Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ТИМЧО МУЦУНСКИ

Нема фотографија

Муцунски: Луѓето се нашиот најсилен потенцијал, благодарение на нив обезбедуваме чиста и зелена општина

Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, заедно со директорот на Јавното претпријатие за комунални дејности, Благоја Ѓорѓиевски по повод почетокот на пролетта и Денот на екологијата направија обиколка на локациите каде се спроведува голема еколошка акција за чистење и уредување на јавните површини.Градоначалникот Муцунски на својата Фејсбук страна нагласи дека луѓето се најсилниот потенцијал, а благодарение на посветеноста на комуналните работници општина обезбедува континуитет во одржување на чиста, средена и зелена средина.Активностите за пролетно расчистување на Аеродром продолжуваат и во следниот период.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Муцунски: Остро го осудувам вчерашниот инцидент, во спортот нема простор за насилство и агресија

Најостро го осудувам инцидентот на вчерашниот натпревар помеѓу кошаркарските клубови МЗТ Скопје Аеродром и Чаир - настан што кај сите нас предизвика сериозна загриженост. Насилството во спортот не само што го поткопува духот на натпреварувањето, туку и ја загрозува безбедноста на спортистите и навивачите. Ова на својата Фејсбук страна го напиша градоначалникот на Општина Аеродром, ТимчоМуцунски по безбедносниот инцидент на вчерашниот натпревар кој беше прекинат поради напад од неофицијални лица врз тренерот и играчите на МЗТ Скопје Аеродром.Тој потенцираше дека кошаркарите на МЗТ и целиот стручен штаб се спортски херои во Аеродром, а браќата Дамјан и Војдан вистински кошаркарски легенди, а задача и одговорност на сите е да промовираме спортска култура, меѓусебно почитување и здрава конкуренција.„Кошаркарите на МЗТ и целиот стручен штаб се нашите спортски херои, а браќата Дамјан и Војдан национални кошаркарски легенди. Гарантирањето на нивната безбедност и овозможувањето на фер игра се наша обврска и задача. Дополнително, одговорност и задача на сите нас, како заедница и општество е да промовираме спортска култура, меѓусебно почитување и здрава конкуренција“, истакна градоначалникот Муцунски во својата Фејсбук објава.Имајќи ја предвид сериозноста на вчерашниот инцидент, тој побара од Кошаркарската федерација и останатите надлежни институции да ги преземат сите неопходни мерки за негово целосно расчистување и нагласи дека неопходно е во иднина сите заедно да работиме на спречување на секоја форма на насилство и агресија на спортските терени.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Муцунски: Го потпишавме договорот за имплементација на проектот за паметен Аеродром

,,Огромно е задоволството денес да го потпишеме договорот со кој што го официјализираме почетокот на јавно-приватното партнерство помеѓу општина Аеродром и корперацијата „Crescent NV“ со цел имплементација на проектот за смарт односно паметен Аеродром.Овој проект е само почеток на дигиталните решенија кои што ќе се нудат во нашата општина во следните години. Посебно ме радува што иницијалната инвестиција која што ќе ја прави корперацијата „Crescent NV“ во општина Аеродром, на почетокот е некаде околу 9 милиони евра. Се работи за реномирана меѓународна компанија која што котира на Бриселската берза, но уште повеќе не радува што во имплементацијата на нивниот проект тие инкорпорираат и домашни, македонски компании, меѓу кои што ги вбројуваме А1 и Ассеко. Се работи за дигитални решенија насочени кон паметно осветлување, паметна мобилност, воспоставување на бесплатни интернет зони на територија на општина Аеродром, така да ќе има многу решенија кои што граѓаните ќе ги сведочат во следниот период, а кој што понатаму ќе се прошируваат и надградуваат согласно технолошкиот развој кој што се шири во глобалниот свет.За нас е ова еден значаен исчекор, исчекор кој што во следните 6 месеци отприлика ќе ја направи Аеродром првата паметна општина поширока класификација на територија на цела Република Македонија и се радуваме што реализираме уште едно ветување дадено во последната кампања за локалните избори", вели Муцунски, градоначалник на општина Аеродром.

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2022-06-24-095837

„Алабаковски го изрази револтот на сите граѓани за тоа што Бугарија го прави кон нас“, вели Муцунски

Ламбе Алабаковски го изрази револтот на сите граѓани за тоа што Бугарија го прави кон нас, истакна Тимчо Муцунски во интервју кај познатиот јутјубер Стефан Лазаров на прашање поврзано со палењето на бугарскиот клуб во Битола.„Тој има направено прекршок и има систем кој ќе го доведе тој да одговара за овој прекршок, но имам информации дека јавното обвинителство прави се, односно сериозно претерува за да ги задоволи интересите на другата страна која подолг временски период ја негира нашата нација“, потенцираше Муцунски во интервјуто.Тој додаде дека тоа што го прави Бугарија создава нетпреливост помеѓу граѓаните на двете држави и нагласи дека односот на оваа земја кон нас е засрамувачки.- Ламбе е одличен македонски уметник кој има феноменални песни кои сите ги слушаме, истакна на крајот Муцунски.

Магазин | пред 3 години

Screenshot-2022-06-24-095614

(ВИДЕО) „Успехот на МЗТ со АБА немаше да го постигнеме без Фемили Аеродром“, вели Муцунски

Во гостувањето кај познатиот јутјубер Стефан Лазаров, Муцунски потенцираше дека е израснат во Аеродром и знае што значи МЗТ за жителите на оваа општина.„Како човек кој што израснал во Аеродром, знам колкаво е значењето на овој клуб. Најголема грешка што може некој политичар да ја направи, е да се прави експерт за кошарка. Јас сакам да гледам кошарка на телевизија, но одлуката што ја направивме во тој момент е што ја оставивме кошарката на кошаркарите. Има нова управа тимот, има фантастичен нов тренер, имаше добар тим што беше засилен со неколку добри играчи. Заслугата е нивна не на градоначалникот. Наше е да даваме поддршка кога можеме да овозмпожуваме подобри услови. Во делот на резултатите заслугата е на играчите, стручниот штаб, управата. Мене лично ако ме прашате, резултатот со АБА немаше да го постигнеме без Фемили Аеродром. Салата беше преполна, имаше преубава енергија и мислам дека тоа беше главниот фактор кој ги мотивираше кошаркарите да постигнат резултат.“, кажа Муцунски во интервјуто.Тој додаде дека редовно комуницира со нив, бидејќи тие се дел од Аеродром и луѓето кои ја градат спортската култура.„Спортот е шоу бизнис и мора да се анимираат луѓето за да бидат во сала. Освен задржување на најдобрите играчи, важно е да се анимира публиката да има атмосфера и тоа е дискутирано во неколку наврати“, истакна градоначалникот и најави интересна новина. Идејата е следната година дресот на МЗТ да биде дизајниран од некој локален – аеродромски уметник.- Раководството на тимот сака клубот да биде поврзан со општина Аеродром и со граѓаните, а нас како раководство ни е обврска тоа да им го дозволиме, нагласи Муцунски во интервјуто.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања