Кумановката Гордана Филиповиќ која го прегази 76-годишниот пешак Слободан Анѓеловски со нова теорија на случај се обидува да дојде до слобода. Таа е осудена на три години, а правда бара на Апелација. Таму, беше посочено вештачење со кое Филиповиќ тврди дека пешакот бил удрен од друго возило, а како резултат на тоа, тој паднал и таа го прегазила. Ваква теорија на случај не беше презентирана во Кривичниот суд, каде таа беше огласена за виновна.
На јавната седница, адвокатите на неправосилно осудената бараат нивното вештачење да има поголема вредност од вештачењето на Обвинителството, оти го правеле со најнови методи. Притоа, од обвинетата се побара и супервештачење и повторување на судската постапка.
Истовремено, Обвинителството бара Апелација да изрече повисока казна за Филиповиќ, со оглед на прекршоците кои ги направила, а кои резултирале со прегазување на пешакот и смртен исход. Таа доби три години затвор, казна која е под законскиот мимумим.
Претходно, во октомври минатата година, скопскиот Кривичен суд денеска ја прогласи за виновна, кумановката Гордана Филиповиќ и ѝ пресуди тригодишна затворска казна за сообраќајната несреќа од јануари 2022-ра година кога на пешачки премин беше прегазен и загина 76-годишниот пешак Слободан Анѓеловски.
Несреќата се случи на преминот пред мостот Гоце Делчев, а Филиповиќ не застанала на преминот по кој се движел Анѓеловски. Гордана Филиповиќ е мајка на Јелена која претходно настрада во сообраќајна несреќа на 17-годишна возраст во возило управувано од пијан и дрогиран возач.
Судијката Елена Јосифовиќ денеска посочи дека како отежнителна околност е земено тоа што не застанала на пешачкиот премин иако веќе две возила чекале да помине пешак, а воедно и тоа што имала забрана за управување со моторно возило во моментот кога се случила трагичната несреќа. Отежителна околност според судот била и зачестеноста на ваквите кривични дела.
Три години затвор за кумановката Филиповиќ која усмрти пешак кај МНТ - казната е под минимумот
Казна затвор под минимумот доби кумановката Гордана Филиповиќ, која усмрти пешак кој поминуваше на пешачки премин пред мостот „Гоце Делчев“ во Скопје. Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ и изрече казна затвор од три години и пет години забрана за управување на моторно возило. Адвокатката на семејството на усмртениот Слободан Ангеловски, велат дека настрана од казната, ќе бидат најзадоволни од пресудата кога ќе допридонесе да се случуваат во иднина вакви несреќи.„Немаме право да ја обжалиме пресудата на Апелација. За тоа колку сме задоволни – највеќе ќе бидеме задоволни кога нема да се случуваат вакви сообраќајки. Во поглед на постапката беше коректно водена, имавме активна улога да предлагаме докази. Сметаме дека во разумен рок и брзо заврши постапка“, адвокат Јована Малезанска за „Скопје1“.Казната од три години која ја изрече судијката Илиевска-Јосифовиќ е под законскиот минимум, бидејќи Кривичниот законик предвидува најмалку четири години затвор за ова кривично дело. Ваквата судска одлука, судијката ја правдаше со олеснителни околности, дека станува збор за млада личност, покажала покајание, коректност, не била осудувана, а и сама изгубила ќерка на сличен начин во сообраќајка.Во јануари минатата година кумановката Филиповска, управувајќи „бмв х5“, го усмрти Ангеловски кај мостот „Гоце Делчев“, а на почетокот на судењето минатиот месец рече дека не чувствува вина. Нејзиниот адвокат најави дека ќе докаже оти најголем придонес за несреќата има покојниот, а Обвинителството, пак, е децидно дека ќе докаже оти вината е кај обвинетата.
Скопје | пред 2 години