Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

судскипостапки

marjan-dokaz-m

Марјан Доказ ослободен од обвинувањата дека правел рекет и уцена

Марјан Стаменковски, сопственикот на порталот „ДоказМ“е ослободен од обвинението за рекет и уцена во обид, бидејќи ги немало сите елементи на кривичното дело, одлучила Апелација.Стаменковски се гонеше дека уценувал поранешен директор на Царина, а се бранеше дека сите информации ги добивал од обвинителите Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев, кои ги нарекуваше свои „соработници“.Првиот човек на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, против двајцата обвинители Фетаи и Рајчев во мај 2023 година поднел кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и злоупотреба на лични податоци, но се уште нема обвинение против двајцата обвинители. Хајрулахи во поднесол известување во форма на кривична пријава до тогашниот јавен Јавниот обвинител, Љубомир Јовески, за да се определи друго ОЈО надвор од надлежноста на Вишото, но до завршување на неговиот мандат нема епилог. Сега предметот е во Обвинителството во Битола.За ширење на расистички и ксенофобичен материјал на интернет и уцена и злоупотреба на лични податоци, Стаменковски доби 3 години и 1 месец казна затвор.За околу една година од сега, Стаменковски целосно ќе ја отслужи затворската казна.

Македонија | пред 1 година

DSC_0052

Скопјанецот на чекор до притвор: Децата што завршија на Токсикологија испиле лекови со алкохол, им биле дадени за добро расположение

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишник осомничен за – Тешки дела против здравјето на луѓето, според член 217 став 1 од Кривичниот законик, а во врска со член 212 став 1, како и за кривично дело – Излагање на опасност според член 134 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, додека на 11 јули во вечерните часови во неговиот дом престојувале четири деца на возраст од 15 до 17 години, ставил во промет лекови што се штетни за здравјето.Тој заедно со децата почнал да конзумира алкохол и во текот на вечерта извадил лекови “тергатол 200 мг”, “запира 10 мг” и “дијазепам 5 мг” кои ги користел за одвикнување од зависност од алкохол и кои им ги понудил на малолетниците да ги испијат за подобро расположение.Им дал да испијат поголемо количество од лековите во комбинација со алкохолот, иако бил свесен за штетната последица што може да настапи и со тоа тешко им го нарушил здравјето.Следниот ден попладнето полициски службеници ги пронашле оштетените деца во неговиот дом во бессознание и со сериозно влошена здравствена состојба. Со возило на итна медицинска помош биле префрлени на Клиниката за токсикологија, каде што кај децата било констатирано високо присуство на бензодијазепини во крвта.Осомничениот претходно станал и во дневната соба ги затекнал децата како лежат во сериозно влошена здравствена состојба која претходно самиот ја предизвикал, но и покрај тоа ги оставил без помош.Надлежниот јавен обвинител оцени дека се исполнети законските основи и до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Македонија | пред 1 година

jildiz-veaposka

Уште колку бебиња и родилки да умрат, за да се дојде до правда, прашува Ваепоска која остана без органи, а нема одговорност за докторот

Одложено денешното рочиште за родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска, на која и беа извадени матката, јајникот и бубрегот при царски рез во бооница во Струга.Судењето е одложено бидејќи во струшкиот суд не стигнало супервештачењето кое го прават вешти лица од високообразобни и високонаучни институции.„Двајца судии се пензионираа, третиот судија е во тек на мојот случај, но дали ќе го заврши или ќе треба и четврти судија? Тоа ќе биде катастрофа. Толку исчекување правда е многу долг период. И психички и физички и финансиски сум исцрпена. Колку бебиња треба да умрат, колку родилки треба да умрат или да останат како мене половина човек за да се дојде до правдата? Колку години му треба на судот да донесе одлука? Четири години поминаа откако настана мојот случај и уште чекам правда“, вели родилката од Дебар.По повеќе од две години низ судските лавиринти и тројца судии кои го водеа судскиот процес, Веапоска стравува дека постапката може повторно да се врати на почеток, оти последниот судија, Јордан Јованов од Скопје, е делегиран до 5 септември.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-09-22-at-08.21.48

Одложено судењето за случајот со спортските ваучери на АМС

За денес беше закажано судењето за случајот со спортските ваучери на Агенцијата за млади и спорт. Но судењето е одложено за 9 јули, бидејќи на првото рочиште денеска не се појави првообвинетиот Дарко Каевски.Како што информираше адвокатот на Каевски, тој е на домашно лекување по оперативен зафат на тетивата.Покрај Каевски на обвинителна клупа ќе седнат и директорот на АМС, Наумче Мојсовски и претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димевски, потоа Огнен Стојановски, Ѓорѓи Тасев, Наташа Смилевска, Бејтула Емини, Дриљон Леши, Мијази Елмазов, Иван Миновски, Даниел Каров и Сашо Поповски.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-40-1670PM

Пропадна рочиштето за „Синџир“: обвинет бил отсутен, ако не дојде следниот пат ќе добие построги мерки за обезбедување присуство

,,Денешната главна расправа за предметот со КОК бр. 61/24 во јавноста познат како „Синџир“ се одложи поради отсуство на едно од 32 обвинети правни и физички лица во предметот.Расправата е презакажана за 08.07.2024 година во 10:00 часот за што странките во постапката беа известени на денешното рочиште на кое воедно и на бранителот на отсутниот обвинет му беше посочено да го извести својот властодавец, а во случај на негово повторно отсуство на следната расправа, со претходна уредна достава на покана, превентивните мерки ќе бидат заменети со построги, со оглед да се работи за притворски предмет од јавен интерес.”, имформираат од Основниот кривичен суд во Скопје.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-39-9960PM

Шестмина од обвинетите во „Синџир“ признаа вина и се спогодија со Обвинителство, во буџетот вратени речиси еден милион евра

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) преку писмено соопштение информираше дека шестмина од обвинетите лица и фирми нема да бидат дел од судската постапка бидејќи веќе ги признале делата и им се изречени осудителни пресуди, по претходна спогодба. Почетокот на судскиот процес за случајот „Синџир“ е закажан за денеска во Основниот кривичен суд во СкопјеОд Обвинителството велат дека со постигнатите спогодби, кои биле прифатени од судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, на шестмината обвинети им се изречени условни казни, а во буџетот на државата се вратени речиси 1 милион евра.Во случајот „Синџир“ со истрагата беа опфатени 26 лица, сопственици и управители на 28 фирми, осомничени дека создале шема за даночно затајување, преку која со издавање на фактури со ДДВ за наводно извршени набавки, кои не постоеле, го оштетиле државниот буџет за околу 8 милиони евра.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-11-14-at-20.02.37

Миле Јанакиески излегува на слобода по шест години

По шест години, денеска, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, излегува на слобода.Јанакиески од ноември 2018 година до денеска издржуваќе куќен и ефективен притвор. Потоа, беше спроведен во затворот „Идризово“ каде издржуваше казна за случајот „Титаник“ на СЈО, а потоа беше пренесен во затворот „Скопје“ каде беше до денеска.Од формирањето на СЈО, Јанакиески го гонеа во неколку судски случаи. Тој секојдневно со полиција беше носен и враќан од суд. По бегството на Груевски, заврши во притвор без докази. За незаконскиот притвор се произнесе и Европскиот суд.Јанакиески беше спроведуван на суд и на сила, по барање на судијата Осман Шабани.Во 2019 година, ексминистерот и осуден, Јанакиески, беше претен во затворот „Скопје“ заедно со Спиро Ристовски, поради што заврши во болница.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-22-at-16.08.20

Боро „Марлборо“ се спогодил за затворската казна, истиот ден кога им ја скрои судбината на судијата и членот на СЈО

Ексградоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев кој во јавноста го доби прекарот Боро Марлборо, се спогоди со Обвинителството за гонење организиран криминал и корпуција за предметот во кој се гони за продажба на дрога, дознава „Скопје1“. Според судски извори, обвинителката предложила Стојчев да биде осуден на 5,3 години затвор, санкција која судијата ја прифатил и му ја изрекол.Стојчев е лицето чиј син го пријави врховниот судија Наке Георгиев за примање награда за противзаконито влијание, заедно со членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети. Георгиев беше затекнат со 10.000 евра во него и уапсен од полицијата. Според информации на „Скопје1“ ова е истиот ден кога Стојчев бил и правосилно осуден.Со спогодбата која ја направил со обвинителката, Стојчев признал дека продавал марихуана во повеќе наврати, на повеќе места. Со дрогата тргувал заедно со други лица кои се обвинети во предметот.Затворската казна за која се спогоди Стојчев е речиси и најниската која може да ја добие, согласно Кривичниот законик. Тој се гони за неовластено пуштање во промет на наркотични дроги, дело извршено со мрежа на препродавачи – за кое е предвидена казна од најмалку пет години. Стојчев доби три месеци повеќе од најниската.Тој издржува притвор во затворот „Скопје“ во Шутка. Екипата на подкастот „Претрес“ влезе таму и вечерва во 21 часот ви носи најнови информации поврзани со неговиот престој, здравствената состојба и нечуени детали.

Македонија | пред 1 година

koapfsd

Судијата Наке Геориев оди во Шутка: одреден му е 30-дневен притвор

Судија на претходна постапка му одреди 30-дневен притвор на врховниот судија Наке Георгиев, дознава „Скопје1“. Тој е осомничен за тргување со влијание, за што полицијата соопшти дека го фатиле со 10.000 евра на лице место, по што го уапсиле.Според судот, оправдани се сомневањата на обвинителката дека тој може да се даде во бегство, да прикрива докази или да го повтори делото.Тој ќе биде спорведен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка.

Македонија | пред 1 година

fgdgsdfg

И обвинител вплеткан во земањето 10.000 евра со судијата: синот на ексградоначалникот пријавил и второ лице

Обвинител, член на Советот на јавни обвинители е вториот пријавен во случајот каде врховниот судија Наке Георгиев е осомничен за земање на 10.000 евра со цел вршење на противзаконито влијание, дознава „Скопје1“. Пријавата за ова лице доаѓа од страна на синот на ексградоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, кој пак, одлежува затворска казна за трговија со марихуана.Засега кај него немало претреси - обвинителот се обидува да дојде до докази.Станува збор за лице кое е поранешен обдусман, но и министер за правда во периодот на широката владејачка коалиција, за време и по воениот конфликт во 2001 година. Во 2003 година, тој беше и втор мандат министер за правда, во првата Влада на СДСМ и на ДУИ, а краток период беше и член на Уставниот суд.Од 2020 година, овој обвинител е дел од Советот на јавни обвинители.Повеќе информации во текот на денот.Претходно: 

Македонија | пред 1 година

51345134

Врховниот судија Наке Георгиев однесен во станица, пред Врховен неуиниформирани полицајци

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за „Скопје1“ потврдува дека врховниот судија Наке Георгиев е задржан на распит во полициска станица. Според информации на „Скопје1“ тој околу 17 часот е донесен во полициската станица во Кисела Вода, со полициско присуство.„Во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО-ГОКК, МВР презема дејствија“, велат кратко од ОЈО-ГОКК и најавуваат информации во текот на утрешниот ден.Крим-полицајци има и пред зградата на Врховниот суд ова попладне. Засега не се открива каде е уапсен Георгиев, освен дека тоа било во Скопје.Претходно, „Скопје1“ објави дека Георгиев е уапсен поради сомнежи за тргување со влијание за судски предмет во Врховниот суд.

Македонија | пред 1 година

51345134515

Врховниот судија бил фатен на лице место додека примал 10.000 евра - детали од МВР

Денеска (20.05.2024) лишен од слобода е судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело  „Примање награда за против законито влијание", велат од МВР за „Скопје1“.Тие додаваат: „Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител“.Според неофицијални информации, тој бил фатен со 10.000 евра.„Скопје1“ веќе објави детали:Повеќе и на следниот линк: 

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-20-at-18.33.08

Како врховниот судија се заплетка со 10.000 евра: пријавата е од роднина на ексградоначалник

Близок рoдонина на ексградоначалник кој одлежува затворска казна е лицето кое го пријавило врховниот судија, Наке Георгиев за примање награда за противзакотино влијание, дознава „Скопје1“. Според информациите на нашата редакција, биле побарани 10.000 евра за да се влијае врз судска постапка однсоно за нејзино олесување во полза на ексградоначалникот.Пријавата за парите кои биле побарани стигнала полицијата, по што, во точно утврдено време и место, кога се случувало примо-предавањето, судијата бил затекнат. Во тој момент, по насоки од јавен обвинител од Обвинителството за гонење организиран криминал и коруцпија, била дадена насока на полицајците судијата да биде однесен во станица, а банкнотите да бидат одземени. Тие ќе бидат дадени на вештачење.Според информации на „Скопје1“, судијата Георгиев бил затекнат во сторување на кривично дело околу 15 часот. Во полициска станица е однесен околу 17 часот, каде што ќе биде задржан. Тој ужива судиски имунитет, на кој може да се повика, а да му биде симнат само доколку така одлучи Судскиот совет. Засега во највисокото судско тело, нема закажано итна седница од страна на претседателката Весна Дамова.Кривичното дело за кое се сомничи Георгиев е примање награда за противзаконито влијание. Битието на делото ќе биде исполнето кога некој за себе ќе прибави противправна имотна корист, на начин што, со своето претпоставено влијание ќе го натера другиот да стори противправно дејствие во одредена постапка или процес.„Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител“, велат кратко од МВР.Од Обвинителството за „Скопје1“ посочуваат дека акцијата е со нивна координација.„Во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО-ГОКК, МВР презема дејствија“, велат кратко од ОЈО-ГОКК и најавуваат информации во текот на утрешниот ден.Сопругата на Георгиев е обвинителка од Струмица, а неговиот син заврши академија за судии и јавни обивнители, па стана судија во Кривичен суд. Судиската кариера ја почнува во основиот суд во родната Струмица од каде продолжува во штипска апелација како судија, а подоцна и претседател и од 2020 е врховен судија.Георгиев имаше и обид да стане член на Судски совет. Тој беше единствен кандидат од Врховниот суд. На гласањето тој доби повеќе чкртаници и неважечки гласачки ливчиња отколку гласови – но беше избран. Потоа поднесе оставка за да нема судир на интереси и син му да стане судија.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-21-at-00.09.35

Јавноста надвор: Судски совет ќе му го чува угледот на врховниот судија Георгиев, за инунитетот и притворот ќе зборуваат сами во четири ѕида

Со десет гласа „за“, членовите на Судскиот совет ја исклучија јавноста односно медиумите од седницата на која се одлучува за одземање на имунитетот на врховниот судија Наке Георгиев. Според мнозинството судии, на Георгиев може да му се наруши неговиот углед. Во салата беше присутна екипа на МИА, која беше отстранета.„Благодарам на јавноста, но законската обврска не дозволува понатаму следење“, рече претседателка Весна Дамева.На седницата се одлучува за симнување на имунитетот на Георгиев, по барање на Кривичниот суд, со цел определување на мерка притвор„Расправа по барање на Кривичен суд, за одземање на имунитет на судија и одобрување на притвор за судија“, рече Дамева.Судијата бил лишен од слобода на самото место додека го извршувал кривичното дело, наведуваат од Министерството за внатрешни работи.Како што објави „Скопје 1“, Наке Георгиев, бил фатен со 10 000 евра. Тој бил пријавен од лице кое тврдело дека му бил баран поткуп во врска со судски случај. Наводно ветувал олеснителни околности во случајот против поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев поврзан со трговија со марихуана.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-21-at-00.07.21

Врховниот судија Георгиев по 10.000 евра остана без имунитет, може да оди во притвор, а оддалечен е и од работното место

Врховниот судија Наке Георгиев остана без судиски имунитет, а Судски совет со ваква одлука ги отвори вратитњ тој да оди во притвор. Ова е конечната одлука од вчерашната седница која се одржа зад затворени врати на полноќ.„Се одзема имунитетот на врховен судија заради непречено водење на кривичната постапка. Се одобрува барањето за одобрување на мерката притвор за судија на Врховен суд поднесено од судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје. Времено се одалечува од вршењето судиска функција, судија на Врховниот суд до правосилно решавање на кривичната постапка“, соопштија вечерва од Судскиот совет.Георгиев е фатен со 10.000 евра мито, за кое според истрагата, ги земал за да врши противзаконито влијание. Парите ги земал од синот на ексградоначалникот на Ново Село, кој одлежува затворска казна во затворот „Скопје“. Сѐ е работено од страна на МВР во координација со обвинител, по претходна пријава. МВР веќе објави дека судијата е фатен на лице место со парите.Пријавата е од синот на ексградоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев кој одлежува казна за шверц на марихуана.Според информации на „Скопје1“, судијата Георгиев бил затекнат во сторување на кривично дело околу 15 часот. Во полициска станица е однесен околу 17 часот, каде што ќе биде задржан.Кривичното дело за кое се сомничи Георгиев е примање награда за противзаконито влијание. Битието на делото ќе биде исполнето кога некој за себе ќе прибави противправна имотна корист, на начин што, со своето претпоставено влијание ќе го натера другиот да стори противправно дејствие во одредена постапка или процес.Сопругата на Георгиев е обвинителка од Струмица, а неговиот син заврши академија за судии и јавни обивнители, па стана судија во Кривичен суд. Судиската кариера ја почнува во основиот суд во родната Струмица од каде продолжува во штипска апелација како судија, а подоцна и претседател и од 2020 е врховен судија.Георгиев имаше и обид да стане член на Судски совет. Тој беше единствен кандидат од Врховниот суд. На гласањето тој доби повеќе чкртаници и неважечки гласачки ливчиња отколку гласови – но беше избран. Потоа поднесе оставка за да нема судир на интереси и син му да стане судија.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања