Судијката Елена Јосифовиќ денеска посочи дека како отежнителна околност е земено тоа што не застанала на пешачкиот премин иако веќе две возила чекале да помине пешак, а воедно и тоа што имала забрана за управување со моторно возило во моментот кога се случила трагичната несреќа. Отежителна околност според судот била и зачестеноста на ваквите кривични дела.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.18

Укината и пресудата за пожарот во ковид-болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот на слобода

Укината е пресудата изречена за двајцата поранешни директори на Клиничкиот центар во Тетово, Артан Етеми и Флорин Бесими кои добија условни казни затвор, а потврдена за докторот Бобан Вучевски кој доби ослободителна пресуда, во случајот за пожарот во тетовскиот Ковид центар во кој загинаа 14 луѓе. Одлуката ја донела гостиварска Апелација. Според истата, предметот ќе се суди одново. Судиите од Апелација-Гостивар велат дека првостепениот суд не постапил со должно внимание и додаваат: „за да биде во можност со сигурност да ги утврди сите правно релевантни факти, со единствена цел да даде одговор на сите спорни прашања и да ги утврди сите решителни факти за постоење на кривичните дела и кривичната одговорност на страна на обвинетите Флирин Бесими, Артан Етеми“.„Судот ги разгледа жалбените наводи на ОЈО Т. за сторена суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 415 став 1 точка 11 од ЗКП, меѓутоа истите не ги прифати за основани со оглед да обжалената пресуда во делот под точка II не содржи такви недостатоци поради кои не би можела да се испита по однос на нејзината правилност и законитост. Изреката на пресудата е јасна и разбирлива, а во образложението се содржани доволно причини за утврдените решителни факти и завземените правни ставови на судот. Советот на овој суд смета дека сите погоре наведени жалбенинаводи наведени во жалбата на Основното јавно обвинителство Т. се неосновани“, стои во образложението за ослободувањето на докторот Вучевски.Второстепените судии образложуваат и зошто ги ослободиле Етеми и Бесими кои беа осудени.Основани се жалбените наводи за сторена суштествена повреда на одредбите на постапката од член 415 став 1 точка 11 од ЗКП, наведени вожалбите на обвинетите во делот на сегаобжалената пресуда пдо точка I од истата, кои се однесуваат на отсуство на образложени причини за решителните факти и наполна нејасност на дадените причини, што ја прави првостепената пресуда во делот под точка I нејасна, неразбирлива и противречна сама на себе си, па како таква и неподобна за целосно испитување по однос на нејзината правилност и законитост. Ваквата воопштена и нејасна констатација на првостепениот суд, укажува на постапување на судот спротивно на член 408 став 6 од ЗКП, според кој во образложението на пресудата судот е должен да ги изнесе причините за секоја точка од изреката, а особено фактите што ги цени како докажани или недокажани и од кои докази ги утврдил тие факти, од кои причини не уважил одделни предлози на странките, од кои причини се раководел при решавање на правните прашања и кои околности ги зел предвид при одмерувањето на санкцијата, односно отсуството на образложени причини за решителни факти, ја прави обжалената пресуда нејасна, неразбирлива и неподобна за целосно испитување по однос на нејзината правилност, на што основано се укажува во изјавените жалби на обвинетите“, стои во образложението за ослободувањето на директорите Етеми и Бесими.Минатата година кога се изрече првостепената пресуда, условни казни добија поранешниот директор на тетовската болница Флорин Бесими и поранешниот економски директор на болницата Артан Етеми, кои беа обвинети за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој во 2021 година загинаа 12 пациенти кои се лекуваа од Ковид-19 и уште двајца посетитиели. Докторот Бобан Вучевски беше ослободен од вина, а на Клиничката болница во Тетово ѝ е изречна парична казна од еден милион денари.

Македонија | пред 1 година

Pozar-pod-most-Belasica-kaj-zeleznicka-2-bg_resize

Заложничка драма во Скопје, вклучен и полицаец: Го однеле под мост и го боделе со нож, му барале пари и се заканиле со убиство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се осомничени за кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 и Противправно лишување од слобода согласно член 140 став 5 од Кривичниот законик.Двајцата се осомничени дека на 23 април противправно лишиле од слобода едно лице, така што го повикале да излезе со изговор дека им е потребна помош, а потоа присилно го внеле во автомобил и се упатиле кон мостот на улицата “Беласица”.Со возилото управувало трето лице – полициски службеник против кого постапката е издвоена и ќе ја води Одделението за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.Додека полицискиот службеник возел, двајцата други осомничени му се заканувале на оштетениот и му нанеле убодни рани со нож во ногата и во рамото. Кога стигнале под мостот, насилно го извадиле од автомобилот и сите тројца физички го нападнале со удари со клоци и тупаници по целото тело, нанесувајќи му тешки повреди.Му одзеле околу 8.000 денари колку што имал оштетениот со себе во моментот, а потоа го пуштиле да си оди со закана дека доколку до 1 мај не им исплати 10.000 евра ќе го убијат и него и неговиот татко.Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени против кои постапува. Едниот од нив е во бегство и притворската мерка ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода.Categories

Македонија | пред 1 година

12345678

Детали: Полицајци од „Идризово“ ослободиле осуден за убиство - наместо во болница, тој се шетал низ Скопје

Пет полицајци помогнати од колега овозможиле бегство на лице кое е осудено за убиство. Ова го покажала истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Осудениот бил на лекување во приватна болница, па од болничката соба отишол во пушална. Полицајците заминале од просторијата, а осуденикот со автомобил избегал. За шест полицајци се бара притвор оти можат да избегаат, да кријат траги или влијаат врз сведоци.„Според дејствијата опишани во диспозитивот на Наредбата за спроведување на истражна постапка, на 26.10.2023 година во приватна здравствена установа во Скопје, петмината осомничени – затворски полицајци при КПУ – КПД Идризово Скопје, како група, со умисла помогнати од шестиот осомничен затворски полицаец – приправник, овозможиле бегство на лице осудено за кривично дело „Убиство“ по чл.123 ст.1 од КЗ. Додека осуденото лице било на медицински третман, согласно прописите било обезбедувано од затворската полиција на КПУ-КПД Идризово. Критичниот ден со придружба на двајца осомничени затворски полицајци, лицето се упатило во просторијата за пушење во непосредна близина на болницата. Таму, заедно со придружбата поминало околу половина час, по што осомничените затворски службеници заминале, овозможувајќи му на осуденикот да излезе од просторијата и со ПМВ да се даде во бегство. Осомничените не го пријавиле бегството кај непосредните старешини во КПУ- КПД Идризово, ниту тоа го сториле осомничените од втората смена, туку седеле без осуденото лице во празниот апартман во болницата каде биле затекнати од полициски службеници од ЕИП при МВР-СВР Скопје.“, стои во соопштението на ОЈО-ГОКК.Предистрагата се води за други 11 лица, дека го ослободувале осуденикот од болницата, а тој шетал и се враќал.„Воедно, јавниот обвинител против 11 лица води предистражна постапка заради постоење на основи на сомнение дека, во временскиот период од 19 – 26.10.2023 година, сториле продолжено кривично дело Противзаконито ослободување на лице лишено од слобода по чл.373 в.в. со чл.22 од КЗ. Осомничените во текот на престојот на осуденикот како соизвршители, додека биле на смена, го ослободувале осуденото лице кое им било доверено на чување, кое непречено без придружба ја напуштало здравствената установа и по повеќечасовно отсуство се враќало назад.“, се додава во соопштението.За овие 11 лица, се бара забрана за напуштање на живеалиште, привремено јавување на суд и одземање на патна исправа.

Македонија | пред 1 година

DSC_0052

Лажејќи дека е вработен во АНБ рекетирал управител на фирма: му земал три автомобили, телефони, пари - а сега заврши во притвор

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Изнуда од член 258 и Лажно претставување од член 391 од Кривичниот законик.„Во период од 14.12.2023 до 05.05.2024 година, пријавениот лажно се претставувал како службено лице – вработен во Агенцијата за национална безбедност и со сериозни закани присилил едно оштетено лице да му даде пари, накит, автомобили и други добра во вкупен износ од околу 180.000 евра.Претставувајќи се како вработен во АНБ и посредник за исплата на долг, осомничениот на оштетениот 54-годишник, управител на фирма, му вршел притисоци со закани за неговиот и животот на неговото семејство, па во повеќе наврати му земал парични средства, три автомобили, два мобилни телефони, златни прстени и друг накит“, велат од Обвинителството.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и веројатност да ги повтори делата. Судијата го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.Categories

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-02-at-13.21.26

Пресуда: Затворски казни за грабнувањето на Самоил, внукот на Бошковски

Првообвинетиот Виктор Милановски за грабнувањето на Самоил Костадиновски (внук на Љубе Бошкоски) доби пет години и десет месеци затвор, а второобвинетиот Саша Челикиќ доби две години и два месеци. Двајцата се прогласени за виновни од судијката Славица Наумова-Јосифовска оти го сториле делото „грабнување“.Според судијката, Обвинителството докажало дека заедно со лицето кое се наоѓа во бегство и други непознати лица, извршиле грабнување на едно лице, со закана дека ќе го лишат од живот. Намерата им била да го натераат оштетениот да плати претходно украдена наркотична дрога – роба во количина од 4 килограми.Обвинителството побара да се продолжи и притворот за Милановски, а за Челикиќ да се определи куќен притвор.

Македонија | пред 1 година

Untitled-1

Ексклузивно, нова пресуда од Апелација: Камчев не е оштетен во „Рекет“, сега треба да им плати на Катица Јанева и Боки 13

Бизнисменот Орце Камчев не е оштетен, а сега ќе треба да им плати и трошоци за тоа што ги тужеше Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева, одлучи Апелациониот суд-Скопје, дознава „Скопје1“. Апелација целосно ја потврди пресудата која ја донесе судијата Андреј Димовски од Граѓанскиот суд, кој го одби тужбеното барање на Камчев кој бараше да му се вратат 1,5 милиони евра од предметот „Рекет“. Сега, Камчев ќе треба да им плати на Боки 13, Катица Јанева и државата, за судските трошоци кои им ги предизвикал со тужбата.„Пресудата на Основниот граѓански суд-Скопје се потврдува. Се задолжува тужителот Јордан Камчев од Скопје да му плати на првотужениот Бојан Јовановски трошоци за одговор на жалба во износ од 49.702 денари, на второтужената Катица Јанева трошоци за одговор на жалба во износ од 52.702 денари, на Република Северна Македонија, СЈО, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, трошоци за одговор на жалба во износ од 74.552 денари“, стои во дел од пресудата.Апелација смета дека судијата Димовски пресудил правилно кога ја донел одлуката во која меѓудругото наведе дека: „Кривичниот законик предвидува случаи кога конфискуваното му се враќа на оштетениот, меѓутоа, ова не е таков случај. За конкретното кривично дело, примање награда за противзаконито влијание, природата на кривичното дело и лицата инволвирани во кривичното дело, за нив Кривичниот законик не предвидува својство на оштетен“.Судењата за овој предмет во Граѓанскиот суд поминаа со караници и низа докажувања. Боки 13 му посочуваше на Камчев парите да ги бара кај обвинителката Вилма Русковска која го водеше случајот „Рекет“. Камчев пак, објаснуваше како ги дал парите, во колку наврати, од каде биле извадени.Ексспецијалната обвинителка Катица Јанева посочи дека ниту во кривичниот предмет „Рекет“ не била гонета дека земала дел од милионот. Караници имаше и кога сведок беше Кристина Камчева-Стојческа, сестра на Орце Камчев. Во тужбата беше опфатен и Зоран Милески-Кичеец, за кого Камчев ја повлече тужбата.

Македонија | пред 1 година

zan-mitrev

Обвинителството за Жан Митрев: Има обиди да се врши притисок врз сведоци, да се дискредитира обвинението - но нема да влијае врз постапката

Надлежниот јавен обвинител од ОЈО Скопје е во завршна фаза со изведување на обемниот доказен материјал во предметот за кривично дело – Измама против сопственик на приватна здравствена установа и против клиниката. Во текот на доказната постапка, обвинителството изведе материјални и вербални докази, мислења на стручни авторитети, како и докази за јавни настапи со кои обвинетиот лажно ги презентира фактите во однос на употребата на хемофилтрацијата.„Во текот на изведувањето на доказите, обвинителството беше и останува воздржано во однос на јавно пласираните целосно лажни информации за текот на судската постапка, цврсто држејќи се на ставот дека своите аргументи ќе ги изложува единствено во судницата, со максимално почитување на Законот за кривична постапка.Меѓутоа, од почетокот на судскиот процес, преку медиуми во кои како огласувач се јавува обвинетото правно лице, се забележуваат обиди да се врши притисок врз сведоците и врз предметниот јавен обвинител со цел да се дискредитира обвинението кое е поткрепено со докази во однос на сите елементи на кривичното дело кое се става на товар на обвинетите. Наведените објави се неверодостојни, односно не одговараат на вистинскиот тек на судската постапка и на содржината на исказите дадени пред судот, а дел од сведоците реагираат дека им предизвикуваат вознемиреност и ги чувствуваат како форма на притисок.Поднесениот обвинителен акт во овој предмет веќе ја помина првата проверка на судот во однос квалитетот и дозволеноста на предложените докази и во целост беше одобрен од судијата за испитување на обвиненија.Во тековни постапки кои се уште не се завршени и кога се уште се испитуваат сведоци и оштетени, важно е јавноста да биде објективно информирана. Одговорноста за изнесување ставови во врска со текот на судска постапка е уште поголема за претставници од стручната правна фела, кои во конкретниот случај коментираат и заземаат став во корист на обвинетиот со произнесување околу докази кои се уште не се изведени пред судот, а без притоа воопшто да присуствуваат на судските рочишта.Еден дел од ваквите објави содржат директни навреди и обиди за дискредитација на надлежниот јавен обвинител што заедно со многубројните обиди на одбраната за одолговлекување на постапката, само укажува на силата на доказите изведени до сега пред Судот.Основното јавно обвинителство Скопје е целосно уверено дека намерното лажно претставување на исказите на сведоците и отворените јавни притисоци во овој предмет нема да влијаат врз исходот на постапката и дека судот ќе донесе мериторна одлука врз основа на изведените докази. Следното судско рочиште е закажано за понеделник, 8 април“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 1 година

IMG_9378.00_00_03_29.Still002

Укината пресудата за Боки 13 и Меѓународен сојуз, потврдена ослободителната за Фросина Ременски - Апелација одлучи по жалбите

Укината пресудата за „Меѓународен сојуз“, каде обвинет и осуден беше Бојан Јовановски-Боки 13. Апелација одлучи да ја потврди ослободителната пресуда за експратеничката и потпретседател на СДСМ, Фрозина Ташевска-Ременски. Ваквата одкука доаѓа поради суштествени повреди, а по жалбите кои беа поднесени од обвинетите.„Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-153/22, во јавноста познат како „Меѓународен сојуз“, по одржана јавна седница и разгледување на списите во предметот, пресудата, изјавените жалби, предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје, како и усмените наводи изнесени на јавната седница, на 24.01.2024 година, а по извршено советување и гласање на ден 02.02.2024 година, донесе пресуда со којаделумно ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје и на обвинетиот М.J. од С. на начин што пресудата на Основниот кривичен суд Скопје КОК.бр.49/20 од 07.04.2022 година:- ја потврди во ослободителниот дел по однос на обвинетите Ф.Т.Р. и Х.Б. двете од С. за кривично дело Измама од член247 став 4 в.в со став 1 и в.в. со член 24 од Кривичниот законик и- ја преиначи во осудителниот дел - делот на одлуката за кривичната санкција по однос на обвинетиот М.Ј. од С., за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик со што обвинетиот М.Ј. од С. се осудува на казна затвор во траење од 1-една година“, вели Апелација.Апелација образложува за предметот.„Истовремено, Апелациониот суд Скопје, со решение ги уважи жалбите на обвинетите Б.Ј., Ј.Е., Х.Б. и обвинетото правно лице М.С., сите од С. и по повод жалбите и по службена должност пресудата на Основниот кривичен суд Скопје КОК.бр.49/20 од 07.04.2022 годинапод став I од изреката по однос на обвинетиот Б. Ј. од С., за кривично дело Измама од чл.247 ст.4 в.в. ст.1 и в.в со чл.45 од Кривичниот законик и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 од Кривичниот законик, обвинетата Ј. Е. од С., за кривично дело Измама од чл.247 ст.4 в.в. ст.1 и в.в со чл.24 од Кривичниот законик и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 и в.в. со чл.24 од Кривичниот законик, обвинетата Х. Б. од С., за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 и в.в. со чл.24 од Кривичниот законик, обвинетиот М. Ј. за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 и в.в. со чл.24 од Кривичниот законик и обвинетото правно лице А.З.Ц.О.С.З.К- М С. од С.– Ц., за кривично дело Измама од чл.247 ст.8 в.в. ст.4 в.в. ст.1 од Кривичниот законик, ја укина и предметот во тој дел го врати на повторно судење пред првостепениот суд. Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите“, додаде Апелација.Претходно, Боки 13 пред Апелација укажа дека бара фер судење, а не милост.И адвокатот Владимир Туфегџиќ посочи дека доказите и пресудата зборуваат за различни факти.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Максим Димитриевски на обвинителна клупа, вели случајот е фарса

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски и кандидат за претседател, седна на обвинителна клупа.Ова е прво рочиште во случајот во кој се товари дека не издал дозволи за градење за висококатници во Куманово.За Димитриевски ова е монтиран случај, според него има стручно мислење од експерти за случајот, кое обвинителот не го зел предвид.Обвинението против Димитриевски е по претходна кривична пријава од две кумановски фирми поради неиздавање градежна дозвола за изградба на висококатници, и покрај тоа што, како што се тврди биле исполенти сите законски услови за градба. Според бизнисмените Димитриевски не ги почитувал законите и одлуките на Уставниот суд. Тврдат дека со ваквите постапи претрпеле штета од 55 000 евра.Рочиштетото против Димитриевски денеска беше одложено, бидејќи одбраната побара време за новите докази кои кумановското обвинителство ги предложи пред судот.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања