Промени тема
Контакт

(ВИДЕО) „Успехот на МЗТ со АБА немаше да го постигнеме без Фемили Аеродром“, вели Муцунски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
Screenshot-2022-06-24-095614

Во гостувањето кај познатиот јутјубер Стефан Лазаров, Муцунски потенцираше дека е израснат во Аеродром и знае што значи МЗТ за жителите на оваа општина.

— реклама —

„Како човек кој што израснал во Аеродром, знам колкаво е значењето на овој клуб. Најголема грешка што може некој политичар да ја направи, е да се прави експерт за кошарка. Јас сакам да гледам кошарка на телевизија, но одлуката што ја направивме во тој момент е што ја оставивме кошарката на кошаркарите. Има нова управа тимот, има фантастичен нов тренер, имаше добар тим што беше засилен со неколку добри играчи. Заслугата е нивна не на градоначалникот. Наше е да даваме поддршка кога можеме да овозмпожуваме подобри услови. Во делот на резултатите заслугата е на играчите, стручниот штаб, управата. Мене лично ако ме прашате, резултатот со АБА немаше да го постигнеме без Фемили Аеродром. Салата беше преполна, имаше преубава енергија и мислам дека тоа беше главниот фактор кој ги мотивираше кошаркарите да постигнат резултат.“, кажа Муцунски во интервјуто.

Тој додаде дека редовно комуницира со нив, бидејќи тие се дел од Аеродром и луѓето кои ја градат спортската култура.

— реклама —

„Спортот е шоу бизнис и мора да се анимираат луѓето за да бидат во сала. Освен задржување на најдобрите играчи, важно е да се анимира публиката да има атмосфера и тоа е дискутирано во неколку наврати“, истакна градоначалникот и најави интересна новина. Идејата е следната година дресот на МЗТ да биде дизајниран од некој локален – аеродромски уметник.

— реклама —

- Раководството на тимот сака клубот да биде поврзан со општина Аеродром и со граѓаните, а нас како раководство ни е обврска тоа да им го дозволиме, нагласи Муцунски во интервјуто.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

bujar-osmani-mucunski-585x390-1

Муцунски до Османи: Последен има право да држи лекции, граѓаните знаат кој ја доведе државата во оваа ситуација

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
media-libraryaj9crr4njl6daL7bbJ7

Муцунски во Истанбул на министерскиот состанок на Балканската платформа за мир

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryaj9crr4njl6daL7bbJ7

Муцунски: Нашата цел е да бидеме модерна држава со силни институции и силна економија, партнер на САД и најподготвена кандидатка за членство во ЕУ

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryu0d6jrivubvi0frdYJb

(Фото) Се простија Муцунски и Агелер

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања