Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

топ

izjava-zaev.Still072

Груевски од Будимпешта бара истрага и одгворност за трагедијата во Тетово

Експремиерот и бегалец Никола Груевски изрази сочувство за трагедијата во Тетово, каде 14 лица го загубија животот. Тој бара истрага и одговорност од Будимпешта.“ Изразувам длабоко и искрено сочувство до семејствата на загинатите во синоќешната трагедија во Ковид болницата во Тетово. Загубата на најблиски во семејството е ненадоместлива и не постојат доволно зборови за утеха.Тагата е поголема кога ќе се помисли на околностите под кои нивните најблиски на многу болен начин ги загубија животите токму онаму каде очекуваа да им бидат спасени. Вистинска трагедија е што тие луѓе со години одвојувале дел од својата заработка за здравственото осигурување и за сè што треба да значи безбедност на нивните животи кога ќе дојдат тешки моменти, а сега, заради нечија негрижа и неодговорност изгореа во пламените јазици.Одговорност, независна истрага и севкупна постапка мора да има.Прашањата за широко распространетата неодговорност која произведува скандали и трагедии толку често, за незнаењето, непрофесионалноста и владеењето на медиокритетите над најнапредните во општеството се теми за поширока дискусија и причина за длабоки промени на општеството, но денес на овој тажен ден не е време за тоа”, пошува Груевски.

Македонија | пред 4 години

1

Иако болницата во Тетово изгоре за 3-4 минути, Филипче и натаму тврди дека болниците се безбедни

Министерот за здравство, Венко Филипче, не сакаше да коментира која е причината за тоа што го предизвика пожарот во модуларната болница во Тетово. Тој не сакаше да коментира во делот на тоа која компанија ги правела А-тестирањата, бидејќи е дел од истрага. Филипче рече дека болницата е предадена без недостатоци. Филипче не одговори ниту колку запаливи материјали имало во модуларната болница, како и дали истата е пуштена и е дадена дозвола за работа пред да бидат вградени сите инсталации внатре.„Јас мислам дека болниците се безбедни“, рече Филипче прашан дали смета дека објектите се сигурни со оглед дека тетовската болница изгоре за 3-4 минути.„Има повеќе шпекулации, но дозволете да ги почекаме официјалните наоди од истрагата. Многу е важно тоа што ќе се изнесе во јавност да биде точно, а тоа може да биде кога ќе заврши овој процес“, рече Филипче.Како и зошто било дозволено во ковид-болницата да влегува посета кај пациентите, тој не одговори конкретно.„Во однос на тоа колку придружници биле и како бил организиран цел тој процес, најпрво ќе направиме анализа која ќе почне утре, најпрво од ДСЗИ, засега знаеме дека биле двајца луѓе во посета. Но, ќе кажам повторно дека ќе ги почекаме официјалните податоци. Има некои шпекулации, затоа реков ќе се направи ДНК анализа и ќе излеземе со соопштение“, рече Филипче прашан дали меѓу загинатите има и лица кои биле на посета кај пациентите во модуларната болница.

Македонија | пред 4 години

3

Што знаеме досега за запалената тетовска модуларна болница во која загинаа од 14 лица

Министерството за здравство тврди дека модуларните болници се безбедни...Што значи ова или што знаеме досега?- дека изведувач е фирмата Брако по нарачка на МЗ- дека сè почнало при реанимација на пациент од експлозија на штекер.- дека пожарот се раширил толку брзо што целата модуларна болница е пепел уште пред да стасаат екипи од Скопје- дека внатре има придружба на пациенти од блиски и роднини, поради недостиг на персонал- дека боците под притисок, како и кислородот се сојузници на огнот (што барале у тој објект од хартија?!)- дека луѓето сами се спасувале, повторно поради недостиг на соодветна служба- дека кризниот штаб прогласи три дена жалост на територијата на целата држава- дека случајот ќе го испитува стручна, независна странска експертиза за оваа трагедија, пошто...-досега нема оставки ниту политичка и морална одговорност

Македонија | пред 4 години

w_56803986

ТРАГЕДИЈА: Од коронавирус почина 18-годишна девојка од Гевгелија

Осумнаесет годишно момче е меѓу 31 пациенти кои починаа од КОВИД во изминатите 24 часа. Момчето е од Гевгелија.Во последните 24 часа се направени 2.778 тестирања, а регистрирани се 256 нови случаи на КОВИД-19:Регистрирани сe 545 оздравени пациенти, а пријавени се 31 починато лице. Од пријавените 27 се починати во болнички услови и 4 се починати во домашни услови.Досега во земјата се направени вкупно 1.206.597 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 181.875, бројката на оздравени пациенти е 162.060, на починати е 6.184, а бројот на активни случаи изнесува 13.631.

Македонија | пред 4 години

241676907_3042784835998110_5640560421462243221_n

И здравствен работник го загуби животот во страотниот пожар

На социјалните мрежи е објавена слика од медицинско лице ко вчера тргаично го загубило животот во пожарот во тетовската модуларна болница.„Со длабока болка и тага ги известуваме сите наши соработници и пациенти дека на ден 08.09.2021 година трагично го загуби животот во синоќешниот пожар нашиот долгогодишен здравствен работник Ферди Шакири, добар пријател, другар, верен работник, добар сопруг и татко. Изразуваме длабоко сочувство до семејството“, стои во објавата на Фејсбук.Претходно министерот Венко Филипче на прес-конференција изјави дека ниту едно од починатите лица не е медицински работник.„Во тетовскиот ковид центар, имало двајца лекари, четири медицински сестри и 24 пациенти. 12 пациенти кои се евакуирани се во стабилна здравствена состојба, нема починати и повредени здравствени работници, а на судска медицина се предадени телата на 14 пациенти“, изјави Филипче. 

Македонија | пред 4 години

Zarko-Karadzovski-777x437

И на 40 починати нема нови мерки: Откажан состанокот на Комисијата за заразни болести

Состанокот на Комисијата за заразни болести на кој денеска требаше да се одлучи дали ќе се воведуваат нови рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот е одложен.Во меѓувреме продолжуваат подготовките за имунаизацијата со вакцините на „АстраЗнека“ кои завчера пристигнаа преку КОВАКС механизмот. Вакцинирањето на граѓани над 75 години, по претходно закажување и консултација со матичен лекар, почнува утре, во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.Според министерот за здравство, Венко Филипче, ќе бидат вакцинирани 20.000 граѓани, а втората доза ќе им биде дадена за 3 месеци.Министерот најави дека кон средината на април треба да стигнат уште 76.000 дози од „Астра Зенека“ преку КОВАКС механимот.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања