ТОП

Benzinski-pumpi-9

„Тепајте се на бензинска, а тие ќе си купуваат на дечињата фирмички и џипови“, жестоки реакции по гужвите на бензиските

Дел од бензинските пумпи во земјава не точат гориво или ја ограничуваат количината на бензин која може да ја добијат граѓаните за возилата. Поради очекуваното зголемување на цената на нафтените деривати поради војната во Украина, бензинските сакаат веќе набавената нафта да ја продаваат по повисоки цени, па затоа не точат гориво.Граѓаните реагираа на социјалните мрежи, каде велат дека кога Владата вели дека нема простор за паника, е време за паника.https://twitter.com/batozoki/status/1499462749021261828https://twitter.com/jepirovski/status/1499384003660599296https://twitter.com/satelite_chris/status/1499467792633974785?s=20&t=WxIBvo31HYPKmbAYHU-Irw https://twitter.com/mastergeneralok/status/1499458166408593414?s=21&fbclid=IwAR2K1B7we3If4w5gROOPEwpQgSRY2ewLZIoC0CBfkaDeXMW4R29wV_oPbSIhttps://twitter.com/StojkoMojov/status/1499470813019451393https://twitter.com/fonscpricn/status/1499471670003867649https://twitter.com/jovica_c/status/1499472483849801730

Коментари | пред 3 години

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Бензиски не точат бензин, за да ја продаваат по повисоки цени!

Дел од бензинските пумпи во земјава не точат гориво или ја ограничуваат количината на бензин која може да ја добијат граѓаните за возилата, пишува СДК.мк. Поради очекуваното зголемување на цената на нафтените деривати поради војната во Украина, бензинските сакаат веќе набавената нафта да ја продаваат по повисоки цени, па затоа не точат гориво.Директорот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски за СДК.мк вели дека граѓаните не треба да се грижат, нафта во државата има и нема да дозволат воено профитерство.„Нафтени деривати има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката, но дел од нив ја користат состојбата и за ‘воено- профитерство’. Дел од малите трговци не се однесуваат фер и ја ограничуваат понудата и ја користат состојбата за профитерство оставајќи впечаток дека нема гориво. Во текот на денешниот ден, добивме укажувања од поголем број на потрошувачи кои посочуваат дека одредени трговци на мало со нафтени деривати ја ограничувале количината, односно сумата до која го продаваат горивото што се точи во автомобилите. Некои бензиски пумпи дозволувале до 500 денари да може едно возило да наполни гориво. Други пак не дозволуваат гориво да наполнат камионите“, вели Бислимоски.

Македонија | пред 3 години

kovid-koronavirus-makedonija1001

467 нови случаи, а починаа 14 пациенти

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 2.533 тестови, а регистрирани се 467 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 245, Куманово – 34, Велес – 22, Битола – 20, Прилеп – 19, Кавадарци – 18, Тетово – 17, Охрид – 13, Струга и Ресен – по 8, , Штип, Гевгелија и Крива Паланка – по 7, Струмица, Кичево и Дебар – по 6, Гостивар – 5, Кочани, Неготино и Демир Хисар – по 3, Радовиш, Валандово, Пробиштип и Македонска Каменица – по 2, Берово и Виница – по 1.Од вкупниот број на позитивни (467), регистрирани се 58 реинфекции.Регистрирани сe 414 оздравени пациенти од: Скопје – 202, Битола – 28, Кавадарци и Велес – по 26, Куманово – 21, Прилеп – 19, Штип – 13, Тетово – 12, Струмица – 10, Кичево – 9, Крива Паланка – 8, Гостивар – 7, Гевгелија – 6, Струга – 5, Радовиш – 4, Кочани, Неготино и Свети Николе – по 3, Охрид, Ресен и Валандово – по 2, Кратово, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 10 починати лица: 4 починати лица од Скопје ( 88г, 88г, 85г и 75г) и по едно починато лице од Дебар (88г), Кавадарци (71г), Демир Хисар (80г), Охрид (67г,), Демир Капија (82г) и Неготино (87г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (2), Куманово (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 77г. до 85г. Лицата за починати се пријавени во период од 10.02. до 26.02.2022. Од пријавените лица едно лице е починато во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.Од вкупниот број на починати лица, кај 13 лица се регистрирани коморбидитети.Направени се 2.533 тестови преку: ИЈЗ-279, ЦЈЗ Скопје-64, ЦЈЗ Битола-83, ЦЈЗ Прилеп-31, ЦЈЗ Тетово-5, ЦЈЗ Куманово-69, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-21, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–162, Жан Митрев (Филип Втори)-48, Авицена-85, Биотек-75, Систина-56, лабораторија Лаор-39, Синлаб-17, Ремедика-15, Плодност-16, Генеа-6, Никоб Лаб-206, ВФВ Медикал-44, Ели Медика-27, Ројал Медика–7, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–14, Жан Митрев Струмица–9, Нова Лаб Дијагностика–6, Рамус-16, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.129.Досега во земјата се направени вкупно 1.898.672 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 298.662, бројот на оздравени пациенти е 286.378, на починати е 9.050 а бројот на активни случаи изнесува 3.233.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 139484, Активни 1779Куманово 16211, Активни 155Битола 14284, Активни 160Прилеп 13594, Активни 151Тетово 13325, Активни 92Кавадарци 10156, Активни 118Велес 9477, Активни 127Гостивар 9380, Активни 51Охрид 8541, Активни 77Струмица 7915, Активни 41Штип 7901, Активни 38Кичево 5406, Активни 68Кочани 4956, Активни 22Струга 4633, Активни 41Гевгелија 4270, Активни 69Неготино 3607, Активни 34Свети Николе 2603, Активни 14Ресен 2583, Активни 46Радовиш 2470, Активни 13Крива Паланка 2379, Активни 31Делчево 1895, Активни 12Дебар 1639, Активни 12Берово 1625, Активни 4Валандово 1458, Активни 5Виница 1339, Активни 1Пробиштип 1256, Активни 7Богданци 1001, Активни 16Кратово 931, Активни 8Крушево 902, Активни 8Демир Хисар 807, Активни 11Македонски Брод 723, Активни 7Демир Капија 577, Активни 9Македонска Каменица 520, Активни 5Пехчево 482, Активни 0Дојран 331, Активни 1

пред 3 години

sobranie-1

СДСМ има своја мисија во Собранието

„Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ има да ги откочи блокадите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ со месеци ја блокира работата во Собранието, со што нанесува континуирана штета на угледот на Собранието и штета на граѓаните. Работата на Комисијата за избори и именувања со месеци е закочена, а таа е важна за избор и именување на составите на важни државни институции“, вели СДСМ.Оттаму додаваат:„ВМРО-ДПМНЕ ги блокира измените на Законот за наставниците и стручните соработници во основното и средното образование кој обезбедува повисоки плати за 27.000 наставници.Исто така е блокиран и Законот за служба во Армијата кој носи подобри услови за пензионирање на војниците, можност на војниците да бираат дали ќе продолжат во јавна служба или ќе добијат надомест до 20,000 евра.Повеќе од една година е блокирана и изградбата на нов Клинички центар во Скопје.ВМРО-ДПМНЕ го прави сето ова поради нивниот дебакл при формирање ново парламентарно мнозинство и за да покријат неспособноста на нивните градоначалници.Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ има обврска и одговорност да ги откочи блокадите на опозицијата и ќе стори се, за сите важни закони за граѓаните да бидат донесени.Блокадите, опструкциите на ВМРО-ДПМНЕ и парламентарната опозиција нема да им успеат“.

Македонија | пред 3 години

266695852_400721481739184_765944474006890904_n

Градот Скопје одлучи како да и помогне на Украина

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, поднесе предлог до Советот, Градот Скопје да помогне со хуманитарна помош за граѓаните на Украина во износ од 7 милиони денари.Оваа одлука за хуманитарна помош е израз на солидарност за граѓаните на Украина зафатени со воениот конфликт.„Живееме во турбулентни времиња соочени со големи предизвици. Никој не сака конфликти и страдања, да се обидеме да помогнеме колку што можеме. Скопје е град на солидарноста и ние скопјани најдобро знаеме колку значи кога ќе пристигне хуманитарна помош кога е најпотребна, особено за лицата кои кои останаа без своите домови“, изјави Данела Арсовска.

Скопје | пред 3 години

Milososki-11.03

Милошоски за амбасадорското место на Фрчковски: Непожелниот за Вашингтон, шверцуван во Њујорк

Непожелниот за Вашингтон, шверцуван во Њујорк, вели пратеникот Антонио Милошоски.„Извршната власт ја злоупотребува војната во Украина, бидеќи додека јавноста е преокупирана со оваа криза, власта смета дека сега е моментот да шверцува се што е спорно и незаконито.Таква незаконитост е и указот на Пендаровски со кој Фрчкоски се упатува за амбасадор во Обединетите Нации, без да се исполнат условите пропишани во чл.39 од Законот за надворешни работи. Прескокнувајќи го Собранието, како единствен контролен механизам на извршната власт, претседателот Пендаровски покажа дека долгот кон владата на СДСМ/ДУИ му е побитен од демократските процедури.Второ, да упатиш на територијата на Америка (ОН во Њујорк) амбасадор кој со сериозни забелешки бил одбиен како непожелна личност од Вашингтон е чин со кој се деградираат многу квалитетни амбасадори кои ги има Македонија, но се исмејува и вољата на САД како земја домаќин.Трето, во рамките на ОН постои многу важна дипломатска група "амбасадори на НАТО членки", која има редовни состаноци за координација. Амбасадорот на САД е една од најбитните алки во таа дипломатска НАТО група, но се сомневам дека истиот ќе сака да сподели битни информации со Фрчкоски како личност кого неговата земја одбила да го прими во Вашингтон. Со тоа дополнително ќе биде нарушен угледот на Македонија во ОН, и активностите на нашата мисија во оваа организација ќе бидат маргинализирани“, додава тој.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-03-02-at-15.16.59

Се укинуваат сертификатите за вакцинација за влез во одредени затворени објекти

Комисијата за заразни болести по одржаниот состанок одлучи да се укинат задолжителното поседување на сертификати за вакцинација, за влез во моловите. Сега, повторно ќе има нова кампања за да се поттикне вакцинацијата, но без оваа рестрикција. Сертификатите за влез во кафеани и ресторани, остануваат.„Да се препорача укинување на задолжителните сертификати за во молови, односно онаму каде е задолжително носење на маски. Ова е олеснување на рестриктивните мерки. Ќе бидеме внимателни“, рече Александар Петличковски, претседател на Комисијата.„Оваа мерка не е целосно укината. Па така, ќе се контролира таму каде ќе се служи храна. Не би требало укинувањето на мерките да даде зголемување на бројот на заразени“, кажа портпаролот Злате Мехмедновиќ според кого вакцинацијата е на ниско ниво.„Со потенцирање на вакцинацијата кај ризичните групи, ќе спречиме компликаиции кај оваа група на граѓани. 260 илјади граѓани се во таа група, 130 илјади не се целосно вакцинирани, а останатите нема бустер доза. На тоа ќе се фокусираме за да го подигнеме квалитетот на имунитетот и да биде основа за понатамошно олабавување на мерките“, кажа Мехмедовиќ.

пред 3 години

275022925_5097405687041511_5113560205548415842_n

Се собираат донации за Украина! Ова се неопходни продукти!

Во скопски Ѓорче Петров е отворен пункт за собирање помош за Украина и граѓаните кои се погодени од војната која ја започна Русија. Тетјана Урбанович, Украинка која живее во Македонија упати апел до сите хумани граѓани.„Здружението на Украинци Лесја Украина и иницијатива „Greening of the planet“ отворија пункт на собирање на хуманитарна помош за Украина во -Магацин на компанија “Кодинг Горска” на адреса: Ѓорче Петров, ул. Шарпланина бр. 4 Секој работен ден од 10:00 до 19:00 часот , сабота од 10:00 до 14:00. Потребната хуманитарна помош е наведена во списокот подолу. Секоја помош е добредојдена!“, вели таа.

Македонија | пред 3 години

17012022_VRSM_1vaSednica-1

Владата ја заврши седницата, кака е состојбата со нафтените деривати и прехранбените продукти

Република Северна Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви, граѓаните да бидат смирени не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи. Владата и државните институции ја следат состојбата на дневна основа и ги преземаат сите мерки за да се зачува стандардот на граѓаните.Во моментот нема потреба да се стават во функција стоковите резерви, имајќи предвид дека производителите на основните производи имаат залихи за период од над 35 дена, не вклучувајќи ги деновите со кои може да се покриваме преку државните резерви. Продолжуваме со снабдување на државните резерви, како што е предвидено во годишната програма, а како Влада ги разгледуваме и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви, доколку има потреба од такво нешто.Апелираме трговците да ја почитуваат владината одлука за трговските маржи, бидејќи од оваа одлука нема никој да загуби.Граѓаните да бидат сигурни и во најавите на Централната банка која изминатите денови информираше дека девизниот курс на денарот е стабилен и таков ќе остане. Оваа монетарна стратегија на стабилен девизен курс на денарот е соодветна стратегија во линија со фундаментите на македонската економија. Согласно оваа потврда за стабилноста на курсот се девизните резерви кои се клучната алатка при ваков тип на монетарната стратегија кои според последно расположливите податоци изнесуваат околу 3,4 милијарди евра што е двојно повисоко ниво во однос на 2008 година на глобалната финансиска криза.Владата е во редовна комуникација со сите релевантни општествени чинители, како и со меѓународните институции, Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд, за евентуално доколку има потреба да се користат инструменти кои ќе помогнат во финансирањето на трошоците во економијата на земјата.

Македонија | пред 3 години

DSC_0699

17 починати и 476 новозаразени од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 2.781 тестови, а регистрирани се 476 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 270, Прилеп – 25, Куманово – 24, Битола – 21, Кавадарци и Кичево – по 18, Гевгелија – 16, Велес – 13, Тетово – 12, Гостивар – 9, Неготино – 8, Охрид – 7, Струга и Крива Паланка – по 5, Кочан – 4, Радовиш и Кратово – по 3, Струмица, Берово ,Богданци, Демир Хисар и Демир Капија – по 2, Ресен , Дебар, Пробиштип , Крушево и Македонска Каменица – по 1.Од вкупниот број на позитивни (476), регистрирани се 68 реинфекции.Регистриран сe 524 оздравени пациенти од: Скопје – 318, Кавадарци – 28, Велес – 23, Куманово и Струмица – по 22, Тетово – 18, Охрид – 13, Гостивар и Гевгелија – по 11, Неготино, Радовиш и Дебар – по 7, Штип и Струга – по 6, Свети Николе и Валандово – по 4, Демир Капија – 3, Кочани, Крива Паланка , Пробиштип и Богданци – по 2, Прилеп, Делчево, Берово, Кратово, Пехчево и Дојран – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 9 починати лица: 3 починати лица од Скопје (62г, 64г и 74г) и по едно починато лице од Куманово (78г), Радовиш (71г), Кочани (82г), Битола (73г), Кавадарци (47г) и Прилеп (86г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 8 починати лица од: Скопје (3), Куманово (1), Велес (1),Демир Хисар (1), Струмица (1) и Дебар (1). Починатите лица се на возраст од 63г. до 89г. Лицата за починати се пријавени во период од 16.02. до 27.02.2022. Од пријавените лица три лица се починати во домашни услови, а пет лица се починати во болнички услови.Од вкупниот број на починати лица, кај 17 лица се регистрирани коморбидитети.Направени се 2.781 тестови преку: ИЈЗ-313, ЦЈЗ Скопје-50, ЦЈЗ Битола-56, ЦЈЗ Прилеп-38, ЦЈЗ Тетово-3, ЦЈЗ Куманово-73, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-17, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–9, Жан Митрев (Филип Втори)-51, Авицена-94, Биотек-161, Систина-93, лабораторија Лаор-59, Синлаб-12, Ремедика-17, Плодност-21, Генеа-7, Никоб Лаб-218, ВФВ Медикал-41, Ели Медика-35, Ројал Медика–15, Спектра-ММ-15, Рапид Лаб–8, Жан Митрев Струмица–6, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-24, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.339.Досега во земјата се направени вкупно 1.893.409 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 297.738, бројот на оздравени пациенти е 285.280, на починати е 9.027 а бројот на активни случаи изнесува 3.431.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 138652, Активни 1840Куманово 16158, Активни 153Битола 14288, Активни 211Прилеп 13577, Активни 173Тетово 13372, Активни 87Кавадарци 10142, Активни 130Велес 9439, Активни 147Гостивар 9370, Активни 51Охрид 8520, Активни 79Струмица 7912, Активни 49Штип 7892, Активни 44Кичево 5427, Активни 92Кочани 4956, Активни 22Струга 4627, Активни 42Гевгелија 4243, Активни 65Неготино 3627, Активни 38Свети Николе 2600, Активни 13Ресен 2588, Активни 33Радовиш 2470, Активни 20Крива Паланка 2366, Активни 29Делчево 1896, Активни 13Берово 1712, Активни 6Дебар 1626, Активни 20Валандово 1464, Активни 4Виница 1362, Активни 1Пробиштип 1251, Активни 4Богданци 1002, Активни 18Кратово 926, Активни 8Крушево 892, Активни 9Демир Хисар 825, Активни 10Македонски Брод 696, Активни 7Демир Капија 564, Активни 9Македонска Каменица 521, Активни 3Пехчево 454, Активни 1Дојран 321, Активни 0

Македонија | пред 3 години

51826955070_dba3d1dfd6_c

Маркети направиле паника со желба за профит, месарите манипулативно зголемиле цена на месото

Немало паника, туку маркети си дозволиле сами да повлечат продукти во петокот за денеска да ги вратат со нови цени. Инспекторите веќе најавиле дека маркетите кои го направија ова, ќе бидат санкционирани. Месари, пак, ја зголемиле цената на месото со објаснување дека го преработувале, а за министерот за економија, тоа е манипулација.„Немало паника кај граѓаните, некои од трговците сами ги повлекле продуктите за да ги вратат назад со нови цена. Тоа нема да дозволиме да се случи. Не е време да се шпекулира и манипулира, со зголемување на трошоците. Трговците ќе бидат санкционирани. Нема место за паника, нема да има ценовен шок. Тие трговци што мислат дека можат да манипулираат со граѓаните и институциите – ќе бидат санкционирани“, рече Бектеши.Казните се до 10 илјади евра за тие кои се одлучиле да ги повлечат продуктите, за да ги продаваат со зголемена цена.„Во делот на месото има мало зголемување на цените, бидејќи кажуваат дека е преработено месо, а не како свежо месо. Тие ќе бидат исто така контролирани, ќе се провери како е увезено, ќе се вратат цените како што треба да бидат. Сакаат манипулативно да покажат дека е произведено тука за да утврдат друга цена. Има контрола, утврдено е дека тоа се случувало посенбо вчера и завчера. Дадени се насоки да се вратат цените како што е одлуката. Нема недостаток на храна“, кажа Бектеши.Според него, инспекторатот е на терен и ќе се постапи согласно одлуката на Влада, што би значело намалување на цените.„Одредени производители ги зголемиле цените, но главно се движат од 25 до 30 денари. Граѓаните сами одлучуваат каде ќе купуваат. Денеска е првиот ден, наредните два-три дена, цените ќе се вратат како што беше според одлуката. Повлекување на залихи нема да дозволиме да има“, додаде тој.Според него, војната во Украина нема да има влијание на домашниот пазар.„Директно не би влијаело во Македонија, но индиректно, за енергенсите може да влијае. Над 70 отсто од трговската размена е со ЕУ. Ги преземаме сите мерки за да нема ценовни шокови во производите, особено во оние кои се најважни“, рече Бектеши.

Македонија | пред 3 години

eksplozija-ukraina-irpen

Македонци заглавени во Харков, каде се најголемите војни

Само 20 граѓани заминале од Украина пред да почне војната. Низ безбедносни коридори, извлечени се уште 30 граѓани. Вкупно 50 граѓани биле таму. Според министерот за надворешни работи, Бујар Османи, околностите во Украина ќе се влошуваат.„15 се монитори во специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ. 15 наши граѓани, цивили, се извлечени, во партнерска соработка со други држави, пред се со Бугарија. Шестмина од нив од ЕСА, а десет преку конвои на Бугарија, кои извлегкуваа 200 нивни граѓани“, кажа министерот Бујар Османи.Тој додаде: „Очекуваме денеска да ги извлечеме и остантите монитори. Има семејство со петдневно бебе во Харкив каде се одвиваат најголемите воени дејствија. Во постојана комуникација сме со нив. Не можеле да одговорат на повикот, бидејќи чекале породување. Имаме комуникација со многу држави, за тие кои имаат пристап до тој град, кој се наоѓа до границата со Русија, да го извлечеме тоа семејството“.

Македонија | пред 3 години

269763897_805643980301785_3353312909023763222_n

Македонски возачи на камиони заглавени во Украина, не ги пуштаат да излезат од државата со руска роба

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, посочи дека македонски возачи на камиони се заглавени во Украина. Тие не можат да ја напуштат државата, бидејќи украинските власти не дозволуваат да излезат од државата бидејќи превезувале руска стока.„Имаме проблем со транспортери, кои се на границата Украина-Полска. Тргнале од Русија накај дома. Не ги пуштаат Украинците бидејќи во нивните камиони имаат руски продукти. Тие се на безбедно. Можат само сами да ја напуштат државата, но не и со камионите. Тие се во камионите сега. Се обиде нашиот амбасадор од Варшава да ги извлече, отиде на границата, но Украинците имаат други проблеми, не ги пуштаат“, рече Османи.Досега, досенесна е одлука за војна и хуманитарна помош од Македонија до Украина, а пак, истовремено, Владата го затвори воздушниот простор за Русите.

Македонија | пред 3 години

w_56097563

За една недела регистрирани 543 реинфекции со ковид

Регистрирани сe 3.702 нови позитивни случаи од 34 градови во државата, со намалување од 39,5% во однос на минатата недела (n=6.120). Процентот на позитивност се движи од 13,1% до 24,2%, просечно 18,6%.Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 21.02.2022 до 27.02.2022г., Тестирани се вкупно 19.217 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,9% во однос на минатата недела.Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.975; 53,3%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 394,1/100.000, Скопје – 311,4/100.000 и Гевгелија – 285,3/100.000.Процентот на позитивност се движи од 13,1% до 24,2%, просечно 18,6%. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60г (n=951, 25,7%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=194; 5,2%).Во однос на претходната недела, се забележи намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 43,6% во возрасната група од 10-19 години и 43,5% кај лицата на возраст од 50-59 години.Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 6.094 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување. Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 543 реинфекции,од кои една е втора реинфекција, со намалување за 37,2% во однос на претходната недела. Пријавени се 68 смртни случаи во 19 градови во текот на изминатата недела, за 45,6% помалку во однос на претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје (27). Во однос на возраста, најголем број (n=63; 92,6%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (2) и 40-49 години (3).На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против COVID-19. Заклучно со 28.02.2022, вакцинирани се вкупно 870.405 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 849.727 лица, а со трета доза се вакцинирани 142.201 лица.

пред 3 години

kovid-koronavirus-makedonija1001

Под 200 заболени од корона и 9 починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:Направени се 1.362 тестови, а регистрирани се 183 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 135, Кавадарци и Струмица – по 7, Куманово – 6, Гевгелија – 5, Прилеп, Штип и Струга – по 4, Гостивар – 3, Охрид и Богданци – по 2, Битола, Кочани, Неготино и Крива Паланка – по 1.Од вкупниот број на позитивни (183), регистрирани се 24 реинфекции.Регистриран сe 845 оздравени пациенти од: Скопје – 451, Битола – 49, Велес – 42, Кавадарци – 36, Прилеп – 34, Куманово – 30, Тетово – 27, Кичево – 20, Охрид – 19, Струмица и Гевгелија – по 17, Неготино – 14, Ресен – 13, Радовиш – 12, Струга, Гостивар и Кочани – по 9, Крива Паланка – 8, Штип – 7, Валандово – 4, Дебар – 3, Делчево, Берово, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 2, Богданци, Свети Николе, Виница – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: 3 починати лица од Скопје (60г, 69г и 89г) и по едно починато лице од Куманово (65г), Кочани (45г) и Тетово (78г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица од: Скопје (3). Починатите лица се на возраст од 68г. до 93г. Лицата за починати се пријавени во период од 23.02. до 26.02.2022. Сите лица се починати во болнички услови.Од вкупниот број на починати лица, кај 7 лица се регистрирани коморбидитети.Направени се 1.362 тестови преку: ИЈЗ-48, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-4, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–130, Жан Митрев (Филип Втори)-45, Авицена-48, Биотек-69, Систина-54, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-0, Генеа-0, Никоб Лаб-173, ВФВ Медикал-33, Ели Медика-16, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–8, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 734.Досега во земјата се направени вкупно 1.890.628 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 297.262, бројот на оздравени пациенти е 284.756, на починати е 9.010 а бројот на активни случаи изнесува 3.496.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 138381, Активни 1895Куманово 16132, Активни 151Битола 14267, Активни 191Прилеп 13552, Активни 150Тетово 13361, Активни 94Кавадарци 10125, Активни 141Велес 9426, Активни 158Гостивар 9361, Активни 53Охрид 8514, Активни 85Струмица 7909, Активни 69Штип 7892, Активни 50Кичево 5409, Активни 74Кочани 4952, Активни 21Струга 4622, Активни 43Гевгелија 4227, Активни 60Неготино 3620, Активни 38Свети Николе 2600, Активни 17Ресен 2587, Активни 32Радовиш 2467, Активни 25Крива Паланка 2361, Активни 26Делчево 1895, Активни 13Берово 1710, Активни 5Дебар 1625, Активни 27Валандово 1465, Активни 9Виница 1362, Активни 1Пробиштип 1250, Активни 5Богданци 1001, Активни 19Кратово 923, Активни 6Крушево 891, Активни 8Демир Хисар 823, Активни 9Македонски Брод 696, Активни 7Демир Капија 562, Активни 10Македонска Каменица 520, Активни 2Пехчево 454, Активни 2Дојран 320, Активни 0

пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања