ШУКОВА

kaja-sukova

Шукова: Црн чад над Скопје граѓаните бараат одговорност, а не молк

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова остро реагирашеза големиот пожар што попладнево изби во селото Трубарево и беше проследен со серија експлозии.„Скопје повторно под црн чад!Граѓаните пак вдишуваат отров наместо чист воздух. Кој ќе сноси одговорност за труењето на граѓаните?Наместо молк, граѓаните бараат одговори и одговорност. Четири години под раководство на ВМРО-ДПМНЕ во општините сѐ е импровизација. Отпадите и депониите работат без соодветни стандарди за заштита на животната средина и без контрола.ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници им должат одговори на граѓаните и тоа веднаш!Жителите на Скопје имаат право на здрав живот и чист воздух, а не на постојани пожари, чад и труење.Доста е со импровизации и молк. Време е за реални решенија и вистинска грижа за граѓаните"-напиша Шукова на Фејсбук.

Скопје | пред 4 месеци

vardariste-OJO

Шукова: Го повикувам Ѓоргиевски на дуел, Вардариште е резултат на неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Кандидатката на СДСМ за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, обвини дека ВМРО-ДПМНЕ со години ја игнорирале својата надлежност и обврска за решавање на проблемот со Вардариште, нарекувајќи го случајот „екоцид“.„Доста беше бегање од одговорност. Законот е јасен – отпадот е локална надлежност. ВМРО-ДПМНЕ четири години ја игнорираа својата обврска да го решат овој проблем,“ изјави Шукова.Таа посочи дека градоначалниците се директно одговорни за управување со отпадот, јавната чистота, селекција и транспорт на отпадот, како и реализација на проекти и задолжителна соработка со други општини и Градот Скопје.„Орце Ѓоргиевски и ВМРО-ДПМНЕ или го немаат прочитано законот за управување со отпад, или свесно го игнорираат за да ја префрлат вината кога јас бев министер за животна средина. Тоа само зборува колку Ѓоргиевски е неук, а сака да раководи со Скопје,“ рече Шукова.Таа додаде дека Вардариште денес изгледа како „црна еколошка дупка“ поради неработењето на градската администрација и, како што рече, неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска.„Јас и СДСМ знаеме како да го решиме Вардариште – со итно оградување, 24-часовен надзор, расчистување и забрана за пристап, а потоа изградба на затворена, еколошка претоварна станица со систем за селекција, контрола и транспарентност,“ истакна таа.Шукова го повика својот противкандидат, Орце Ѓоргиевски, на јавен дуел за Вардариште. „Нека ги донесе сите негови ‘аргументи’ дека од Вардариште ќе направи парк. Јас ќе ги донесам фактите, законите и резултатите. Граѓаните ќе судат кој има решение, а кој има само празни ветувања и пропаганда,“ порача кандидатката на СДСМ.

Скопје | пред 4 месеци

8901d99c-8d55-47b6-aaac-e64453b35a21

Шукова: Ќе изградиме Конгресен центар и нови содржини за младите во Скопје

Скопје мора да понуди повеќе можности за младите, но и за сите генерации преку дискотеки, културни и музички настани, и центри за забава, порача Каја Шукова, кандидат за градоначалник на Скопје од СДСМ, во гостување на Сител телевизија.„Градот мора да биде целина која нуди квалитетен живот за сите, за децата, младите, возрасните и пензионерите. Нашата визија е да создадеме град отворен за сите, без политички поделби,“ истакна Шукова.Таа најави дека еден од клучните проекти во нејзината програма е изградба на современ Конгресен центар, кој ќе биде домаќин на културни, спортски и музички настани, какви што во моментов нема каде да се одржуваат во градот.„Овој Конгресен центар ќе понуди и простор со повеќе дискотеки и кафетерии, но нема да се наоѓа во централното градско подрачје туку ќе биде во близина на Скопје, со цел да се избегне дополнителен метеж во градското јадро,“ објасни Шукова.Таа нагласи дека градот ќе работи во партнерство со угостителите и граѓаните за да креира современи решенија кои ќе го вратат културниот и забавниот живот во Скопје.

Скопје | пред 4 месеци

sukova

Шукова: До 2028 година со БРТ системот ќе се реши јавниот превоз во Скопје

Кандидатката за градоначалник на Скопје, Александра Шукова, на денешната прес-конференција истакна дека јавниот превоз е една од најголемите слабости на главниот град и најави дека решението е реализација на проектот за брз автобуски превоз (БРТ).„Јавниот превоз во Скопје е една од клучните слабости на Градот! ДПМНЕ и Арсовска ветуваа нови еколошки автобуси, бесплатен јавен превоз и ред во јавниот сообраќај. Денес – нема нови автобуси, а постојните се стари, нечисти, доцнат премногу, а некогаш и не доаѓаат воопшто. Дел од приградските линии се укинати или нередовни. Градскиот јавен транспорт е крајно небезбеден и во колапс,“ рече Шукова.Таа додаде дека решавањето на овој проблем не смее да се одложува. „Тоа е услов за квалитетен живот на сите кои живеат во Скопје. И на тие што се возат и на тие што не се возат. На сите ни треба помалку метеж, добро поврзани општини, побрз, безбеден и одржлив јавен транспорт, транспорт кој не ги труе граѓаните на Скопје,“ нагласи таа.Како идно решение Шукова го најави воведувањето на БРТ-системот. „Како градоначалничка на Скопје итно ќе започнам со реализација на проектот БРТ, кој ќе обезбеди нова модерна мрежа на урбан транспорт преку коридори резервирани само за автобуси. Проектот вклучува и набавка на нови еколошки автобуси и ревитализација на две депоа,“ истакна таа, додавајќи дека за ова се обезбедени 40 милиони евра од Европската банка за обнова и развој.„Гарантирам дека до средината на 2028 година скопјани, од Ѓорче Петров преку Центар до Ново Лисиче, ќе се возат со првата линија на БРТ системот за само половина час – брзо и навреме, без доцнења, без гужви и безбедно,“ рече Шукова.Според најавите, првата БРТ линија ќе биде долга 13 километри во една насока, со 21 автобуска постројка и два терминали, со 29 автобуси кои ќе превезуваат до 65.000 патници дневно.„Ќе работиме и на втората линија север – југ, но и на набавка на нови еколошки автобуси за останатите линии низ градот, со што постојните стари и неефикасни автобуси ќе бидат целосно заменети. БРТ е решението зад кое стојам и кое драстично ќе ја подобри состојбата со автобускиот превоз во Скопје. Ќе почнеме веднаш – за Скопје и за скопјани,“ порача Шукова.

Скопје | пред 5 месеци

Kaja-SDSM-4

Шукова од Карпош: Кејот на Вардар во Карпош ќе биде уреден, осветлен и функционален

Потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, заедно со кандидатката за градоначалничка на Општина Карпош, Маја Мојсова, одржаа средба со жителите на скопската населба Карпош, на која што се разговараше за нивните предлози за подобрување на условите за живот во оваа општина, а воедно и за кејот на Вардар во делот на општината Карпош.Граѓаните реагираа дека овој дел од кејот на Вардар денес е комплетно запуштен, небезбеден и недостоен за жителите, и покрај ветувањата на градската власт во изминатите 4 години дека просторот ќе се уреди.На средбата, Шукова посочи дека моменталната состојба на оваа локација е резултат на неодговорното владеење и незаинтересираноста на ВМРО-ДПМНЕ.„Наместо простор за одмор, рекреација и дружење, денес кејот покрај Вардар во Карпош е руина и мрак, небезбедно и запуштено место. Директен виновник се четирите години неодговорно и штетно владеење со Скопје на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Шукова пред присутните граѓани.Притоа, Шукова потсети дека беа ветени 30 милиони денари за уредување и зазеленување на овој простор, но не е реализирано буквално ништо.„Нема ништо, ниту патеки, ниту клупи, ниту осветлување, ниту парк, ниту спортски содржини. Кејот на Вардар, овде во Карпош, со Маја ќе го уредиме – ќе биде осветлен, безбеден, зелен и функционален“, рече Шукова.На средбата со граѓаните, Шукова нагласи дека Скопје не смее да биде заложник на бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ, Скопје може и заслужува поинаку, додаде Шукова.

Скопје | пред 5 месеци

SukovaAcevski1

Шукова и Ацевски: Приоритет за Ѓорче Петров ни е решавање на проблемот со водоснабдувањето

Кандидатката за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, денес заедно со Костадин Ацевски, кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров од СДСМ, ја најавија реализацијата на еден од најважните инфраструктурни проекти за општината, решавање на проблемот со водоснабдувањето.„Денес во Ѓорче сме со Каја Шукова за да заеднички го адресираме еден од најгорливите проблеми со кои секојдневно се соочуваат жителите на нашата општина, проблемот со водоснабдувањето,“ изјави Ацевски. Тој нагласи дека „проблемот со притисокот на водата е алармантен“ и дека „во голем дел од Ѓорче, притисокот е до толку слаб, што граѓаните буквално добиваат вода капка по капка.“Шукова посочи дека решавањето на овој проблем ќе биде врвен приоритет веднаш по преземањето на функцијата. „Како идна градоначалничка на Скопје, решавањето на проблемот со водоснабдувањето во Ѓорче Петров ќе биде еден од моите врвни приоритети,“ рече Шукова.Таа потенцираше дека решението е веќе подготвено: „Проектот 'Оризарски рид' веќе постои. Изготвен е од Градежниот институт на Македонија и има позитивна ревизија од ЈП Водовод и канализација.“ - посочи Шукова.Проектот, според Ацевски, чини околу 3 милиони евра и опфаќа директен убод во главната водоводна линија со профил Фи 1600, изградба на пумпна станица и резервоар и поставување на потисен и повратен цевковод. „Ова е сериозен технички зафат што еднаш засекогаш ќе го реши проблемот со слабиот притисок на вода во нашата општина,“ изјави Ацевски.Тие нагласија дека досегашното неажурирање на овој проект е директна последица на блокадите од страна на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-26-at-19.09.41

Шукова: На Скопје му требаат затворени и модерни пазари, ова е еден од моите проекти за градот

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денес го посети пазарот во Тафталиџе заедно со Маја Мојосова, кандидатка за градоначалничка на општина Карпош.„Денес бевме на пазарот во Тафталиџе заедно со Маја Мојосова, нашата кандидатка за Карпош. Ги слушнавме од прва рака проблемите на пазарџиите,“ изјави Шукова.Таа посочи дека условите за работа се лоши, особено при екстремно високи температури.„На вакви пеколни температури тешко се седи цел ден на тезга, немаат услови, но мораат да бидат таму. Работат напорно, чесно, и заслужуваат подобри услови за работа.“Клучното барање кое било истакнато од страна на продавачите е јасно:„Најчестото барање што го слушнавме беше едноставно – затворен пазар со нормални услови за работа.“Во таа насока, Шукова истакна дека решението е веќе дел од нејзината програма.„Во мојата програма имам конкретни проекти за затворање и модернизација на градските пазари. Пазарите ќе бидат живи, безбедни и функционални простори и за продавачите и за купувачите.“ - изјави Шукова.

Македонија | пред 6 месеци

Kaja-SDSM-1

Шукова: Скопје повторно ќе го издигнеме, со љубов кон градот и заедништво

Потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, денеска испрати силна и емотивна порака до скопјани, по повод 62-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди градот во 1963 година.Шукова потсети на солидарноста и заедништвото со кои Скопје беше изградено одново и порача дека токму тие вредности мора повторно да го поведат градот напред.„Скопје беше повторно изградено со срце, со волја и пред сѐ со солидарност. И токму заедништвото и искрената љубов кон градот се двете сили кои единствено можат да го водат овој град напред. Денес, ни се потребни повеќе од било кога“, изјави Шукова.Кандидатката за градоначалничка остро се осврна на изминатите четири години од актуелното локално раководство, обвинувајќи го за неспособност и занемарување на интересите на граѓаните.„Скопје изминатите четири години беше силно погодено од неспособност, лични интереси и негрижа. Духот на Скопје се рушеше и обезличуваше секој ден, оставајќи ги скопјани немоќни пред партиските интереси“, рече Шукова.Таа истакна дека како иден градоначалник ќе работи со чесност и одговорност, посветена на граѓаните.„Никогаш како градоначалничка нема да дозволам личните, партиските и било кои други интереси да го уништат градот. Ветувам дека во работата ќе ме водат двете сили кои во 1963 го издигнаа Скопје под рушевините – силата на љубовта кон градот и силата на заедништвото со секој од вас“, порача таа.Шукова заклучи дека Скопје заслужува повеќе и повика на нов почеток.„Градот што го преживеа најтешкото, заслужува повеќе. Ние сите заслужуваме повеќе бидејќи го сакаме овој град. Скопје може подобро и ќе биде подобро. Затоа што Скопје сме сите ние. Време е да му дадеме нова сила. Време е да ги земеме работите во свои раце“, истакна Шукова.СДСМ најавува кампања што ќе понуди реални решенија за сите предизвици со кои се соочува Скопје и визија за град кој им припаѓа на своите граѓани.

Македонија | пред 6 месеци

Kaja-Intervju

Шукова: Македонски јазик и идентитет се дел од Европа и светот и за тоа нема дискусија

Ние подолго време потенцираме дека македонскиот јазик и идентитет се јасно препознаени од Европската унија и се дел од Преговарачката рамка и тоа не е прашање за коешто треба да дискутираме и да отвараме нови рани или нови боишта, истакна потпретседателката на СДСМ Каја Шукова во емисијата „Аргумент плус“ на телевизија 24.Шукова нагласи дека владата предводена од СДСМ претходно, успеа тоа да го затвори тоа прашање, а како што е познато потпишан е Договор со ЕУ на македонски јазик, што самото по себе кажува дека во однос на идентитетот и на јазикот нема што да се дискутира.„Ние знаеме кој народ сме, ние знаеме на каков каков јазик зборуваме, Европа го призна тоа Обединетите нации го признаа“, рече Шукова, додавајќи дека секогаш имало и ќе има такви коишто ќе се обидуваат да разгоруваат национални прашања и во Македонија и пошироко на Балканот.Шукова нагласи дека треба да се фокусираме на она што е битно за државата, а битно за државата се реформите.„Ние цела година веќе не гледаме прогрес во реформите, согласно реформската агенда, согласно планот за раст, имаме стагнирање“ , рече Шукова.

Македонија | пред 6 месеци

kaja-sukova

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ - граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

Животниот стандард никогаш не бил полош, граѓаните имаат се помалку за живот. За 20% е намаена куповната моќ на граѓаните- односно за 20% помалку работи можат да купат сега отколку пред да дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт, истакна на прес конференција потпретседателката на СДСМ Каја Шукова.Шукова нагласи дека платите не растат, а цените секојдневно одат нагоре."Македонија е претпоследна во Европа по минимална плата, само Албанија има пониска минимална плата од Македонија.70% од вработените во Македонија живеат со плата под 500 евра",рече Шукова, додавајќи дека средната класа исчезнува, а младите заминуваат бидејќи нема перспектива."Ова е реалноста што ВМРО ДПМНЕ сака да ја сокрие - релност во која граѓаните се борат за еден оброк, додека власта се луксузира, си ги покачуваат платите и продаваат приказни дека сме четврти во Европа", нагласи Шукова.При тоа, потпретседателката Шукова порача дека СДСМ ќе продолжи да се бори за стабилна економија, за вистински економски мерки и реформи, за држава атрактивна за инвестирање, за економија што носи нови работни места и подобар живот за сите граѓани.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања